деминирање – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 03 Nov 2022 07:27:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png деминирање – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Експерти за деминирање од Камбоџа ќе обучуваат Украинци https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eksperti-za-deminiranje-od-kambodza-kje-obuchuvaat-ukrainci/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eksperti-za-deminiranje-od-kambodza-kje-obuchuvaat-ukrainci/#respond Thu, 03 Nov 2022 07:27:16 +0000 https://kurir.mk/?p=754950

Експерти за деминирање од Камбоџа ќе обучуваат украински воени инженери. Премиерот на Камбоџа, Хун Сен информираше дека ќе испрати специјалци во Украина во соработка со Јапонија. Генералниот директор на Центарот за деминирање на Камбоџа, Хенг Ратана појасни дека неговата агенција ќе ја испрати првата група во Украина во почетокот на декември, а втората може да биде испратена во првиот квартал од 2023 година. Камбоџа во светот е позната како една од земјите со најмногу мини, по речиси 30 години војна што заврши во 1998 година. Оттогаш се пронајдени и уништени голем број мини, како и други неексплодирани средства, што значително го намали бројот на жртви.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eksperti-za-deminiranje-od-kambodza-kje-obuchuvaat-ukrainci/feed/ 0
Американска помош од 89 милиони долари за деминирање на експлозивни направи во Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanska-pomosh-od-89-milioni-dolari-za-deminiranje-na-eksplozivni-napravi-vo-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanska-pomosh-od-89-milioni-dolari-za-deminiranje-na-eksplozivni-napravi-vo-ukraina/#respond Tue, 09 Aug 2022 19:40:53 +0000 https://kurir.mk/?p=716244

САД доделија 89 милиони долари итна хуманитарна помош за Украина за справување со предизвиците од експлозивните направи на нејзина територија „создадени од бруталната војна на агресија на Русија“, соопштија денеска од Стејт департментот. – Руската неиспровоцирана и незаконска инвазија на Украина контаминира огромни делови од земјата со мини, неексплодирана муниција и импровзиирани експлозивни направи. Гротескната употреба на имровизирани експлозивни направи од страна на руски актери може да се спореди само сличните акти на Исламската држава во Сирија, се наведува во соопштението. Исто така се додава дека експлозивниот материјал блокира пристап до фармите, ги одолговлекува напорите за реконструкција и не им дозволува на раселените лица да се вратат во своите домови. Владата на Украина оценува дека отприлика 160.000 квадратни километри територија може да е контаминирана со вакви експлозивни направи. Парита од американската Влада ќе помогнат во ангажман на 100 тимови за деминирање и за помош и тренинг на украински проекти за деминирање и уништување на експлозивна муниција. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanska-pomosh-od-89-milioni-dolari-za-deminiranje-na-eksplozivni-napravi-vo-ukraina/feed/ 0