Дејан Панделески – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 28 Feb 2020 10:44:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Дејан Панделески – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Рекет“ се одложи, не дојде сведокот Панделески https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reket-se-odlozi-ne-dojde-svedokot-pandeleski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reket-se-odlozi-ne-dojde-svedokot-pandeleski/#respond Fri, 28 Feb 2020 10:44:51 +0000 https://kurir.mk/?p=309907

Отсуството на сведокот Дејан Панделески во случајот „Рекет” го одложи денешното рочиште за овој предмет, каде обвинети се Бојан Јовановски и Катица Јанева. При образложение на оваа одлука, судијката Васка Николовска-Масевска рече дека Панделески, не е пронајден на адресата доставена од одбраната, односно адресата била од работното место на сведокот од каде известиле дека тој е на службен пат. Следното рочиште е закажано за 3-ти март. Воедно, судечкиот совет информира дека рочишта за предметот „Рекет“ се закажани до 10 април. Според редоследот на рочиштата, судењето ќе продолжи и во тек на изборна камапања за предвремените парламентарни избори закажани за 12 април. Вчерашното рочиште за „Рекет“ беше одложено за денеска поради отсуство на поранешниот градоначалник на Општина Центар и бизнисмен Владимир Тодоровиќ, кој треба да сведочи на предлог на одбраната на првообвинетиот Бојан Јовановски-Боки 13. Тодоровиќ е еден од 12-те предложени сведоци од обвинетиот Бојан Јовановски. Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во октомври лани поднесе обвинение против Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милевски. Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“ и за „примање награда за противзаконито влијание“. Второобвинетата Јанева се товари дека сторила кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. На првото рочиште за „Рекет“, што се одржа на 3-ти декември минатата година, третообвинетиот Зоран Милевски-Кичеец призна вина за делото „примање награда за противзаконито влијание“, по што беше осуден на три години затвор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reket-se-odlozi-ne-dojde-svedokot-pandeleski/feed/ 0