делумна забрана – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 29 Sep 2023 12:10:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png делумна забрана – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Од денеска укината делумната забрана за движење во шуми https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-deneska-ukinata-delumnata-zabrana-za-dvizhene-vo-shumi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-deneska-ukinata-delumnata-zabrana-za-dvizhene-vo-shumi/#respond Fri, 29 Sep 2023 12:10:48 +0000 https://kurir.mk/?p=883235

„Национални шуми“ информира дека согласно нивното барање од 27 септември, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство издаде согласност за укинување на делумната забрана за движење во шума, заради проценката дека е намален ризикот од појава на шумски пожари. Укинувањето на делумната забрана за движење во шума стапува на сила од денеска. Како што наведуваат од претпријатието, со допис се известени Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за внатрешни работи, Шумската полиција, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, Државниот инспекторат за шумарство и ловство, медиумите, како и подружниците во состав на јавното претпријатие. Делумната забрана за движење во шума и шумско земјиште стапи на сила на 17 јули годинава согласно барањето од „Национални шуми“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-deneska-ukinata-delumnata-zabrana-za-dvizhene-vo-shumi/feed/ 0
Во Турција од денеска делумна забрана за излегување за викенд https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-turcija-od-deneska-delumna-zabrana-za-izleguvanje-za-vikend/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-turcija-od-deneska-delumna-zabrana-za-izleguvanje-za-vikend/#respond Sat, 21 Nov 2020 08:49:44 +0000 https://kurir.mk/?p=432442

Во Турција од денеска стапува на сила делумна забрана за излегување за време на викендите, објави на Твитер турскиот министер за здравство Фахретин Коџа. Како што објави Милиет, според новата мерка, на граѓаните нема да им биде дозволено да излегуваат надвор од 20 часот во сабота до 10 часот во недела и од 20 часот во недела до 5 часот наутро во понеделник. Другите дополнителни мерки во борбата против коронавирусот, кои стапуваат на сила од 20 часот вечерва, предвидуваат работно време на трговските центри, продавниците за храна, фризерите само во интервал од 10 до 20 часот; како и затворање на кино салите, концертните сали, театрите и спортските сали. Од вечерва, рестораните ќе нудат или доставуваат само храна за дома. Луѓето на возраст од 65 години и повеќе ќе можат да излегуваат надвор од 10 до 13 часот, а оние под 20 години – помеѓу 13 и 16 часот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-turcija-od-deneska-delumna-zabrana-za-izleguvanje-za-vikend/feed/ 0
Воведена делумна забрана за движење во шума https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vovedena-delumna-zabrana-za-dvizenje-vo-shuma/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vovedena-delumna-zabrana-za-dvizenje-vo-shuma/#respond Thu, 08 Aug 2019 11:47:02 +0000 https://kurir.mk/?p=227696

Воведена е делумна забрана за движење во шума со оглед на зголемената опасност од појава на пожари на отворен простор заради високите температури што се најавуваат во летниот период. Забраната почнува да важи од денеска, од 6:00 до 20:00 часот и ќе трае се до нејзиното отповикување. Забраната важи во шумите со кои стопанисува ЈП „Национални шуми“. Од ЈП „Национални шуми“ апелираат до сите граѓани да бидат исклучително внимателни при движење во шума и да се избегнуваат сите активности што можат да предизвикаат пожар. – Најчест причинител за појава на шумски пожар (во 99 отсто од случаите) е човекот, додека громот и самозапалувањето како причина за настанување на пожар учествуваат само со еден отсто. Пожари предизвикани од човекот може да бидат намерни – подметнати пожари и ненамерни – од невнимание при палење на стрништа, палење пасишта, фрлени опушоци, сообраќајна незгода, искра од алат при работа, искра од електтрични далеководи, приготвување скара во шума, палење логорски оган, палење депонии и друго, се вели во писмената изјава на директорот на ЈП „Национални шуми“ Зоран Ѓорѓиев. Согласно законските одредби од Законот за шумите, забрането е палење на отворен оган во шума и на земјиште во непосредна близина на шумата, на растојание најмалку од 200 метри од работ на шумата. ЈП „Национални шуми“ има обврска да презема превентивни, подготвителни и директни мерки за заштита на шумите од пожари. Ѓорѓиев додава дека нивните вработени секојдневно се на терен. По добивањето на информацијата за настанат пожар, претпријатието што стопанисува со шуми, односно посеви, веднаш на местото упатува мобилна екипа со потребните средства и опрема за почетно гаснење, средства за врски, храна и вода за сопствени потреби со задача: да го потврди постоењето на пожарот, да изврши процена за големината и развојот на пожарот и да предложи ангажирање на соодветни персонални и материјални ресурси за негово локализирање и гаснење. Ѓорѓиев најави и зголемени контроли на дрвната маса низ целата територија на државата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vovedena-delumna-zabrana-za-dvizenje-vo-shuma/feed/ 0