деловен простор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 24 Nov 2020 15:01:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png деловен простор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Трипати повисок данок на имот ќе се плаќа за втор стан, куќа во која не се живее или деловен простор што не се користи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripati-povisok-danok-na-imot-kje-se-plakja-za-vtor-stan-kukja-vo-koja-ne-se-zivee-ili-deloven-prostor-shto-ne-se-koristi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripati-povisok-danok-na-imot-kje-se-plakja-za-vtor-stan-kukja-vo-koja-ne-se-zivee-ili-deloven-prostor-shto-ne-se-koristi/#respond Tue, 24 Nov 2020 15:01:40 +0000 https://kurir.mk/?p=433811

За втор стан, за куќа во која не се живее, или за деловен простор што не се користи, данокот на имот треба да биде поголем за трипати во однос на просторот кој се користи. Ова го најави премиерот Зоран Заев во интервју за Дојче веле, посочувајќи дека наскоро ќе се отвори дебата за измени на Законот за даноци за имот. Според Заев, идејата е со законот драстично да се зголеми данокот на имот за сите оние што поседуваат недвижности, а не ги користат, вклучително и земјоделско земјиште, како и државен имот. – Во него ставаме трипати повисок данок на имот за сите што имаат втор стан, трета куќа, деловен простор, сѐ што не е искористено, пред сѐ од државата – вели Заев. Тој нагласува дека законот еднакво ќе важи и за физичките и за правните лица, кои поседуваат имот што не е во функција. – На пример, имаме неискористени детски одморалишта. Во таков случај државата ќе плаќа трипати повисок данок на општината во којашто се тие. Ако не, нека го продаде или нека го изнајми и нека го стави во функција – рече Заев во интервјуто. Од 1 јули 2005 година со процесот на децентрализација, надлежноста над даноците на имот од Управата за јавни приходи премина кај единиците на локалната самоуправа. Според Законот за даноци на имот, стапката е пропорционална и се движи од 0,1 до 0,2 проценти од нивната пазарна вредност, но со тоа што данокот се намалува за 50 отсто за станот или за куќата во која се живее. Според решенијата за данок за имот за 2020 година што ги испрати Град Скопје, утврдена е најниската даночна стапка од 0,1 процент и таа важи за стан, или за куќа, во кои не се живее, а стапката е намалена за 50 проценти и изнесува 0,05 проценти од пазарната вредност на станот, или куќата во која се живее. Пазарната вредност, пак, се утврдува според Методологија за утврдување на пазарната вредност на недвижен имот. Или, еве еден конкретен пример, согласно решение на Град Скопје: данок за имот на стан во кој се живее, кој е во населба Кисела Вода и кој е 59 квадратни метри во зграда од 1965 година, изнесува 1.276 денари, а данокот за станот во кој не се живее, а кој е 30 квадратни метри, во истата населба, изграден 1963 година, изнесува 1.305 денари. Прогресивното оданочување на данокот на имот е долгогодишна идеја на СДСМ, заедно со идејата за прогресивно оданочување на данокот на доход, за кој дури се донесе и закон во времето на министерот Драган Тевдовски, за да веднаш, по неговата замена со тогашната министерка за финансии Нина Ангеловска, законот се стави во мирување три години. Интересно е што во програмата „Можеме“, со која СДСМ заедно со коалицијата излезе на последниве предвремени парламентарни избори, ништо не е споменато за законски измени за данокот на имот. Таму пишува дека данокот на личен доход останува 10 проценти, но дека партијата останува доследна на воведувањето прогресивно оданочување преку инклузивен процес на разговори и креирање консензус за негово воведување. „Остануваме посветени на праведноста во оданочувањето, со понуда на осмислен систем на прогресивното оданочување на вкупните лични приходи, по претходно сериозна и детална јавна дебата и преговори, со фокус на реконфигурирање на концептот на личен доход (семеен доход) и воведување данок на луксуз“, пишува во Програмата на СДСМ. Извор: СЛОБОДЕН ПЕЧАТ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripati-povisok-danok-na-imot-kje-se-plakja-za-vtor-stan-kukja-vo-koja-ne-se-zivee-ili-deloven-prostor-shto-ne-se-koristi/feed/ 0
Стоилковски: Ивица Коневски во зградата кај Мајчин дом поседува стан и деловен простор од над 350м2 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-ivica-konevski-vo-zgradata-kaj-majchin-dom-poseduva-stan-i-deloven-prostor-od-nad-350m2/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-ivica-konevski-vo-zgradata-kaj-majchin-dom-poseduva-stan-i-deloven-prostor-od-nad-350m2/#respond Thu, 23 Jul 2020 12:36:58 +0000 https://kurir.mk/?p=380309

За Ивица (комшијата) Коневски, бидејќи влегува во материјална расправа, еве малку материјал за него, пишува на својот Фејсбук профил портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски. Ја знаете зградата околу која се крена цел Аеродром кај Мајчин Дом. Е, токму во таа зграда Коневски има стан и деловен простор над 350м2. Патем, во истата зграда има стан и кумот на Марин. Ако се чудите зошто Коневски никаде го немаше овие три години да каже нешто против Зоран Заев, човекот беше зафатен со други работи, листовите подолу кажуваат повеќе. Членовите на ВМРО-ДПМНЕ во ВМРО гледаат кауза, а очигледно оние што бараат промени во ВМРО гледаат ДООЕЛ. Тоа е разликата поради која Ивица Коневски тежи минус 4 илјади гласови, вели во својата Фејсбук објава Стоилковски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-ivica-konevski-vo-zgradata-kaj-majchin-dom-poseduva-stan-i-deloven-prostor-od-nad-350m2/feed/ 0
Муцунски на средба со Здружението на сопствениците на деловен простор во ГТЦ: Градскиот трговски е лошо управуван и менаџиран https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mucunski-na-sredba-so-zdruzenieto-na-sopstvenicite-na-deloven-prostor-vo-gtc-gradskiot-trgovski-e-losho-upravuvan-i-menadziran/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mucunski-na-sredba-so-zdruzenieto-na-sopstvenicite-na-deloven-prostor-vo-gtc-gradskiot-trgovski-e-losho-upravuvan-i-menadziran/#respond Tue, 30 Jun 2020 11:34:37 +0000 https://kurir.mk/?p=365784

Денеска остваривме средба со претставници на Здружението на сопствениците на деловен простор во ГТЦ кои ни ги презентираа проблемите со кои се соочуваат секојдневно, а во врска лошото управување и менаџирање на градскиот трговски центар, но исто така ги слушнавме и искрените заложби на сопствениците за организирање на заедница на сопственици преку која уредно би се раководело одржувањето на ГТЦ. Во насока да им помогнеме на бизнисите кои од оваа криза се мачат да егзистираат, со обновата предвидуваме основање на „Центар за поддршка на бизнис-заедницата“, кој ќе биде големо олеснување за малите и средните претпријатија, да се намалат административните процедури и да добијат поддршка за подобро искористување на сопствените ресурси и пласманот на своите производи, вели во својата објава на социјалната мрежа на Фејсбук кандидатот за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ1 Тимчо Муцунски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mucunski-na-sredba-so-zdruzenieto-na-sopstvenicite-na-deloven-prostor-vo-gtc-gradskiot-trgovski-e-losho-upravuvan-i-menadziran/feed/ 0
Избор на вистински простор за вашиот бизнис – најчести грешки кои ги прават компаниите https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/izbor-na-vistinski-prostor-za-vashiot-biznis-najchesti-greshki-koi-gi-pravat-kompaniite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/izbor-na-vistinski-prostor-za-vashiot-biznis-najchesti-greshki-koi-gi-pravat-kompaniite/#respond Wed, 13 Nov 2019 11:06:51 +0000 https://kurir.mk/?p=263478

Непланирање на иден развој

Една од најчестите грешки кои ги прават компаниите при изборот на деловен - канцелариски простор е непланирање на можностите за иден развој и потребата за дополнителен простор во иднина. Работиме на динамичен пазар, со брзи промени во трендовите каде флексибилноста на просторот се наметнува како стандардно барање од кое во голема мера ќе зависи и успешноста на една компанија. Една од клучните работи при изборот на канцелариски простор е соодветно и колку што е возможно да се предвиди идниот развој и согласно на тоа да се избере простор кој ќе биде флексибилен и кој најдобро ќе може да одговори на сите промени и потреби на компанијата.

Цена на закуп – фактор број 1 при изборот

Избор на деловен - канцелариски простор базиран само на висината на цена на закуп е пракса кај голем број на компании. Несогледување на таканаречените скриени трошоци (трошоци за одржување, идни поправки итн.) придонесува планираните трошоци во голема мера да отстапуваат од реалните по изборот и вселувањето во деловниот простор. Локацијата, квалитетот на просторот и деловната зграда, патната инфраструктура и достапноста се само дел од факторите кои заедно со цената и вкупните трошоци треба да се земат в предвид во процесот на избор на канцелариски простор.

Дизајн на просторот

Флексибилност на работниот простор и уредување кои овозможуваат оптимални услови за работа можат да ја зголемат продуктивноста и креативноста на вработените. Светските трендови покажуваат дека сè повеќе компании ставаат акцент на грижата за своите вработени, квалитетот на просторот и условите за работа. Уредувањето на канцеларискиот простор од страна на стручни лица во областа, а во линија со специфичните потреби на компанијата ќе придонесе за поголема ефикасност, позадоволни вработени и поуспешен бизнис.

Водење на комплетниот процес на избор во рамките на компанијата

Процесот на изнаоѓање на вистински деловен – канцелариски простор е многу повеќе од само едноставен избор на простор. Секој чекор од процесот изискува специфично знаење и искуство од одредена дејност - брокери, консултанти, правници, архитекти, инженери. Професионален пристап и тим од стручни лица од областа на недвижностите ќе овозможат да се изнајде најдобриот простор кој во целост ќе ги задоволи сите потреби на компанијата.

За крај

Деловниот простор во кој секојдневно ги извршувате работните обврски влијае директно како  на вработените така и на вашите клиенти, а со тоа и на целокупниот ваш бизнис и успех. Оттука, изборот на идеален деловен-канцелариски простор е комплексен процес каде многу фактори треба да се земат в предвид. Со помош и ангажирање на стручни и искусни специјализирани компании за недвижен имот како ФМС, ќе добиете професионална услуга и вистинско решение за сите ваши потреби за канцелариски простор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/izbor-na-vistinski-prostor-za-vashiot-biznis-najchesti-greshki-koi-gi-pravat-kompaniite/feed/ 0