Дејан Пројковски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 29 Jun 2022 07:02:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Дејан Пројковски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Кротењето на фуријата“ во режија на Пројковски ја воодушеви публиката, продолжува програмата на БИТ ФЕСТ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/krotenjeto-na-furijata-vo-rezija-na-projkovski-ja-voodushevi-publikata-prodolzuva-programata-na-bit-fest/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/krotenjeto-na-furijata-vo-rezija-na-projkovski-ja-voodushevi-publikata-prodolzuva-programata-na-bit-fest/#respond Wed, 29 Jun 2022 07:01:39 +0000 https://kurir.mk/?p=697104

Како дел од програмата на Битолското културно лето БИТ ФЕСТ, синоќа на четвртата вечер на Битола Шекспир фестивалот, во големата сала на Народниот театар се одигра претставата „Кротењето на фуријата“ во режија на битолчанецот Дејан Пројковски, во изведба на Градски театар Подгорица, Црна Гора. Над два часа, публиката постојано беше мотивирана и со целосно задржано внимание од актерската игра, музиката и хуморот, кои на сцената ги внесоа црногорските актери, особено Лазар Драгоевиќ во улогата на Петручио и Милица Мајкиќ во улогата на Катарина. Публиката пак, на крајот со овации ги испрати актерите, како и битолските протагонисти во претставата – сценографот Валентин Светозарев и режисерот Дејан Пројковски. И како што самиот Пројковски за претставата ја истакна неговата режисерска визија, тоа целосно беше видливо на сцената. Претставата „Кротењето на фуријата“ ги компарира двата принципи машкиот и женскиот, потпирајќи се на одредени аспекти на женската сексуалност и на машката доминација во современиот и модерен актерски израз, кој се заснова на Шекспировото сфаќање на театарот, играта, времето и просторот. Како режисер, имам искуства со психолошко сенчење на женските ликови. Ми се чини дека женските ликови се секогаш психолошки попрефинето осенчени од машките; женската смисла мене ми личи на харфа, а машката на гитара, бројот на жиците е различен. Со ова не сакам да им дадам предност на жените пред мажите, во смисла на сензибилитет, зашто знам дека уште од учењето за анимусот и анимата е вообичаено така да се мисли. Нашата задача во театарот е да ги уриваме стереотипите за машко и женско“. ДЕНЕС НА БИТ ФЕСТ На програмата на БИТ ФЕСТ, културното лето кое се одржува во Битола и денес продолжува Битола Шекспир фестивалот. Во 20.00 часот, во големата сала на Народниот театар, публиката ќе има можност да ужива во ,,РОМЕО И ЈУЛИЈА, ПОСЛЕДНИТЕ ЧАСОВИ’’ во изведба на Imperfect Dancers Company од Италија. Оваа постановка е модерна кореографска приказна, која преку перфекната игра на танчерите не внесува во Шекспировиот свет. Imperfect Dancers Company се познати од минатите години на Битола Шекспир фестивалот, кога приредија неверојатно доживување и разгалување на сетилата со ,,ХАМЛЕТ’’ и ,,ЛЕДИ МАКБЕТ’’ Концепт и кореографија: Ина Броек и Валтер Матеини Играат: Ромео - Андони Мартинез Манзано Јулија - Инес Сантос Прадос Медицинска сестра - Сара Никастро Судбината - Ина Броек Меркутио - Давид Барера Бонета Тибалт - Валентино Нери Фриар Лаурент - Глориа Тонело Бенволио - Антониета Бајрактари Во 22.00ч публиката ќе има ексклузивна можност да ја погледне монодрамата ,,ХАМЛЕТЕЛИА" во изведба на Каролина Пагани од Италија. Оваа претстава е ново читање и фрла ново светло врз Шекспировиот Хамлет, овојпат прикажан преку иронија и комични елементи. Во оваа претстава Офелија станува Гертруда, лесно се преобразува во Хамлет, Лаерт...Хамлетелиа претставува едно необично патување од современоста до Елизабетанската ера која истовремено ги истражува различнте актерските стилови и е еден вид крстосница помеѓу нив.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/krotenjeto-na-furijata-vo-rezija-na-projkovski-ja-voodushevi-publikata-prodolzuva-programata-na-bit-fest/feed/ 0
Пројковски се прости од Кајевски: Спиејќи да кажеш крај му ставив на срцеболот од животот што ова тело ги наследило https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/projkovski-se-prosti-od-kajevski-spiejkji-da-kazesh-kraj-mu-staviv-na-srcebolot-od-zivotot-shto-ova-telo-gi-nasledilo/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/projkovski-se-prosti-od-kajevski-spiejkji-da-kazesh-kraj-mu-staviv-na-srcebolot-od-zivotot-shto-ova-telo-gi-nasledilo/#respond Thu, 02 Dec 2021 12:06:58 +0000 https://kurir.mk/?p=603006

Зборови полни со неверување, со тага објавуваат голем број актери и јавни личности кои се простуваат од актерот Славиша Кајевски кој трагично почина на 39 години. -Да се биде или не прашање е сега; да издржиш пред стрелите на бесната судбина... Да заспиеш и ништо повеќе , спиејќи да кажеш - крај му ставив на срцеболот од животот што ова тело ги наследило... Нека ти е светол патот пријателе! Имаше во тебе многу љубов, пријателство, посветеност и огромна верба во театарот и професијата. Vita brevis, ars longa, пишува на Фејсбук поранешен директор на МНТ и режисер, Дејан Пројковски. Актерот ќе биде погребан утре во 12 часот на гробиштата во Ѓорче Петров.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/projkovski-se-prosti-od-kajevski-spiejkji-da-kazesh-kraj-mu-staviv-na-srcebolot-od-zivotot-shto-ova-telo-gi-nasledilo/feed/ 0
Премиера на претставата „Коцкар“ од Достоевски, во режија на Дејан Пројковски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/premiera-na-pretstavata-kockar-od-dostoevski-vo-rezija-na-dejan-projkovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/premiera-na-pretstavata-kockar-od-dostoevski-vo-rezija-na-dejan-projkovski/#respond Sat, 17 Feb 2018 07:39:12 +0000 http://kurir.mk/?p=22326

Народниот театар-Битола вечер на големата сцена во матичниот театар премиерно ќе ја прикаже претставата „Коцкар“ од Фјодор Михајлович Достоевски, а во режија на Дејан Пројковски. Со оваа претстава театарот ја почнува новата сезона. Станува збор за ансамбл претстава со голема актерска енергија во која се вклучени 14 актери од сите генерации, а по подолга пауза на театарската сцена ќе настапи и актерката Јоана Поповска, доајен на македонското глумиште. - Актерскиот потенцијал за оваа претстава е искористен до максимум и тоа ја прави таа да биде многу силна. Ние, актерите имаме можност да го прикажеме тоа за што досега немавме можност и кое можеби беше заради различен концепт и принципи на подготовка на претстава. Многу сакам да зборувам за оваа претстава, но многу повеќе сакам самата претстава да зборува за себе, рече меѓудругото актерот Огнен Дранговски кој вечер ќе ја толкува главната улога, ликот на Алексеј Иванович. Режисерот Пројковски главниот женски лик на Полина Александровна и го довери на актерката Илина Чоревска, која во пресрет на вечерашната премиера нагласи дека публиката ќе има прекрасна можност да следи ансамбл претстава со многу актери меѓу кои и доајенот на македонското и битолското глумиште Јоана Поповска. - Претставата е жестока, а жестокоста ја прават големите и малите улоги во претставата. Во два и пол часовната претстава, на публиката ќе и биде прикажано нашето гледање на „Коцкар“ од Достоевски. Можеби е добро што претставата е направена во Битола бидејќи денес, во градот се повеќе има коцкарници и дека се повеќе млади луѓе заглавуваат во своите животи трагајќи по еден одреден адреналински шок. Претставата е актуелна и нуди важни пораки, нагласи актерката Чоревска. Сценографијата ја подготви Валентин Светозарев, сценските движења ги подготви Олга Панго, костимографијата е на Благој Мицевски, а композитор Горан Трајковски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/premiera-na-pretstavata-kockar-od-dostoevski-vo-rezija-na-dejan-projkovski/feed/ 0