дејтонски договор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 14 Dec 2020 10:11:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png дејтонски договор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 25 години од потпишувањето на Дејтонскиот договор https://arhiva.kurir.mk/svet/region/25-godini-od-potpishuvanjeto-na-dejtonskiot-dogovor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/25-godini-od-potpishuvanjeto-na-dejtonskiot-dogovor/#respond Mon, 14 Dec 2020 10:11:38 +0000 https://kurir.mk/?p=442978

На денешен ден пред 25 години во Париз беше потпишан Општиот рамковен договор за мир во БиХ, попознат како Дејтонски договор, со што се стави крај на војната во Босна и Херцеговина. Договорот, кој беше постигнат на 21 ноември 1995 година, на 14 декември го потпишаа поранешните претседатели на Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина, Слободан Милошевиќ, Фрањо Туѓман и Алија Изетбеговиќ, во присуство на тогашниот државен секретар на САД Ворен Кристофер. Со договорот босанската држава беше зачувана, но поделена на два „ентитета“: „Федерација Босна и Херцеговина“ со мнозинско хрватско и муслиманско население и „Република Српска“, претежно населена со Срби. Дополнително постоеше и „специјална административна област“ во градот Брчко на истокот на земјата. Создадена беше и Канцеларија на „Високиот претставник“ на меѓународната заедница, задолжена за надгледување на имплементацијата на цивилниот дел од договорот, потсетува Дојче Веле. За да се избегнат можни тензии и конфликти трите „конститутивни народи“ – Бошњаци, Хрвати и Срби добија право на вето за заштита на своите „витални национални интереси“. Тоа значи дека нивните членови во Претседателството и во босанскиот Парламент може да го блокираат секое решение доколку сметаат дека нивната етничка група е загрозена. Потписниците се обврзаа меѓусебните односи да ги регулираат според Повелба на ОН, Завршниот хелсиншки акт и други документи на ОБСЕ, како и на меѓународно почитување на суверенитетот и решавање на недоразбирања на мирољубив начин. Договорот има 11 анекси кои се однесуваат на воени, политички и цивилни аспекти на мировниот договор, како и регионалната стабилизација. Анексот четири од Договор сè уште е Устав на БиХ. Дејтонскиот договор беше постигнат во воздухопловната база Рајт-Петерсон, близу Дејтон, во американската држава Охајо. Конференцијата траеше од први до 21 ноември 1995 година, а главни учесници беа Милошевиќ, Изетбеговиќ и Туѓман, американскиот посредник Ричард Холбрук и генералот Весли Кларк. Дејтонскиот договор беше кулминација на шатл-дипломатијата, што ја почна Холбрук со неговиот тим под покровителство на САД. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/25-godini-od-potpishuvanjeto-na-dejtonskiot-dogovor/feed/ 0
Пред 23 години беше потпишан Дејтонскиот договор https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pred-23-godini-beshe-potpishan-dejtonskiot-dogovor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pred-23-godini-beshe-potpishan-dejtonskiot-dogovor/#respond Wed, 21 Nov 2018 09:35:20 +0000 https://kurir.mk/?p=130276

Денеска се навршуваат 23 години откако во американската база Рајт Петерсон во Дејтон беше парафиран Општ рамковен договор за мир во Босна и Херцеговина и неговите 12 анекси, со што е ставен крај на војната во една од поранешните републики од СФРЈ и воспоставен нејзиниот уставно-правен поредок. Дејтонскиот договор, по тринеделни преговори, го парафираа тогашните претседатели на Србија, Слободан Милошевиќ, на Република Босна и Херцеговина, Алија Изетбеговиќ и на Хрватска, Фрањо Туџман. Договорот е парафиран во присуство на тогашниот државен секретар на САД, Ворен Кристофер, а покрај него, главни американски посредници беа Ричард Холбрук и генералот Весли Кларк. Дејтонскиот договор официјално е потпишан на 14 декември 1995 година во Елисејската палата во Париз. Со Дејтонскиот договор создадена е државна заедница на БиХ составена од два ентитети, Република Српска и Федерација на БиХ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pred-23-godini-beshe-potpishan-dejtonskiot-dogovor/feed/ 0