делта сој – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 18 Dec 2021 13:29:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png делта сој – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Нема потврден случај на Омикрон во Македонија, доминантен се уште е Делта сојот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-potvrden-sluchaj-na-omikron-vo-makedonija-dominanten-se-ushte-e-delta-sojot-2/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-potvrden-sluchaj-na-omikron-vo-makedonija-dominanten-se-ushte-e-delta-sojot-2/#respond Sat, 18 Dec 2021 13:29:02 +0000 https://kurir.mk/?p=610194

Иако во државите низ светот забрзано се шири Омикрон сојот на коронавирусот, кај нас засега не е регистриран ниту еден случај. Се уште доминантен останува Делта сојот, како кај нас, така и во државите од регионот. Во меѓувреме, надлежните повикуваат на помасовна вакцинација, која претставува единствениот реален излез од пандемијата. Новиот сој Омикрон вчера за првпат беше потврден на Балканот. Поточно, станува збор за двајца пациенти од Хрватска кои се инфицирале со новиот сој, а притоа не престојувале во Јужна Африка, но биле на состаноци на кои имало гости од странство. Иако овој сој забрзано се шири, првите индикации покажуваат дека тој е помалку опасен од Делта сојот. Ова вчера го изјави главниот советник на американскиот претседател за пандемијата, инфектологот д-р Ентони Фаучи. Тој напомена дека на научниците им требаат повеќе информации пред да донесат заклучок за сериозноста на видот Омикрон. Сојот Омикрон досега е откриен во третина од американските сојузни држави, вклучувајќи го североисточниот, јужниот и западниот брег. Според Светската здравствена организација (СЗО), лицата заразени со сојот Омикрон, обично имаат поблага форма на болеста. Техничката раководителка на Светска здравствена организација за Ковид-19, Марија Ван Керкова изјави дека е потребно време за заразените да поминат низ целиот процес на инфекција, и оти можеби ќе поминат неколку недели пред навистина да стане јасно колку луѓе од заразените со сојот Омикрон ќе развијат тешка форма на болеста. Но, таа предупреди дека дури и да се работи за полесна форма на болеста, важно е брзо да се делува за да се преземат мерки за контрола на нејзиното ширење. Во меѓувреме, вакцинацијата останува единствениот излез од епидемијата. Сепак, Европската Комисија нема да препорача задолжителна вакцинација во Европската Унија, соопшти вчера портпаролот на Европската комисија Ерик Мамер. За потсетување, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен минатата недела изјави дека е добро што се дебатира за задолжителна вакцинација, но како што прецизираа вчера од Европската комисија, здравствената политика е целосно надлежност на земјите членки. -Комисијата нема препораки до земјите членки, претседателката даде свој став за ситуацијата во Европа, изјави Ерик Мамер, портпарол на Европската комисија, додавајќи дека со оглед на милионите невакцинирани граѓани во ЕУ, оваа дебата е добредојдена. Но, додаде Мамер, јасно е дека ова е надлежност на земјите членки и Европската Комисија нема да поднесе предлог во оваа насока. Македонската Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), пак, вчера објави дека досега има добиено две пријави од лекари за сомнение за смртен исход по примена вакцина против Ковид-19. Се прави комплетна обработка за да се докаже дали несаканите реакции се навистина поврзани со употребата на вакцините против Ковид-19. Двете пријави Агенцијата ги имала во март и во септември, од страна на лекари, и се однесуваат на 85-годишен и за 53-годишен, но се уште не е докажана поврзаност со употребата на вакцините. Раководителката на сектор во Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), Мерјем Хаџихамза појасни дека пријавите освен во Упсала мониторинг центарот, испратени се и во Институтот за јавно здравје, каде се прави таа натамошна обработка. Сепак, како што посочува, станува збор за сомнежи и неофицијални податоци. Ефектите од вакцинацијата се далеку, далеку поголеми. Инаку, во текот на вчерашниот ден, беа регистрирани нови 101 случај на заболени од Ковид-19, од направени 1.299 тестирања. Починале 13 лица, а оздравени се 393 пациенти. Досега во земјата направени се вкупно 1.485.944 тестирања. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 217.400, а бројот на оздравени пациенти е 203.967. Починати се 7.658 пациенти. Бројот на активни случаи е 5.775.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-potvrden-sluchaj-na-omikron-vo-makedonija-dominanten-se-ushte-e-delta-sojot-2/feed/ 0
„Три дози од Фајзер штитат од сојот омикрон, но четири пати помалку од делта сојот“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tri-dozi-od-fajzer-shtitat-od-sojot-omikron-no-chetiri-pati-pomalku-od-delta-sojot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tri-dozi-od-fajzer-shtitat-od-sojot-omikron-no-chetiri-pati-pomalku-od-delta-sojot/#respond Sun, 12 Dec 2021 09:29:18 +0000 https://kurir.mk/?p=607258

Израелските научници вчера објавија дека откриле дека тројната вакцина против коронавирус со вакцината на Фајзер/БиоНТек обезбедува значителна заштита од нова варијанта на омикрон. Заклучоците од истражувањето се слични со оние шро претходно неделава беа презентирани од БооНТек и Фајзер, што беа првиот знак дека дополнителните дози на вакцината би можеле да бидат клучни за заштита од новоидентификуваната варијанта на коронавирус. Истражувањето, спроведено од медицинскиот центар Шеба и Централната виролошка лабораторија на израелското Министерство за здравство, ја спореди крвта на 20 лица кои примиле две дози од вакцината пред пет-шест месеци со исто толку луѓе кои ја примале третата доза пред точно еден месец. -Лицата кои ја примија втората доза пред пет или шест месеци немаат способност да го неутрализираат омикронот. Иако имаат некои против делта, изјави Гили Регев-Јочај, директор на Одделот за заразни болести во Шеба. „Добрата вест е што со третата доза за 100 отсто се зголемува способноста за неутрализирање. Има значителна заштита со третата доза. Таа е пониска од способноста да се неутрализира делта варијантата, или за околу четири пати помала“, додаде таа. Израелскиот тим соопшти дека работеле со жив вирус додека фармацевтските компании го користеле тоа што е познато како псевдовирус, кој има карактеристични омикронски мутации. Израелското истражување следи по истражувањето од Јужна Африка кое покажа дека сојот омикрон може делумно да ја заобиколи заштитата што ја обезбедуваат две дози од вакцината.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tri-dozi-od-fajzer-shtitat-od-sojot-omikron-no-chetiri-pati-pomalku-od-delta-sojot/feed/ 0
Досега 218.362 ковид дијагностицирани во земјава, уште доминантен делта-сојот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dosega-218-362-kovid-dijagnosticirani-vo-zemjava-ushte-dominanten-delta-sojot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dosega-218-362-kovid-dijagnosticirani-vo-zemjava-ushte-dominanten-delta-sojot/#respond Fri, 10 Dec 2021 06:34:12 +0000 https://kurir.mk/?p=606373

Скопје, Куманово, Тетово, Прилеп и Битола се градови со најголем опфат на заболени од КОВИД-19. Во државата доминира делта-сојот, додека новиот омикрон уште не е регистриран. Засега остануваат да важат истите мерки, а надлежните апелираат на помасовна вакцинација, која е единствениот спас од пандемијата. Вкупниот број на случаи годинава заклучно со 7 декември е 134.460. Од нив, починати се 4.784, или 3,56 отсто, информираше вчера епидемиологот Драган Кочински од Институтот за јавно здравје на онлајн сесија со новинари. Тој потсети дека првиот регистриран случај е на 26 февруари минатата година, а прв регистриран кластер е во Дебар. Во 2020 година имало вкупно 83.734 случаи, а починале 2.904, или 3,47 отсто. Кочински посочи дека поголем ризик за смрт постои кај мажите, бидејќи 59,5 отсто од починати се мажи, а 50,8 проценти се жени. Од заболените, доминира возрасната група на 60 години. Во поголемите градови се регистрирани и најголем број на починати, но поголема смртност има и во други градови, на пример Струга, Крива Паланка, Крушево. Во Скопје во моментов има најмногу активни случаи. Карактеристично е тоа што, како што напомена вчера Кочински, во централниот дел на државата има најмногу заболени со КОВИД-19. Максимален број на ПЦР и Брз рапид тест направени во текот на еден ден се 9.296 тестови. Во Кавадарци, Неготино и Охрид има највисок опфат на вакцинирани со две дози, а најнизок во Дебар, Струмица и Гостивар. Според надлежните, вакцинацијата останува единствен реален излез од епидемијава. Што се однесува до мерките за вакцинација во регионот, во Грција се воведени одредени промени во однос на сертификатите за вакцинација и прележан КОВИД-19, а се однесуваат и на туристите. Поточно, станува збор за забрана за влез во затворени простори за лицата над 60 години кои не примиле трета доза, а поминале седум месеци од вакцинацијата, што стапува во сила од понеделник и намалување на три од шест месеци на потврдата за прележан КОВИД-19 од февруари следната година. Овие две нови мерки важат и за посетителите и за туристите во земјата. Освен апелите за вакцинација, здравствените лица се фокусирани и на создавање на лек против КОВИД-19, со кои би се избегнале компликации кај инфицираните. Кина вчера одобри нов лек, кој се заснова на моноклонални антитела кои се врзуваат за шилестиот протеин на коронавирусот, намалувајќи ја неговата способност да навлезе во клетките. Клиничките испитувања покажуваат дека лекот го намалува ризикот од хоспитализација и смрт на пациенти кои може да развијат потешка форма на КОВИД-19. Во Кина, која дозволува употреба само на домашни вакцини, вакцинирани се повеќе од 70 отсто од населението. Во меѓувреме, во светот повторно постои загриженост од ширење на КОВИД-19. Светската здравствена организација (СЗО) е со страв дека омикрон ќе предизвика нова акумулација на вакцини. Поточно, СЗО вчера изрази загриженост дека богатите земји, кои се загрозени поради појавата на сојот Омикрон, би можеле да ги зајакнат напорите за складирање на вакцини против КОВИД-19. Ова, како што се претпоставува, повторно би предизвикало проблеми во глобалниот синџир на снабдување и би ги усложнило напорите за сузбивање на пандемијата. И Агенцијата за ОН за деца (УНИЦЕФ) ја оцени ковид-кризата како најтешка во последните 75 години. Во својот извештај, УНИЦЕФ наведе дека КОВИД-19 го загрозил повеќедеценискиот напредок во однос на клучните прашања кои ги загрозуваат детствата на децата во светот, како што се сиромаштија, пристап до образование, неухранетост и душевна благосостојба. Извршната директорка Хенриета Форе рече дека негативното влијание од КОВИД-19 продолжува да се продлабочува, зголемувајќи ја сиромаштијата, нееднаквоста и загрозувајќи ги детските права. Инаку, кај нас не се намалува бројот на заболени од КОВИД-19. Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани нови 167 случаи на КОВИД-19, од направени 1.478 тестирања. Оздравени се 275 пациенти, а починати седум лица. Од новодијагостицираните случаи, во Скопје се 110, Кавадарци и Кочани по 9, Гевгелија 7, Битола – 5, Куманово, Прилеп и Охрид по 3. Досега во земјата се направени вкупно 1.493.451 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 218.362, бројот на оздравени пациенти е 204.960, на починати е 7.695. Вкупно има 5.707 активни случаи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dosega-218-362-kovid-dijagnosticirani-vo-zemjava-ushte-dominanten-delta-sojot/feed/ 0
Активни 5.821 случај, во Македонија се уште доминантен делта сојот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aktivni-5-821-sluchaj-vo-makedonija-se-ushte-dominanten-deta-sojot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aktivni-5-821-sluchaj-vo-makedonija-se-ushte-dominanten-deta-sojot/#respond Thu, 09 Dec 2021 06:28:25 +0000 https://kurir.mk/?p=605926

Бројот на активни ковид случаи во земјава, според извештајот на Институтот за јавно здравје објавен вчера, изнесува 5.821, а од направените 3.285 тестирања, регистрирани се 419 нови случаи, осум починати и 211 оздравени пациенти. Надлежните и натаму апелираат граѓаните да се вакцинираат, бидејќи, како што посочуваат, само така ќе се дојде до колективен имунитет и ќе спречи ширење на мутации на СарсКоВ2. Досега во земјава не е регистриран случај со Омикрон сојот на Ковид-19. Се уште доминантен е Делта сојот, како кај нас, така и во дел од државите во регионот. – Европа бележи пад на бројот на болни и новозаразени со коронавирусот, соопшти синоќа Светската здравствена организација за европскиот регион. Здравствената агенција на Обединетите нации соопшти дека податоците на Европскиот центар за контрола и превенција на болести покажале дека во 18 земји од Европската унија се регистрирани 212 случаи на Омикрон, и тоа претежно благи и асимптоматски случаи. Сепак, СЗО предупреди дека се верува оти Омикрон ќе продолжи да се шири, бидејќи пристигнуваат нови податоци за размерите на сојот. Во претходните седум дена, бројот на нови случаи во Европа се намали за два отсто (2,6 милиони случаи), додека три отсто помалку пациенти починале во споредба со претходната недела (29.000 луѓе). Во неделниот епидемиолошки билтен на СЗО се посочува дека од 7 декември 2021 година, Омикрон варијанта на коронавирусот е потврдена во 57 земји. Неговото присуство е забележано во сите шест региони на СЗО. Експертите посочија на фактот дека бројот на откриени случаи на коронавирус во моментов рапидно расте во Јужна Африка. Иако причините за ова зголемување сè уште не се познати, тие велат дека ширењето на Омикрон во регионот е „веројатно“, а зголеменото тестирање на населението за ковид одигра улога, бидејќи сојот беше класифициран од СЗО како заканувачка варијанта. Организацијата нагласува дека „прелиминарните анализи покажуваат дека мутациите во Омикрон варијантата можат да ја намалат неутрализирачката активност на антителата, што доведува до намалена имунолошка заштита“. СЗО верува дека ова е можеби објаснувањето „зошто оваа варијанта се чини дека брзо се шири меѓу високо имунизираните популации, како што е случајот во ЈАР“. Според СЗО, потребни се повеќе податоци за да се процени ефекасноста на вакцините против сојот Омикрон. – Потребни се повеќе податоци за да се процени дали мутациите својствени на варијантата Омикрон може да доведат до намалена имунолошка заштита од вакцините, велат експертите. Според нив, потребни се повеќе „податоци за ефикасноста на вакцините, вклучително и употребата на дополнителни дози“. Во извештајот се нагласува дека „СЗО ќе продолжи да работи со своите партнери за следење и оценување на овие податоци веднаш штом ќе станат достапни“. Компанијата „Фајзер“, пак, вчера соопшти дека засилувачката доза на нејзината анти-ковид вакцина може да заштити од Омикрон, новата варијанта на коронавирусот, иако првите две дози се чини дека се значително помалку ефикасни. „Фајзер“ и неговиот партнер „Бионтек“ соопштија дека лабораториските тестови покажуваат дека бустер дозата ги зголемува таканаречените неутрализирачки антитела против Омикрон за 25 пати. Компанијата „Фајзер“ објави прелиминарни лабораториски податоци во соопштение за печат, но тие сè уште не поминале научен тест. Компаниите веќе работат на правење вакцина против Омикрон во случај да има потреба. Научниците шпекулираат дека високиот скок на антителата што се појавуваат со третата доза на анти-ковид вакцини може да биде доволен за да се спротивстави на секакво намалување на ефективноста на вакцините. Нивото на антитела покажува колку добро вакцината може да спречи инфекција со коронавирус, но тие претставуваат само еден слој од одбраната на имунолошкиот систем. Од „Фајзер“ соопштија дека две дози вакцини сè уште можат да создадат заштита од тешка форма на болеста. – Иако две дози вакцина може да обезбедат заштита од тешка форма на болеста предизвикана од сојот Омикрон, од овие прелиминарни податоци е јасно дека заштитата е максимизирана со третата доза од нашата вакцина, рече извршниот директор на „Фајзер“, Алберт Бурла во соопштението. Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 218.194, бројот на оздравени пациенти е 204.685, а на починати е 7.688.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aktivni-5-821-sluchaj-vo-makedonija-se-ushte-dominanten-deta-sojot/feed/ 0
Научниците до први резултати: Познато дали омикрон е поопасен од делта сојот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nauchnicite-do-prvi-rezultati-poznato-dali-omikron-e-poopasen-od-delta-sojot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nauchnicite-do-prvi-rezultati-poznato-dali-omikron-e-poopasen-od-delta-sojot/#respond Mon, 06 Dec 2021 06:56:06 +0000 https://kurir.mk/?p=604552

Главниот советник на американскиот претседател за пандемијата, инфекторлогот д-р Ентони Фаучи, изјави денеска дека иако има брзо ширење на омикрон сојот на коронавирусот, првите индикации покажуваат дека тој е помалку опасен од делта сојот. Фаучи за Си-Ен-Ен изјави дека на научниците им требаат повеќе информации пред да донесат заклучок за сериозноста на видот омикрон. Извештаите од Јужна Африка, каде што се појави и станува доминантен вид, покажуваат дека стапката на хоспитализација не е алармантно зголемена. -Засега, се чини, дека нема висок степен на сериозност, но навистина треба да бидеме внимателни пред да заклучиме дека омикрон е помалку сериозен и не предизвикува тешка клиничка слика, во споредба со делта сојот, рече Фаучи. Тој изјави дека администрацијата на Бајден размислува за укинување на ограничувањата за патување за патниците од неколку африкански земји кои не се американски државјани -Да се ​​надеваме дека ќе успееме да ја укинеме забраната во прилично разумен временски период, рече Фаучи, додавајќи дека сите се чувствуваат лошо поради тешкотиите со кои се соочуваат Јужна Африка и другите африкански земји. Сојот омикрон до денеска е откриен во третина од американските држави, вклучувајќи го североисточниот, јужниот и западниот брег. Висконсин и Мисури се меѓу последните држави каде што се потврдени нови инфекции со соеви. Во САД се уште е доминантен делта сојот на коронавирусот, сочинувајќи ги повеќе од 99 отсто од случаите и предизвикувајќи зголемување на хоспитализациите на север од земјата. Американските власти продолжуваат да ги повикуваат луѓето да се вакцинираат и да добијат засилена доза, како и да носат маски во затворени простории бидејќи сето тоа придонесува за заштита од делта, но и од други соеви на коронавирусот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nauchnicite-do-prvi-rezultati-poznato-dali-omikron-e-poopasen-od-delta-sojot/feed/ 0
Симптомите на делта- сојот можат да бидат слични со алергија https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/simptomite-na-delta-sojot-mozat-da-bidat-slichni-so-alergija/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/simptomite-na-delta-sojot-mozat-da-bidat-slichni-so-alergija/#respond Thu, 11 Nov 2021 14:58:32 +0000 https://kurir.mk/?p=594229

Делта-сојот, а особено поновиот делта-плус, дава симптоми кои се слични на алергиските реакции, па лекарите советуваат дека мора да побарате помош, наместо да реагирате самите. Не поставувајте самите дијагноза, бидејќи делта-сојот не е наивен и може да се влоши преку ноќ. Затоа мора да бидете доволно внимателни, особено ако забележите сува кашлица, замор и температура. Во раниот стадиум, може да почувствувате симптоми на обична настинка, како и постојано кашлање. Исто така, можете да забележите главоболки, но и течење на носот. Клучниот симптом по кој ќе успеете да препознаете е покачената температура, која многу ретко се појавува при алергија, но е карактеристична за делта-сојот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/simptomite-na-delta-sojot-mozat-da-bidat-slichni-so-alergija/feed/ 0
Експерти: Поради делта варијантата можеби ќе треба 90 проценти од луѓето да се вакцинираат https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eksperti-poradi-delta-varijantata-mozebi-kje-treba-90-procenti-od-lugjeto-da-se-vakciniraat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eksperti-poradi-delta-varijantata-mozebi-kje-treba-90-procenti-od-lugjeto-da-se-vakciniraat/#respond Mon, 04 Oct 2021 06:00:40 +0000 https://kurir.mk/?p=572499

Повеќе претставници на здравствените власти во САД сметаат дека стапката на вакцинација ќе треба да достигне 90 проценти или повеќе за да се постигне оптимално ниво на заштита од Ковид-19. Присуството на делта варијанта на вирусот дополнително ја зголеми потребата луѓето да се вакцинираат, изјавија функционери за USA Today во извештај објавен вчера. – Она што го научивме од делтата и гледаме зад делтата е … дека постигнувањето на вистинското ниво на заштита за населението бара да биде 90 проценти, рече Том Мекарти од Одделот за здравство на Род Ајленд. Слично мислење има и доктор Ерик Топол од истражувачката група Скрипс. – Сега ни требаат 85 до 90 проценти вакцинирани против делтата, рече Топол за USA Today. Доктор Ентони Фаучи, водечкиот американски експерт за заразни болести, во мај рече дека уште еден бран на инфекција на есен може да се спречи доколку до 4 јули се вакцинираат 70 проценти од населението. Околу 56,5 проценти од населението во САД е целосно вакцинирано против Ковид-19, покажуваат статистичките податоци на Универзитетот Џонс Хопкинс. Повеќе од 185 милиони Американци се вакцинирани со двете дози. Повеќе од 12 милиони луѓе во Њујорк се вакцинирани со две дози, што е околу 63,74 проценти од населението. Во моментов, сите Американци постари од 12 години можат да се вакцинираат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eksperti-poradi-delta-varijantata-mozebi-kje-treba-90-procenti-od-lugjeto-da-se-vakciniraat/feed/ 0
ИСТРАЖУВАЊАТА ПОКАЖАА: Колку Делта варијантата на Ковид-19 е опасна за децата? https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istrazuvanjata-pokazaa-kolku-delta-varijantata-na-kovid-19-e-opasna-za-decata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istrazuvanjata-pokazaa-kolku-delta-varijantata-na-kovid-19-e-opasna-za-decata/#respond Sat, 04 Sep 2021 12:31:58 +0000 https://kurir.mk/?p=559302

Делта варијантата на коронавирусот НЕ предизвикува потешки случаи на Ковид-19 кај децата и адолесцентите во однос на другите варијанти на вирусот, покажале првите податоци од студијата која во петокот ја објавил американскиот здравствен магазин. Загриженоста поради последиците од делта варијантата кај младите расте веќе неколку седмици во САД поради растечкиот број на хоспитализирани деца. Центарот за превенција и контрола на болести (CDC), главната сојузна агенција за јавно здравје во земјата проучувала податоци од хоспитализираните како последица на Ковид-19 во 99 окрузи во 14 сојузни држави. Агенцијата ги споредувала периодите од почетокот на март до средината на јуни со оние од втората половина на јуни до крајот на јули кога делта варијантата станала доминантна во САД. Меѓу тие два периоди стапката на хоспитализирани деца и млади до 17 години се зголемила пет пати. Меѓутоа, процентот на деца и адолесценти кои биле примени во болница поради тежок облик на болеста, на пример примени на интензивна нега, бил сличен како во периодот кога делта варијантата станала доминантна. Освен тоа студијата покажала и дека вакцините добро ги штитат адолесцентите против делта варијантата поради тоа што процентот на хоспитализирани бил околу десет пати поголем за невакцинираните. Инаку, во САД децата над 12-годишна возраст можат да ја примат вакцината „Фајзер“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istrazuvanjata-pokazaa-kolku-delta-varijantata-na-kovid-19-e-opasna-za-decata/feed/ 0
Во Грција потврдени шест случаи на варијантата Му, доминира Делта сојот https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-grcija-potvrdeni-shest-sluchai-na-varijantata-mu-dominira-delta-sojot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-grcija-potvrdeni-shest-sluchai-na-varijantata-mu-dominira-delta-sojot/#respond Thu, 02 Sep 2021 16:59:59 +0000 https://kurir.mk/?p=558505

Во Грција се потврдени шест случаи на варијантата Му (B.1.621) на коронавирусот, за која Светската здравствена организација завчера соопшти дека го следи конкретниот нов сој, јави дописничката на МИА од Атина. Од шесте случаи на варијантата Му, според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција, четири се увезени, а поконкретно два се откриени во областа Арголида и на атинскиот аеродром и по еден во центарот на Атина и областа Ахаија. Мутацијата Му првпат беше откриена во Колумбија во јануари, а подоцна и во други земји од Латинска Америка и Европа, додека, пак, СЗО завчера прецизираше дека оваа варијанта има мутации што би можеле да укажат на ризик од отпорност на вакцината и нагласи дека се потребни дополнителни студии за да се испитаат карактеристиките на овој сој на коронавирусот. Од новите потврдени мутации во Грција, доминантна е Делта со 899 нови случаи, односно 96,7 отсто од идентификуваните варијанти во земјата во измината седмица. Во однос на новите случаи на Ковид-19, Националната организација за јавно здравје на Грција денеска соопшти 2.840 новозаразени, починаа 33 лица, а 362 пациенти се приклучени на апарати на одделите за интензивна нега во грчките болници. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-grcija-potvrdeni-shest-sluchai-na-varijantata-mu-dominira-delta-sojot/feed/ 0
АКТИВНИ 14.360 СЛУЧАИ: Болниците полни со тешки пациенти, над 70 проценти се на кислородна поддршка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aktivni-14-360-sluchai-bolnicite-polni-so-teshki-pacienti-nad-70-procenti-se-na-kislorodna-poddrshka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aktivni-14-360-sluchai-bolnicite-polni-so-teshki-pacienti-nad-70-procenti-se-na-kislorodna-poddrshka/#respond Mon, 30 Aug 2021 06:48:19 +0000 https://kurir.mk/?p=556426

Се полнат ковид одделенијата во државата, препорака за трета бустер доза засега само од „Фајзер“ Не се намалува бројот на заболени од Ковид-19. Вчера беа регистрирани нови 674 случаи, а почнаа да се полнат и ковид одделенијата. Надлежните посочуваат дека вакцини има доволно, а засега препорака за трета бустер доза има само од компанијата Фајзер, но за имуно компромитирани пациенти. Штипската модуларна болница се полни со тешки пациенти заразени со делта сојот на коронавирусот. Слободни места има само за уште двајца пациенти. Началничката на Инфективното одделение и на ковид центарот, Дијана Гајдарџиска-Шишикова за МИА изјави дека имаат 45 пациенти во модуларната болница. Пред неколку дена во функција е ставено и Кожното одделение, каде се хоспитализираат пациентите, кои веќе се стабилни по третманот во модуларната болница. На оваа одделение имаат десет пациенти. Според началниката на одделението, брзото полнење на болничките капацитети е во изминатите неколку дена, и се совпаѓа со бројките на новозаразени пациенти во источниот регион. -Имаме млади пациенти на возраст над 30 години, ни доаѓаат во тешка здравствена состојба. Триесет и тројца или околу 75 отсто од вкупниот број на пациентите во модуларната болница се на кислородна поддршка, истакна Гајдарџиска-Шишкова. Поради забрзаното полнење со пациенти во штипската модуларна болница, активирана е и модуларната болница во Кочани. И во Дебарско, состојбата е критична. Моментно активни на болеста, според официјалната статистика се 232 лица, но според Баки Алили, директорот на болницата во Дебар, реалната бројка е поголема, бидејќи има многу заразени кои, иако се активни, не се јавуваат на преглед во почетна фаза. На подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа, кое со здравствена заштита ги покрива дебарската болница, само овој месец потрдени се 318 нови случаи, главно невакцинирани, во списокот на закрепнати се внесени 119, а починале 14 лица. Надлежните потврдуваат дека вакцини има доволно, а сите истражувања одат во таа насока дека после шестиот месец ќе треба да се прими и трета бустер доза. Сепак, засега само американската агенција има дадено препорака за трета доза на Фајзер вакцина, но кај имуно компромитирани пациенти. Тоа се пациенти кои се трансплантирани и оние со хронична дијализа. Според анализите, трета доза на Фајзер вакцина – бустер доза значајно ја зголемува нејзината ефикасност. Министерот за здравство Венко Филипче вчера информираше дека со Фајзеровата вакцина значајно се зголемува ефиканоста кон сите соеви на вирусот, и кон алфа, бета и делта сојот на вирусот кога станува збор за аплицирање на трета, односно бустер доза. Тој посочи дека кај нас веќе има препорака за пациенти кои што се трансплантирани и пациенти кои се на хронична дијализа. Како што рече, следнава недела ќе започне и комуникација со дијализни пациенти за да го проценат бројот на пациенти кои веќе аплицирале и ќе добијат трета доза. Временскиот интервал што треба да помине за да се прими трета доза е шест месеци, а кај нас, посочи, се уште никој нема примено трета доза бидејќи не се поминати шест месеци од ревакцината. Филипче информираше дека сите граѓани кои се вакцинирале во странство кога ќе приложат валиден сертификат дека е тоа направено во друга држава, пример во Србија, ќе бидат регистрирани за трета доза, што значи дека ќе можат да ја примат кај нас и за тоа да добијат наш валиден сертификат. Филипче рече дека вакцини во овој момент има доволно, а според проценките, ќе има и следната година. Инаку, во текот на вчерашниот ден и претседателот на ДУИ Али Ахмети упати апел до сите граѓани за максимална вакцинација и изрази сочувство до семејствата на починатите од Ковид-19. Апелира за масовна вакцинација и почитување на мерките – дистанца, маска, хигиена. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 175.330. Оздравени се вкупно 155.101 пациенти, а починале 5.869. Бројот на активни случаи е 14.360. Во текот на вчерашниот ден беа пријавени починати 27 лица, а а оздравени 403 пациенти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aktivni-14-360-sluchai-bolnicite-polni-so-teshki-pacienti-nad-70-procenti-se-na-kislorodna-poddrshka/feed/ 0