дехидрација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 20 Mar 2023 20:46:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png дехидрација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Не претерувајте со количината: ОВИЕ намирници предизвикуваат дехидрација на организмот! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ne-preteruvajte-so-kolichinata-ovie-namirnitsi-predizvikuvaat-dehidratsija-na-organizmot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ne-preteruvajte-so-kolichinata-ovie-namirnitsi-predizvikuvaat-dehidratsija-na-organizmot/#respond Mon, 20 Mar 2023 20:46:05 +0000 https://kurir.mk/?p=813668

Недостатокот на течност може да предизвика бројни нарушувања во телото, како што се гастритис, металоиди, артритис, главоболки и други. Исто така, дехидрацијата може да остави траги на вашата кожа и усни. Нема потреба премногу да се зборува за чувството на постојана жед. Дехидрацијата прави да се чувствувате и уморни, поспани и раздразливи. Препорачаната количина на вода е од 8 до 10 чаши дневно. Покрај пиењето доволно вода, важно е да се земе предвид и што јадете. Веројатно ви е познато дека чувствувате жед по конзумирањето на некоја храна, особено откако ќе изедете нешто солено. Натриумот, како составен дел на солта, е една од супстанците кои го сушат организмот. Покрај солта, следните намирници исто така може да доведат до дехидрација: Енергетски пијалоци За да го повратат нивото на сол во организмот по тренинг, луѓето кои редовно се грижат за својата физичка активност, често пијат енергетски пијалоци по вежбање во теретана. Натриумот е составен дел од овие пијалоци, а како подобра алтернатива се препорачува вода со лимон. Кофеин Лошата вест за сите љубители на кафе е дека кофеинот може да доведе и до дехидрација. Затоа се препорачува да земете чаша вода заедно со кафе, но и генерално да испиете уште неколку чаши вода, додека со кафето не треба да претерувате. Соја сос Во ова богатство на кинеската кујна се наоѓа и голема количина на натриум, па затоа не треба да претерувате со соја сосот. Тесто од цели зрна Иако храната направена од цели зрна е многу препорачлива, таа во голема мера го намалува нивото на водата во телото бидејќи содржи влакна кои брзо ја апсорбираат водата. Тестото и храната од цели зрна исто така содржат натриум. Поголеми количини може да предизвикаат многу силно чувство на жед.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ne-preteruvajte-so-kolichinata-ovie-namirnitsi-predizvikuvaat-dehidratsija-na-organizmot/feed/ 0
Дехидрацијата може да биде ОПАСНА: Водата не е единствено решение, еве што е многу важно! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/dehidracijata-moze-da-bide-opasna-vodata-ne-e-edinstveno-reshenie-eve-shto-e-mnogu-vazno/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/dehidracijata-moze-da-bide-opasna-vodata-ne-e-edinstveno-reshenie-eve-shto-e-mnogu-vazno/#respond Sun, 05 Jun 2022 20:15:49 +0000 https://kurir.mk/?p=686960

Дехидрацијата се појавува кога на нашето тело ќе му недостасуваат течности, а тоа е многу опасно доколку имаме слаб имунитет. Главната цел во решавањето на дехидрацијата е што побрзо да ја надополниме течноста, солта и минералите кои се изгубени. Слатките сокови и газираните пијалоци не се вистински микс за потребите на телото. За спречување на дехидрацијата Светската здравствена организација препорачува посебен рехидратациски раствор (ОРС). Имено, тој содржи балансирана комбинација на вода, соли, шеќер, калиум и останати потребни елементи. Рехидратацискиот раствор се дава во зависност од телесната тежина, стапката на самата дехидрација, најпрво во мали количини, а понатаму во се поголеми. Потребно е растворот да се зема што почесто за да има подобро и побрзо влијание. Повраќањето и дијареата се две најчести причини за дехидратација. Симптом може да биде и зголеменото потење, а тоа се јавува кога телото самостално сака да се олади. Причите за претерано и појачано потење можат да бидат разни, но воглавно тоа е зголемена температура. Поради таа причина кај болните се препорачува поголемо конзумирање на течности. Така ризикот за дихидрација е сведен на минимум. Дехидрацијата ќе ја препознаете по силната главоболка, сувата кожа и усните, намаленото потење, зголемената телесна температура, заморот и гадењето/повраќањето. Дехидрацијата на самиот почеток не е толку опасна, лесно може да се спречи, меѓутоа, доколку не се излечи на време преминува во тежок облик. Таквиот облик на дехидрација може да доведе до бессознание, кома, откажување на органите, а во најтешкиот облик и до смрт.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/dehidracijata-moze-da-bide-opasna-vodata-ne-e-edinstveno-reshenie-eve-shto-e-mnogu-vazno/feed/ 0
Почвата дехидрирана, да се интервенира со наводнување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochvata-dehidrirana-da-se-intervenira-so-navodnuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochvata-dehidrirana-da-se-intervenira-so-navodnuvanje/#respond Tue, 13 Aug 2019 09:03:26 +0000 https://kurir.mk/?p=229176

И земјоделството е на удар од високите температури што деновиве надминаа 40 степени. Почвата е дехидрирана. Нема вода. Агрометеоролозите апелираат да се наводнува секаде каде што има услови. Топлото време посебно ги погоди пролетните окопни култури, сончогледот и пченката, како и градинарските култури на отворено. Не се поштедени ниту овошките, а најмалку трпи виновата лоза. Ваквите температурни услови и топлата вода не му одговараат ни на оризот. Според агрометеорологот од УХМР, Ангелко Ангелески, пред неколку години, кога беше исто вака жешко, имаше многу „крш“ при лупењето на арпата. Забележан беше голем растур на зрното. -Ова е периодот кога овошките формираат родни пупки за наредната година. Затоа треба да се обрне посебно внимание. Да се обезбеди доволно вода за убаво да се оформат цветните пупки. Во спротивно, догодина цветањето и плодонесењето ќе бидат редуцирани, објаснува Ангелески. На раните сорти винова лоза, дополнува, им годат ваквите услови зашто се во фаза на зреење. За подоцнежните сорти кои се во полна зрелост, можеби бранот врнежи што се најавува ќе им ја донесе потребната влага иако во подлабоките слоеви на почвата влага се уште има во одредени количини. Ангелески порачува да се наводнуваат и дрвцата во парковите кои, евиденнто, веќе ги отфрлаат новооформените ливчиња за да ја спречат транспирацијата и да се одбранат од високите температури. -И во овој сегмент мора да се преземат мерки, дрвцата по парковите редовно да се наводнуваат зашто е жално, ливчињата што ги пуштиле, сега да ги отфрлаат за да се самоодбранат, истакнува Ангелески.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochvata-dehidrirana-da-se-intervenira-so-navodnuvanje/feed/ 0