делегации – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 04 Feb 2023 09:16:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png делегации – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Македонскиот државен врв положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев под силно полициско обезбедување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonskiot-drzhaven-vrv-polozhi-tsveke-na-grobot-na-gotse-delchev-pod-silno-politsisko-obezbeduvane/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonskiot-drzhaven-vrv-polozhi-tsveke-na-grobot-na-gotse-delchev-pod-silno-politsisko-obezbeduvane/#respond Sat, 04 Feb 2023 09:16:30 +0000 https://kurir.mk/?p=796033

Под силно полициско обезбедување македонскиот државен врв денеска положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата Св. Спас. На чествувањето на 151 годишнина од раѓањето на Гоце Делчев како дел од државната делегација присуствуваа претседателот Стево Пендаровски, владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски, министрите за одбрана Славјанка Петровска, за внатрешни работи Оливер Спасовски и за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, како и делегација на Собранието. Панихида оддржа поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан кој зборуваше за делото на македонскиот револуционер. По завршувањето на панихидата, македонската државна делегација си замина. Се очекува наскоро до Кале да пристигне и делегација од опозициската ВМРО-ДПМНЕ предводена од лидерот на партијата Христијан Мицкоски. Попладне се очекува да пристигне и најавениот бугарски министер за внатрешни работо Иван Демерџиев и неговиот заменик Венцислав Катинов. На скопското Кале не е дозволено да помине никој кој претходно не е акредитиран, и не се дозволува да се помине безбедносниот кордон. Пред положувањето на цвеќе од државниот врв на медимите им беше ограничено движењето и условите за известување од настанот. Дозволен влез им беше само на снимателите, додека на новинарите не им беше дозволено да влезат во црквата и да го следат настанот. Ова предизвика расправија меѓу полицајците и новинарите. Денешниот настан е окарактеризин како настан од висок безбедносен ризик и на терен е видливо сериозно полициско обезбедување.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonskiot-drzhaven-vrv-polozhi-tsveke-na-grobot-na-gotse-delchev-pod-silno-politsisko-obezbeduvane/feed/ 0
Ковачевски крие дека нема пријавено бугарски делегации за оддавање почит пред гробот на Гоце Делчев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-krie-deka-nema-prijaveno-bugarski-delegatsii-za-oddavane-pochit-pred-grobot-na-gotse-delchev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-krie-deka-nema-prijaveno-bugarski-delegatsii-za-oddavane-pochit-pred-grobot-na-gotse-delchev/#respond Sat, 04 Feb 2023 08:09:58 +0000 https://kurir.mk/?p=796013

Владата не добила најава дека делегација од Бугарија ќе присуствува утре на одбележувањето 151 година од раѓањето на Гоце Делчев, соопшти премиерот Димитар Ковачевски кој апелираше чествувањето во црквата „Св.Спас“ да биде мирно и достоинствено и дека за тоа е задолжено Министерството за внатрешни работи. – До овој момент од Кабинетот на премиерот на Бугарија јас немам најава за официјална бугарска делегација којашто би положила цвеќе. Исто така, кажа и министерот за внатрешни – секој оној кој е добронамерен, официјална државна институција кои сакаат да се поклонат на гробот на великанот на македонската национална борба тука, во Скопје, на достоинствен начин, слободно може да го најават своето учество. Сите оние коишто се недобронамерни, коишто се провокатори, коишто го негираат македонскиот народ, коишто ја негираат македонската држава, коишто ги нарушуваат чувствата на Македонците и на другите граѓани тие нема да влезат во државата, рече Ковачевски. Посочи дека согласно со заклучоците од Советот за безбедност кај претседателот на државата и согласно со одлуките на Владата, МВР е задолжено да обезбеди мирно и достоинствено чествување на годишнината од раѓањето на, како што рече, најголемиот борец за независна македонска држава – Гоце Делчев. – Согласно со тоа, согласно со закон и согласно со процедурите во МВР, министерот за внатрешни работи веќе во неколку наврати информираше дека МВР ќе ги преземе сите потребни мерки со цел овој настан да помине достоинствено и во најмирна атмосфера. Тоа значи дека ќе бидат спроведени сите процедури коишто се согласно закон и согласно процедурите во МВР да оние коишто ќе положат цвеќе преку своите пријавени делегации тоа да можат да го направат на најдостоинствен начин – истакна претседателот на Владата. Апелираше дека „сите треба да бидеме обединети, сите треба да бидеме горди и сите треба заедно да покажеме достојна почит на великанот на македонската револуционерна борба“ и дека „МВР и Владата тоа ќе го овозможат“. -Исто така, сакам да апелирам сите оние здруженија, патриотски итн. коишто сакаат овој настан да го искористат за провокации, исто како што во минатиот период имавме провокации од поединци и од групи, само со цел да се нарушат односите и атмосферата во државата и односите со соседни држави, треба да се воздржат и да не користат вакви настани за да креираат несакани ефекти во нашето општество. Огромното мнозинство на нашите граѓани сака достоинствено и мирно чествување на роденденот на Гоце Делчев, и не смее и МВР нема да дозволи, поединци и вакви групи тоа да им го оневозможат на нашите граѓани – порача Ковачевски. Секој странски државјанин за кој, како што рече, МВР има информации од соодветните безбедносни служби дека е лице коешто со влезот во државата може да ја наруши националната безбедност, владеењето на правото, јавното здравје или меѓународните односи на државата, согласно со Законот за странци нема да биде пропуштен во државата. – Тие одлуки се носат согласно Закон за странци, согласно информациите со коишто располага МВР, се носат на денот на настанот и во деновите пред настанот. Можете да видите дека МВР уште од вчерашниот ден ги презема потребните активности – рече Ковачевски.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-krie-deka-nema-prijaveno-bugarski-delegatsii-za-oddavane-pochit-pred-grobot-na-gotse-delchev/feed/ 0
Делегации на Шведска и Финска денеска во Турција на состанок за нивното членство во НАТО https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/delegacii-na-shvedska-i-finska-deneska-vo-turcija-na-sostanok-za-nivnoto-chlenstvo-vo-nato/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/delegacii-na-shvedska-i-finska-deneska-vo-turcija-na-sostanok-za-nivnoto-chlenstvo-vo-nato/#respond Wed, 25 May 2022 08:02:36 +0000 https://kurir.mk/?p=681202

Претставници на Шведска и Финска денеска се среќаваат со претставници на турските власти за да разговараат за нивните барања за влез во НАТО. Двете земји ги поднесоа своите барања за приклучување кон Алијансата по руската инвазија врз Украина, а за одлуката за прием ум е потребна согласноста на сите 30 членки на НАТО. Но, Турција се спротивстави на нивните тврдења. Претседателот Реџеп Тајип Ердоган ги обвини двете земји дека на своја територија им даваат закрила на поддржувачи на курдската сепаратистичка милитантна група ПКК. Шведска и Финска воведоа санкции кон Анкара во 2019 година по воениот упад во Сирија, каде што се активни некои курдски милитанти. Некои аналитичари веруваат дека е можно Турција да се противи на членството на двете земји во обид да бара и добие отстапки од другите членки на НАТО. Шефот на финската дипломатија изјави дека се надева оти двете страни би можеле да ги разјаснат своите разлики.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/delegacii-na-shvedska-i-finska-deneska-vo-turcija-na-sostanok-za-nivnoto-chlenstvo-vo-nato/feed/ 0
Делегации на СДСМ со положување на цвеќе ќе го одбележат празникот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/delegacii-na-sdsm-so-polozuvanje-na-cvekje-kje-go-odbelezat-praznikot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/delegacii-na-sdsm-so-polozuvanje-na-cvekje-kje-go-odbelezat-praznikot/#respond Thu, 02 Aug 2018 07:22:46 +0000 https://kurir.mk/?p=83727

Во чест на големиот државен празник, 2 август – Ден на Републиката, делегации на СДСМ денеска, (02.08.2018) ќе положат цвеќе и ќе оддадаат почит на загинатите борци на неколку локации. Во Крушево, во рамки на државното одбележување на празникот, делегација на СДСМ во состав Аднан Џафероски, член на ИО на СДСМ, Оливера Чавкар, член на ЦО на СДСМ и Бети Рабаџиевска Наумовска, пратеничка во Собранието на Република Македонија, ќе положат свежо цвеќе во 9.30 часот пред гробот на Никола Карев, во 10.00 часот пред споменикот на Слива „На хероите на Слива“ и во 12.00 часот пред споменикот на Мечкин Камен. Во Скопје, делегација на СДСМ во состав Александар Наумоски, градоначалник на Општина Ѓорче Петров, Борче Георгиевски, градоначалник на Општина Гази Баба, и Рената Јајоска, Градска Организација на СДСМ, во 10.00 часот ќе положи свежо цвеќе пред споменикот на Никола Карев и споменикот на АСНОМ во парк Жена борец, а во 10.30 пред споменикот на Методија Андонов – Ченто. Во Пелинце, пред Меморијалниот центар АСНОМ, во 11.00 часот, во рамки на државното одбележување на празникот, почит ќе оддаде и ќе положи свежо цвеќе делегација на СДСМ предводена од Миле Зечевиќ, организационен секретар на СДСМ, Мартин Костовски, претседател на ОО СДСМ Куманово и Лидија Тасевска, пратеничка во Собранието на Република Македонија од редовите на СДСМ.   Во Смилево, делегација на СДСМ во состав Никола Поповски, претседател на ОО СДСМ Демир Хисар, Роберт Наумоски, член на ЦО на СДСМ, и Зорица Петрушевска, член на ИО на OO СДСМ Демир Хисар, во 09.00 часот, ќе положат свежо цвеќе и ќе оддадат почит на три спомен обележја: Mогила на Даме Груев – обелиск, споменик на Смилевските илинденци и спомен плоча на Партизанскиот одред Даме Груев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/delegacii-na-sdsm-so-polozuvanje-na-cvekje-kje-go-odbelezat-praznikot/feed/ 0