демарш – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 18 Jul 2022 15:39:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png демарш – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Грција достави демарш и до Украина за ненавременото информирање за видот на товарот што го пренесувал авионот што се урна во Кавала https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-dostavi-demarsh-i-do-ukraina-za-nenavremenoto-informiranje-za-vidot-na-tovarot-shto-go-prenesuval-avionot-shto-se-urna-vo-kavala/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-dostavi-demarsh-i-do-ukraina-za-nenavremenoto-informiranje-za-vidot-na-tovarot-shto-go-prenesuval-avionot-shto-se-urna-vo-kavala/#respond Mon, 18 Jul 2022 15:39:10 +0000 https://kurir.mk/?p=707060

За недостигот на информации и за потребата грчката страна однапред да била информирана за видот на товарот што го пренесувал украинскиот авион што се урна во близина на Кавала, Грција, освен до Србија, достави демарш и до Украина , јави дописничката на МИА од Атина. Според грчки дипломатски извори, по наредба на министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас, генералниот секретар во грчкото МНР Темистоклис Демирис доставил демарш до украинскиот амбасадор во Атина „во врска со потребата грчката страна претходно да била информирана за видот на товарот во украинскиот авион што се урна во близина на Кавала во сабота вечер“. Од истите причини, утрово беше најавено дека по наредба на Дендиас, амбасадорот на Грција во Белград ќе достави демарш. Украинскиот карго авионот Антонов-12, што пренесуваше 11,5 тони муниција од Србија наменета за Бангладеш,се урна во саботата еден час пред полноќ западно од грчкиот град Кавала, а загинаа сите осум членови на екипажот, државјани на Украина. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-dostavi-demarsh-i-do-ukraina-za-nenavremenoto-informiranje-za-vidot-na-tovarot-shto-go-prenesuval-avionot-shto-se-urna-vo-kavala/feed/ 0
Демарш од Грција до Иран за насилна окупација на бродови под грчко знаме во Персискиот залив https://arhiva.kurir.mk/svet/region/demarsh-od-grcija-do-iran-za-nasilna-okupacija-na-brodovi-pod-grchko-zname-vo-persiskiot-zaliv/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/demarsh-od-grcija-do-iran-za-nasilna-okupacija-na-brodovi-pod-grchko-zname-vo-persiskiot-zaliv/#respond Fri, 27 May 2022 18:04:14 +0000 https://kurir.mk/?p=682686

Министерството за надворешни работи на Грција упати демарш до Иран и ги повикува грчките граѓани да избегнуваат патувања во конкретната земја, откако два брода што пловат под грчко знаме биле „насилно окупирани во Персискиот залив“, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчкото МНР соопштија дека хеликоптер на иранската воена морнарица слетал на танкерот „Делта Посејдон“ што плови под грчко знаме додека бил во меѓународни води во Персискиот залив, 22 наутички милји од брегот на Иран и вооружени лица го заробиле екипажот на бродот, меѓу кои и двајца грчки државјани. Дополнително, во близина на иранскиот брег, сличен инцидент имало и на друг брод, исто така под грчко знаме, на кој има седум грчки државјани. Министерството за надворешни работи на Грција коментира дека конкретните постапки „во суштина се еднакви на пиратерски дела“. По наредба на шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас, Генералниот секретар во Министерството Темистоклис Демирис „изразил силен демарш до иранскиот амбасадор во Атина“. -Генералниот секретар најостро ги осуди овие дела, кои се спротивни на основните правила на меѓународното право и меѓународната пловидба. Повика на итно ослободување на бродовите и нивните екипажи. Исто така, нагласи дека овие постапки ќе имаат особено негативно влијание врз билатералните односи, како и врз односите ЕУ- Иран, соопштија од грчкото МНР. Додаваат дека веќе биле известени Европската служба за надворешни активности, Меѓународната поморска организација, како и сојузниците и партнерите на Грција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/demarsh-od-grcija-do-iran-za-nasilna-okupacija-na-brodovi-pod-grchko-zname-vo-persiskiot-zaliv/feed/ 0
Демарш од Атина до Анкара за француски истражувачки брод https://arhiva.kurir.mk/svet/region/demarsh-od-atina-do-ankara-za-francuski-istrazuvachki-brod/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/demarsh-od-atina-do-ankara-za-francuski-istrazuvachki-brod/#respond Wed, 21 Apr 2021 13:37:37 +0000 https://kurir.mk/?p=500407

Грчката амбасада во Анкара испратила демарш до турската страна во врска со францускиот истражувачки брод што плови по издадена Навтекс од Грција, објавија грчките медиуми повикувајќи се на дипломатски извори, јави дописничката на МИА од Атина. Медиумите во Грција коментираат дека поради францускиот брод, што врши истражувања југоисточно од Крит во морскиот дел од грчко- египетскиот договор, предизвикало тензии меѓу Грција и Турција, а Анкара, веднаш по грчката Навтекс издала анти-Навтекс и испратила фрегата во поширокиот регион. Портпаролот на грчкото МНР Александрос Папајоану вчера коментираше дека конкретната навигациска информација (Навтекс) била издадена од Грција, бидејќи конкретниот регион е во грчка надлежност.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/demarsh-od-atina-do-ankara-za-francuski-istrazuvachki-brod/feed/ 0
Бугарија упати демарш до МНР поради запалено бугарско знаме во Вевчани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarija-upati-demarsh-do-mnr-poradi-zapaleno-bugarsko-zname-vo-vevchani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarija-upati-demarsh-do-mnr-poradi-zapaleno-bugarsko-zname-vo-vevchani/#respond Fri, 15 Jan 2021 07:12:27 +0000 https://kurir.mk/?p=455532

Бугарскиот амбасадор во земјава Ангел Ангелов упатил остра вербална нота до македонското Министерство за надворешни работи по информациите дека е запалено бугарско знаме на Вевчанскиот карневал. Информацијата на својот Фејсбук профил ја сподели бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева. – По повод информациите за запалено бугарско знаме во селото Вевчани во Република Северна Македонија му порачав на бугарскиот амбасадор во Скопје да го искаже пред Владата на Република Северна Македонија, нашето силно несогласување со овој вандалски чин. Амбасадорот Ангелов веќе упати остар вебрален демарш во Министерството за надворешни работи на РСМ, напиша Захарева на Фејсбук.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarija-upati-demarsh-do-mnr-poradi-zapaleno-bugarsko-zname-vo-vevchani/feed/ 0
Демарш од грчкото МНР до албанската амбасадорка во Атина за убиството во Албанија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/demarsh-od-grchkoto-mnr-do-albanskata-ambasadorka-vo-atina-za-ubistvoto-vo-albanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/demarsh-od-grchkoto-mnr-do-albanskata-ambasadorka-vo-atina-za-ubistvoto-vo-albanija/#respond Mon, 29 Oct 2018 14:08:02 +0000 https://kurir.mk/?p=120894

Министерството за надворешни работи на Грција ја повика амбасадорката на Албанија во Атина, во попладневните часови, за да и достави демарш за вчерашното убиство на етнички Грк во Албанија, објавија денеска грчките медиуми. Како што вчера објави МИА, 35 годишниот Константинос Кацифас беше убиен во престрелка со албанската полиција, а реагираше и грчкото МНР.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/demarsh-od-grchkoto-mnr-do-albanskata-ambasadorka-vo-atina-za-ubistvoto-vo-albanija/feed/ 0