дејан шикоски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 19 Sep 2018 15:10:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png дејан шикоски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Шикоски: СДСМ и градоначалникот на Охрид создадоа колапс во образованието, учениците веќе трета недела ги немаат сите учебници https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/shikoski-sdsm-i-gradonachalnikot-na-ohrid-sozdadoa-kolaps-vo-obrazovanieto-uchenicite-vekje-treta-nedela-gi-nemaat-site-uchebnici/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/shikoski-sdsm-i-gradonachalnikot-na-ohrid-sozdadoa-kolaps-vo-obrazovanieto-uchenicite-vekje-treta-nedela-gi-nemaat-site-uchebnici/#respond Wed, 19 Sep 2018 15:10:39 +0000 https://kurir.mk/?p=103242

Од Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Охрид велат дека дневните политики во образованието се примарна цел на оваа локална Власт. Советникот од оваа партија во општина Охрид, Дејан Шикоски, вели дека СДСМ и градоначалникот Стојаноски создадоа колапс во образованието. Тој потенцира дека самоволието на раководните органи во училиштата никако да запре. -Веќе трета недела учениците уште не ги добиле учебниците по сите предмети, а од бесплатниот превоз ни трага ни глас. Проектот за рано изучување на јазикот во Македонија каде што по една паралелка во генерација го изучува германскиот јазик се укинува во ОУ „Григор Прличев“, едно од трите училишта, само затоа што директорот не го продолжува. Ако знаеме дека Советот на Европа бара наставата по странски јазици да започне што е можно порано, тогаш зошто Директорот ги укинува овие паралелки? Секоја година одбрани талентирани деца од новите првачиња беа дел од проектот поддржан од „Гете“ Институтот и амбасадата на Германија. Сега тоа право им се ускратува на учениците, а што е уште полошо учениците што веќе започнале да го изучуваат јазикот сега прекинуваат во сите одделенија од деветтолетката, изјави Шикоски.
Шикоски што ќе се случи со сертификатите на ученците коишто треба да ги добијат? -Ова се тие европски норми и принципи со кои се поигруваат со учениците, наставниците и сето тоа без никаква консултација со родителите. Дали тоа значи дека повеќе нема да има стипендирани ученици во училиштето и надоградување на нивното знаење? Пратеничката Жаклина Лазаревска како застапник на граѓаните во Собранието наместо да застане во интерес на учениците и образованието директно преку Министерството за образование и наука таа го промовира капитулантскиот договор за промена на името, вели Шикоски. Тој кажа дека нема ништо од ветените реформи во образованието, ништо од европските прнципи за квалитетно образование. -Во ниедно училиште не се изврши реконструкција на училишната зграда, кров, реновирање на тоалети и санитарни јазли. Извршена ли е дезинфекција, дератизација и дезинсекција, за да создадете оптимални услови за почеток на новата учебна година? СДСМ да престане да укинува мерки кои се во интерес на учениците. Државниот просветен инспекторат да ги преземе сите мерки во врска со последните случувања со учебниците, бесплатниот превоз, паралелките и лошата состојба во образованието, а раководните органи да сносат одговорност, изјави Шикоски.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/shikoski-sdsm-i-gradonachalnikot-na-ohrid-sozdadoa-kolaps-vo-obrazovanieto-uchenicite-vekje-treta-nedela-gi-nemaat-site-uchebnici/feed/ 0