дефекти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 17 Oct 2022 05:28:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png дефекти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во првите два дена пријавени 600 дефекти за парно греење во Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-prvite-dva-dena-prijaveni-600-defekti-za-parno-greenje-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-prvite-dva-dena-prijaveni-600-defekti-za-parno-greenje-vo-skopje/#respond Mon, 17 Oct 2022 05:28:16 +0000 https://kurir.mk/?p=746168

Нема дефекти во топланите и дистрибутивната мрежа за парно греење во Скопје и тие се 100 отсто функционални. Се интервенира по повици на граѓани за дефекти во домовите или на потстаниците во зградите, но тоа, како што велат од АД ЕСМ, е вообичаено на почетокот на грејната сезона. Од денеска корисниците на централното греење ќе треба да потпишат нови договори со ЕСМ Снабдување ДООЕЛ Скопје. Од ЕСМ уверуваат дека засега нема проблем во производството и испорачувањето на топлинската енергија и оти ќе има доволно енергенси за целата грејна сезона. Директорката за производство од АД ЕСМ Александра Маројевиќ вчера информираше дека во првите два дена од стартот на грејната сезона пријавени се околу 600 дефекти од корисници на топлинска енергија, а најголем број се однесуваат на истекување од внатрешни инсталации. – Овие дефекти не можат да се предвидат од наша страна, ниту од страна на корисниците. Во таков случај нашите екипи ја прекинуваат испораката на топлинска енергија во тие потстаници сè додека кај корисниците не се отстранат дефектите од истекувањето, појасни Маројевиќ. Најчести причини за студени радијатори се дефекти во топлински потстаници, како и најразлични затнувања на радијаторите, затнување на воздух, запуштен прочистувач, откажување на пумпи итн. Приоритет на сервисните екипи на терен имаат рекламациите за течење, со оглед дека тие можат да предизвикаат материјална штета во домовите. Сите останати рекламации за немање греење, односно студени радијатори се извршуваат од сервисните служби на терен по редослед „прв јавен, прв услужен“. Во однос на испораката на топлинската енергија во попладневните часови, таа посочи дека во изминатите два дена греење немало зашто надворешните температури биле високи. – Млаките радијатори во овој период и во наредниот не се дефект, туку се рационална испорака на топлинска енергија согласно правилата, со цел во објектите да се исполни 20+1 степен Целзиусов. Како ќе паѓаат надворешните температури, така и обемот на испорачана топлинска енергија низ грејните тела ќе се зголемува, појасни Маројевиќ. Во однос на енергенсите, информира дека АД ЕСМ и државата работат на обезбедување природен гас по поволни цени, а ако во тоа не се успее, алтернативно решение ќе биде користењето на дизел гориво, кое е достапно на пазарот и навремено ќе биде обезбедено. На располагање се државните резерви во однос на основните енергенси и граѓаните треба да бидат спокојни во поглед на парното греење во Скопје. Додека од власта и од ЕСМ тврдат дека се преземени сите потребни чекори и скопјани ќе имаат парно цела грејна сезона, од опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека многу корисници останале со студени радијатори. Очекуваат да биде прифатена помошта која тие ја понудиле за надминување на енергетската криза. – Суштината на немањето парно греење кај дел од скопските домаќинства приклучени на централно греење, е затоа што од власта не се подготвени и работат само за свои лични интереси и продолжуваат со тендери во четири очи. Токму поради нивната неподготвеност, ние понудивме помош и решенија и се надевам дека кај власта ќе завладее разумот и ќе ја прифатат подадената рака за да им се помогне на граѓаните да се надмине оваа тешка зима, а потоа да зборуваат за политичките недоразбирања, изјави вчера лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Грејната сезона во Скопје за сите приклучени на мрежата за централно греење започна на 15 октомври со исти услови како и претходно, односно со загарантирана температура од 21 степен Целзиусов и греење во периодот од 06:00 до 22:00 часот. Министерот за економија Крешник Бектеши на скопјани им порача дека ќе имаат топли радијатори и дека такви ќе останат радијаторите во текот на целата грејна сезона. Во Скопје околу 60 илјади домаќинства се приклучени на мрежата за централно греење што ја покриваат топланите Исток и Запад. Дополнително уште околу 500 домаќинства во Чаир и Топанско поле се приклучени на мрежата која ја покрива топланата Скопје север. Трите топлани имаат можност да работат на природен гас или на мазут, а по потреба и на дизел, додека когенеративната електрана ТЕ-ТО, која е во приватна сопственост, може да работи само на природен гас. Доколку таа работи задоволува 70 проценти од потребите за греење на скопјани, а останатите 30 проценти ги покриваат топланите Исток и Запад. Оваа сезона производството, дистрибуцијата и снабдувањето со топлинска енергија во град Скопје ќе го врши АД ЕСМ, кое доби лиценца за производство на топлинска енергија до 30 април 2023 година, лиценца за дистрибуција на топлинска енергија за период од 35 години и лиценца за снабдување на топлинска енергија за период од 10 години. Од компанија ги повикаа граѓаните кои користат парно греење, од денеска да дојдат на нивните пунктови за да склучат нови договори за регулирање на односите за снабдување со топлинска енергија, како и сите други барања кои произлегуваат од оваа услуга.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-prvite-dva-dena-prijaveni-600-defekti-za-parno-greenje-vo-skopje/feed/ 0
Нормализирано водоснабдувањето по отстранување на големиот дефект во Центар https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/normalizirano-vodosnabduvanjeto-po-otstranuvanje-na-golemiot-defekt-vo-centar/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/normalizirano-vodosnabduvanjeto-po-otstranuvanje-na-golemiot-defekt-vo-centar/#respond Tue, 20 Oct 2020 07:28:02 +0000 https://kurir.mk/?p=418368

Водоснабдувањето кое во текот на вчерашниот ден беше прекинато во голем дел од град Скопје, како резултат на дефект на ф500мм, за чие санирање се појави потреба да се затвори главната водоводна цевка од ф1400мм, е нормализирано и притисокот на проток на вода е стабилизиран. Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, брзо и координирано пристапија кон отстранување на дефектот и непрекинато работеа со вклучување на сите расположливи ресурси, од механизација до работна сила и капацитети се до неговото отстранување. -Ваков тип на дефекти, се навистина многу ретки и можат да се појават еднаш на 10 години. Интервенцијата беше навистина комплицирана и од широки размери, но се пристапи многу одговорно и сериозно и се прифати ризикот од прекин на вода во голем дел од градот, со цел брзо отстранување на дефектот. Дефектот се отстрани за кратко време, иако прогнозите кажуваа нешто друго. Водоснабдувањето е нормализирано околу полноќ и притисокот на проток на вода е стабилизиран. Горд сум и сакам да ја упатам мојата благодарност до екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, до граѓаните кои покажаа разбирање и трпение за ситуацијата во која се затекнавме, но и до медиумите за брзото и професионално известување за целиот случај, посочи Душко Весковски, генерален директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/normalizirano-vodosnabduvanjeto-po-otstranuvanje-na-golemiot-defekt-vo-centar/feed/ 0
Двајца работници повредени при отстранување дефект https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/dvajca-rabotnici-povredeni-pri-otstranuvanje-defekt/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/dvajca-rabotnici-povredeni-pri-otstranuvanje-defekt/#respond Wed, 27 Dec 2017 09:06:31 +0000 http://kurir.mk/?p=2982

Двајца работници биле повредени вчера во „ИГМ“ Трејд од Кавадарци, откако извршувале активности за отстранување дефект. Едниот се здобил со тешки телесни повреди. Тие биле пренесени во кавадаречката болница, каде биле задржани на лекување, информира денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. - Околу 10.30 часот, двете лица од Кавадарци, Г.С.(42) и М.М.(40), при извршување редовни активности за отстранување на дефект во фабриката, биле качени на изработена корпа подигната од вилушкар. При спуштањето, на висина од околу 1,5 метри, истата се заглавила. Тогаш двајцата паднале и ги добиле повредите, соопшти Додевски. Увид на местото на настанот извршиле екипа од полициска станица од општа надлежност Кавадарци и трудов инспектор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/dvajca-rabotnici-povredeni-pri-otstranuvanje-defekt/feed/ 0