Дејан Докиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 25 Sep 2021 11:25:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Дејан Докиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Доктор Докиќ: И да имате нула антитела по прележан коронавирус – заштитени сте! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doktor-dokikj-i-da-imate-nula-antitela-po-prelezan-koronavirus-zashtiteni-ste/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doktor-dokikj-i-da-imate-nula-antitela-po-prelezan-koronavirus-zashtiteni-ste/#respond Sat, 25 Sep 2021 11:25:04 +0000 https://kurir.mk/?p=568080

Пулмологот Дејан Докиќ во гостување на телевизија Канал 5 рече дека тој е апсолутно против давање антибиотик на ковид-пациенти и посочи дека лицата кои го прележале ковид-19 и да немаат антитела, тие сепак имаат иминитет.
-Антителата природно опаѓаат со тек на време, но тоа не значи дека пациентите не се имуни. Еве можеби да дојдат до нула, но ако се направат имунолошки испитувања, тогаш ќе видите дека имате имунитет. Тие помнат и го неутрализираат вирусот. Да не се плашат, оние кои прележале ковид-19 и да немаат антитела, се заштитени. Допрва ќе треба да се истражува колку трае имунитетот од прележан ковид. Јас сум против давање антибиотици. Апсолутно нема никаква индикација да се даде антибиотик за вирусна инфекција. Напротив, може да штети, во фаворизирање на резистентни соеви. Нерационалното давање антибиотици доведе до поголема резистентност на одредни бактерии. Ние викаме дека не треба да се препишуваат, вели д-р Докиќ.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doktor-dokikj-i-da-imate-nula-antitela-po-prelezan-koronavirus-zashtiteni-ste/feed/ 0
Доктор Докиќ: Треба да се спремиме за уште полоши сценарија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doktor-dokikj-treba-da-se-spremime-za-ushte-poloshi-scenarija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doktor-dokikj-treba-da-se-spremime-za-ushte-poloshi-scenarija/#respond Fri, 17 Sep 2021 15:53:46 +0000 https://kurir.mk/?p=564935

Доктор Дејан Докиќ во гостувањето во Утрински брифинг апелираше дека македонскиот здравствен систем треба да се подготви за грижа на поголем број на пациенти. -Тешко е да се прогнозира, бидејќи сите бранови ако ги анализирате имаа еден првичен нагол скок, па лесно паѓање, па повторно уште еден пик, како двогрба камила, но тешко е да предвидиме каде се наоѓаме во овој момент. Сите математички прогнози не секогаш излегуваат во реалноста. Треба да бидеме претпазливи и да се спремиме за уште поголем број на пациенти. Претпазливоста е најдобра и треба да се спремиме за уште полоши сценарија, за да не бидеме изненадени, додава Докиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doktor-dokikj-treba-da-se-spremime-za-ushte-poloshi-scenarija/feed/ 0
Доктор Докиќ: Со висока температура и со ниска сатурација – веднаш на лекар! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doktor-dokikj-so-visoka-temperatura-i-so-niska-saturacija-vednash-na-lekar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doktor-dokikj-so-visoka-temperatura-i-so-niska-saturacija-vednash-na-lekar/#respond Sun, 05 Sep 2021 17:32:23 +0000 https://kurir.mk/?p=559766

Кај некои пациенти од се уште непознати причини настанува цитокисна бура, каде што имуниот одговор е преголем, неадекватен, несоодветен, и кај тие пациенти се користат други антиинфламаторни лекови, кортикостероиди пред се, некои моноклонални антитела, кои се достапни кај нас, од типот на тоцилисумаб, кои се користат во сузбивање на цитокинската бура, рече во разговор за Канал 5, д-р Дејан Докиќ. -Многу е важно да се дојде навреме на лекар. Станува збор за оние случаи кои гледаме дека имаат висока температура, каде што состојбата се влошува, да не се чека да поминат денови, туку веднаш да се јават во тријажните центри, каде што лекари ќе проценат дали лицето е за хоспитализација или не. Особено важен фактор е нивото на сатурација во крвта, ако гледаат дека паѓа, веднаш треба да се обратат со барање за хоспитализација, тоа може да превенира смрт, рече Докиќ. На прашањето за ефектот на вакцините, со оглед што умираат и вакцинирани граѓани, тој рече дека се уште вакцината во светски рамки се смета дека е средство со кои се превенираат смртни случаи и тешки слики. -Да, има смртност од 10 до 11 отсто, но тоа е минорно, ризикот е мноу поголем кај невакцинираните, нагласи Докиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doktor-dokikj-so-visoka-temperatura-i-so-niska-saturacija-vednash-na-lekar/feed/ 0
Доктор Шопова: Зарем Докиќ е најкомпетентен да дава информации за смртноста на пациентите со КОВИД 19 без образложение? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doktor-shopova-zarem-dokikj-e-najkompetenten-da-dava-informacii-za-smrtnosta-na-pacientite-so-kovid-19-bez-obrazlozenie/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doktor-shopova-zarem-dokikj-e-najkompetenten-da-dava-informacii-za-smrtnosta-na-pacientite-so-kovid-19-bez-obrazlozenie/#respond Sun, 23 May 2021 09:49:42 +0000 https://kurir.mk/?p=513973

Докторката Жаклина Шопова излезе со свое видување за изјавите на нејзиниот колега Докиќ. „Зарем професор Докиќ е најкомпетентен да дава информации за смртноста на пациентите со КОВИД 19...и тоа така без никакво образложение дали покрај возраста, коморбидноста, влијание има и времето на пристигнување во болница, третманот пред пристигнување, протоколот за лекувањето, бројот на мед.персонал кој се грижи за пациентот, условите во кои се лекува пациентот, можноста за пострехабилитационен третман во државата, капацитетите на ваквите установи, итн. итн...а да не речем досега не слушнавме , ниту излезе министерството за здравство со изјава кај колку од сите овие пациенти го докажавме лабораториски британскиот сој!? Или во македонското здравство со овој министер и оваа влада се се случува без дијагностика , сеопфатна анализа со факти?!... Важно мандатот им поминува со донации “ - напиша таа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doktor-shopova-zarem-dokikj-e-najkompetenten-da-dava-informacii-za-smrtnosta-na-pacientite-so-kovid-19-bez-obrazlozenie/feed/ 0
Д-р Докиќ: Дебелината беше главен ризик фактор кај младите што починаа од Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-dokikj-debelinata-beshe-glaven-rizik-faktor-kaj-mladite-shto-pochinaa-od-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-dokikj-debelinata-beshe-glaven-rizik-faktor-kaj-mladite-shto-pochinaa-od-kovid-19/#respond Sat, 22 May 2021 10:46:01 +0000 https://kurir.mk/?p=513569

Зголемената телесна тежина беше главен ризик фактор за смрност кај помладите пациенти кои ја загубија битката со Ковид 19, истакна пулмологот Дејан Докиќ во интервју за Сител. Според него, смртноста кај било кој од пациентите, зависи од нивниот имунолошки одговор и нивниот имунолошки систем. -Од 24-ти октомври до 24-ти април, 80 проценти од вкупното население, од сите позитивни случаи, се токму во овој период, што говори за силината и јачината на вториот бран. 70 проценти од сите смртни случаи од корона, од 24-ти април, исто така се должат на вториот бран, вели Докиќ, додавајќи дека со британскиот сој, шансите за заразување биле од 40 до 70 проценти поголеми. За тоа зошто многу млади лица починаа од коронавирусот, Докиќ истакнува дека секој од нас не знаеме каков имунолошки систем крие. „Не е нешто што можете рутински да го испитате, со земање на крв и дали вие сте отпорни кој некои вируси или бактерии. Kај младите што починаа, гојазноста или обезноста, беше една од факторите кои што укажаа дека е ризик фактор“, вели пулмологот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-dokikj-debelinata-beshe-glaven-rizik-faktor-kaj-mladite-shto-pochinaa-od-kovid-19/feed/ 0
Докиќ: Секој трет Македонец има алергија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dokikj-sekoj-tret-makedonec-ima-alergija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dokikj-sekoj-tret-makedonec-ima-alergija/#respond Wed, 17 Jan 2018 13:11:20 +0000 http://kurir.mk/?p=12270

Трендот со алергии зема се поголем замав, така што во 2018 година, речиси секој трет, четврти Македонец ќе има некаква алергиска манифестација, изјави денеска проф. д-р Дејан Докиќ, на промоцијата на учебникот „Алергологија“ на Медицинскиот факултет во Скопје. - Алергиите во Македонија, земајќи ја предвид претходната епидемиолошка студија од Институтот за медицина на трудот од 2003 година, имаат тренд на двојно зголемување, од 11,5 проценти сега имаме 25,1 процент, а годинава овој тренд ќе биде уште поголем - рече Докиќ. Според него, тоа се огромен број пациенти и оттука произлегол притисокот и потребата да се направи еден ваков учебник, каде што ќе можат сите лекари да се справат со се поголемиот прилив на пациенти кои имаат алергија. Околу 90 отсто од алергиите припаѓаат на два вида, вели Докиќ, а тоа се полен од трева и корови, и алергени од домашната прашина. Прашан за состојбата на Клиниката за пулмологија и алергологија, во деновите кога во Скопје беше многу загаден воздухот, Докиќ рече дека алергиите, особено оние од доменот на домашна прашина и целогодишните, се асоцирани со аерозагадувањето, бидејќи загадувањето на воздухот ги влошува симптомите на алергиските манифестации. - Во овој период се во актуелна фаза, и заради аерозгадувањето имаме поголем број пациенти кои се примени на нашата клиника, се надевам тоа ќе биде краткорочно, и дека со промена на климатските фактори дека и тој момент ќе го надминеме - вели проф. д-р Докиќ. Тој истакна дека за првпат во Македонија се објавува книга „Алергологија“, којашто на едно место систематски и клинички ориентирано се опишани сите алергиски болести. - Досега нашиот наставен план беше таков да одделни делови од алергологијата се опишувани во различни предмети од Медицинскиот факултет што се изучуваат, меѓутоа сето тоа се секвенци, а тие имаат една заедничка особина тоа една брза алергиска реакција во основата на сите алергиски болести, само што различно се манифестираат со различни симптоми, на различни органи - рече Докиќ. Истакна дека во учебникот на едно место, пред се лекарите, за постдипломците, докторантите и сите оние доктори кои имаат во секојдневната практика пациенти кои боледуваат од алергија, можат да стекнат информации и на тој начин да можат да им помогнат на илјадниците свои пациенти во својата пракса да имаат подобар и поквалитетен живот. Академик Момир Поленаковиќ промовирајќи ја книгата „Алергологија“ од проф. д-р Докиќ и соработниците, истакна дека алергиите се болести на 21 век, кои треба повеќе да се изучуваат, и овој учебник дава придонес подобро да ја разбереме алергологијата и како да се бориме со болеста. Деканот на Медицинскиот фалкултет Соња Топузовска истакна дека драматичниот развој на алергологијата во изминатите години ја наметнуваат потребата знаењата на клиничарите во практика постојано да се усовршуваат и дополнуваат, а токму оваа книга „Алергологија“ овозможува увид во најсовремените дијагностички методи и тераписки протоколи за најголем број значајни алерголошки состојби.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dokikj-sekoj-tret-makedonec-ima-alergija/feed/ 0