делчево – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 22 Oct 2023 18:05:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png делчево – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кик-боксерите од клубот „АС“ од Делчево освоија 9 медали на Балкан Опен Куп во Тешањ, Босна и Херцеговина https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/kik-bokserite-od-klubot-as-od-delchevo-osvoija-9-medali-na-balkan-open-kup-vo-teshan-bosna-i-hertsegovina/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/kik-bokserite-od-klubot-as-od-delchevo-osvoija-9-medali-na-balkan-open-kup-vo-teshan-bosna-i-hertsegovina/#respond Sun, 22 Oct 2023 18:05:29 +0000 https://kurir.mk/?p=891996

Кик-боксинг клубот „АС“ од Делчево со девет освоени медали го заврши учеството на Меѓународниот кик-боксинг „Балкан Опен Куп“ што се одржа во Тешањ, Босна и Херцеговина, на кој настапи со четири натпреварувачи. Тренерот на екипата Љупчо Стојчевски изрази задоволство од постигнатите резултати, напоменувајќи дека резултатите се уште позначајни ако се има предвид дека конкуренцијата била многу тешка. -Само што се вративме од Босна и Херцеговина, каде на Меѓународниот Кик-боксинг Куп освоивме девет медали и тоа еден златен, пет сребрени и три бронзени медали. Златниот медал му припадна на Павел Стојчевски во кик-лајт до 63 килограми, сребрени медали освоија Арнес Хајдер и Андреј Митков, додека бронзи освоија Павел Стојчевски и Лука Пешов, информираше тренерот на делчевскиот клуб. За Стојчевски, покрај златото, за одбележување е настапот на дебитантот Арнес Хајдер, кој освои два бронзени медали во дисциплината кик-лајт. -Исто така радува и настапот на најмладиот Лука Пешов во борбата за натпреварувачи до +36 килограми, освои сребрен медал. Освојувачот на златниот медал Павел Стојчевски поради повреда во финалето во лајт контакт - 63 килограми остана со сребрениот медал, додека во полуфиналната борба за поени до 69 килограми, Стојчевски не можеше да продолжи и се откажа од борбата освојувајќи бронзен медал, но секако е задоволен од златниот медал во кик-лајт, додаде тренерот Љупчо Стојчевски. На Балкан Опен Купот на кој настапија 492 натпреварувачи од 12 земји, Стојчевски покрај тренер на екипата ја имаше и улогата на меѓународен судија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/kik-bokserite-od-klubot-as-od-delchevo-osvoija-9-medali-na-balkan-open-kup-vo-teshan-bosna-i-hertsegovina/feed/ 0
Се возобновува црковното јазично училиште во Делчево https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/se-vozobnovuva-tsrkovnoto-jazichno-uchilishte-vo-delchevo/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/se-vozobnovuva-tsrkovnoto-jazichno-uchilishte-vo-delchevo/#respond Sun, 22 Oct 2023 11:21:14 +0000 https://kurir.mk/?p=891887

Во Делчево почнаа активностите за обнвување на црковната јазична школа која постоеше пред КОВИД пандемијата, а се возобновува со благослов на епископот Делчевско-Каменички, неговото преосвештенство, г. Марко. Наставата на која заинтересираните ќе можат да ги надополнат своите знаења од германскиот и англискиот јазик формално почна минатата недела, а од оваа недела и интензивно ќе се одвива секоај недела во црквата Успение на Пресвета Богородица во Делчево. Епископот Марко изрази задоволство што една таква иницијатива ќе продолжи да се реализира со благослов од делчевско-каменичката епархија -Братството на црквата Успение на Пресвета Богородица не извести за една активност која се одвивала во црквата пред ковид пандемијата. За нејзино возобновување иницијатори сега беа свештениците и за нас претставува голема радост што таква една иницијатива се продолжува. Наставата формално почна од минатата недела, но од оваа недела малку поинтензивно ќе се одржува. Тука се и професорките кои предаваат англиски и германски јазик и ги повикуваме сите деца кои имаат потреба, кои што сакаат да се едуциираат повеќе од тоа што учат во училиштата, да повелат и да се запишат во црквата Св.Богородица, изјави епископот Марко за МИА. Тој информира дека во наредниот период ќе се формира и детски хор на кој може да се пријават сите деца кои имаат дарба за пеење. -Во блиска иднина планираме да направиме уште една иницијатива, детски хор кој ќе ја учи литургијата и ќе одговара на литургијата.Оние кои имаат дарови за пеење да пеат на литургија ги информираме дека часовите ќе се одржуваат во недела, така најмногу одговоара поради нивните училишни обврски во текот на неделата. Часовите ќе бидат од 11 до 13 часот и ги поканувам да повелат сите кои сакаат да се запишат, додаде епископот делчевско-каменички Марко. За наставниците кои ќе ги надополнат знаењата на учениците, огромна е честа што со благослов на епископот се обновува оваа иницијатива. -Како што веќе беше кажано со голема радост и чест го возобновуваме тоа што беше почнато, за нас е тоа привилегија да можеме соцдечињата да научиме нешто повече и да ги засакаат странските јазици Благодариме што сето тоа ни беше овозможено, рече наставничката Анита Златковска. Епископот Марко денеска во Делчево отслужи црковна литургија во крстилницата „Св.Наум“ која е дел од соборниот храм „Св.Кирил и Методиј“ во Делчево.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/se-vozobnovuva-tsrkovnoto-jazichno-uchilishte-vo-delchevo/feed/ 0
Бугари доаѓаат на пазар во Делчево да си купат овошје и зеленчук https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/bugari-doagaat-na-pazar-vo-delchevo-da-si-kupat-ovoshje-i-zelenchuk/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/bugari-doagaat-na-pazar-vo-delchevo-da-si-kupat-ovoshje-i-zelenchuk/#respond Sat, 21 Oct 2023 13:54:44 +0000 https://kurir.mk/?p=891620

Поголема група на бугарски државјани и денеска го посетија градскиот пазар во Делчево. Сметаат дека цените се слични малку на пазарите во Бугарија, но сепак посочија дека зеленчукот и овошјето се за нијанса поевтини заради што доаѓаат барем еднаш месечно на пазар во Делчево, првиот град по границата помеѓу двете држави. - Цените се нормални и задоволителни. Ориз, јужно овошје, зеленчук...тоа ни е на агендата денес за купување. Ќе најдеме и по некој млечен производ, а ако успееме и ќе ручаме во некоја од вашите кафеани, вели жител од Благоевград. Жител на Делчево додава дека Бугарите најчесто се овде токму за храната која се служи во делчевските угостителски објекти. -На Бугарите најслатки им се ќебапчињата, денес гледам повторно се тука, минатата сабота имаше повеќе автобуси. И за нас останатите добар е пазарот денес, има разновидна понуда, додава граѓанин на Делчево затекнат на градскиот пазар. Повеќето пазарџии се задоволни како се движеше продажбата во рамки на денешниот пазар, додека некои велат дека граѓаните понекогаш премногу се „ценкаат“ за робата. -Јас сум од Тработивиште. Не е скап пазарот, еве јас продавам зелка, цената е 40 денари парче. Исто имам и домашен компир и тој не е скап, но кога купуваат велат скапо им е. А навистина не е скапо и ние понекогаш треба да си го цениме трудот, што е 30,40 денари за една зелка или 1 килограм компир, вели производител од Тработивиште. Саботниот пазарен ден помина во знакот на градинарските производи, погодни за производство на ајвар, туршија и други намирници кои се употребуваат при подготовката на зимница.  (МИА) Фото: МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/bugari-doagaat-na-pazar-vo-delchevo-da-si-kupat-ovoshje-i-zelenchuk/feed/ 0
Свечено отворен Меѓународниот турнир „Зегин Опен 2023“ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/svecheno-otvoren-megunarodniot-turnir-zegin-open-2023/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/svecheno-otvoren-megunarodniot-turnir-zegin-open-2023/#respond Sat, 02 Sep 2023 11:57:49 +0000 https://kurir.mk/?p=873712

Во Берово започна вториот Меѓународен турнир во пинг-понг Зегин Опен 2023. Организатор на турнирот кој се одржува под покровителство на спонзорот Зегин е истимениот пинг-понгарски клуб од Берово, настан на кој учествуваат натпреварувачи од 11 земји во светот вклучително и домаќинот Македонија. -Турнирот започна вчера со натпреварите во ветеранска конкуренција од 40 до 70 години, многу сме задоволни од посетата имаме учесници од 11 земји, како турнир се шириме многу брзо. Денеска е апсолутна категорија, имаме голема конкуренција, светски играчи кои се меѓу првите 200 на светската ранг листа. Медиумски сме добр покриени имурниротод таме лајв стрим пренос турнирот. Верувам дека од година во година уште повеќе ќе раснеме и ќе имаме двојно повеќе учесници, истакна Јован Ковачовски, тренер на ППК „Зегин“. Претседателот на пингпонгарската федерација Горан Тиловски истакна дека ова е еден од поголемите Регионални турнири и за нашата федерација која со организирањето на овој турнир и поддршката која ја дава испраќа порака за развој на спортот особено за развој на пин-понгот. -Ние Берово го гледаме како еден од најбрзо растечките клубови во државата. Ова е продолжеток на еден хиперактивен дел бидејки се одржаа два настани во Берово каде сертифициравме 11 тренери со ITTF второ ниво, со поддршка на Пингпонгарската федерација и Олимпискиот комитет. Потоа се одржа младински камп за репрезентативци така што ова е само еден логички сплет на настани како трет настан од огромна регионална и државна значајност со поддршка на федерацијата, рече Тиловски. Целата вест прочитајте ја на Делчево365.мк]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/svecheno-otvoren-megunarodniot-turnir-zegin-open-2023/feed/ 0
Протестен марш на пензионери од Делчево, ова се нивните барања https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protesten-marsh-na-penzioneri-od-delchevo-ova-se-nivnite-barana/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protesten-marsh-na-penzioneri-od-delchevo-ova-se-nivnite-barana/#respond Fri, 01 Sep 2023 16:30:10 +0000 https://kurir.mk/?p=873472

Група пензионери од Делчево и денеска излегоа на нов мирен протестен марш, уште еднаш изразувајќи ги барањата за подобрување на статусот на пензионерите со ниски пензии. Одборот на незадоволните пензионери од Делчево пред присутните ги повтори барањата за линеарно зголемување на пензиите за 3500 денари, како и донесување закон за минимална пензија од 20 илјади денари. -Денеска во име на незадоволните пензионери со ниски пензии ќе ги поднесеме следните барања до Здружението на пензионери од Делчево. Тие барања се линеарно покачување на пензиите од 3500 денари почнувајки од септември 2023 година, донесување закон за минимална пензија од 20 илјади денари во најкраток рок како и бесплатно лекување и лекови за пензионерите, истакна пензионерот Аника Николовска. Меѓу остататите барања од одборот на незадоволните пензионери од Делчево го напоменаа и обезбедувањето финансиска поддршка за протест во Скопје на 20 септември 2023 година. -Исто така, бараме целосна поддршка од раководството на Здружението на пензионери од Делчево за сите наши барања, кое во рок од 5 дена треба да се изјасни дали се придружува кон нашите барања, додаде Николовска. Пред присутните пензионерот Васил Маневски прочита дел од својата поезија говорејки за лошата состојба на обичниот пензионер, по што се одржа мирен протестен марш низ централното градско подрачје во Делчево. Најавија дека протестите продолжуваат наредната среда.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protesten-marsh-na-penzioneri-od-delchevo-ova-se-nivnite-barana/feed/ 0
Вработување на Медицинска сестра во здравниот дом во Делчево ги бранува „завојуваните“ фракции и групи на локални моќници на СДСМ во Делчево и Македонска Каменица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrabotuvane-na-meditsinska-sestra-vo-zdravniot-dom-vo-delchevo-gi-branuva-zavojuvanite-fraktsii-i-grupi-na-lokalni-moknitsi-na-sdsm-vo-delchevo-i-makedonska-kamenitsa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrabotuvane-na-meditsinska-sestra-vo-zdravniot-dom-vo-delchevo-gi-branuva-zavojuvanite-fraktsii-i-grupi-na-lokalni-moknitsi-na-sdsm-vo-delchevo-i-makedonska-kamenitsa/#respond Fri, 30 Jun 2023 12:43:09 +0000 https://kurir.mk/?p=851240

Вработување на Медицинска сестра во здравниот дом во Делчево ги бранува "завојуваните" фракции и групи на локални моќници на СДСМ во Делчево и Македонска Каменица, ова преку статус на Фејсбук го пишува сајтот Брегалнички. Министерството за здравство со оглас за вработување на Медицинска сестра во Здравниот дом во Делчево ги разбранува локалните функционери и моќници на СДСМ во Делчево и во Македонска Каменица. Според информации доставени до нашата редакција од страна на укажувач откако претходно од здравниот дом во Делчево останаа без договор за вработување 6 медицински сестри, Министерството за здравство реализира оглас за вработување на Медицинска сестра во оваа подрачна установа на Министерството за здравство. За збрката и хаосот во редовите на СДСМ во Македонска Каменица и Делчево да бидат поголеми ова вработување според реакции на социјалните мрежи е резервирано за претседателката на Советот на општина Македонска Каменица која доаѓа како независен кандидат на претходните локални избори а од која зависи мнозинството во самиот совет за носење одлуки. Овој оглас за вработување добива третман на највисока важност за СДСМ што се гледа на објава на фејсбук (достапна ТУКА) на која може да се прочита прикажана меѓусебна комуникација меѓу Влатко Стојов- Претседател на СДСМ Македонска Каменица и Премиерот Димитар Ковачевски. Според наши информации добиени од укажувач хаосот и меѓусебните препукавања меѓу локалните функционери на СДСМ во Делчево и Македонска Каменица се огромни и постои огромен револт што на местото на заслужни сдсмовци решение за вработување добива лице што произлегува од независна листа на граѓани инаку блиска до локален функционер и советник во делчевскиот совет. Едит: За сомнежот во врска со овој оглас да биде кренат до максимум говори фактот што истиот е објавен во ден петок и траел до ден недела минатиот месец мај, стои во нивниот пост на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrabotuvane-na-meditsinska-sestra-vo-zdravniot-dom-vo-delchevo-gi-branuva-zavojuvanite-fraktsii-i-grupi-na-lokalni-moknitsi-na-sdsm-vo-delchevo-i-makedonska-kamenitsa/feed/ 0
Сообраќајот Берово – Делчево се одвива по една коловозна лента https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/soobrakajot-berovo-delchevo-se-odviva-po-edna-kolovozna-lenta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/soobrakajot-berovo-delchevo-se-odviva-po-edna-kolovozna-lenta/#respond Sat, 24 Jun 2023 16:42:01 +0000 https://kurir.mk/?p=849326

Сообраќајот на патот Берово - Делчево кој беше во прекин кај село Смојмирово, од 17 и 10 часот се одвива наизменично по една коловозна лента, информираат од АМСМ. По попладневото невреме што го зафати регионот на Берово, надојдената вода се повлекува од Смојмирска река. Патот Берово-Виница, пак, е прооден периодично и се уште се расчистува. Водата се повлекува, нивото на Колачински Поток и Смојмирска река опаѓа. Поплавени се земјоделски површини, АМСМ во Берово и повеќе куќи, а по улиците има наноси од песок. Екипите на ТППЕ Берово се на терен и работат на расчистување на улиците и испумпување на вода во АМСМ и од куќите. На помош се испратени и две екипи на ТППЕ од соседните градови, се вели во информацијата од ЦУК.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/soobrakajot-berovo-delchevo-se-odviva-po-edna-kolovozna-lenta/feed/ 0
Продолжува санирањето на штетите од невремето во Делчево https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/prodolzhuva-saniraneto-na-shtetite-od-nevremeto-vo-delchevo/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/prodolzhuva-saniraneto-na-shtetite-od-nevremeto-vo-delchevo/#respond Fri, 16 Jun 2023 13:05:17 +0000 https://kurir.mk/?p=846571

Екипи на ЈКП „Брегалница“ и на ТППЕ Делчево продолжуваат со интензивните работи за санирање на последиците од невремето коешто го зафати на Делчево на 8 јуни, информираа од Општина Делчево. Меѓу позначајните работи како што напоменаа оттаму се испумпувањето на вода од дворовите и подрумите во колективните и индивидуалните живеалишта. - Изминативе денови ТППЕ Делчево вршеше испумпување вода од дворовите и подрумските простории во населба „Пролет“, во погоните на АД Фротирка-Компани, Фондот за здравство, на улица „Маршал Тито“, крак од булевар „Македонија, улиците „Рударска“, „Никола Карев“, „Кирил и Методиј“, „Григор Прличев“, „Крушевска“, „Индустриска“ и други објекти. Исто така, се вршеше прочистување на атмосферската и канализациската мрежа и перење на улиците „Маршал Тито“, „Царевоселска“. Интервенциите се вршеа со соодветна опрема и 12 пожарникари, истакнаа од Општината. Јавното комунално претпријатие „Брегалница“ како што додадоа учествуваше со две градежни машини, 2 трактори, камион и комунални возила. - И тие интензивно работеа на расчистување на последиците од невремето. Екипите работеа на расчистување на наносите од камења, песок и кал, оспособување на патиштата за непречено одвивање на сообраќајот во населба „Пролет“, булевар „Македонија“, улица „Индустриска“, улица „Царевоселска“, улица „М. Тито“ и локалните патишта во село Габрово и село Полето, додадоа од Општината. Во интервенцијата опфатени се сите зафатени објекти и улици од невремето, а дополнително екипи од водовод работеа на отстранување на 2 дефекти на водоводни линии, како и на испумпување на водата од поплавени објекти во населба „Пролет“, улица „Царевоселска“, Центар за дијализа и др. објекти. Во моментот Комисија за процена на штетите на терен врши увид на пријавените штети од граѓани, а досега до Општина Делчево се пристигнати 95 пријави за штети од невремето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/prodolzhuva-saniraneto-na-shtetite-od-nevremeto-vo-delchevo/feed/ 0
Околу еден милион евра изнесуваат штетите на патната инфраструктура од невремето https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/okolu-eden-milion-evra-iznesuvaat-shtetite-na-patnata-infrastruktura-od-nevremeto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/okolu-eden-milion-evra-iznesuvaat-shtetite-na-patnata-infrastruktura-od-nevremeto/#respond Tue, 13 Jun 2023 14:11:21 +0000 https://kurir.mk/?p=845312

Околу еден милион евра изнесуваат штетите на патната инфраструктура како резултат на невремето кое го зафати Делчево изминатата недела, информира градоначалникот Горан Трајковски. Според него, дополнително ќе се прави проценка за санирање и на други критични точки, кои настрадаа од елементарната непогода која го погоди градот. Трајковски додаде дека извештајот за штетите е испратен до Министерството за транспорт и врски, од каде ќе се достави до Влада, по што на седница се очекува да се донесе Одлука колкава помош ќе добие градот. Тој информира дека од вчера со работа започна и Комисијата за проценка на штети, каде само во првите два дена поднесени се 60 пријави. -Има направено финансиска конструкција од околу 1 милион евра, а за регулациија на речните водотеци е дадено во должина метри. Тука се мисли и на атмосферската канализација, мост на река Брегалница, како и регулирање на 13 водотеци кои се слеваат во Делчево. И затоа се прави финансиска конструкција која повторно ќе биде доставена до Министерството, рече Трајковски. Врнежите од дожд продолжија и денеска, но според него опасност од нови поплави нема, потенцирајки дека критична точка е делчевската населба Трети Реон каде поради појавено свлечиште, постои голема опасност од срушување на куќа. За опасноста од свлечишта, при посетата на Делчево пред три дена, алармираше и деканот на Градежниот факултет при УКИМ, Горан Марковски, кој рече дека населението мора да биде свесно дека вакви работи ќе има се почесто и затоа општините треба да работат  а поголема техничка подготвеност со цел да с еублажат последиците од климатските промени. Од силните врнежи од дожд изминатата недела во Делчево беа поплавени домови, возила и подруми, а надојдената вода поткопа улици во градот, како и магистралниот пат Кочани - Делчево кој од вчера е пушгрн за сообраќај за сите видови возила. Проценката на синоптичарите е дека за повеќе од еден час во невремето наврнале 65 литри на метар квадратен.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/okolu-eden-milion-evra-iznesuvaat-shtetite-na-patnata-infrastruktura-od-nevremeto/feed/ 0
Се интервенира во населбата Пролет во Делчево, во тек проценка на штетите од невремето https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/se-intervenira-vo-naselbata-prolet-vo-delchevo-vo-tek-protsenka-na-shtetite-od-nevremeto/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/se-intervenira-vo-naselbata-prolet-vo-delchevo-vo-tek-protsenka-na-shtetite-od-nevremeto/#respond Tue, 13 Jun 2023 13:31:10 +0000 https://kurir.mk/?p=845293

Вработени во Територијалната противпожарна единица од Делчево им излегоа напомош на жителите од населбата Пролет, каде поради новите врнежи од дожд, дел од теренот е под вода.Во оваа населба на терен се и членови на Комисијата за проценка на штети од поплавите која ги регистрира оштетувањата настанати од поплавите кои претходно се пријавени од страна на граѓаните. Поради новите врнежи кои со помал интензитет во изминатите три часа го зафатија градот, жителите од оваа делчевска населба повторно со кофи ја вадеа водата од подрумите во своите домови. -Како што гледате сами се справуваме како знаеме и умееме, а потребни ни се пумпи за испумпување на езерото од вода која повторно надојде по денешните врнежи. Имаме и повозрасни граѓани кои не можат да се справат сами, исто и јас како родител на дете со посебни имам потреба од помош, вели Орце Крстевски, жител на населбата. Како најголема причина за поплавата жителите ја наведуваат изградбата на потпорен ѕид под патот кој минува веднаш до оваа населба, кој според нив го блокира истекувањето на водата. -Кога го ставаа тој ѕид велеа дека мора да се изгради иако ги предупредив дека може да дојде до ова што сега се случува. И ете како што гледате овде се е поплавено, додаваат тие. Освен во населбата Пролет проблеми со поткопување на куќи имаат и жители во населбата Трети Реон. -Над мене се наоѓа куќа од каде почна да паѓа земја близу до нашите прозорци. Почна брегот да се рони, страв ми ако продолжи дождот целата куќа да се сруши врз нашата, додава Ферчај жител на населбата Трети Реон. Во моментот нема нови врнежи, но граѓаните стравуваат од влошување на состојбата доколку продолжи неповолната временска прогноза.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/se-intervenira-vo-naselbata-prolet-vo-delchevo-vo-tek-protsenka-na-shtetite-od-nevremeto/feed/ 0