Дејвид Ајк – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 04 Nov 2022 15:47:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Дејвид Ајк – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Холандија му забрани на теоретичарот на заговори Дејвид Ајк влез во земјата и во Шенген-зоната https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/holandija-mu-zabrani-na-teoreticharot-na-zagovori-dejvid-ajk-vlez-vo-zemjata-i-vo-shengen-zonata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/holandija-mu-zabrani-na-teoreticharot-na-zagovori-dejvid-ajk-vlez-vo-zemjata-i-vo-shengen-zonata/#respond Fri, 04 Nov 2022 15:47:26 +0000 https://kurir.mk/?p=755897

Холандската Влада му забрани на британскиот теоретичар на заговори, Дејвид Ајк, влез во Холандија и во Шенген-зоната на две години, поради стравувања дека неговото присуство може да го „наруши јавниот ред и мир“. Ајк на својата веб-страница објави писмо што вчера му било доставено од холандската Служба за имиграција, во име на државниот секретар за правда и безбедност, Ерик Ван дер Бург, со коментар дека се работи за забрана изречена од „фашистичкиот холандски режим“, Ајк е поранешен професионален фудбалер и телевизиски водител кој тврди дека со светот владеат рептили. Беше предвидено тој да зборува на протест во Амстердам против војната во Украина, холандската Влада и зголемувањето на цените на енергенсите. Полицијата во Амстердам стравува дека ќе дојде до немири, дури и доколку Ајк се обрати и преку видео-врска. „Со ова писмо Ве известувам дека на две години сте означени во Шенгенскиот информациски систем и дека не Ви е дозволен влез во Шенген-зоната“, се наведува во писмото, во кое уште се посочува дека со години Акт е меѓународно признаен како промотор на теории на завера. Според холандските власти, присуството на Ајк би можело да доведе до немири во Холандија, во време на насилства и растечки закани по политичарите. Ова е вторпат властите во Хаг да воведуваат таква мерка, по забраната изречена во 2019 година за Стивен Андерсон, американскиот проповедник кој отворено се изјасни за ликвидација на хомосексуалците.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/holandija-mu-zabrani-na-teoreticharot-na-zagovori-dejvid-ajk-vlez-vo-zemjata-i-vo-shengen-zonata/feed/ 0