делување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 29 Apr 2022 11:32:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png делување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Додека Пендаровски мудрува, Џафери делува, а Заев тактизира – Битката за нов врховен командант започна https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dodeka-pendarovski-mudruva-dzaferi-deluva-a-zaev-taktizira-bitkata-za-nov-vrhoven-komandant-zapochna/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dodeka-pendarovski-mudruva-dzaferi-deluva-a-zaev-taktizira-bitkata-za-nov-vrhoven-komandant-zapochna/#respond Fri, 29 Apr 2022 11:31:15 +0000 https://kurir.mk/?p=669666

Ако целата работа биде регуларна, во 2024 година Македонија ќе има парламентарни и претседателски избори или 2 во 1. Актуелниот претседател Стево Пендаровски како стојат работите ќе сака да истрча за уште еден мандат, а според последните случувања актуелниот претседател на Собранието Талат Џафери ќе му биде еден од противниците. Нормално тука не смее да се заборави и поранешниот премиер и претседател на СДСМ, Зоран Заев, кој во моментов е притаен и само во одредени моменти се појавува во јавноста. „Pse jo“ или „Зошто да не“ беше слоганот на ДУИ на последните парламентарни избори, а се однесуваше за нивното барање за прв Албанец премиер во Македонија. Премиер до сега не добија, но затоа Артан Груби и Талат Џафери се втори луѓе во двете најмоќни институции во државата. Едниот е претседател на Собранието, а другиот како што милува да го викаат, прв вицепремиер во македонската влада. Но, да не заборавиме дека и двајцата се најблиските луѓе на Али Ахмети, само што едниот е веќе пред пензија, а другиот, помладиот, успеа да издвојува внатрепартиска победа против Бујар Османи во трката за наследник на Али Ахмети. Можат ли Албанците од едно да добијат две? Секако дека можат, се што замислиле полека го остваруваат. Побараа прв Албанец за премиер, но како тргнаа ќе добијат и прв Албанец претседател на државата. Талат Џафери е првиот Албанец министер за одбрана, првиот Албанец претседател на македонското Собрание, па оттука Pse jo да не биде и првиот Албанец претседател на Македонија, а потоа може мирно во политичка пензија. Коцките му се наместени, ПР-от му е пуштен на најјако, а со одењето во Украина, сликањето со Зеленски, нудењето на финансиска и воена помош на Украина го засенува цел државен врв во државава. Стево Пендарвоски, Димитар Ковачевски, Славјанка Петровска... може само да учат политика од Талат Џафери. Е сега Џафери има една предност пред сите овие, а тоа е дека униформата и оружјето му се добро позната работа, па така нема страв, а низ улиците на Украина прошета како вистински командант, онака гордо, а околу него имаше толку многу специјалци што за момент човек би помислил дека во Украина слетал американскиот претседател, а не Талат Џафери. Дали СДСМ може да го поддржи Талат Џафери како заеднички кандидат за претседателските избори во 2024? Секако дека и тоа е можно. СДСМ би направил се, само на следните парламентарни избори повторно да ја имаат поддршката од ДУИ, бидејќи на СДСМ им е повеќе од јасно дека на тие избори доколку настапат самостојно, ќе изгубат „како грчка“. Според сегашната ситуација, ако утре се одржат парламентарни избори СДСМ би изгубила од 3 до 5 пратеници, а доколку продолжи да ги одолговлекува таа разлика има големи шанси да се зголеми. Но, да не го заборавиме и оној „притаениот“, оној кој сега се појавува само на некакви си конференции во Турција, на конгрес на СИРИЗА во Грција и мудрува од Струмица. Наводно се пензионираше во политиката и ќе води бизнис, но како вели народот, на Заев не може да му се верува, рекол па порекол! Во Анталија беше со неговиот нов другар и екс министер за здравство Венко Филипче, а во Грција беше со видни членови на СДСМ и актуелни функционери. Зоран Заев сериозно размислува да се врати на голема врата во политиката, ни помалку ни повеќе како претседател на државата. Кој најмногу ќе изгуби од оваа битка? Ќе изгуби СДСМ. Битката за тронови ќе им го донесе можеби и најголемиот пораз во нивната историја, бидејќи ќе се најдат помеѓу три огна. ДУИ, Зоран Заев и човекот на Црвенковски, Стево Пендаровски. ДУИ ќе уценува, ако не го поддржат Талат Џафери нема да ја добијат поддршката за парламентарните избори, потоа Зоран Заев, кој се уште владее со партијата и на крај оној кој им приреди „нокаут“ на локалните избори, Бранко Црвенковски. СДСМ во целиот свој мандат покажа дека нема капацитет да владее и да носи важни одлуки. А кога тоа ќе го направи, настанува вистински хаос, а штетата ја трпат граѓаните. ПС: На следните парламентарни избори ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, а како сега стојат работите тоа ќе се случи и на претседателските! ППС: Она за кое велевте дека е режим, го надоградивте и усовршивте, падот ќе ви биде болен, а опоравувањето долго и мачно!!!   Ристе Здравков]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dodeka-pendarovski-mudruva-dzaferi-deluva-a-zaev-taktizira-bitkata-za-nov-vrhoven-komandant-zapochna/feed/ 0
Зошто ефектот на кафето кај некои луѓе делува, а кај други не? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zoshto-efektot-na-kafeto-kaj-nekoi-lugje-deluva-a-kaj-drugi-ne/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zoshto-efektot-na-kafeto-kaj-nekoi-lugje-deluva-a-kaj-drugi-ne/#respond Sun, 26 Jul 2020 20:35:58 +0000 https://kurir.mk/?p=381285

Сигурно сте забележале дека додека кај едни луѓе кафето има инстантен разбудувачки ефект, други можат да го испијат непосредно пред спиење и воопшто да не се рассонат. Се работи за варијација на генот PDSS2, која едни луѓе ја имаат, а други не. Токму овој ген влијае врз тоа како телото ќе го разгради кофеинот и колку време ќе го задржи во организмот. Ова истражување е спроведено во Италија на околу 1000 лица и во Холандија, каде учествувале 1700 испитаници. Кај оние кои ја имале едната варијација, кофеинот се задржувал подолго во телото и тие немале потреба да испијат уште едно кафе во следните неколку часа. Но, ова не значи дека ако не ви влијае врз спиењето, можете да го употребувате кафето во неограничени количини. Сепак не заборавајте дека тоа може да има ефекти врз целокупното здравје и дека претерување никако не е препорачливо.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zoshto-efektot-na-kafeto-kaj-nekoi-lugje-deluva-a-kaj-drugi-ne/feed/ 0