деловни субјекти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 25 Mar 2022 12:05:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png деловни субјекти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Бројот на активни деловни субјекти во 2021 година намален во однос на 2020 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/brojot-na-aktivni-delovni-subjekti-vo-2021-godina-namalen-vo-odnos-na-2020/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/brojot-na-aktivni-delovni-subjekti-vo-2021-godina-namalen-vo-odnos-na-2020/#respond Fri, 25 Mar 2022 12:05:59 +0000 https://kurir.mk/?p=653209

Во 2021 година во земјава биле активни 72.922 деловни субјекти што е намалување за 0,2 проценти во однос на 2020 година. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека за 2,6 проценти е намален бројот на деловни субјекти во секторот уметност, забава и рекреација, а најголемо зголемување од 13,6 проценти има во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација. Според бројот на вработените, најголемо учество од 82 проценти имаат деловните субјекти со 1 до 9 вработени по што следат деловните субјекти без вработени или субјектите со неутврден број вработени (без податок за вработените) со 8,2 проценти, па субјектите со 10 до 19 вработени, субјектите со 20 до 49 вработени, субјектите со 50 до 249 вработени, а само 0.3 проценти од активните деловни субјекти имаат над 250 вработени. – Како резултат на процесот на усогласување на варијаблите во Статистичкиот деловен регистар со регулативата за деловни статистики (EBS Reg. 2152/2019), за 2021 година ќе се објават две соопштенија. Ова соопштение е подготвено врз основа на добиените претходни податоци, а во второто соопштение ќе се објават дефинитивните податоци (во почетокот на 2023 година), велат од Државниот завод за статистика.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/brojot-na-aktivni-delovni-subjekti-vo-2021-godina-namalen-vo-odnos-na-2020/feed/ 0