Дејан Николовски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 10 Jun 2023 13:50:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Дејан Николовски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Николовски: Далеку е за СДСМ влада со ВМРО ДПМНЕ, како што е далеку Македонија од ЕУ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolovski-daleku-e-za-sdsm-vlada-so-vmro-dpmne-kako-shto-e-daleku-makedonija-od-eu/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolovski-daleku-e-za-sdsm-vlada-so-vmro-dpmne-kako-shto-e-daleku-makedonija-od-eu/#respond Sat, 10 Jun 2023 13:50:51 +0000 https://kurir.mk/?p=844390

Лидерската бидна. Позициите се кажаа. СДСМ веднаш удри на жестока пропаганда. Главниот акцент на нивното пропагирање е дека ВМРО ДПМНЕ влегува во Владата. Но, дали е тоа точно? Како навистина стојат работите моментно? На лидерската средба претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на првиот човек на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски, му понудил: Прв предлог,
  • Преодна влада без учество на ДУИ во таа влада.
  • Преодната Влада да организира предвремени избори
  • Уставни измени да, но кои ќе стапат во сила со завршување на преговорите на Македонија за членство во Европската унија
Втор предлог,
  • Избори
  • Гаранции за националниот идентитет и јазик
  • Заштита на Македонците во Бугарија преку спроведување на пресудите на Судот за човекови права во Стразбур
  • Економски пакет, и дури тогаш уставни измени, со обврска опозицијата, поразената страна на изборите да ги поддржува процесите.
Најдоброто во ова е тоа што ВМРО ДПМНЕ нуди предлог за европска интеграција на Македонија и заштита на националните интереси на Македонците. Две во едно, а не сервилен однос како досега што имаше СДСМ. По лидерската веднаш, експедитивно се огласи Демократската унија за интеграција. Прифаќаат да биде формирана преодна влада без нив. Демек сега македонската јавност треба да биде убедена оти ДУИ е најпроевропска партија во Македонија. Да не живеевме Македонија, можеби и ќе поверувавме. СДСМ, пак, од друга страна веднаш тргна во силна офанзива со пласирање информации во јавноста дека ВМРО ДПМНЕ влегува во Владата. По брза постапка седнаа на Бихаќка и направија работна група за продолжување на разговорите со опозицијата, а не се знае дали опозицијата всушност и се согласила да води дијалог на ниво на работни групи. Исто така, нема никаква официјална информација, ниту од СДСМ, ниту од ДУИ, каков е всушност нивниот став во однос на останатите предлози на ВМРО ДПМНЕ – Уставни измени кои ќе стапат во сила со завршување на преговорите на Македонија за членство во Европската унија, Преодната Влада да организира предвремени избори, Гаранции за националниот идентитет и јазик, Економски пакет и Заштита на Македонците во Бугарија преку спроведување на пресудите на Судот за човекови права во Стразбур. Очигледно мислат дека јавноста треба и мора да биде дефокусирана од останатите предлози, а тие за нас, обичните граѓани, се најважните. Удрија половично и манипулаторски, всушност како и за се’ што прават во овие години на владеење. Се’ им е половично и манипулаторски. Затоа и државата е полуфункционална, хаотична и пука по сите шавови. Доволно е да се прочитаат испитувањата на јавното мислење во однос на образованието, здравството, социјалата, економијата, културата, животниот стандард… а особено судството. Едно нешто не ни е саглам во земјава. Но, од целава ситуација една работа е кристално јасна. Христијан Мицкоски ги разголи и на јавноста и’ презентираше какво е вистинкското лице на СДСМ и на ДУИ. Не дека ние, граѓаните не знаевме, ама доказ плус воопшто не е на одмет. Е сега, како навистина стојат работите секој може лесно да си процени, односно дали е точно дека ВМРО ДПМНЕ влегува во Владата или не? Пишува: Дејан НИКОЛОВСКИ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolovski-daleku-e-za-sdsm-vlada-so-vmro-dpmne-kako-shto-e-daleku-makedonija-od-eu/feed/ 0
Хрватски медиуми цитираат македонски новинар: „Денис не се бранел, некои си заминаа додека тој лежел на земја“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hrvatski-mediumi-citiraat-makedonski-novinar-denis-ne-se-branel-nekoi-si-zaminaa-dodeka-toj-lezel-na-zemja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hrvatski-mediumi-citiraat-makedonski-novinar-denis-ne-se-branel-nekoi-si-zaminaa-dodeka-toj-lezel-na-zemja/#respond Mon, 11 Apr 2022 15:52:55 +0000 https://kurir.mk/?p=661487

Шокот од убиството на Денис Тот дополнително го предизвика и тоа што болницата најпрвин објави дека Денис Тот починал од срцев удар, а дека само обдукцијата утврдила дека Денис Тот имал повреди на главата од кои починал, пренесуваат денес хрватските медиуми. Vecernji.hr пренесува изјава  на Дејан Николовски, главниот уредник на Нетпрес. -Сето ова беше сомнително бидејќи почнаа да кружат спротивставени информации дека имало тепачка пред дискотеката, а потоа дека не било така, дека спортистот починал поради здравствени причини. Потоа, на телото има траги, па дека нема траги на насилство. Како што низ градот се ширеа информации дека имало напад од неколку лица врз спортистот, така започна притисокот на медиумите врз институциите да дознаат што точно се случило тоа кобно утро. Информациите говореа дека имало тепачка, затоа велам дека како одминуваше времето, притисокот од медиумите кон институциите растеше. На крајот стигна информација дека стигнала снимката, дека ракометарот бил нападнат од три лица, вели тој. Николовски ја коментира и вознемирувачката снимка од убиството која беше објавена денес. -На видеото се гледа дека таму имало повеќе од две-три лица. Дека имало десетина луѓе. Дека имало таксист. Претпоставувам дека неколку од овие луѓе се обезбедувачи во дискотеката бидејќи инцидентот се случил токму пред влезот. На снимката се гледа дека Денис бил нападнат, дека паднал на земја, дека три лица го тепале, дека после тоа се смириле работите, дека некои отишле во дискотека и ја затвориле вратата додека тој лежел на подот. Кој може да ги сокрие таквите информации? Само некој моќен човек. Тоа што две различни институции даваат исти информации, дека маж починал од здравствени причини, е сосема сомнително. Некој решил нешто да сокрие, заклучи новинарот. Целата вест прочитајте ја на Vecernji.hr]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hrvatski-mediumi-citiraat-makedonski-novinar-denis-ne-se-branel-nekoi-si-zaminaa-dodeka-toj-lezel-na-zemja/feed/ 0
Дејан Николовски: Се удавивме во криминал, корупција, рекет, местења тендери, партиски вработувања, нема врста на криминал која за власта во земјава е непозната https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dejan-nikolovski-se-udavivme-vo-kriminal-korupcija-reket-mestenja-tenderi-partiski-vrabotuvanja-nema-vrsta-na-kriminal-koja-za-vlasta-vo-zemjava-e-nepoznata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dejan-nikolovski-se-udavivme-vo-kriminal-korupcija-reket-mestenja-tenderi-partiski-vrabotuvanja-nema-vrsta-na-kriminal-koja-za-vlasta-vo-zemjava-e-nepoznata/#respond Fri, 05 Feb 2021 16:13:09 +0000 https://kurir.mk/?p=464808

„Се удавивме во криминал, корупција, непотизам, рекет, местења тендери, партиски вработувања, судско-обвинителски поткупи, фингирани прогони, дрзок и масовен грабеж на милијарди евра државни пари… Нема врста на криминал која за власта во земјава е непозната. Нема пора во општествово каде криминалот како најлош вид на канцер не е длабоко навлезен. До сржта царува. Власта може да збори што сака, нејзините фукционери да продаваат разно разни приказни, да се појавуваат катадневно на нивните медиуми, но неможе да го убедат народот дека не живее во ужас. И тоа во секој сегмент од животот. Ужасот е насекаде, од потребата родител да згрижи дете во градинка, преку основното образование, до високото. Од потребата да се отиде на лекар, од потребата да се заштити преку судскиот систем, од потребата да добие услуга од полицијата или некоја друга државна институција. Обезбедување на било каков државен документ за обичниот граѓанин е колосален подвиг. За секаде е потребно да „имаш некој“. Ужасот е и на работните места, преточен во секојдневен мобинг и малтретирање. Ако не си со нив, тогаш си против нив. Граѓаните на Македонија се поделени во две групи. Едните, кои се со власта, и вторите се останатите, обичните смртници. Пискотот на обичните смртници е недоволно силен и гласен за овие другите да го чујат. А, и не треба да биде чуен, тие се другите, од вториот ред, гетоизирани, маргинализирани, угнетени. Тие се противниците. Или како милуваат поданиците на власта да кажат: „Не се од нашите“. Режим по книга, поточно и поописно Хибриден режим. Нагазени се немилосрдно и приватни компании, и медиуми, и уметници, и судии, и обвинители, и професори, и доктори, и спортисти, и возачи, и службеници, и продавачи… сите кои „не се наши“. Нема мрдање. Ни го кажаа тоа јасно и гласно и од „Транспаренси“ и од „Економист“. Тие можат гласно да зборуваат, оти ним Хибридниот режим не им може ништо. Неможе да ги купи преку јавни огласи со државни пари. Единствено на Хибридниот режим во Македонија му останува да се спротистави со спин, извртување на вестите, и со пропагнда. И нормално активирање на нивните „експерти“ во јавноста за ублажување на ударот. А, како реално Хибридниот режим ја менаџира државава, и колку го есапат надвор од границите на Македонија, покажа ситуацијата со вакцините за Ковид-19. Се’ се виде, не треба ништо повеќе да се додаде. За нас во Македонија спасот од пандемијата се сведе на молитвите кон Бога. „Трансапренси Интернешнал“ е меѓународна невладина организација. „Економист“ е реномиран светски магазин, кој обработува теми од економијата, испитувања на пазари и економски длабински анализи. Кејт Мери Брнс е личност. Таа е амбасадор на САД во Македонија. Во своето последно интервју јавно вели дека државава е удавена во корупција. Дека судството ни е ужас, дека младите немаат перспектива во земјава. Е сега, не дека „Транспаренси“, „Економист“ и амбасадорката Брнс откриле топла вода, поточно ни кажале нешто што ние граѓаните на Македонија до последен одлично го знаеме, туку суштината е во јавно испратената порака. Понатаму пораката нека си ја толкува кој како сака и му одговара. Но, искрено таа порака за македонските граѓани е искрата надеж, светлото на крајот од темниот тунел, дека на Хибридниот режим му доаѓа крајот.“ Дејан Николовски за Нетпресс]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dejan-nikolovski-se-udavivme-vo-kriminal-korupcija-reket-mestenja-tenderi-partiski-vrabotuvanja-nema-vrsta-na-kriminal-koja-za-vlasta-vo-zemjava-e-nepoznata/feed/ 0
Николовски: Дуелот-професорот против простиот селски итрец https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolovski-duelot-profesorot-protiv-prostiot-selski-itrec/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolovski-duelot-profesorot-protiv-prostiot-selski-itrec/#respond Sat, 29 Feb 2020 13:01:40 +0000 https://kurir.mk/?p=310433

Зоран Заев е завршено политичко минато на македонската сцена. Телевизискиот дуел со лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го потврди и докажа тоа. Интелектуалната разлика меѓу двајцата е повеќе од очигледна. Факултетски професор против прост селски итрец. Однесувањето, одмереноста, вордингот, гестикулациите, домашното воспитание… го покажаа тоа. Впечатлива беше и (на моменти болната) опседнатост на Заев со Никола Груевски. Една работа многу ме чуди. Како досега Заев ниту еднаш не и’ го објасни на македонската јавност фактот дека Никола Груевски доби политички азил во Унгарија на основ на документ издаден од државната Комисија за заштита од дискриминација. Државен документ дека Никола Груевски е жртва на политички монтиран судски процес. Државен документ издаден додека Заев беше премиер. Не го кажува тоа, оти не му одговара да го каже. Исто како што не му одговара да објасни како доби ослободителна пресуда за случајот „Поткуп“, и да мисли дека не’ прави будали сите кои видовме видео снимка на која селскиот итрец бара мито, бара поткуп, и тоа го прави со неподнослива леснотија. Ова е дел од колумната на  Дејан Николовски,која можете да ја прочитате на НЕТПРЕС]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolovski-duelot-profesorot-protiv-prostiot-selski-itrec/feed/ 0
Главниот уредник на Нетпрес, Николовски под кривичен прогон https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/glavniot-urednik-na-netpres-nikolovski-pod-krivichen-progon/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/glavniot-urednik-na-netpres-nikolovski-pod-krivichen-progon/#respond Thu, 26 Sep 2019 10:27:54 +0000 https://kurir.mk/?p=244862

Главниот уредник на НетПрес, Дејан Николовски е под кривичен прогон. Тројца инспектори од одделот за економски криминал при МВР денеска дошле во редакцијата на НетПрес по наредба на јавен обвинител. Николовски како што истакна за КУРИР, тие извршиле разговор со него во врска со објавен текст за случајот со тендерот на Mакедонскиот систем за воздухопловна навигација (М-Нав) за набавка на нов систем за контрола на летање, вредна околу седум милиони евра. НетПрес за овој случај во декември, лани, објави серија текстови поткрепени со документација. Инспекторите на МВР од главниот уредник барале информација од каде се добиени документите. -Кривична е постапката, за неовластено прибавување и оддавање на деловна тајна. Денеска дојдоа тројца инспектори, што малку ме зачуди, по наредба на Обвинителство и извршивме разговор баш за време на протестот, вели Николовски за КУРИР. Според документот од Обвинителството, за случајот во тек е кривична постапка за кривично дело Оддавање и неовластено прибавување на деловна тајна по член 281 од Кривичниот законик. Инаку, разговорот со Николовски, инспекторите го воделе за време додека новинари протестираат за слобода на говорот пред Основното јавно oбвинитeлство и пред Сyдовите, на мирниот протест кој го организираше МАН. Ваквата реакција на МАН следува по се поголемиот и cилен политички пpитиcoк врз новинарите и медиумите, што власта го спроведува преку пpaвосудниот систем. На новинарскиот збор одговорете со збор, а не со апceња и пpoгони!- е мото на протестот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/glavniot-urednik-na-netpres-nikolovski-pod-krivichen-progon/feed/ 0