Дејан Трајковски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 28 Oct 2021 12:06:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Дејан Трајковски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Трајковски: Денеска од Ковид-19 почина 17-годишна ученичка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajkovski-deneska-od-kovid-19-pochina-17-godishna-uchenichka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajkovski-deneska-od-kovid-19-pochina-17-godishna-uchenichka/#respond Thu, 28 Oct 2021 12:06:38 +0000 https://kurir.mk/?p=587074

Професорот Дејан Трајковски денеска објави дека од Ковид-19 ппочинала 17 годишна девојка. -Денеска од ковид-19 почина 17-годишна ученичка. Истовремено се отвораат диско клубовите, ноќните клубови и баровите. Како не сфаќаат дека основната претпоставка им е грешна, дека со вакцини не може да се совлада епидемијата, бидејќи вакцините моментално имаат ефективност (намалување на ризикот) против заразување од само 20%? Вакцинираните речиси подеднакво како невакцинираните ја пренесуваат болеста наоколу и умираат други, од ранливите категории, иако самите се прилично заштитени од смртен исход. Време е инечно да се сфати: епидемијата може да се запре исклучиво со превентивни и рестриктивни мерки, пишува Трајковски. Неофицијално, девојчето е од битолско, а како последица од коронавирусот починало во Скопје. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajkovski-deneska-od-kovid-19-pochina-17-godishna-uchenichka/feed/ 0
Очигледно е дека во македонските болници лекувањето има многу слаб квалитет, анализира проф. Трајковски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ochigledno-e-deka-vo-makedonskite-bolnici-lekuvanjeto-ima-mnogu-slab-kvalitet-analizira-prof-trajkovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ochigledno-e-deka-vo-makedonskite-bolnici-lekuvanjeto-ima-mnogu-slab-kvalitet-analizira-prof-trajkovski/#respond Thu, 21 Oct 2021 19:55:46 +0000 https://kurir.mk/?p=583364

Професорот Дејан Трајковски во својата најнова обемна анализа на ковид состојбата во нашата земја оценува дека стапката на леталитет, како сооднос на бројот на починати и вкупниот број на случаи, е невообичаено висок. Дали една од евентуалните причини е квалитетот на лекување кое го нуди нашето здравство? -Очигледно е дека во македонските болници лекувањето има многу слаб квалитет. Нашите здравствени власти имаа време од 18 месеци да доведат неколку странски доктори кои би лекувале едно одделение болни од ковид, каде нашиот медицински персонал би научил како треба правилно да се лекува. Во вакви ситуации треба суетата да се остави на страна, бидејќи чини многу човечки животи. Всушност, бидејќи се работи за нова болест, самите доктори требале да побараат странска помош, затоа што леталитет од 61,5% е сé, само не нормален. За споредба, во САД стапката на болнички леталитет од ковид изнесува околу 10%, проценува Трајковски. Професорот вели дека, иако се изгубени многу животи (одвишната смртност од почетокот на епидемијата до сега изнесува околу 13.000 лица), не е доцна да се проба со странски доктори, бидејќи есенскиот бран штотуку започнува. -Во западна Европа повеќе нема голем притисок врз болниците, па ќе биде полесно да се најдат слободни доктори. А со суетата можеме да продолжиме после епидемијата, вели Трајковски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ochigledno-e-deka-vo-makedonskite-bolnici-lekuvanjeto-ima-mnogu-slab-kvalitet-analizira-prof-trajkovski/feed/ 0
Професор Трајковски: Со антибиотици НЕ се лекува коронавирус https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/profesor-trajkovski-so-antibiotici-ne-se-lekuva-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/profesor-trajkovski-so-antibiotici-ne-se-lekuva-koronavirus/#respond Tue, 14 Sep 2021 16:16:54 +0000 https://kurir.mk/?p=563600

Според Светската Здравствена Организација, САРС Ков-2 е вирус и затоа антибиотиците не треба да се користат како начин за превенција или лекување од него, истакна професорот Дејан Трајковски во својата најнова ковид анализа. -Според СЗО, САРС Ков-2 е вирус и затоа антибиотиците не треба да се користат како начин за превенција или лекување од него. Но, додаваат дека хоспитализираните можат да примат антибиотик поради можна бактериска коинфекција.Значи, со антибиотиците евентуално може да се лекува некаква споредна инфекција (на пример добиена на болница), но дефинитивно НЕ може да се излекува од ковид-19. Дали антибиотиците можат да направат штета кај болните од ковид-19, не пишува. Не дај Боже тоа да било случај во македонските болници и да имало врска со високиот леталитет, пишува профeсорот Трајковски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/profesor-trajkovski-so-antibiotici-ne-se-lekuva-koronavirus/feed/ 0
Проф. Трајковски за Канал 5: Вирусот се шири многу побрзо претходно, пикот можен и за две недели https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prof-trajkovski-za-kanal-5-virusot-se-shiri-mnogu-pobrzo-prethodno-pikot-mozen-i-za-dve-nedeli/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prof-trajkovski-za-kanal-5-virusot-se-shiri-mnogu-pobrzo-prethodno-pikot-mozen-i-za-dve-nedeli/#respond Wed, 11 Aug 2021 20:35:14 +0000 https://kurir.mk/?p=549419

Зголемената преносливост на вирусот ќе го донесе пикот на четвртиот КОВИД бран многу порано. Математичките пресметки на професорот Дејан Трајковски покажале дека во моментов едно инфицирано лице заразува тројца. Предупредува дека со ваков раст на бројките за седум дена може да очекуваме и по 2000 заразени дневно. Наместо средината на септември, сега проценките на Трајковски се дека врвот на заразени ќе биде за максимум две недели. -Со вакво високо забрзување за само една недела ние би можеле, доколку не се намали ова забрзување, да стигнеме до 1500-2000 нови случаи дневно. Колку е повисок ефективниот репродукциски број, толку побргу бројките се искачуваат и толку побргу ќе биде достигнат врвот. Тоа е лоша вест затоа што може да направи притисок врз болниците. При ваква висока преносливост веројатно пикот ќе го видиме со поголеми бројки уште порано, можеби околу 1 септември, вели Трајковски за Канал 5. Каква ќе биде епидемиолошката крива во голема мера ќе зависи и од темпото на имунизирање. Граѓаните и денеска навалија по вакцина а четирите новоотворени пунктови колку-толку успеаја да ги намалат гужвите. Пред поликлиниката Букурешт, и младо и старо, чекаа во ред за да се боцнат. Во Чаир, пак, дел од повозрасните кои имаа термин за втора доза негодуваа дека чекаат во ред со часови бидејќи приоритет им се дава на оние без термин. Освен во постоечките, од денес вакцинирање се врши и во поликлиниките во Ѓорче Петров, Ченто, Бит Пазар и Драчево. Според извештајот на Министерството за здравство целосно имунизирани се 446.613 граѓани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prof-trajkovski-za-kanal-5-virusot-se-shiri-mnogu-pobrzo-prethodno-pikot-mozen-i-za-dve-nedeli/feed/ 0
Проф. Трајковски: Делта сојот започна да се шири, можеби е дури веќе доминантен во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prof-trajkovski-delta-sojot-zapochna-da-se-shiri-mozebi-e-duri-vekje-dominanten-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prof-trajkovski-delta-sojot-zapochna-da-se-shiri-mozebi-e-duri-vekje-dominanten-vo-makedonija/#respond Wed, 07 Jul 2021 06:18:51 +0000 https://kurir.mk/?p=533091

Професорот по теоретска механика, Дејан Трајковски кој на дневна основа статистички ги следи сите официјални информации поврзани со коронавирусот вчера на социјалните мрежи напиша дека делта сојот пристигна и веќе започна да се шири. -Можеби е дури веќе доминантен, бидејќи бројот на случаи со Алфа сојот беше занемарлив до пред една недела, далеку помал од денешниве бројки. Ако досега имаше смисла контролата на границите, отсега повеќе нема. Увезените случаи веќе ништо не значат, а трансмисијата е локална. Сé им текнува отпосле (допрва ќе разговарале со властите од околните земји, бла, бла...), само колку да се каже дека нешто прават.Тоа ти е како отпосле да бараш пр..ер.атив. Ништо сега, опушти се и уживај..., пишува Трајковски на Фејсбук. Во претходната објава Трајковски пишува дека уште на 20 јуни било кажано дека Делта сојот ќе ни дојде, ако не преземат контрола уште на границите. -Во таа комисија, како прво, немаат квалификувани луѓе за оваа проблематика. Немаат ни професор вирусолог, ни професор епидемиолог или имунолог, ни професор математичар ни експерт за процесирање сигнали (од специјалноста на академик Коцарев). Немаат ни воен доктор, бидејќи во војни најмногу се случуваат избувнувања на епидемии, а тие најдобро ги знаат мерките. Па што имаат тогаш? Имаат 13 директори на болници, но што ќе кажат тие, дека имаат доволно слободни болнички кревети ли? Ајде нека пресметаат преносливост и трендови на епидемијата, нека пропишат мерки за ограничување и сузбивање на епидемијата, тоа ни треба ако сакаме да дејствуваме проактивно (однапред), а не реактивно (отпосле). Вака, професор Пановски само им упатува пораки преку весници, што никој не ги чита, пишува професорот. Смета дека треба веднаш да се воведе контрола на границите, поточно влегување само со скорешен ПЦР или брз антигенски тест или седумдневен карантин по влезот во земјата, а државата да обезбеди брзи тестови на сите гранични премини. -Во комисијата да вклучат епидемиолози и вирусолози, затоа што се гледа дека вака не ја бидува работата. Политичарите да не им се мешаат во работата на стручните лица и само да ги спроведуваат заклучоците, а никако обратно, како досега. Само што, знаејќи со кого си имаме работа, сето ова е малку веројатно дека ќе се случи, пишува професор Трајковски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prof-trajkovski-delta-sojot-zapochna-da-se-shiri-mozebi-e-duri-vekje-dominanten-vo-makedonija/feed/ 0
Професор Трајковски: Македонските навивачи кои беа во Романија се ризична група, таму има 22 случаи на индискиот сој https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/profesor-trajkovski-makedonskite-navivachi-koi-bea-vo-romanija-se-rizichna-grupa-tamu-ima-22-sluchai-na-indiskiot-soj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/profesor-trajkovski-makedonskite-navivachi-koi-bea-vo-romanija-se-rizichna-grupa-tamu-ima-22-sluchai-na-indiskiot-soj/#respond Sun, 20 Jun 2021 16:50:47 +0000 https://kurir.mk/?p=525807

Делта варијантата позната како индиски сој забрзано се шири низ Европа, но и во соседство, па прашање на време е кога покрај двата изолирани случаи, ќе влезе на голема врата во Македонија. Универзитеткиот професорот од Техничкиот факуктет во Битола, кој од почетокот изработува математичко-сатистички анализи, вели дека опасноста е околу нас, со оглед на се поголемата раздвиженост во летниот период, а како ризична група ги посочува македонските навивачите кои отпатуваа во Романија каде се секвенционирани 22 случаи, а ништо помала не е опасноста Делта варијантата или Индискиот сој летово да допатува со дијаспората. -Делата сојот е секвенциониран во Грција со 10 случаи, Бугарија има еден, а за нас особено е значајно во време на Европско првенство со 22 случаи во Романија, пет во Словенија, а во останатите балкански земји нема секвенционирани случани. Но, да не се залажуваме, Србија крена раце од секвенционирање уште од април, така што не знаеме која е вистинската состојба во Србија, вели проф. д-р Дејан Трајковски од Техничкиот факултет во Битола, за „Телма“. Иако летните температури не се поволни, опасноста може да дојде есенва. -Иако моментално временските прилики не годат на преносливоста, но ако еднаш влезе во Македонија тој тука ќе остане до првите есенски денови, а тогаш со зголемување на преносливоста постои гоем ризик од нов бран, со оглед на малата стапка на примени дози и прележаност, се разбира, вели Трајковски. Според Трајковски, иако процесот на примање дози е забавен поради недостиг на дози Македонија се уште има време да спречи есенски бран со кататсрофални последици.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/profesor-trajkovski-makedonskite-navivachi-koi-bea-vo-romanija-se-rizichna-grupa-tamu-ima-22-sluchai-na-indiskiot-soj/feed/ 0
Проф. Трајковски: Моменталната ситуација за кратко време може да се претвори во кошмар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prof-trajkovski-momentalnata-situacija-za-kratko-vreme-moze-da-se-pretvori-vo-koshmar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prof-trajkovski-momentalnata-situacija-za-kratko-vreme-moze-da-se-pretvori-vo-koshmar/#respond Sat, 19 Jun 2021 09:15:32 +0000 https://kurir.mk/?p=525322

Професорот по теоретска механика, Дејан Трајковски, кој на дневна основа статистички ги следи сите официјални информации поврзани со коронавирусот, објави нова анализа на својот Фејсбук профил во која зборува за индискиот сој на коронавирусот и предупредува дека „летото е време на интензивни патувања и лежерно однесување, поради што ќе треба да се вложи дополнителен напор и внимание за да го избегнеме внесувањето на овој опасен и брзоширечки сој во земјата“. -Со увид во датабазата на ГИСАИД иницијативата, забележуваме дека во Грција до денеска се секвенционирани 10 случаи на САРС Ков2, варијанта B.1.617.2 „Делта“. Се разбира, вкупниот број случаи е далеку поголем од бројот на секвенционираните случаи. Случаите ги внесуваат со големо задоцнување, па така ова се случаи од крајот на април до средината на мај. Сепак, мора да се признае дека Грција натпросечно добро се справува со епидемијата на ковид-19 и засега многу добро го држи вирусот под контрола (што не значи дека нашите летовалци не треба максимално да внимаваат). Понатаму, во Италија до денеска има 218 секвенционирани случаи на Делта сојот и таму прилично ажурно ги внесуваат случаите во датабазата. За жал, во Италија веќе се забележува забрзување на бројките. Од балканските земји засега ниту една друга земја освен Грција не го секвенционирала Делта сојот. Дури ни Македонија се уште не го рапортирала во датабазата нашиот прв и единствен случај, увезен од Ирак. Се разбира, во денешно време на развиен воздушен сообраќај растојанието не значи многу, па вирусот може да пристигне од било која европска или воневропска земја каде што има наша бројна дијаспора. Да се потсетиме дека во Велика Британија делта сојот веќе доминира со 97% меѓу сите соеви, а во САД веќе достигнал 30% и за десетина дена ќе стане доминантен. Летото е време на интензивни патувања и лежерно однесување, поради што ќе треба да се вложи дополнителен напор и внимание за да го избегнеме внесувањето на овој опасен и брзоширечки сој во земјата. Колку и да изгледа безгрижно моменталната состојба, за кратко време може да се претвори во кошмар, со оглед на малата стапка на вакцинираност на населението. Масовните собири, ноќните клубови и свадбите, можат само да додадат бензин на огнот после првата искра, пишува професорот Трајковски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prof-trajkovski-momentalnata-situacija-za-kratko-vreme-moze-da-se-pretvori-vo-koshmar/feed/ 0
Професор Трајковски: Царовска да се запраша дали е во ред тоа што го прави по толку негативни коментари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/profesor-trajkovski-carovska-da-se-zaprasha-dali-e-vo-red-toa-shto-go-pravi-po-tolku-negativni-komentari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/profesor-trajkovski-carovska-da-se-zaprasha-dali-e-vo-red-toa-shto-go-pravi-po-tolku-negativni-komentari/#respond Sun, 23 May 2021 08:01:28 +0000 https://kurir.mk/?p=513899

Професорот Дејан Трајковски порачува дека Мила Царовска треба да се запраша дали е во ред тоа што го прави, со оглед на големиот број на негативни коментари кои секојдневно ги добива. „На последната објава од Мила Царовска, конкурс за дигитални учебници, досега има 34 негативни коментари и ниту еден позитивен. На нејзино место јас сериозно би се запрашал дали е во ред тоа што го правам. Инаку, интересно е колку многу мразачи има за пријатели и следачи“ - пишува тој. Меѓу другите зборови што се користат во коментарите министерката е квалификувана како чума, монструм, глумица, неписмена… “Не лажи кога кога штом упорно туркаш проект против кој се огромното мнозинство од граѓаните јасно е дека тој проект не е добар и дека веќе се сте договориле со бугарските корумпирани политичари како да биде напишана или избришана македонската историја по учебниците. Плус знаеме како се пишуваат учебници (од партиски потрчковци)! Затоа објавувате огласи за учебници и за наставни програми дури сега, пред да почне новата учебна година односно во пет до дванаесет, што укажува дека се е веќе договорено и конкурсите се глума”, пишува еден граѓанин како одговор. “Инстант реформи, трајни и квалитетни колку времето за подготовка”, се вели во друг коментар. “Во септември вака и ученици ќе барате преку оглас, дома ќе ги школуваме! Само продолжете, посилно со главата во ѕидот, кај и да е, ќе падне!”, вели трет граѓанин. “На кого служите Вие, Царовска Мила? Контрадикторна и недоследна во своите изјави, пробувајќи да пробутате реформа, која воопшто не е приложна во нашето општество, вие сте срам за Македонците и местото не ви е воопшто во министерството за образование”, се вели во еден од коментарите. “Реформи ќе прави, а авторите уште не најдени..септември зад врата, изгледа пак ќе го прерипнат како минатата година! Углавно има охрабрување!”, и порачува на министерката една Тања. Царовска не одговара на ниту еден од коментарите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/profesor-trajkovski-carovska-da-se-zaprasha-dali-e-vo-red-toa-shto-go-pravi-po-tolku-negativni-komentari/feed/ 0
Трајковски: Грешката на извршната власт досега со глава ја платиле 1.300 лица, ќе ја платат уште толку до смирување на пролетниот бран https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajkovski-greshkata-na-izvrshnata-vlast-dosega-so-glava-ja-platile-1-300-lica-kje-ja-platat-ushte-tolku-do-smiruvanje-na-proletniot-bran/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajkovski-greshkata-na-izvrshnata-vlast-dosega-so-glava-ja-platile-1-300-lica-kje-ja-platat-ushte-tolku-do-smiruvanje-na-proletniot-bran/#respond Mon, 12 Apr 2021 20:49:41 +0000 https://kurir.mk/?p=496226

12.04.2021. Кој можеше да помисли дека Македонија ќе ја надмине дури и Белгија според кумулативниот број на починати на милион жители? Италија и Словенија ги надминавме деновиве. Како што стојат работите, само БиХ и Унгарија имаат поголеми дневни бројки од земјите што се повисоко рангирани од Македонија на светската ранг листа според кумулативен морталитет на милион жители. Останатите (Бугарија, Црна Гора, па можеби и Чешка) најверојатно ќе ги надминеме дури сметано и со сегашните нереални 2,08 милиони жители, вели професорот по теоретска механика, Дејан Трајковски, кој на дневна основа статистички ги следи сите официјални информации поврзани со коронавирусот. -Изгледа просто неверојатно, но дури ни овој кумулативен морталитет (трет највисок на светот, ако се смета со реалниот број од 1,8 милион жители и ако се исклучат градовите-држави Гибралтар и Сан Марино) не е доволен за да обезбеди доволно ниво на колективен имунитет од прележување за епидемијата спонтано да згасне, пишува Трајковски на Фејсбук и додава: „Кога сме веќе кај овој дијаграм, гледаме колку стрмо искачува вкупниот број на починати во Бразил поради бразилскиот сој на вирусот Р.1. Воопшто не им помогнала ланската висока прележаност од поранешните соеви, а нема да ни помогне ни нам, штом дојде и тука. Да се потсетиме, во Италија од еден единствен увезен случај бразилскиот вирус веќе се раширил на преку 10% од сите случаи. Ако воопшто има мислечки луѓе во нашата извршна власт, крајно време е да ги затворат границите за влез на сите невакцинирани лица или лица без свеж ПЦР тест. Откако вирусот еднаш ќе влезе, потоа ќе биде доцна, иако 5-дневен карантин би можел да го сопре ширењето, по примерот на Австралија. Бадијала ќе бидат оправдувањата дека не верувале дека тој сој ќе биде толку опасен и т.н. Не веруваа ни дека степенот на колективен имунитет е недоволен за да го спречи ширењето на британскиот сој B.1.1.7 (кој ли ги советувал така?), па нивната грешка досега ја платиле со глава околу 1.300 лица. Ќе платат уште толку до смирувањето на пролетниот бран, не сметајќи ги неевидентираните (најмалку 30% од евидентираните), коишто ќе се појават во јулскиот и августовскиот билтен на Државниот завод за статистика“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajkovski-greshkata-na-izvrshnata-vlast-dosega-so-glava-ja-platile-1-300-lica-kje-ja-platat-ushte-tolku-do-smiruvanje-na-proletniot-bran/feed/ 0
Македонија има највисока стапка на смртност од мозочен удар во Европа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-ima-najvisoka-stapka-na-smrtnost-od-mozochen-udar-vo-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-ima-najvisoka-stapka-na-smrtnost-od-mozochen-udar-vo-evropa/#respond Mon, 12 Apr 2021 16:06:32 +0000 https://kurir.mk/?p=496066

Професорот по теоретска механика Дејан Трајковски преку статус на Фејсбук пишува дека Македонија има највисока стапка на смртност од мозочен удар во Европа. -Македонија има највисока стапка на морталитет од мозочен удар во Европа: 180 смртни случаи на 100.000 жители годишно. Дали ова има врска со стресот, сиромаштијата и лошиот квалитет на живот? Се гледа дека најмногу удари имало во најсиромашните и најнесреќните земји. Освен тоа, во 2018 година Македонија имала втор најлош индекс во Европа (после Романија) според исходот од лекувањето на сите болести. Секогаш е во првите три најлоши, а во 2015 година имала најлош индекс. Овој индикатор е можеби најважниот од сите шест според кои се рангираат здравствените системи. Човек да се уплаши што мора да живее тука, стои во неговиот пост на Фејсбук. Извор: Health Consumer Powerhouse (Euro Health Consumer Index 2018) https://healthpowerhouse.com/.../3.2%20Case%20fatality%20...
Македонија има највисока стапка на морталитет од мозочен удар во Европа: 180 смртни случаи на 100.000 жители годишно.... Posted by Дејан Трајковски on Недела, 11 април 2021
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-ima-najvisoka-stapka-na-smrtnost-od-mozochen-udar-vo-evropa/feed/ 0