дексаметазон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 19 Sep 2020 07:46:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png дексаметазон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Овој лек е одобрен за лекување на Ковид-19, за една третина ја намалува смртноста https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovoj-lek-e-odobren-za-lekuvanje-na-kovid-19-za-edna-tretina-ja-namaluva-smrtnosta/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovoj-lek-e-odobren-za-lekuvanje-na-kovid-19-za-edna-tretina-ja-namaluva-smrtnosta/#respond Sat, 19 Sep 2020 07:46:42 +0000 https://kurir.mk/?p=405394

Европската агенција за лекови (ЕМА) одобри употреба на дексаметазон за лекување на пациентите со Ковид-19 кои имаат проблеми со дишењето. Дексаметазонот може да се користи за лекување на возрасни лица и адолесценти на кои им е потребна терапија со кислород или респриратор. Испитувањето на научниците од Универзитетот во Оксфорд во јуни покажа дека дексаметазонот ја намалува за една третина смртноста кај пациентите во тешка здраствена состојба. Дексаметазонот веќе е одобрен во Јапонија за лекување на заразените со Ковид-19. Лекот веќе со децении се користи за лекувања на разни воспаленија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovoj-lek-e-odobren-za-lekuvanje-na-kovid-19-za-edna-tretina-ja-namaluva-smrtnosta/feed/ 0
СЗО со повик на зголемено производство на овој лек https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-so-povik-na-zgolemeno-proizvodstvo-na-ovoj-lek/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-so-povik-na-zgolemeno-proizvodstvo-na-ovoj-lek/#respond Tue, 23 Jun 2020 05:21:18 +0000 https://kurir.mk/?p=361172

Светската здравствена организација (СЗО)  повика да се зголеми производството на Дексаметазон, откако британските научници објавија дека тој стероид значително ја намалува смртноста кај пациенти со тежок облик на Ковид-19. – Се соочуваме со нови предизвици: зголемување на производството и брза и правична дистрибуција на Дексаметазон ширум светот, фокусирајќи се на тоа каде е најпотребно, нагласи генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус. – За среќа, тоа е ефтин лек произведен од многу фабрики ширум светот што, сигурни сме дека може да го забрзаат производството, додаде тој. Првите резултати од британското клиничко испитување „Recovery“ објавено минатата недела покажуваат дека Дексаметазонот ја намалува смртноста за третина кај пациенти со најтешка форма на болеста. – Дексаметазон треба да се користи само кај пациенти со Ковид-19 кои се во тешка и критична состојба, со строг клинички надзор, предупреди тој. – Нема докази дека тој лек е ефикасен кај пациенти со лесна форма на болеста и при превенција, дури и може да биде штетен, посочи тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-so-povik-na-zgolemeno-proizvodstvo-na-ovoj-lek/feed/ 0
СЗО: Дексаметазонот е прекрасна вест во борбата против Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-deksametazonot-e-prekrasna-vest-vo-borbata-protiv-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-deksametazonot-e-prekrasna-vest-vo-borbata-protiv-kovid-19/#respond Wed, 17 Jun 2020 07:13:08 +0000 https://kurir.mk/?p=358890

Светската здравствена организација како „одлична вест“ го поздрави резултатот од првото клиничко испитување што покажува дека евтиниот и широко распространет стероид дексаметазон може да помогне да се спасат тешко болните пациенти од коронавирусот. -Ова е прва терапија за која се покажа дека ја намалува смртноста кај пациенти со Ковид-19, кои се наоѓаат на кислород или вештачка вентилација, изјави доцна синоќа генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејсус. „Ова е одлична вест и честитки до владата на Велика Британија, Универзитетот Оксфорд и многуте болници и пациенти во Велика Британија, кои придонесоа за научниот продор што спасува животи“, рече Тедрос. Истражувачите ги споделија првичните заклучоци за резултатот со Светската здравствена организација и „се радуваме на целосната анализа на податоците во наредните денови“, додаде тој во изјавата. „СЗО ќе координира една мета-анализа за зголемување на општото разбирање на оваа интервенција. Ќе бидат ажурирани клиничките упатства на СЗО за да се покаже како и кога лекот треба да се користи за лекување на Ковид-19“, велат од здравствената организација. Во истражувањето на тимот научници од Оксфорд на околу 2.000 пациенти во болница им добил даден лекот дексаметазон и нивните резултати биле споредени со околу 4.000 пациенти кои не го примале лекот. Пациентите на респиратори имале намален ризик од смрт од 40 на 28 проценти, додека пациентите со кислород имаат намален ризик од смрт од 25 на 20 проценти. Лекарите, исто така, ќе ја истакнуваат и  неговата цена, бидејќи третманот со овој лек за 10 дена чини околу пет фунти по пациент, или 35 за да се спаси живот, а притоа тој е достапен ширум светот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-deksametazonot-e-prekrasna-vest-vo-borbata-protiv-kovid-19/feed/ 0
Најден лек кој што може да помогне да се спасат животите на заболените од коронавирус https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najden-lek-koj-shto-moze-da-pomogne-da-se-spasat-zivotite-na-zabolenite-od-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najden-lek-koj-shto-moze-da-pomogne-da-se-spasat-zivotite-na-zabolenite-od-koronavirus/#respond Tue, 16 Jun 2020 13:33:16 +0000 https://kurir.mk/?p=358678

Експертите велат дека не треба да се одложува со давањето на евтиниот лек на пациентите по „фантастичните“ резултати од тестирањето, пренесува Би-би-си. Но - луѓето не треба да излегуваат и да го купуваат за да го примаат дома. Евтин и широко достапен лек наречен дексаметазон може да помогне да се спасат животите на пациентите што се сериозно заболени од коронавирусот. Британските експерти велат дека третманот со мала доза од овој стероид е голем успех во борбата против смртоносниот вирус. Лекот го намалува ризикот од смрт кај третина од пациентите што се на вентилатори. Кај оние на кислород лекот ги намалува смртните случаи за една петтина. Лекот е дел од најголемото тестирање на постојните лекови во светот за да се види дали тие дејствуваат и против коронавирусот. Истражувачите проценуваат дека доколку лекот се употребувал за лекување пациенти во Британија од почетокот на пандемијата на коронавирусот, можело да се спасат до 5.000 животи. Бидејќи е евтин, може да биде од голема корист во посиромашните земји што се соочени со голем број пациенти со ковид-19. Спасувач на животи Околу 19 од 20 пациенти со коронавирус оздравуваат без да бидат примени во болница. Од оние што се примени во болница, повеќето исто така оздравуваат, но на некои може да им треба кислород или механичка вентилација. Ова се пациенти со висок ризик, на кои се чини дека дексаметазонот им помага. Лекот веќе се користи за да се сузбие воспалението во низа други болести и се чини дека помага делумно да се спречат штетите што може да се појават кога имунолошкиот систем на организмот „се прегрева“ додека се обидува да се бори против коронавирусот. Пресилната реакција на телото се нарекува „цитокинска бура“ и може да биде смртоносна. Во тестирањето, предводено од тим од универзитетот Оксфорд, околу 2.000 болнички пациенти добиле дексаметазон и биле споредувани со повеќе од 4.000 што не го примиле лекот. Кај пациентите на вентилатори тој го намалува ризикот од смрт од 40% на 28%. Кај пациентите на кои им е потребен кислород тој го намалува ризикот од смрт од 25% на 20%. Главниот истражувач, проф. Питер Хорби, рече: „Ова е единствениот лек досега за кој се покажа дека ја намалува смртноста - и тоа значително ја намалува. Тоа е голем успех.“ Истражувачот проф. Мартин Ландреј вели дека наодите сугерираат дека на секои осум пациенти третирани на вентилатори, може да спасите еден живот. За оние пациенти третирани со кислород, заштедувате еден живот на приближно секои 20-25 третирани со лекот. „Има јасна, јасна корист. Третманот е до 10 дена дексаметазон и чини околу 5 фунти по пациент. Значи, во суштина чини 35 фунти за да заштедите живот. Ова е лек што е достапен на глобално ниво.“ Професорот Ландреј вели дека на болничките пациенти сега тој треба да им се дава без одлагање, но дека луѓето не треба да излегуваат и да го купуваат за да го примаат дома. Дексаметазонот се чини дека не им помага на луѓето со поблаги симптоми на коронавирусот - на оние на кои не им треба помош при дишењето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najden-lek-koj-shto-moze-da-pomogne-da-se-spasat-zivotite-na-zabolenite-od-koronavirus/feed/ 0