делта плус сој – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 06 Nov 2021 11:54:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png делта плус сој – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Србија во страв: Делта плус сојот на коронавирусот влезе во земјата? https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-vo-strav-delta-plus-sojot-na-koronavirusot-vleze-vo-zemjata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-vo-strav-delta-plus-sojot-na-koronavirusot-vleze-vo-zemjata/#respond Sat, 06 Nov 2021 11:54:37 +0000 https://kurir.mk/?p=591815

Командантот на воената болница на Карабурма во Белград, Иво Удовичиќ, изјави дека делта плус сојот на коронавирусот најверојатно е пристигнат во Србија, јави дописникот на МИА од Белград. -Во прашање е многу позаразна форма, имаме причина за голема загриженост, бидејќи делта плус сојот мутирал, во делот каде што влегува во клетките, тоа е многу позаразна форма на вирусот. Тоа ќе предизвика поголем број заболени на дневна основа. Тој веројатно е пристигнат во Србија, изјави Удовичиќ. Во моментов во Србија во црвените зони се лекуваат над 6.700 пациенти, во најлоша состојба – на респиратор се 270 и помлади и постари лица. Според Удовичиќ, во болниците има и такви кои повеќе верувале во лекот „ивермектин“ отколку во вакцините, а многу од пациентите не сакаат да признаат дека пиеле „ивермектин“. -Имаме пациенти кои земале ивермектин, кој не се препорачува во ниту еден протокол, не се препорачува за лекување на Ковид-19. Лекот има ветеринарни дозволи и не е за хумана употреба, има многу несакани ефекти, кажа тој. Лекарската комора на Србија потврди дека покренале постапка пред судот на честа против 18 лекари поради несоодветно лекување и советување на пациентите во врска со коронавирусот, од кои некои го препорачале и лекот „ивермектин“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-vo-strav-delta-plus-sojot-na-koronavirusot-vleze-vo-zemjata/feed/ 0