дефект – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 16 Oct 2023 08:38:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png дефект – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Прекин во испораката на топлинска енергија во дел од Кисела Вода https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/prekin-vo-isporakata-na-toplinska-energija-vo-del-od-kisela-voda/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/prekin-vo-isporakata-na-toplinska-energija-vo-del-od-kisela-voda/#respond Mon, 16 Oct 2023 07:26:46 +0000 https://kurir.mk/?p=889212

Дефект (губење на вода) на дистрибутивната мрежа предизвика прекин на испораката на топлинска енергија за дел од потрошувачите во населбата Кисела Вода, извести ЕСМ. „Екипите на ЕСМ Дистрибуција на топлина веќе се на терен и интензиво работат на лоцирање на дефектот, со цел истиот да биде изолиран и саниран. Поради големината на дефектот, во овој момент невозможно е да се даде прецизна проценка кога тој ќе биде отстранет, но се прават напори редовното снабдување со топлина до сите потрошувачи на споменатите улици да биде воспоставено во најкраток можен временски рок“, велат од ЕСМ. За дополнителни информации потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви (02) 3076 200 и 075400100.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/prekin-vo-isporakata-na-toplinska-energija-vo-del-od-kisela-voda/feed/ 0
Човечка грешка е причина за дефектот што го наруши воздушниот сообраќај во САД https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chovechka-greshka-e-prichina-za-defektot-shto-go-narushi-vozdushniot-soobrakaj-vo-sad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chovechka-greshka-e-prichina-za-defektot-shto-go-narushi-vozdushniot-soobrakaj-vo-sad/#respond Fri, 20 Jan 2023 06:42:32 +0000 https://kurir.mk/?p=789547

Информатичкиот дефект што го принуди американското регулаторно тело за цивилно воздухопловство (ФАА) привремено да ги прекине домашните летови во САД на 11 јануари, е предизвикан од подизведувач кој случајно избришал датотеки, соопшти ФАА. Агенцијата веќе го припиша дефектот, поради кој на 11 јануари беа откажани или одложени илјадници летови, на оштетување на датотеката со база на податоци. Првичниот извештај покажа дека подизведувачот „ненамерно ги избришал датотеките додека работел на усогласување на главната и секундарната база на податоци“, додава агенцијата. Истрагата продолжува, но агенцијата посочува дека сè уште не нашла докази кои би го поврзале инцидентот со злонамерен чин или хакерски напад. ФАА сега работи на тоа да го направи „поотпорен“ предметниот компјутерски систем, кој во реално време ги предупредува членовите на екипажите за можна опасност на земја и во воздух.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chovechka-greshka-e-prichina-za-defektot-shto-go-narushi-vozdushniot-soobrakaj-vo-sad/feed/ 0
Селата Батинци и Љубош без вода за пиење поради дефект https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/selata-batintsi-i-lubosh-bez-voda-za-piene-poradi-defekt/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/selata-batintsi-i-lubosh-bez-voda-za-piene-poradi-defekt/#respond Thu, 19 Jan 2023 14:27:29 +0000 https://kurir.mk/?p=789388

Од 14:40 часот без вода за пиење ќе бидат селата Батинци и Љубош, информираат од ЈП Водовод и канализација Скопје. Прекинот со водоснабдување е поради дефект на водоводна мрежа „Ф2“ на ул.3 село Батинци. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на дефектот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/selata-batintsi-i-lubosh-bez-voda-za-piene-poradi-defekt/feed/ 0
Дел од Пинтија денес без вода https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/del-od-pintija-denes-bez-voda/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/del-od-pintija-denes-bez-voda/#respond Tue, 22 Nov 2022 08:23:57 +0000 https://kurir.mk/?p=764566

На 22.11.2022, поради уличен дефект ф-100 мм на ул. „Јабланица“ 48а, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од населба Пинтија, односно корисниците кои се поврзани на старата водоводна мрежа. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:10 часот до завршување со санација на дефектот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/del-od-pintija-denes-bez-voda/feed/ 0
„Тесла“ повлекува 1,1 милион возила поради дефект https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tesla-povlekuva-1-1-milion-vozila-poradi-defekt/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tesla-povlekuva-1-1-milion-vozila-poradi-defekt/#respond Fri, 23 Sep 2022 07:53:20 +0000 https://kurir.mk/?p=736487

Автомобилската компанија „Тесла“ повлекува 1,1 милион возила во САД поради дефекти во системот за автоматско спуштање и кревање на прозорците што може да не открие пречка при движење на прозорец и да предизвика повреда, пишува „Блумберг“. Самоуправувачкото отворање и затворање работи така што спречува повреда на патниците во возилото – со запирање на прозорецот ако тој наиде на пречка. Ова масовно повлекување опфаќа возила „Модел 3“ (произведени 2017 – 2022), „Модел Ипсилон“ (2021 – 2022), „Модел С“ и „Модел Икс“. Компанијата соопшти дека засега не се пријавени какви било барања во однос на гаранциите, како ни незгоди, несреќи, повреди, ниту смртни случаи поврзани со овој проблем.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tesla-povlekuva-1-1-milion-vozila-poradi-defekt/feed/ 0
Поради уличен дефект, околината на Порта Македонија остана без вода https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/poradi-ulichen-defekt-okolinata-na-porta-makedonija-ostana-bez-voda/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/poradi-ulichen-defekt-okolinata-na-porta-makedonija-ostana-bez-voda/#respond Mon, 22 Aug 2022 13:19:58 +0000 https://kurir.mk/?p=722101

На ден 22.08.2022 поради  уличен дефект ф-150 мм на ул. 11-ти Октомври (Порта Македонија), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците  на дел од улицата 11- ти  Октомври и дел од ул. Македонија. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 15:10 часот до завршување со санација на дефектот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/poradi-ulichen-defekt-okolinata-na-porta-makedonija-ostana-bez-voda/feed/ 0
Активно се работи на терен: Екипите на Водовод го санираат поголемиот дефект пред мостот во Драчево https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/aktivno-se-raboti-na-teren-ekipite-na-vodovod-go-saniraat-pogolemiot-defekt-pred-mostot-vo-drachevo/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/aktivno-se-raboti-na-teren-ekipite-na-vodovod-go-saniraat-pogolemiot-defekt-pred-mostot-vo-drachevo/#respond Fri, 20 May 2022 08:23:39 +0000 https://kurir.mk/?p=679376

Во текот на вчерашниот ден на ул. Борис Трајковски бб, во Општина Кисела Вода, настана дефект на водоводна цевка со профил Ф600, при што екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, веднаш пристапија кон санирање на истиот, информираат од претпријатието. При санацијата на дефектот, биле откриени уште неколку дефекти на спојните делови на цевката, а како резултат на сложеноста на теренот каде се работи и видот на дефектите, санацијата продолжи во текот на целата вечер и денешниот ден. Во моментот екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје го санираат четвртиот дефект и ќе останат на терен, се до целосно отстранување на истиот. За граѓаните кои живеат во тој регион, обезбедени се 2 цистерни со питка вода и уште 2 цистерни со техничка вода. Локации каде ќе бидат стационирани цистерните: Две цистерни (питка и техничка вода) Усје 09-10 часот Пинтија 10-11 часот Батинци 11-12 часот с.Драчево 12-13 часот н.Драчево 13-14 часот Две цистерни (питка и техничка вода) н.Драчево 09-10 часот с.Драчево 10-11 часот с.Д.Лисиче 11-12 часот с.Студеничани 12-13 часот с.Морани 13-14часот Цистерни ќе циркулираат низ населените места каде има прекин на водоснабдувањето и за задоволување на потребите на училиштата и градинките. Покрај дадениот распоред, дополнително цистерните ќе продолжат да ротираат во текот на целиот ден, се до нормализирање на водоснабдувањето. -Благодариме за трпението на граѓаните кои живеат во овој дел од градот каде што во моментов има прекин на водоснабдувањето. Екипите се на терен и работат за отстранување на дефектите во најбрз можен рок, информираат од ЈП „Водовод и канализација“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/aktivno-se-raboti-na-teren-ekipite-na-vodovod-go-saniraat-pogolemiot-defekt-pred-mostot-vo-drachevo/feed/ 0
Саниран деликатен дефект поради кој дел од Скопје беше без водоснабдување https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/saniran-delikaten-defekt-poradi-koj-del-od-skopje-beshe-bez-vodosnabduvanje/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/saniran-delikaten-defekt-poradi-koj-del-od-skopje-beshe-bez-vodosnabduvanje/#respond Mon, 10 Jan 2022 11:29:06 +0000 https://kurir.mk/?p=617522

Во текот на вчерашниот ден теренските екипи на ЈП „Водовод и канализација” – Скопје се соочија со дефект на ул. Теодосиј Гологанов, односно на крстосницата со ул. Анкарска. Поради дефект на цевка со дијаметар од 400мм без водоснабдување беа оставени жителите од соседните улици, односно улиците: Митрополит Теодосиј Гологанов, Анкарска, Атинска, Њуделхиска, Бахар Моис Римска, Панче Пешев, Наум Евро и дел од улица Борка Талевски, а со намален притисок на водоснабдување беа дел од жителите на населба Козле. Дефектот бил деликатен, бидејќи цевката била длабоко под асфалтот и од истата било откинато големо парче на пластика, што укажува на тоа дека со оглед на големината на дефектот, истиот е саниран и завршен за многу кусо време, а жителите од околните улици уште во текот на вчерашниот ден биле приклучени и имаат непречено водоснабдување. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/saniran-delikaten-defekt-poradi-koj-del-od-skopje-beshe-bez-vodosnabduvanje/feed/ 0
Затворена француската нуклеарна централа Сиво поради дефект https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zatvorena-francuskata-nuklearna-centrala-sivo-poradi-defekt/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zatvorena-francuskata-nuklearna-centrala-sivo-poradi-defekt/#respond Thu, 16 Dec 2021 11:50:09 +0000 https://kurir.mk/?p=609288

Францускиот енергетски гигант ЕДФ објави дека открил дефекти на цевките во безбедносниот систем на нуклеарната централа Сиво и дека ќе затвори уште еден погон бидејќи користи ист тип на реактор. Најголемиот француски снабдувач со електрична енергија изјави дека открил дефекти во близина на заварени споеви на цевките во системот за вбризгување во два реактори на електраната Сиво во западна Франција. Дел од локалите медиуми јавија повикувајќи се на извори дека дефектите се поврзани со корозија. Инцидентот е откриен во време кога Франција најавува голема програма за изградба на нуклеарни централи, за разлика од соседна Германија, која се повлече од нуклеарната енергија по нуклеарната катастрофа во Фукушима, Јапонија во 2011 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zatvorena-francuskata-nuklearna-centrala-sivo-poradi-defekt/feed/ 0
Преполовен дотокот на вода во Тетово поради голем дефект во водоводната мрежа https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/prepoloven-dotokot-na-voda-vo-tetovo-poradi-golem-defekt-vo-vodovodnata-mreza/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/prepoloven-dotokot-na-voda-vo-tetovo-poradi-golem-defekt-vo-vodovodnata-mreza/#respond Sat, 13 Nov 2021 10:36:10 +0000 https://kurir.mk/?p=595004

Водоснабдувањето во Тетово е преполовено поради дефект на голема цевка со капацитет ф-500 кај изворот Лешница. Поради дефектот количините на вода изнесуваат 160 литри во секунда или речиси половина од досега расположливите 300 литри. -Поради дефект ф-500 во водоводна мрежа-изворот Лешница имаме намалување на водоснабдување за сите граѓани, во времетраење од 10:00 часот до завршување –поправка на дефектот. Работниците од единицата „Водовод и канализација” ќе бидат максимално ангажирани за побрзо и поефикасно санирање на дефектот. Количина на вода момемтална е 160 л/с, информираат денеска од Јавното комунално претријатие „Тетово“. Вчера ЈКП Тетово информираше дека градот се снабдува со 300 литри вода во секунда, а дека анализите добиени од страна на Центар за Јавно Здравје- Тетово покажува дека водата е чиста и безбедна за пиење.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/prepoloven-dotokot-na-voda-vo-tetovo-poradi-golem-defekt-vo-vodovodnata-mreza/feed/ 0