деловник – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 21 Aug 2023 13:47:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png деловник – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВМРО-ДПМНЕ: Џафери го прекрши Деловникот, не ги стави на гласање уставните измени затоа што знае дека ќе пропаднат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-dhaferi-go-prekrshi-delovnikot-ne-gi-stavi-na-glasane-ustavnite-izmeni-zatoa-shto-znae-deka-ke-propadnat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-dhaferi-go-prekrshi-delovnikot-ne-gi-stavi-na-glasane-ustavnite-izmeni-zatoa-shto-znae-deka-ke-propadnat/#respond Mon, 21 Aug 2023 13:47:48 +0000 https://kurir.mk/?p=869188

Талат Џафери го прекрши Деловникот за работа на Собранието. Џафери мораше да ги стави на гласање уставните измени, не ги стави само затоа што знаеше дека веднаш ќе пропаднат и едвај 70 пратеника ќе гласаат, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Џафери знае дека ДУИ и СДС немаат мнозинство, и за да ја спаси власта ги крши законите.

Џафери мора да ги почитува чл. 95 и 96, кои се децидни дека не смее да се одложи гласање за измена на Устав, и повикување на членови од Деловник, кои важат за измени на закон, а не на Устав.

Џафери е ставен во улога на сласител на владините фотелји, наместо да работи по закон“ - велат од партијата.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-dhaferi-go-prekrshi-delovnikot-ne-gi-stavi-na-glasane-ustavnite-izmeni-zatoa-shto-znae-deka-ke-propadnat/feed/ 0
Џафери: На Собранието му е потребен нов Деловник за работа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzaferi-na-sobranieto-mu-e-potreben-nov-delovnik-za-rabota/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzaferi-na-sobranieto-mu-e-potreben-nov-delovnik-za-rabota/#respond Thu, 27 Oct 2022 11:05:28 +0000 https://kurir.mk/?p=751174

Очигледно е дека на Собранието му е потребен нов Деловник за работа, бидејќи кој и да дојде да работи со сегашниот Деловник, ќе има проблем, изјави денеска собранискиот претседател Талат Џафери на средба со новинарите. Џафери најави дека за утре свикал состанок на пратеничките групи во врска со процесот „Жан Моне“, што ја опфаќа токму работата на Деловникот. Ваков состанок во врска со Деловникот не е одржан веќе подолго време, за што имаше забелешка и во Извештајот на Европската комисија. На средбата со новинарите, тој рече дека пратениците во рамките на „Жан Моне“ процесот треба да ги разгледаат членовите во Деловникот почнувајќи од членот 132, па натаму. Според него, ваквиот Деловник треба да се донесе во редовна постапка, во две читања и со амандманска расправа. Џафери смета дека со новиот Деловник треба да се решат многу недоречености и проблеми што произлегуваат од сегашниот документ за работа на Собранието, но и да се направат одредени ограничувања, како при носење на одредени закони, така и при избори на одредени функционери. Во однос на Извештајот на ЕК и забелешките од Светската банка за должината на носењето на одредени закони, собранискиот претседател повтори дека Извештајот ја отсликува работата на Собранието и дека и да сака не може да влијае на односите меѓу политичките чинители, потенцирајќи дека за разговор се потребни двајца. – Секоја недела се одржуваат координациите, но ВМРО-ДПМНЕ не доаѓаат. Немам инструменти, условно кажано, да ги натерам партиите да комуницираат, вели Џафери. Тој денеска не знаеше да каже дали опозициските ВМРО-ДПМНЕ и Левица ќе учествуваат на состанокот на процесот со свои претставници. Претседателот на Собранието, исто како и премиерот Димитар Ковачевски, е на мислење дека политичките партии треба да се состанат во врска со уставните измени. Џафери рече дека премиерот укажал на потребата на меѓупартиска консултација, бидејќи уставните измени не можат да се донесат без двотретинско мнозинство. Според Џафери, пратеничките групи кои имаат свои претставници на координациите со него се за уставни измени, но ВМРО-ДПМНЕ и Левица не доаѓаат на овие состаноци. Идејата е да седнат на маса и да се усогласат ставовите, вели Џафери. Во однос на најавата на Левица за тотална блокада на Собранието, Џафери вели дека „на тотален напад се одговара со тотална одбрана“. – Работата е што се отишло предалеку со демократијата, смета Џафери. Тој посочи дека во моментот се реализира пилот проект за комуникација со граѓаните, односно парламентарен караван кој тргна од Штип минатата недела и ќе ги посети речиси сите градови во земјата. Во однос на одговорот на иницијативата за референдум на Левица, Џафери рече дека одговорил согласно пропишаното со Деловникот. Се очекува според она што тој го најави на средбата со новинарите, утре да се гласа за изборот на Ристо Пенов за нов министер за локална самоуправа, како и за уставните судии, а 88 седница да продолжи од понеделник, кога би требало да бидат донесени и законите поврзани со мерките за енергетската криза. Претседателот на Собранието во понеделникот вечерта го доби одликувањето од украинската држава, кое што беше потпишано со указ од претседателот на Украина, Володимир Зеленски. Запрашан што значи оваа награда за него, Џафери вели дека тоа претставува признание за она што го прави државата, односно Северна Македонија за поддршка на Украина.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzaferi-na-sobranieto-mu-e-potreben-nov-delovnik-za-rabota/feed/ 0
Што предвидуваат Уставот и собранискиот Деловник по оставката на премиерот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shto-predviduvaat-ustavot-i-sobraniskiot-delovnik-po-ostavkata-na-premierot-2/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shto-predviduvaat-ustavot-i-sobraniskiot-delovnik-po-ostavkata-na-premierot-2/#respond Thu, 23 Dec 2021 07:27:22 +0000 https://kurir.mk/?p=611933

Претседателот на Владата Зоран Заев вчера до претседателот на Собранието Талат Џафери ја достави најавената оставка на премиерската функција, која треба да биде констатирана пред денешната седница за пратенички прашања, со што почнуваат да течат уставните рокови за избор на нова Влада. Уставот и собранискиот Деловник ја регулираат постапката во случај на оставка на претседателот на Владата. Во членот 93 од Уставот е наведено дека „Оставката на претседателот на Владата, неговата смрт или трајната спреченост да ја врши функцијата, повлекуваат оставка на Владата. Владата која поднела оставка или на која мандатот и престанал, останува на должност до изборот на нова Влада“. Во член 219 од Деловникот на Собранието, пак, стои дека „Владата, претседателот на Владата или член на Владата можат да поднесат оставка. Оставката на Владата или на претседателот на Владата, се поднесува до претседателот на Собранието во писмена форма и може да се образложи… Оставката на Владата или на претседателот на Владата, претседателот на Собранието веднаш ја доставува до пратениците и до претседателот на Републиката“. Во член 220 понатаму се вели дека „Собранието на првата наредна седница, без претрес, констатира дека на претседателот на Владата, на Владата или на член на Владата, мандатот им престанува на денот на одржувањето на седницата“. Потоа, според член 90 од Уставот, претседателот на државата е должен во рок од десет дена да го довери мандатот за состав на Влада на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието. Мандаторот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата. Владата, на предлог на мандаторот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Зоран Заев во пишаната оставка до Џафери наведе дека ваквата одлука ја презел како логичен чекор кој произлегува од исходот на локалните избори и како израз на преземената одговорност за изборните резултати. Тој исто така вели дека оставката нема усно да ја образложи пред пратениците. По констатирањето на оставката, се очекува парламентарното мнозинство за мандатар да го предложи новиот лидер на СДСМ и актуелен заменик министер за финансии Димитар Ковачевски. По добиениот мандат Ковачевски во првата половина на следниот месец до Собранието би требало да ги достави програмата и предлогот за состав на новиот владин кабинет, по што би уследил избор на неговата влада на собраниска седница.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shto-predviduvaat-ustavot-i-sobraniskiot-delovnik-po-ostavkata-na-premierot-2/feed/ 0
Врховните судии одржаа работна средба, по 23 години ќе се носи нов Деловник https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrhovnite-sudii-odrzaa-rabotna-sredba-po-23-godini-kje-se-nosi-nov-delovnik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrhovnite-sudii-odrzaa-rabotna-sredba-po-23-godini-kje-se-nosi-nov-delovnik/#respond Fri, 22 Oct 2021 12:12:03 +0000 https://kurir.mk/?p=583741

Врховните судии одржаа тридневна работна средба во врска со новиот Предлог-деловник на Врховниот суд. По 23 години, Врховниот суд ќе донесе нов Деловник, акт со кој се уредуваат организацијата и работата на највисокиот суд во државата. Судиите на Врховниот суд на работната средба имаа плодна дискусија на која разменија мислења за одредбите од Деловникот, а во насока на негово усогласување со новите законски решенија и реформски процеси. Поконкретно, како што е објавено на веб страницата на Врховниот суд, со овој исклучително важен акт за работата на Судот, се уредува организацијата на Врховниот суд, начинот на работа на претседателот на Судот, судските совети, судските оддели, заедничката седница на судските оддели, седницата на судиите и општата седница. Исто така, Деловникот има за цел да обезбеди законито, независно, непристрасно, ефикасно и навремено вршење на функцијата. Воедно, со Деловникот се обезбедува и непречено остварување на правата и обврските на странките, без оглед на нивната положба и својство. Настанот посветен на новиот Деловник на Врховниот суд беше одржан со поддршка на Британската амбасада во Скопје преку Центарот за правни истражувања и анализи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrhovnite-sudii-odrzaa-rabotna-sredba-po-23-godini-kje-se-nosi-nov-delovnik/feed/ 0
Пратеничките групи ги продолжуваат разговорите за измени или за нов Деловник https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenichkite-grupi-gi-prodolzuvaat-razgovorite-za-izmeni-ili-za-nov-delovnik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenichkite-grupi-gi-prodolzuvaat-razgovorite-za-izmeni-ili-za-nov-delovnik/#respond Mon, 01 Mar 2021 06:55:33 +0000 https://kurir.mk/?p=475220

Претседателот на Собранието Талат Џафери и претставници на сите пратенички групи и независни пратеници во овој собраниски состав денеска ќе ги продолжат разговорите за измени на Деловникот за работа на Собранието. Всушност, како што објасни Џафери, станува збор за продолжување на разговорите за измени или можеби нов Деловник што започнаа во минатиот собраниски состав во рамки на „Жан Моне“ процесот. На денешната прва средба, на оваа сега веќе формална работна група, треба да биде утврдена методологијата за нејзината работа. Членови на работната група се претседателот на Собранието Џафери, потпретседателите Горан Мисовски и Фадил Зендели, Диме Велковски, Снежана Калеска -Ванчева и Панчо Минов од СДСМ, Арбер Адеми, Арта Билали Зендели и Арбен Зибери од ДУИ, Гордана Сиљановска Давкова, Никола Мицевски и Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ, Скендер Реџепи и Сурија Рашиди од Алијанса на Албанците и Алтернатива, Кастриот Реџепи од Беса и Димитар Апасиев од Левица. Џафери на почетокот на февруари годинава во интервју за МИА рече дека во овие разговори ќе бидат опфатени сите прашања што се отворија со новиот состав на Собранието, како на пример одржувањето на конститутивната седница. Некои прашања поврзани со измените на Деловникот се веќе затворени во претходниот мандат во рамки на Жан Моне процесот. -На пример, конститутивна седница да има тек, почеток и крај. Да не биде отворена можноста да трае со денови конститутивната седница. Да се дефинира, на пример, точно кога ќе се смета дека Собранието е конституирано за да можат да почнат да течат роковите конкретно по она што произлегуваат за другите институции, примената на роковите и текот на работата по тие рокови. Има низа работи“, рече Џафери. Идејата, како што кажа тогаш првиот парламентарец, е да почнеме со дебата по оние работи што се констатирани како пречка од сите нас и да изнајдеме решение. Претседателот на Собранието Џафери во интервјуто кажа дека Собранието е во фаза на реформи и оти целта е комплетно осамостојување, а дел од тие реформи се измените или работата на нов Деловник. -Дел од таа реформа се измените или работата на нов деловник, можеби, најверојатно ќе произлезе да имаме нов деловник, иако ние работиме на измени и дополнување на Деловникот во процесот Жан Моне. И следствено на тоа се прават напори за реформа на статусот на собранискиот канал и реформа на статусот на собраниското обезбедување, како последица на сите нешта што се случија во овие три децении. И сметаме дека сите овие функции треба да бидат изречно во надлежност на Собранието. И Собранието само по себе со воспоставени правни инструменти да може да менаџира со оваа институција без оглед кој ќе биде соодносот на силите сега во овој мандат или во наредниот мандат, изјави тогаш Џафери.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenichkite-grupi-gi-prodolzuvaat-razgovorite-za-izmeni-ili-za-nov-delovnik/feed/ 0
Измените на собранискиот Деловник пред Комисијата за мандатно-имунитетни прашања https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izmenite-na-sobraniskiot-delovnik-pred-komisijata-za-mandatno-imunitetni-prashanja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izmenite-na-sobraniskiot-delovnik-pred-komisijata-za-mandatno-imunitetni-prashanja/#respond Mon, 30 Nov 2020 06:22:56 +0000 https://kurir.mk/?p=436105

Предлогот на претседателот на Собранието за дополнување на Деловникот за работа денеска е на дневен ред на собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања. Според информациите од веб страницата на Собранието, седницата е закажана во 13 часот. Предлогот за дополнување на Деловникот за работа треба да им овозможи на пратениците кои се во изолација поради позитивен тест на КОВИД-19 или поради контакт со лице со позитивен тест, да можат да се вклучат во работа на Парламентот од далечина или онлајн. Ова решение, смета претседателот на Собранието Талат Џафери, нема да го промени досегашниот начин на работа, туку ќе овозможи само овие пратеници да можат да се вклучат во работата на Парламентот и со тоа законодавниот дом биде целосно функционален. Опозицијата во изминатиот период излезе со став дека не се согласува со одржување на онлајн седници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izmenite-na-sobraniskiot-delovnik-pred-komisijata-za-mandatno-imunitetni-prashanja/feed/ 0
Мицевски: Овие предлози се неделовнички, ако не ги вратите назад во Владата учествувате во кршењето на Деловникот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/micevski-ovie-predlozi-se-nedelovnichki-ako-ne-gi-vratite-nazad-vo-vladata-uchestvuvate-vo-krshenjeto-na-delovnikot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/micevski-ovie-predlozi-se-nedelovnichki-ako-ne-gi-vratite-nazad-vo-vladata-uchestvuvate-vo-krshenjeto-na-delovnikot/#respond Mon, 10 Feb 2020 22:12:16 +0000 https://kurir.mk/?p=302095

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски на денешната Собраниска седница која се одложуваше повеќе часа, а на која треба да се гласа за новиот Закон за јавно обвинителство истакна дека Талат Џафери учествува во кршењето на Деловникот на Собранието бидејќи одлука од Владата нема, а седницата на Собранието е закажана. -Почитуван господине Џафери вие треба да го вратите овој материјал бидејќи на седницата на Владата нема одлука за повлекување и одлука за доставување на нов материјал во Собранието на Република Македонија. Врз основа на ова предлозите се неделовнички и соогласно деловникот имате обрска и право да го вратите предлогот на Законот за јавно обвинителство и советот на јавни обвинители до Владата и Владата откако на седница ќе го помине соогласно деловникот на Владата да ви ги достави предложените закони за да може вие да закажете седница. Вака господине Џафери учествувате во кршењето на Деловникот на Собранието, бидејќи одлука немаме, а седницата е закажана, вели Мицевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/micevski-ovie-predlozi-se-nedelovnichki-ako-ne-gi-vratite-nazad-vo-vladata-uchestvuvate-vo-krshenjeto-na-delovnikot/feed/ 0
Каракамишева: Предлог законот за ЈО воопшто не е влезен во собраниска процедура за по него да се отвора јавна дискусија, ова е кршење на Деловникот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karakamisheva-predlog-zakonot-za-jo-voopshto-ne-e-vlezen-vo-sobraniska-procedura-za-po-nego-da-se-otvora-javna-diskusija-ova-e-krshenje-na-delovnikot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karakamisheva-predlog-zakonot-za-jo-voopshto-ne-e-vlezen-vo-sobraniska-procedura-za-po-nego-da-se-otvora-javna-diskusija-ova-e-krshenje-na-delovnikot/#respond Tue, 04 Feb 2020 07:05:37 +0000 https://kurir.mk/?p=298932

Професорката Тања Каракамишева во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија рече дека сите експерти од Правниот факултет ги кажале скоро истите забелешки за предлог законот за Јавно обвинителство и дека ниеден од нив не се согласил со предлог законот. -Она што беше за мене најфрапантно е дека разговаравме на јавна дискусија за Закон кој не е поднесен во законодавна процедура, односно не е доставен до претседател на Собрание. Законот ни беше даден по меил каде што ни кажаа по овој закон ќе се расправа на јавната дискусија. Кога ги прашав лицата од секретаријатот на комисијата дали овој закон е поднесен до претседателот на Собранието, ми рекоа не знам, за потоа да дознаам дека тој закон воопшто не е влезен во собраниска процедура, истакна Каракамишева. Таа рече дека предлог законот за Јавно обвинителство е текст, односно збир на желби на некого за да се дискутираме по него. -Деловникот по не знам кој пат е прекршен, она што е интересно е дека во Деловникот јасно стои дека јавна дискусија може да има доколку законот е примен од претседателот на Собрание, потоа доколку е поминат на законодавно-правна комисија, која е и матично работно тело за овој закон, таа требаше да го гледа овој предлог закон и откако таа ќе даде позитивно светло, ќе оди на општа расправа, па таму ќе се одлучува дали ќе има јавна дискусија или не, посочи професорката. Каракамишева изјави дека како експерти биле повикани на јавна расправа без да се изодат чекорите кои ги налага Деловникот. Според неа, министерката Дескоска им рекла дека ќе се разгледуваат сите забелешки, за потоа да не дозволи работна група од професори кои што имале најмногу забелешки за законот, односно одбила формирање на работна група од професори кои што ќе работат на разгледување на предлог законот во која дел ќе бидат Тања Каракамишева и професорката Гордана Силјаноска Давкова. Дури и професорот Шкариќ изјавил дека законот од технички аспект не е добар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karakamisheva-predlog-zakonot-za-jo-voopshto-ne-e-vlezen-vo-sobraniska-procedura-za-po-nego-da-se-otvora-javna-diskusija-ova-e-krshenje-na-delovnikot/feed/ 0