дејвид гир – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 20 Oct 2023 16:41:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png дејвид гир – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Гир: Земјите кои сакаат да станат членки на ЕУ, треба да ги направат реформите кои се неопходни https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gir-zemjite-koi-sakaat-da-stanat-chlenki-na-eu-treba-da-gi-napravat-reformite-koi-se-neophodni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gir-zemjite-koi-sakaat-da-stanat-chlenki-na-eu-treba-da-gi-napravat-reformite-koi-se-neophodni/#respond Fri, 20 Oct 2023 16:41:36 +0000 https://kurir.mk/?p=891411

Евроамбасадорот Дејвид Гир попладнево во Собранието порача дека проширувањето на ЕУ е геостратешка инвестиција на Унијата и дека земјите кои сакаат да станат членки, треба да ги направат реформите коишто се неопходни. -Ова е суштински момент за проширувањето во склоп на Европската унија и пошироко. Мислам дека секој што ги следи случувањата во самата ЕУ, не би можел да го испушти ова чувство на итност, динамика и движечка сила за прашањето на проширувањето. Ова се одразува и во неодамнешната декларација што произлезе од Самитот во Гранада што го опиша проширувањето како геостратешка инвестиција на Европската унија во мирот, безбедноста, сигурноста и просперитетот, рече Гир попладнево на Третата сесија во рамки на Конференцијата за меѓупарламентарен дијалог за понатамошно унапредување на европската интеграција на Западен Балкан. Задачата на земјите кои сакаат да бидат дел од ЕУ, како што посочи Гир, е да ги комплетираат неоходните реформи кои се од суштинско значење - владеење на правото, реформата на јавната администрација и почитувањето на човековите права. - Владеењето на правото е особено важна област каде не смее да постои компромис или кратење на процесите. Денеска, во Северна Македонија има навистина жива дискусија за овие прашања. Ова е нешто што се случува низ целиот Западен Балкан, рече Гир. Целта на вистинските реформи, како што нагласи, не е само да е задоволна Европската унија, туку и да се создаде основа за просперитет, стабилност, демократија и безбедност. - Од наша страна, ние имаме домашна задача што треба да ја завршиме. Ако не зборуваме за реформи во Европската унија, тогаш не пристапуваме сериозно кон прашањето за проширувањето и затоа мислам дека во Европската унија не може да се почне од реформите, па потоа да се оди кон проширувањето, туку да работиме паралелно за да се подготвиме за иднината заедно со Западен Балкан во Европската унија, рече евроамбасадорот Гир. дебата собрание Според Александар Николоски, претседател на Националниот совет за евроинтеграции и член на Делегацијата на Северна Македонија во ПССЕ, потребно е стратешко партнерство меѓу Европската унија и Советот на Европа во однос на заедничките вредности што со цел, како што рече, да се интензивира политичкиот дијалог и да се забрза европската перспектива на Западен Балкан. -Посилната соработка ќе овозможи исто така подобро искористување на сите можности што ги дава Советот на Европа кој имасериозна експертиза пред се во делот на владеењето на правото, демократијата и човековите права, неслучајно и Европскиот суд за човекови права е под надлежност на Советот на Европа, рече Николоски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gir-zemjite-koi-sakaat-da-stanat-chlenki-na-eu-treba-da-gi-napravat-reformite-koi-se-neophodni/feed/ 0
Мицкоски-Гир: Разговор за идните планови и цели важни за Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-gir-razgovor-za-idnite-planovi-i-tseli-vazhni-za-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-gir-razgovor-za-idnite-planovi-i-tseli-vazhni-za-makedonija/#respond Fri, 06 Oct 2023 13:00:03 +0000 https://kurir.mk/?p=886110

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска заедно со потпретседателите Александар Николоски и Тимчо Муцунски се сретнаа со Дејвид Гир, амбасадор на Европската Унија во Македонија. Од партијата информираат дека Мицкоски и потпретседателите Николоски и Муцунски на средбата со Гир разговарале за идните проекти и цели од значење за граѓаните и државата, при што акцент беше ставен на подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. На средбата со Гир се зборуваше и воопшто за активностите на ВМРО-ДПМНЕ. -Претседателот Мицкоски и потпретседателите Николоски и Муцунски го информираа амбасадорот Гир за ситуацијата во земјата, при што акцент во текот на разговорот се стави на корупцијата и криминалот. Амбасадорот го информираа за сознанијата дека речиси секој ден се појавува нов коруптивен скандал во кој се вклучени лица од Владата. На средбата претседателот Мицкоски и потпретседателите Николоски и Муцунски укажаа на неспособноста на власта да се справи со било кој предизвик, уште помалку да развие политики на казнивост за сторителите на криминал и корупција, информира МВР. Претседателот Мицкоски укажа на лошата економска ситуација во која е државата и за зголеменото незадоволство и сиромаштија кај граѓаните.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-gir-razgovor-za-idnite-planovi-i-tseli-vazhni-za-makedonija/feed/ 0
Гир: Оценската мисија за работата на Судски совет ќе заврши неделава, брзо потоа ќе бидат објавени препораките https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gir-otsenskata-misija-za-rabotata-na-sudski-sovet-ke-zavrshi-nedelava-brzo-potoa-ke-bidat-objaveni-preporakite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gir-otsenskata-misija-za-rabotata-na-sudski-sovet-ke-zavrshi-nedelava-brzo-potoa-ke-bidat-objaveni-preporakite/#respond Thu, 21 Sep 2023 15:09:26 +0000 https://kurir.mk/?p=880373

Ние сакаме земјата брзо да напредува во сферата на владеењето на правото, граѓаните имаат право да го бараат тоа и ЕК има право да го бара тоа од земја - кандидат, вели евроамбасадорт Дејвид Гир на новинарско прашање по промоцијата на новиот проект финансиран од Европската унија „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“. -Имаше напредок во однос на владеењето на правото, во изминатите години, но има и одредени прашања кои предизвикуваат загриженост и тоа не треба да го заброравиме. Едно од тие прашања се случувањата во текот на летото, во Судскиот совет, и како резултат на тие случувања ние распоредивме тука една мисија составена од колеги која е задолжена да даде препораки за подобрување на интегритетот и професионалноста. Секако и изјавата од минатата седмица од Европската комисија во однос на измените на Кривичниот законик, пред се, користењето на европското знаменце кое тие го сметаат за нессоодветно бидејќи тоа е едно од прашањета за кое треба да се дискутира и исто така ризикот кој го идентификува Комисијата дека ваквите промени може да доведат до зголемување на неказнивоста. Ние сакаме земјата рапидно брзо да напредува во сферата на владеењето на правото, граѓаните имаат право да го бараат тоа и ЕК има право да го бара тоа од земја свој - кандидат, рече евроамбасадорот Гир запрашан за тоа какви активности се очекуваат од земјата во однос на случувањата кои предизвикаа загриженост во Брисел. Прашан за тоа кога може да се очекуваат резултати од оценската мисија на ЕУ за работата на Судскиот совет, Гир не посочи точен датум, но очекува тие набрзо да бидат објавени. -Експертската мисија се состои од судии кои се на високи позиции или искусни судии од земјите на ЕУ кои што го разгледуваат работењето на Судскиот совет со цел да дадат препораки за подобрување на неговата професионалност, независност и ефикасност. Мисијата ќе завши во тек на оваа седмица, потоа тие ќе се вратат во Брисел и за своите наоди ќе дискутираат со Комисијата. Не можам да ви дададм точен датум кога тие препораки ќе излезат во јавноста, меѓутоа тие ја разбираат потребата ваквите препораки да се дадат брзо, рече шефот на Делегацијата на ЕУ во земјвата Дејвид Гир. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gir-otsenskata-misija-za-rabotata-na-sudski-sovet-ke-zavrshi-nedelava-brzo-potoa-ke-bidat-objaveni-preporakite/feed/ 0
Гир: Измените на Кривичниот законик носи ризик од зголемување на неказнивоста https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gir-izmenite-na-krivichniot-zakonik-nosi-rizik-od-zgolemuvane-na-nekaznivosta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gir-izmenite-na-krivichniot-zakonik-nosi-rizik-od-zgolemuvane-na-nekaznivosta/#respond Thu, 14 Sep 2023 14:15:18 +0000 https://kurir.mk/?p=878092

По Европската Комисија и евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир оцени дека некои од измените на Кривичниот законик носат ризик од зголемување на неказнивоста. Тој порача дека кривичните дела треба да бидат соодветно санкционирани и да се почитува владеењето на правото. Гир се осврна и на процедурата за усвојувањето на измените. „Уште еднаш е изразена загриженост за употребата на европското знаменце, на ваков начин, за да се забрза усвојувањето на законодавството и се оневозможи јавната дебата во земјата“, рече Гир. Од албанската опозиција остануваат на ставот дека во позадина на измените стои политички договор за обезбедување двотретинско мнозинство за уставните измени. „Огромното мнозинство предмети сега ќе застарат или се веќе застарени според новиот закон. Јасно е дека тоа влијае на многу случаи поврзани со поранешниот премиер Никола Груевски и тоа не е нешто што треба да го криеме. Тоа влијае и на актуелните владини функционери кои се подготвуваат за опозиција“, рече Фадиљ Зендели – БЕСА. Од ВМРО-ДПМНЕ денеска не искоментираа дали можеби некаков договор стои во позадина. Партискиот претседател Христијан Мицкоски смета дека измените на Кривичниот законик се во полза на власта, со цел, како што вели, во обид во иднина да се спасат од актуелните криминали. „И со златно знаме да го изгласаат, идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ има намера многу сериозно да ги истражи сите основани сомневања за сторен криминал изминативе шест години“, рече Мицкоски. Од друга страна, власта негираше дека има било каков договор зад измените. Премиерот Димитар Ковачевски вчера рече дека со измените се надминува и решава т.н. систем воспоставен од Дарт Вејдер во македонското правосудство, а денеска се дообјасни на кого мислел. „Ќе оставам на имагинацијата, на креативноста и на истражувачкиот потенцијал на нашите новинари да се навратат 15-тина години во нашиот правосуден систем, да видат како се менувани одредени закони, како се монтирани одредени процеси и тогаш ќе можат многу лесно да идентификуваат кој е Дарт Вејдер на македонското правосудство, кој потекнува од комунистичкото време“, рече Ковачевски. Измените експресно поминаа на комисиска расправа и на собраниска седница.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gir-izmenite-na-krivichniot-zakonik-nosi-rizik-od-zgolemuvane-na-nekaznivosta/feed/ 0
Гир: Ја сакаме Северна Македонија во ЕУ, еве ви можност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gir-ja-sakame-severna-makedonija-vo-eu-eve-vi-mozhnost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gir-ja-sakame-severna-makedonija-vo-eu-eve-vi-mozhnost/#respond Wed, 06 Sep 2023 20:09:42 +0000 https://kurir.mk/?p=875421

Евроамбасадорот Дејвид Гир вечерва изјави дека клучни работи за тоа кога земјата ќе се приклучи на ЕУ се партиите да се согласат дека ЕУ реформите се врвен приоритет, тие да се имплементираат и одлучност да се оди напред со вмрежување на сите институции. За уставните измени, Гир рече дека текстот за предлозите се само дополнување на добрите внатрешни меѓуетнички односи и не се во спротивност со фундаменталниот интерес на државата. Предупреди дека Унијата нема повторно да преговара за нова рамка. - Ќе има две работи кои ќе бидат клучни за тоа кога земјата ќе се приклучи на ЕУ. Ќе повторам како прво, политичките партии мора да се согласат дека ЕУ реформите се врвен приоритет и дека ќе ги стават пред сите други приоритети, дека ова треба да биде национален проект. Не мора да се прави коалиција, здраво е да се има влада и опозиција, но мора да се согласат дека ова е главен фокус. Така Хрватска напредуваше во тешките години на спроведување на агендата. И втората работа е повторно поврзана со она што го нареков „национален проект“, а тоа е таа амбиција и одлучност да се оди напред со реформите преку вмрежување на сите институции: Владата, Парламентот, судството, полицијата...се што имате. Ако така се постават работите датумот е достижен, но мора да се имлементираат реформите, кои граѓаните сами ги бараат, рече Гир во интервју на ТВ Сител. Според евроамбасадорот Гир, говорот на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел во Блед е охрабрувачки, а никако студен туш. Тој оцени дека тоа беше говор кој се рефлектираше и во изјавите на Вархеји дадени подоцна, за итноста и потребата да се оди напред. -Точно е дека Претседателот ја спомна 2030 година, и самиот претседател Макрон секогаш ја подвлекува важноста на проширувањето од перспективата на напредокот, стабилноста и безбедноста. Она што постојано ме изненадува е тоа оние кои коментираат, успеваат позитивните шанси кои се презентираат, да ги претворат во нешто сосем спротивно, црното станува бело а белото црно. Ова е шанса, ова е јасна порака до земјите кандидатки дека ги сакаме внатре, дека ја сакаме оваа земја, Северна Македонија во ЕУ, еве ви можност, тоа е планот, вели Гир. За тоа дали е реален планот, евроамбасадорот вели дека агендата е амбициозна, но оти она што треба да се направи се суштински реформи кои ќе имаат свое влијание врз сите области, почнувајќи од владеењето на правото, корупцијата, економијата, животната средина, градење на вештините на работната сила за да може земјата кога ќе пристапи во ЕУ да има бенефити од тоа што е внатре, но и да може да преживее во конкретните услови во ЕУ. Во однос на уставните измени, евроамабасадорот вели дека секој пратеник треба самиот да донесе одлука врз основа на својот став за тоа што е во интерес на државата и кој е најдобриот начин да се оди напред. -Има жива дебата во врска со ова прашање и тоа е добро. Предлозите се специфицирани и врз нив треба да се фокусираме, тоа не се апстрактни идеи. Ние придонесуваме во таа дебата и јасно ни е дека се работи за суверена одлука на земјата, но сакаме да укажеме на неколку поенти за кои мислиме дека ќе помогнат во ситуацијава. Имаме текст за предлозите, кои се само дополнување на добрите внатрешни меѓуетнички односи и не се во спротивност со фундаменталниот интерес на државата. И како второ, да се вратам пак на говорот на Мишел од Блед, збор е за тоа дека во моментов живееме во вонредни времиња, тука е инвазијата на Русија врз Украина, неправедна и непровоцирана, која ја интензивираше потребата од проширување. Проширувањето не е веќе само напредок, туку и стабилност, безбедност и демократски вредности. Стратешки интерес е и за ЕУ и за земјите кандидатки брзо да се приклучат, врз основа на реформите. Ќе повторам за овие уставни промени секој пратеник или пратеничка ќе одлучи што ќе направи, но мислам дека треба да се има пред себе поголемата слика, да не се пропушти овој момент во политиката и меѓународните односи. Мислам дека оваа шанса треба да се зграпчи за да може одлучно да се тргне напред, вели Гир. Прашан дали има разговори за да се исполнат некои од условите на опозицијата за да се дојде до уставни измени, евроамабасадорот потсети дека во Скопје биле повеќе министри и партнери кои разговарале со Владата и со опозицијата и дека им го објасниле поширокиот контекст и дале уверување дека македонскиот јазик е потврден и признат во преговарачката рамка, со потврден идентитет и култура, историја, дека не го губиме својот идентитет на патот кон ЕУ. -Им обајснија како ние на тоа гледаме во Унијата. Сигурен сум дека овие дискусии ќе продолжат отворено и јасно, да укажат зошто уставните промени ќе го овозможат следниот чекор, а тоа е одржување на меѓувладината конференција и потоа влегување подлабоко во преговорите за клучните прашања, рече Гир. Ние, потенцира тој, нема повторно да преговараме за договорот кој е направен во јули 2022. -Ние стоиме зад тој договор, сакаме да биде имплементиран и уверуваме дека процесот на проширување ќе биде базиран на заслугите и нема да има загриженост за иднината на идентитетот, јазикот и културата и историјата на земјава, рече евроамбасадорот Гир. Во ситуација кога Парламентот нема мнозинство за уставни измени за тоа дали има рок до кога тие треба да бидат донесени, Гир рече дека политичарите треба да мислат како да го покренат процесот напред. -Политиката е уметност на возможното и затоа не сакам да исклучам ниту една можност која ќе не придвижи напред. Но, можам да кажам дека скрининг процесот сам по себе, кој е важен и можен токму заради тоа што се отвори процесот на преговарање ќе заврши некаде на крајот на годинава, што значи ако уставните промени не се направат нема да може да се оди натаму, на следниот чекор кој е Меѓувладината конференција, а потоа и одење подлабоко во преговарањето за клучните точки како што се владеењето на правото, антикорупцијата и друго, рече Гир. Во врска со веќе донесените измени и дополнувања на Кривичниот законик во Собранието, евроамбасадорот Гир рече дека тие од синоќа се на сајтот на Собранието и се уште не ги разгледале со колегите од Брисел. -Ние се уште не сме го завршиле тој процес, и затоа не можам да коментирам многу, освен да потсетам дека предлозите кои се со европско знаменце треба да бидат во насока на стандардизирање на домашните закони со европската легислатива. Европското знаменце е со цел да ја скрати дебатата во Парламентот за да има време да се усогласат сите закони и да оди процесот побрзо. Тоа не значи дека треба да ги скратувате важните дискусии или да се користи да се надминат процедуралните тешкотии, изјави Гир. За скандалот со онкологија евроамбасадорт посочи дека во моментот се врши истрага на полицијата и обвинителството и затоа не може да коментира за конкретниот предлог, но рече дека во текот на годините ЕУ инвестирала многу во засилување на капацитетите на полицијата, обвинителството и судиите. -Капацитет значи постои за да се утврдат фактите и да се утврди одговорноста, дури и криминалната. Имаат алатки да го направат. Значи политиката и политичарите и бизнис интересите треба да ги тргнат рацете и да им дозволат на професионалците да си ја завршат работата. Секој граѓанин на државава има право да го очекува тоа, и ние како Еу го очекуваме тоа од една земја кандидат, рече Гир во интервјуто. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gir-ja-sakame-severna-makedonija-vo-eu-eve-vi-mozhnost/feed/ 0
Мицкоски на средба со евроамбасадорот Гир: Македонија стои во место, власта ја доведе земјава во безизлезна состојба, потребни итни решенија, а за тоа се неопходни се предвремени парламентарни избори https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-na-sredba-so-evroambasadorot-gir-makedonija-stoi-vo-mesto-vlasta-ja-dovede-zemjava-vo-bezizlezna-sostojba-potrebni-itni-reshenija-a-za-toa-se-neophodni-se-predvremeni-parlamentarni-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-na-sredba-so-evroambasadorot-gir-makedonija-stoi-vo-mesto-vlasta-ja-dovede-zemjava-vo-bezizlezna-sostojba-potrebni-itni-reshenija-a-za-toa-se-neophodni-se-predvremeni-parlamentarni-izbori/#respond Fri, 30 Jun 2023 15:01:31 +0000 https://kurir.mk/?p=851300

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска (30.06.2023) оствари средба со амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Дејвид Гир. На средбата се разговараше за актуелната економска и политичка состојба во Македонија, како и реформите кои земјава треба да ги спроведе, а кои се важни за нејзиниот пат кон ЕУ. Мицкоски на средбата истакна дека македонската економија од ден во ден тоне, граѓаните стануваат се посиромашни, а власта не е способна да им помогне на граѓаните и бизнисот за време на кризата. На средбата, Мицкоски потенцираше дека власта ниту има капацитет, а ниту има желба да ги спроведе реформите, наместо тоа сведоци сме на секојдневни криминални афери, високо ниво на корупција и заробено правосудство за што потврда доаѓа од релевантни меѓународни институции, но и од земји стратешки партнери на Македонија. Мицкоски истакна дека Македонија премногу стои во место, власта ја доведе земјава во безизлезна состојба и затоа се потребни итни чекори и решенија, а за тоа да се случи неопходни се предвремени парламентарни избори. На средбата беше потенцирана соработката, поддршката и заложбите кои Европската Унија и ги пружа на Македонија и беше посочено дека тоа мора да продолжи и понатаму со зголемен интензитет.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-na-sredba-so-evroambasadorot-gir-makedonija-stoi-vo-mesto-vlasta-ja-dovede-zemjava-vo-bezizlezna-sostojba-potrebni-itni-reshenija-a-za-toa-se-neophodni-se-predvremeni-parlamentarni-izbori/feed/ 0
Гир се воздржа од коментар за писмото од австрискиот амбасадор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gir-se-vozdrzha-od-komentar-za-pismoto-od-avstriskiot-ambasador/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gir-se-vozdrzha-od-komentar-za-pismoto-od-avstriskiot-ambasador/#respond Wed, 28 Jun 2023 16:40:46 +0000 https://kurir.mk/?p=850541

Шефот на Делегацијата на ЕУ во земјава амбасадорот Дејвид Гир се воздржа од коментар за наводите во писмото на австрискиот амбасадор за нанесена штета на австриска фирма во судски процес, и при тоа посочи дека како дипломати треба да се посветени на промовирање позитивна средина за инвестирање. -Како што реков, не сакам да коментирам за овој случај, ова писмо. Очигледно е дека е важно, ние, како дипломати, да дадеме се од себе за да промовираме позитивна средина за инвестирање, бидејќи тоа е во заеднички интерес - и на бизнисите од ЕУ, но и на бизнисите и граѓаните тука. Општо кажано, како што знаете, е дека ние ЕУ, како и земјите членки сме многу ангажани во областа на владеењето на правото и судските реформи. Една од причините за тоа е да се осигураме дека има атрактивна бизнис средина овде за да имате повеќе директни странски инвестиции во земјава, во Велес, во други градови, кои ќе носат работни места и други практични бенефити на луѓето кои живеат овде, порача на новинарско прашање евроамбасадорот Гир во Велес каде присуствуваше на официјалното отворање на нова Europe House. Австрискиот амбасадор Георг Вуцас, вчера во отворено писмо до медиумите насловено „Што ќе надвладее? Владеење на правотот и заштита на австриски инвестиции во Северна Македонија или криминални договори за заробување на судството и правните службеници“ обвини дека фирмите ДЕНА и ГЛОБАЛ ги заробиле судството и службениците (извршителите и нотари) во случајот со австриската инвестиција во земјава на AMMA Import Export GmbH (AMMA), со седиште во Хоенемс, Австрија и повика „да се отстранат сите неспособни и пристрасни судии и обвинителите во овие случаи“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gir-se-vozdrzha-od-komentar-za-pismoto-od-avstriskiot-ambasador/feed/ 0
За да се променат нештата во државата, треба политичките интереси да се стават настрана, порачува Гир https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-da-se-promenat-neshtata-vo-drzhavata-treba-politichkite-interesi-da-se-stavat-nastrana-porachuva-gir/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-da-se-promenat-neshtata-vo-drzhavata-treba-politichkite-interesi-da-se-stavat-nastrana-porachuva-gir/#respond Thu, 22 Jun 2023 15:40:45 +0000 https://kurir.mk/?p=848670

За да се променат нештата, треба политичките интереси да се стават настрана, а фокусот да биде на националните интереси, порача денеска евроамбасадорот Дејвид Гир на форумот „ЕУРОПЕУМ 2023 - 20 години од Самитот во Солум: патот пред нас“. - Во тој контекст прашањето за уставни измени, што е суверена одлука на оваа земја, е важен чекор што треба да се преземе, што автоматски ќе води до втората меѓувладина конференција, вели Гир. Според него, многу е важно да има отворена дебата за оваа прашање и кои се интересите на земјата. Ги повика политичките партии да ги надминат поделбите и да се обединат околу прашањето за влез во ЕУ и да го направат национален проект. Гир се наврати и на самитот во Солун пред 20 години кога Унијата имаше само 15 земји-членки. Посочи дека од тогаш до денес има постигнато огромен напредок во Западен Балкан. Во изминатите 20 години пристапувањето на земјата во ЕУ беше блокирано како резултат на три вета, посочи Гир, со што кредибилитетот на ЕУ беше сериозно нарушен и разбирливо е што луѓето се фрустрирани. Но, исто така има и одговорности од страна на партнерите во регионот. ЕУ не е главен одговорен за нивните неуспеси во спроведување на реформите, но и за прашања како борбата против корупцијата и владеењето на правото, вели евроамбасадорот. Не треба да се негира напредокот, но исто така треба да се разговара и за одговорноста. Повтори дека проширувањето на Унијата е во нејзин интерес бидејќи таа има потреба од безбедност, стабилност, просперитет и демократски развој. Според вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, клучната порака е дека Западен Балкан може да стане дел од Европската Унија, но само доколку бидат вложени големи напори за постигнување на европските стандарди, демократијата и човековите права. - Треба да бидеме доволно искрени, не само критични, и да кажеме дека темата регионална соработка и билатерални прашања меѓу државите од Западен Балкан со државите членки на ЕУ се предизвик 20 години до ден денес. Проблемот е што веројатно не доволно сериозно и искрено тогаш пред 20 години сме пристапиле кон овие предизвици, се додека не дораснале до мерка на блокади или до ниво на вето, додаде вицепремиерот. Маричиќ потенцираше дека Самитот во Солун потврдил оти ЕУ има перцепција кон нашиот регион како целина, но, во исто време дава шанса секоја држава да биде индивидуално наградена за напредокот. Тој е на ставот дека дваесет години по Солунскиот Самит, земјите од регионот се движат со различни брзини. - Хрватска е членка веќе десет години, а Црна Гора и Србија се во преговори за членство од 2012, односно 2014 година поинтензивно. Босна и Херцеговина доби кандидатски статус минатата година, Косово се уште е потенцијален кандидат за членство и и оваа година се стекна со можноста за визна либерализација, а Северна Македонија и Албанија ги почнаа формално преговорите на 19 јули минатата година и сега се во фаза на скрининг каде се очекува, по завршување на обврските од скринингот и уставните амандмани за нас, да преминеме во наредната фаза на отворање на кластерот 1, додаде Маричиќ. Според потпретседателката на Партијата на европските социјалисти и поранешен функционер, Радмила Шекеринска, блокирањето на уставните измени ќе ја пресели вината на македонски терен. Не смееме, вели таа, да си дозволиме автоимуна болест. - Автоимуна болест е болест што практично твојот организам го тера да те уништува одвнатре. Значи блокирањето на уставните измени само ќе ја пресели засекогаш вината која не е кај нас, ама ќе дојде кај нас, на македонски терен. И посакувам да се создаде мнозинство за уставни измени затоа што во суштина, Северна Македонија беше таа што пред извесно време даде предлог до бугарската страна да влезат Бугарите во Уставот, во преамбулата. Бугарските националисти го одбија, затоа што сметаа дека со ваква измена на Уставот, ќе се покаже дека Бугарите и Македонците се два различни народа. Јас тоа така го гледам. Затоа бугарските националисти пред неколку години тоа го одбија. Може да водиме дискусија зошто го смениле мислењето, не е ни битно. Битно е дека во суштина, оваа промена на еден многу либерален Устав кој е многу широк за различни етнички заедници што е плус за нас, треба да ја направиме, рече Шекеринска, додавајќи дека ни треба политички јавен договор бидејќи политичките партии во државата немаат меѓусебна доверба.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-da-se-promenat-neshtata-vo-drzhavata-treba-politichkite-interesi-da-se-stavat-nastrana-porachuva-gir/feed/ 0
Дејвид Гир: Реформите да се забрзаат, а процесот на уставни измени да се демистифицира https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dejvid-gir-reformite-da-se-zabrzaat-a-protsesot-na-ustavni-izmeni-da-se-demistifitsira/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dejvid-gir-reformite-da-se-zabrzaat-a-protsesot-na-ustavni-izmeni-da-se-demistifitsira/#respond Fri, 26 May 2023 12:17:56 +0000 https://kurir.mk/?p=839068

Процесот на реформи и нивното импелемнтирање треба да се движи многу брзо. Динамиката на спроведувањето реформите не е толку брза како што ние би сакале. Што се однесува до уставните измени прво што треба да се направи е да се демистифицира сиот тој процес. Со самото придвижување напред, вашата земја не го губи идентитетот, не го губи јазикот, ниту пак историјата, изјави евроамбасадорот Дејвид Гир при денешната посета на Крушево. На новинарското прашање за процесот на реформите и за процесот на уставните измени, евроамбасадорот Гир рече дека живееме во извонреден момент во историјата на целиот свет, поради војната што се случува во Украина, која всушност значи засилување на процесот на проширување на Европската унија. Земјата, според него, има огромна можност и можноста што се нуди не треба да се прошушти. -Ако земјата сака да се зачлени во ЕУ, тој процес на реформи треба да се движи многу брзо, што значи дека многу брзо треба да се имплементираат реформите кои, првенствено, се во интерес на граѓаните и, се разбира, тие се во интерес на придобивките кои самата земја и граѓаните ќе ги почувствуваат кога ќе станат членка на ЕУ. Динамиката на спроведувањето на тие реформи не е толку брза како што ние би сакале. Таа динамика на реформите треба да биде многу брза, многу подинамична и тој процес на реформи бара сите чинители во земјата, вклучително и сите политички партии да седнат заедно и да се согласат дека тоа е врвен приоритет за земјата за да може што поскоро да се зачлени во ЕУ, изјави евроамбасадорот Гир. Што се однесува до уставните измени, прво што треба да се направи е да се демистифицира сиот тој процес. Всушност, вели Гир, со самото придвижување напред земјава не го губи идентитетот, не го губи јазикот, ниту пак историјата. -Првата работа што сакам да ја потенцирам, а се однесува на уставните амандмани, тоа е суверена одлука што треба да се носи од самата земја. Треба да се разгледаат сите предлози кои ќе произлезат од работната група за уставните амандмани и, всушност, да се направи, да се објасни експлицитно тоа што стои имплицитно во самиот устав за да можат луѓето кои се самоидентификуваат како Бугари да бидат вклучени во уставот. Всушност, со самото придвижување напред вашата земја не го губи идентитетот, не го губи јазикот, ниту пак историјата. Искуството од тие земји кои се зачлениле во Унијата е токму спротивното. Како што земјата напредува во тој пат кон ЕУ, всушност како зајакнува како земја, така и идентитетот и јазикот на земјата во рамките на Европската унија се засилуваат, изјави Гир. Според евроамбасадорот, РС Македонија има огромна можност и таа не треба да се пропушти. - Напротив, земјата треба да се придвижи напред кон ЕУ што е можно побрзо, зашто ова е цел која е реалистична и достижна, рече Гир одговарајќи на новинарско прашање при денешниот престој во Крушево.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dejvid-gir-reformite-da-se-zabrzaat-a-protsesot-na-ustavni-izmeni-da-se-demistifitsira/feed/ 0
Гир: Многу често се употребува европското знаменце за закони за кои не е наменето https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gir-mnogu-chesto-se-upotrebuva-evropskoto-znamentse-za-zakoni-za-koi-ne-e-nameneto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gir-mnogu-chesto-se-upotrebuva-evropskoto-znamentse-za-zakoni-za-koi-ne-e-nameneto/#respond Thu, 11 May 2023 12:02:35 +0000 https://kurir.mk/?p=833038

Причината поради која го покренав прашањето за употребата на европското знаменце, е токму поради тоа што тоа многу често се употребува за усвојување на некои закони, додека се знае дека употребата на европското знаменце секогаш се употребува преку усвојување на закон којшто е значи директно поврзан со европските практики и европското законодавство, порача амбасадорот на ЕУ во Северна Македонија Дејвид Гир. Тој на денешната промоција на проектите на 45 граѓански организации, имплементирани во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, посочи дека секогаш употребата на европското знаменце треба да се направи по претходна вистинска консултација помеѓу сите политички партии и тоа е за усогласување на европската легислатива. -Се разбира ние имаме редовни контакти со Владата во врска со ова прашање, меѓутоа и со ред други прашања и се разбира дека секогаш сме подготвени да ја сослушаме Владата што има да каже во врска со ова прашање и со други прашања што не засегаат сите нас. И што се однесува до самата опозиција ние сме во редовен дијалог и со неа за прашањата што тие ги покренуваат, изјави Гир.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gir-mnogu-chesto-se-upotrebuva-evropskoto-znamentse-za-zakoni-za-koi-ne-e-nameneto/feed/ 0