Дејвид Катлер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 22 Nov 2022 19:10:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Дејвид Катлер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ковачевски-Катлер: Навремената размена на информации и соработката помеѓу членките на НАТО е важна за безбедноста на Северна Македонија и целиот регион https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-katler-navremenata-razmena-na-informacii-i-sorabotkata-pomegju-chlenkite-na-nato-e-vazna-za-bezbednosta-na-severna-makedonija-i-celiot-region/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-katler-navremenata-razmena-na-informacii-i-sorabotkata-pomegju-chlenkite-na-nato-e-vazna-za-bezbednosta-na-severna-makedonija-i-celiot-region/#respond Tue, 22 Nov 2022 19:10:46 +0000 https://kurir.mk/?p=764982

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, денеска оствари средба со помошникот-генерален секретар на НАТО за разузнавање и безбедност, Дејвид Катлер. На состанокот беше разговарано пред сѐ за воената агресија на Русија кон Украина и понатамошното влијание на овие случувања врз глобалната енергетска состојба и врз прехранбената индустрија. Премиерот Ковачевски на средбата ја истакна цврстата поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина во нејзините меѓународно признати граници и посочи дека Северна Македонија ќе ја продолжи политичката и практичната поддршка со цел да и се помогне на Украина да се одбрани и да ги оствари своите суверени права. Оваа позиција беше поздравена од помошникот-генерален секретар на НАТО за разузнавање и безбедност, Дејвид Катлер како исклучително важна за Алијансата. Премиерот Ковачевски и помошникот-генерален секретар Катлер на состанокот разговараа за безбедносната, политичката, економската и енергетската состојба во државата во контекст на војната во Украина, а на состанокот беше посочено дека соработката меѓу земјите-членки на НАТО е од исклучителна важност за безбедноста, како на Алијансата, така и на регионот и на Северна Македонија како НАТО членка. Премиерот Ковачевски и помошникот-генерален секретар Катлер, на средбата разговараа за справувањето со хибридните закани, што е еден од главните приоритети на НАТО, посочувајќи дека Алијансата мора ефикасно да се бори против ваквите закани. На состанокот премиерот Ковачевски и помошникот-генерален секретар Катлер изразија взаемна благодарност за соработката на Северна Македонија со НАТО особено во делот на добивање навремени информации и соработката со македонските безбедносни служби.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-katler-navremenata-razmena-na-informacii-i-sorabotkata-pomegju-chlenkite-na-nato-e-vazna-za-bezbednosta-na-severna-makedonija-i-celiot-region/feed/ 0