Дејан Трајкоски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 22 Nov 2022 10:21:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Дејан Трајкоски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Промоцијата на книгата „Филмски песни“ од Дејан Трајкоски во МКЦ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocijata-na-knigata-filmski-pesni-od-dejan-trajkoski-vo-mkc/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocijata-na-knigata-filmski-pesni-od-dejan-trajkoski-vo-mkc/#respond Tue, 22 Nov 2022 10:21:15 +0000 https://kurir.mk/?p=764655

Промоцијата на книгата „Филмски песни“ од Дејан Трајкоски ќе се одржи вечер во 20 часот во фоајето на Младинскиот културен центар во Скопје. Поетската книга е издание на „Бата прес“, а нејзиното објавување е поддржано од Министерството за култура. Книгата заеднички низ дијалог ќе ја промовираат авторот и писателот Гоце Смилевски. Песни од книгата музички ќе изведат Бранислав Николов и Гоце Јовановски. Авторот Дејан Трајкоски е роден 1977 година во Прилеп. Работел како новинар, селектор на филмски фестивали, уредник, издавач… Тој е идеен автор и организатор на фестивалот ПРО-ЗА Балкан, основач и уредник во издавачката куќа Прозарт медиа. Автор е на романите „Вистина. Љубов. (рашомонијада)“ (2012) и „Неверство“ (2014). Романот „Неверство“ е преведен на англиски, германски, арапски, српски, ерменски, албански и бугарски јазик. Тој бил член во жирија на филмски и литературни фестивали во странство: Варшава филм фестивал, Мотовун филм фестивал, Котбус филм фестивал, Тирана филм фестивал, Литературниот фестивал „Виленица“…Бил член на Интернационалната федерација на филмски критичари ФИПРЕСЦИ. Член е на Друштвото на писателите на Македонија и на Македонскиот ПЕН-центар. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocijata-na-knigata-filmski-pesni-od-dejan-trajkoski-vo-mkc/feed/ 0