Дејвид Боуви – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 10 Jan 2023 06:07:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Дејвид Боуви – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Седум години од смртта на Дејвид Боуви https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/sedum-godini-od-smrtta-na-dejvid-bouvi/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/sedum-godini-od-smrtta-na-dejvid-bouvi/#respond Tue, 10 Jan 2023 06:13:17 +0000 https://kurir.mk/?p=785288

На 10 јануари во 2016 година, на 69 години почина популарниот британски пејач и актер Дејвид Боуви. Околу еден месец пред смртта тој го издаде својот нов сингл „Blackstar“. Тој беше музички активен цели пет децении и бил склон кон менување на музичкиот стил и имиџот. Првата песна со која се прославил Боуви бил синглот „Space Oddity“ од 1969 година, која поради симнувањето на Месечината имаше голем успех. Најзначаен албум на Дејвид бил „The rise and the fall of Ziggy Stardust and the spiders from Mars“. Боуви останал активен до последниот ден. Покрај музиката, се занимаваше со глума, една од неговите највпечатливи улоги е ликот на Никола Тесла, кој го играл во филмот „Престиж“ на познатиот режисер Кристофер Нолан.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/sedum-godini-od-smrtta-na-dejvid-bouvi/feed/ 0
„Ворнер мјузик“ ги доби правата за сите песни на Дејвид Боуви https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/vorner-mjuzik-gi-dobi-pravata-za-site-pesni-na-dejvid-bouvi/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/vorner-mjuzik-gi-dobi-pravata-za-site-pesni-na-dejvid-bouvi/#respond Tue, 04 Jan 2022 08:56:15 +0000 https://kurir.mk/?p=615881

Американската дискографска куќа „Ворнер мјузик груп“ ги откупи правата на целиот список песни на британскиот рок пејач Дејвид Боуви (1947 – 2016), за 250 милиони долари. Договорот ги опфаќа издавачките права за сите 26 студиски албуми на музичарот, објави „Фајненшл тајмс“. – Среќни сме што музиката на Дејвид Боуви сега ќе биде во сигурни раце на „Ворнер чапел мјузик“ (подружница на музичкиот гигант), изјави адвокатот Алан Грубман, кој ги застапува интересите на наследниците на рок-пејачот. Неодамна, и американските уметници Брус Спрингстин и Боб Дилан, исто така, ги продадоа правата за сите свои песни на големи светски издавачки куќи за 500 милиони и 300 милиони долари, соодветно. Високата цена по која музичарите ја продаваат својата работа се должи на тоа што таа продолжува да носи голем профит. Песните на музичарите активно се слушаат на стрим-сервисите, се пуштаат на радио станици и се користат во филмови и реклами. Дејвид Боуви (роден како Дејвид Роберт Џонс) има освоено бројни музички одличја, вклучувајќи и неколку од американските „Греми“ награди. Боуви е прогласен за „Најголем уметник на 20. век“ во Обединетото Кралство, според истражување на Би-Би-Си. Во 2004 година, списанието „Ролинг стоун“ го рангираше на 39. место на „100-те најголеми рок-уметници на сите времиња“ и на 23. место на „100-те најдобри вокалисти на сите времиња“. Последниот албум на пејачот беше објавен на 8 јануари 2016 година – роденденот на уметникот. Тој почина два дена подоцна.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/vorner-mjuzik-gi-dobi-pravata-za-site-pesni-na-dejvid-bouvi/feed/ 0
Дејвид Боуви прогласен за најдобар изведувач на 20. век https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/dejvid-bouvi-proglasen-za-najdobar-izveduvach-na-20-vek/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/dejvid-bouvi-proglasen-za-najdobar-izveduvach-na-20-vek/#respond Fri, 18 Jan 2019 08:25:43 +0000 https://kurir.mk/?p=153651

Британците преку јавно гласање на Би-Би-Си го прогласија легендарниот пејач Дејвид Боуви за најдобар изведувач на 20. век. Тој почина на 10 јануари 2016, по битка со ракот. Боуви е најпознат по хитовите „Space Oddity“, „Life On Mars“, „Heroes“, „Changes“, „Five Years“ и „All The Young Dudes“. А пак, неговата смрт беше инспирација за неговата „лебедова песна“ – посмртниот, 25-ти албум под наслов „Black Star”, кој како изненадување беше објавен на 71. роденден, два дена по неговата смрт. Гласањето се однесуваше на постигнувањата на најважните и највлијателни личности на 20. век во седум различни полиња на човековите заложби. Како победник во едно од нив, Боуви ќе се најде и на финалното гласање што ќе се пренесува во живо на 5 февруари. Во навраќањето на неговиот живот, Би-Би-Си го оцени пејачот како „константен музички иноватор кој честопати ставајќи се себе во најразлични улоги и ликови, никогаш не се плашеше да воведе нови звуци“. – Ликовите што тој ги создаде, од Зиги Стардаст до Тенкиот бел војвода, му дозволија да навлезе во нови звучни полиња. И Боуви секогаш ги бираше најдобрите соработници за да го постигне зацртаното. За разлика од многу други музичари, тој остана постојан низ целата своја кариера, соопшти Би-Би-Си. Боуви во својата категорија ги победи Кетлин Тарнер, Чарли Чаплин, Мерилин Монро и Били Холидеј. – Дејвид Боуви ја подигна „креативната летвичка“ за сите забавувачи и токму затоа тој целосно заслужи да биде крунисан за врвна икона на 20. век, изјави неговата „соперничка“ Тарнер. И Мадона на  Фејсбук ја поздрави неговата „круна“, осврнувајќи се на вредноста на неговите погледи околу тоа – да се биде свој. Го смени мојот животен пат засекогаш. Вистински гение!, напиша таа. Во другите категории, Алан Туринг е прогласен за научник на 20. век, Ернест Шаклтон е најдобар истражувач, а Нелсон Мендела победи во категоријата лидери. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/dejvid-bouvi-proglasen-za-najdobar-izveduvach-na-20-vek/feed/ 0
Почина пред три години, но култот за легендата и понатаму трае: Ви откриваме 30 најинтересни факти од животот на Дејвид Боуви https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/pochina-pred-tri-godini-no-kultot-za-legendata-i-ponatamu-trae-vi-otkrivame-30-najinteresni-fakti-od-zivotot-na-dejvid-bouvi/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/pochina-pred-tri-godini-no-kultot-za-legendata-i-ponatamu-trae-vi-otkrivame-30-najinteresni-fakti-od-zivotot-na-dejvid-bouvi/#respond Tue, 15 Jan 2019 12:09:58 +0000 https://kurir.mk/?p=152419

Поминаа три години од неговата смрт. Култот за Дејвид Боуви толку е силен што и денес се пишува и зборува за него исто како некогаш, а непрестајно се откриваат нови и интересни факти од неговата кариера. Токму на неговиот роденден, 8-ми јануари, пристигна апликацијата „Дејвид Боуви“, а ние денеска ви откриваме или ве потсетуваме вас кои ги знаете овие 30 интересни факти од животот на „слабиот бел војвода“. 1. Роден е како Дејвид Роберт Џонс во Брикстон, Лондон, и го дели роденденот со уште една легенда, Елвис Присли. 2. Десната зеница на Дејвид е трајно проширена, откако неговиот пријател Џорџ Андервуд го удрил во училишна тепачка. Расправијата наводно била поради една девојка. Момците останале многу добри пријатели, а Џорџ за некои од албумите на Дејвид, подоцна направил видеа. Поради проширената зеница, се мисли дека Дејвид има различна боја на очите, но тоа не е така. 3. Почнал да свири саксофон на 12 години, а вкупно свирел 14 инструменти. 4. Неговото прво музичко издание било „Liza Jane/Louie Louie Go Home“, во 1964-та година, под името Дејвид Џоунс. Подоцна го променил името во Боуви, за да ја избегне конфузноста со музичарот Дејвид Џоунс. 5. Дебитантскиот албум под име „Дејвид Боуви“ го објавил во 1967-ма година, после бројните настапи во кафулиња со разни бендови. 6. На 17 години дал интервју за BBC, како основач на Друштвото за превенција на лошиот однос кон мажите со долга коса, давајќи до знаење дека воопшто не е пријатно кога како маж ти се обраќаат со „драга“. 7. Во 2004-та година, на концерт во Норвешка некој од публиката го погодил со лижавче во проблематичното око, а после отстранувањето на лижавчето Дејвид го продолжил концертот. 8. Првата главна улога на Дејвид била во филмот „The Man Who Fell to Earth“, на режисерот Николас Рог. 9. Објавил список од своите 100 најдраги книги. Меѓу нив се Хомеровата „Илјада“, „На патот“ на Џек Керуак, „Мадам Бовари“ од Густав Флобер, Оргвелов „1984“. 10. Во 2006-та година се појавил во филмот „Престиж“, од Хју Џекман и Скарлет Јохансон. 11. Godspeed You! Black Emperor и Arcade Fire биле некои од неговите омилени бендови. Тоа го открил за „The Guardian“ и додал дека му се допаѓа и кинеската народна музика. 12. Неговиот постар полубрат Тери боледувал од шизофренија и извршил самоубиство во 1985-та година. Тој го инспирирал Дејвид за песните „Aladdin Sane“, „All The Madmen“, „The Bewlay Brothers“ и „Jump They Say“. 13. Со сомалискиот супермодел Иван се венчал во 1992-ра година и заедно ја имаат ќерката Александрија Зара Џонс. Како посвета на својот сопруг, Иман на глуждот има истетовирано бодеж. 14. Дејвид бил дел од 10 бендови - The Konrads, The Hooker Brothers, The King Bees, The Manish Boys, The Lower Third, The Buzz, The Riot Squad, The Hype, Tin Machine и Tao Jones Index. 15. Се плашел да лета. „Можам да поднесам само кратки летови“, признал тој. Стравот го развил после раѓањето на неговата ќерка. 16. „Отсекогаш сакав да бидам Литл Ричард, тој ми беше идол“, пишува во неговата биографија. 17. Во слободно време цртал, сликал, правел скулптури и пишувал. Негови најдраги уметници биле Тинторето, Џом Белани, Ерих Хекел, Пикасо и Мајкл Реј. 18. Ханс - малото музичко студио во Берлин, со поглед на Берлинскиот ѕид, каде ја снимил „Berlin trilogy“, денеска е туристичка атракција. 19. Неговото алтер его, Зиги Стардаст, било инспирирано од обичната средба со тогашната загубена поп-ѕвезда и зависник од ацид, Винсент Тејлор, на улицата Карнаби во Лондон. 20. Боуви одбивал да пие чај, бидејќи тврдел дека на 5 години имал ужасна несреќа со шолја со топол пијалок. 21. На албумот “Diamond Dogs“, Дејвид ги свирел речиси сите инструменти, а се потпишал и позади пизнатиот гитарски риф на „Rebel Rebel“. 22. Песната „Under Pressure“, со групата Queen настанала од спонтан настап во студиото на Дејвид во Швајцарија. 23. Му купил свињи на новинарот на Ролинг Стоун. 24. Во 1999-та година дал генијално интервју за ВВС во кое зборувал за иднината на интернетот. Водителот тогаш му рекол дека сигурно не би станал музичка ѕвезда ако се родел во 90-те години, и тоа поради интернетот. „Таму се случуваат неверојатни работи“, рекол тој. „Ние сè уште не можеме ни да замислиме што ќе направи интернетот од светот“. 25. На врвот од својата зависност од кокаин, наводно бил толку параноичен што својата урина ја сокрил во фрижидерот, за да не го киднапира злобниот волшебник. 26. На соул албумот „Young Americans“, до 1975-та година, еден од пратечките вокали на Дејвид бил младиот Лутер Вандрос. 27. Дејвид бил висок 178 сантиметри. 28. Групата „Placebo“, често ја наведувал како една од своите најдраги, како и „Oasis“. 29. Неговото славно признание дека бил бисексуалец се случило во интервјуто за „Rolling Stone“ во 1972-ра година, но подоцна изјавил дека тоа го измислил бидејќи сакал да го следи одреден вид на мистериозност. 30. Со својата прва жена, Енџи Боуви, се венчал во 1970-та, а се развел во 1980-та година. Својот син го нарекол Зоуви Боуви, но момчето тоа име толку го мразело, што го променило во Џо. Денес е познат како филмски режисер. Извор: ТОЧКА]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/pochina-pred-tri-godini-no-kultot-za-legendata-i-ponatamu-trae-vi-otkrivame-30-najinteresni-fakti-od-zivotot-na-dejvid-bouvi/feed/ 0
Откриена првата статуа на Дејвид Боуви https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/otkriena-prvata-statua-na-dejvid-bouvi/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/otkriena-prvata-statua-na-dejvid-bouvi/#respond Mon, 26 Mar 2018 12:41:29 +0000 https://kurir.mk/?p=33188

Статуа на славниот британски пејач и музичар, Дејвид Боуви, беше откриена вчера во британскиот град Ејлсбери, каде што сестраниот уметник првпат го претстави ликот Зиги Стардаст. Боуви инспирацијата за тој лик ја пронајде во една друга британска рок-ен-рол ѕвезда - Винс Тејлор кој по доживеан нервен напад, почна да говори за себе дека е човечко-вонземски мутант и врска меѓу луѓето и Бога. Песната за Зиги се наоѓа на албумот „The Rise and Fall of Ziggy Stardust and the Spiders from Mars", којшто само го зацврсти Боуви на пиедесталот меѓу рок ѕвездите. Бронзената фигура е поставена на плоштадот во Ејлсбери, и таа го претставува „опуштениот" Дејвид Боуви и неговото „второ јас". Творец на скулптурата е вајарот Ендрју Синклер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/otkriena-prvata-statua-na-dejvid-bouvi/feed/ 0