Дејан Георгивски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 08 Sep 2022 06:04:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Дејан Георгивски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Орденот „8 Септември“ за четворица врвни македонски спортисти https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/ordenot-8-septemvri-za-chetvorica-vrvni-makedonski-sportisti/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/ordenot-8-septemvri-za-chetvorica-vrvni-makedonski-sportisti/#respond Thu, 08 Sep 2022 06:04:55 +0000 https://kurir.mk/?p=730225

Претседателот Стево Пендаровски по повод Денот на независноста на Република Северна Македонија, 8 Септември, на свечена церемонија ќе одликува со Орден „8 Септември” четворица македонски спортисти. Со Орден „8 септември” ќе бидат одликувани: Оливера Наковска-Бикова, за својата извонредна, богата и успешна спортска кариера во параолимпиското и во спортското стрелаштво. Наковска-Бикова постигнува бројни успеси на натпревари во стрелачки спортови. Таа е повеќекратна државна шампионка и апсолутна рекордерка на Република Северна Македонија во дисциплината воздушен пиштол. Во оваа дисциплина го освојува златниот медал на Летните параолимписки игри во Лондон, со што придонесе за меѓународна афирмација и за угледот на државата. Бранимир Јовановски, за извонредните резултати во својата 20-годишна спортска кариера. Тој е првиот македонски параолимпиец кој освоил златен медал на една параолимпијада. Во текот на својата кариера, покрај златниот параолимписки медал, освоил и други сребрени, златни и бронзени медали на разни европски првенства и на меѓународни натпревари. Значаен е неговиот огромен успех како тренер и како селектор, а избран е и за најдобар тренер на македонската репрезентација во стрелаштво за лица со попреченост. Неговиот придонес за меѓународна афирмација и за угледот на државата е огромен.  Шабан Трстена, за освојувањето златен медал во борење на Летните олимписки игри во 1984 година, запишувајќи се со златни букви во историјата на македонскиот и на светскиот спорт како најмлад олимписки шампион, како и за освојувањето на сребрениот медал на Олимпијадата во Сеул во 1988 година и на бронзениот медал на Светскиот шампионат во борење во 1982 година. Трстена е повеќекратен младински и сениорски првак на Југославија. Тој е прогласен за спортист на XX век на Република Северна Македонија. Шабан Трстена е пример како со извонреден успех може да се стане симбол на својата земја и на таков начин да се придонесе за нејзина меѓународна афирмација. Дејан Георгиевски, за постигнување историски најголем и повеќекратен успех во сферата на спортот од независноста на нашата држава. Со освојувањето на сребрениот медал на Олимписките игри во Токио во теквондо, е прогласен за најдобар спортист на Република Северна Македонија за 2021 година. Воедно, тој е добитник и на неколку сребрени и бронзени медали, со што придонесува за меѓународна афирмација и за угледот на државата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/ordenot-8-septemvri-za-chetvorica-vrvni-makedonski-sportisti/feed/ 0
По реакцијата на олимпискиот вицешампион Георгиевски, се огласи Мојсоски: Мислам дека станува збор за грешка https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/po-reakcijata-na-olimpiskiot-viceshampion-georgievski-se-oglasi-mojsoski-mislam-deka-stanuva-zbor-za-greshka/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/po-reakcijata-na-olimpiskiot-viceshampion-georgievski-se-oglasi-mojsoski-mislam-deka-stanuva-zbor-za-greshka/#respond Sat, 12 Feb 2022 08:49:03 +0000 https://kurir.mk/?p=630463

Олимпискиот вицешампион Дејан Георгиевски  вчера реагираше на одлуката на Агенцијата за млади и спорт да не му го додели најголемиот ваучер, парична помош која спортитите, клубовите и федерациите ја добиваат секоја година Иако го постигна најголемиот успех за Македонија на Летните олимписки игри во Токио и го освои сребрениот медал, а потоа беше избран и за најдобар спортист во 2021 година, најголемиот ваучер заврши кај светскиот вицешампион во карате, Емил Павлов 500.000 денари. Првиот човек на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски во изјава за „Фокус“ се обиде да ја објасни целата ситуација. „За тој случај мислам дека станува збор за грешка. Во понеделник ќе има владина комисија и ќе бидат разјаснети сите недоразбирања. Такво нешто се случи и минатата година и верувам дека се ќе биде во ред“, изјави Мојсоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/po-reakcijata-na-olimpiskiot-viceshampion-georgievski-se-oglasi-mojsoski-mislam-deka-stanuva-zbor-za-greshka/feed/ 0