демир капија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 01 Nov 2023 08:19:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png демир капија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „СДС и Лазар Петров ја оставија Демир Капија без прeчистителна станица, кратат на асфалт и материјали кај стигнат“ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/sds-i-lazar-petrov-ja-ostavija-demir-kapija-bez-prechistitelna-stanitsa-kratat-na-asfalt-i-materijali-kaj-stignat/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/sds-i-lazar-petrov-ja-ostavija-demir-kapija-bez-prechistitelna-stanitsa-kratat-na-asfalt-i-materijali-kaj-stignat/#respond Wed, 01 Nov 2023 08:19:05 +0000 https://kurir.mk/?p=895194

СДС и Лазар Петров ја оставија Демир Капија без прeчистителна станица, кратат на асфалт и материјали кај стигнат, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ. „СДС ја ветуваше прeчистителната станица во Демир Капија како едно од главните ветувања, неколку години подоцна ни трага ни глас. Демир Капија е лоцирана во непосредна близина на прометниот коридор 10, и со години СДС ветува автобуска станица, и никако да исполни, лага до лага. Не само што не можат да ги исполнат крупните ветувања, не можат да реализираат ниту одбележување на пешачки премини како што треба, па дури и сообраќајните знаци низ градот не се соодветно поставени. СДС и Петров ветија изградба на на спортско игралиште во Демир Капија, и не исполнија“, велат од партијата. Од таму додаваат дека Демир Капија со СДС и градоначалникот Петров тоне. Нема проекти, нема иднина за граѓаните, но затоа роднините на функционерите профитираат на се. Наместо да реализира некој проект, директорката на основното училиште поставена од СДС и Петров дала на сопствениот сопруг да постави кафемат во училиштето со кое раководи, тоа е СДС да профитираат секаде каде можат, па и на кафемати во училишта.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/sds-i-lazar-petrov-ja-ostavija-demir-kapija-bez-prechistitelna-stanitsa-kratat-na-asfalt-i-materijali-kaj-stignat/feed/ 0
Притворено 36 годишно лице од Демир Капија, сопругата го пријавила за физички напад https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pritvoreno-36-godishno-litse-od-demir-kapija-soprugata-go-prijavila-za-fizichki-napad/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pritvoreno-36-godishno-litse-od-demir-kapija-soprugata-go-prijavila-za-fizichki-napad/#respond Sun, 17 Sep 2023 16:33:45 +0000 https://kurir.mk/?p=878840

Полициските службеници од СВР Велес вчера лишиле од слобода 36-годишно лице од Демир Капија, откако сопругата го пријавила за физички напад, известуваат од Министерство за внатрешни работи. -На 16.09.2023 во 18.30 часот во Демир Капија од полициски службеници од СВР Велес е лишен од слобода С.П.(36) од Демир Капија, затоа што, според пријавеното, околу 17.00 часот во семејниот дом во Демир Капија физички ја нападнал неговата сопруга, велат од МВР. Оттаму информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pritvoreno-36-godishno-litse-od-demir-kapija-soprugata-go-prijavila-za-fizichki-napad/feed/ 0
Традиционален панаѓур во Демир Капија https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/traditsionalen-panagur-vo-demir-kapija/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/traditsionalen-panagur-vo-demir-kapija/#respond Mon, 28 Aug 2023 11:14:11 +0000 https://kurir.mk/?p=871704

Традиционален панаѓур се реализира денеска во Демир Капија, во чест на православниот христијански празник Успение на Пресвета Богородица - Голема Богородица. - Бројните трговци и излагачи на најразлични видови производи, детските реквизити што се поставени во центарот на градот, како и околните ресторани и винарии, со добрата музика, храна и вино, ќе го исполнат сечиј ден со задоволство и забава за сечиј вкус, информираа од демиркаписката локална самоуправа. Оттаму ги повикаа сите кои сакаат незаборавни доживувања, да ја посетат Демир Капија и да уживаат во демиркаписките атрактивни убавини, природни богатства за љубителите на различен вид туризам.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/traditsionalen-panagur-vo-demir-kapija/feed/ 0
Пожар кај Демир Капија, во гасењето се вклучува полициски хеликоптер https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pozhar-kaj-demir-kapija-vo-gaseneto-se-vkluchuva-politsiski-helikopter/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pozhar-kaj-demir-kapija-vo-gaseneto-se-vkluchuva-politsiski-helikopter/#respond Sat, 29 Jul 2023 18:21:52 +0000 https://kurir.mk/?p=861539

Покрај пожарот во Неготино каде што гори “Гоцева шума“, попладнево изби уште еден пожар во Тиквешко – на територијата на општина Демир Капија. За гаснење на тамошниот пожар, ќе се вклучи и хеликоптер на МВР. „Поради олеснување на воспоставувањето на контрола врз шумскиот пожар во месноста наречена Мал Раковец во општината Демир Капија, за дваесетина минути ќе дејствува еден полициски хеликоптер со ведро од три тона“, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК) Кај Неготино во гаснењето на пожарот се вклучи авион на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). „Авионот ’Ер трактор‘ на ДЗС полетал и ја погодил со вода токму локацијата со пожар каде што требало, согласно наведувањето од противпожарните сили од земја. Пожарот почнал да се контролира иако сè уште дувало променлив ветар. Со вториот налет најверојатно ќе биде локализиран и совладан и од противпожарните сили кои дејствуваат од земја“, информираат од ЦУК. Шумата што гори кај Неготино била подигната есента во 1972 година, во чест на 100-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев и оттаму ипотекнува името Гоцева шума. Пошумувањето на спомен-шумата било државен проект на Инвестицискиот фонд за пошумување на голините. Пошумени биле околу 350 хектари површина со зимзелени и листопадни дрвја, како црн бор, маслинка, чемпрес, кедар. Ова не е првпат да гори дел од Гоцевата шума. Пожар имаше и во август 2016 година кога изгореа околу 30 хектари борови дрвја, трева и меѓи, а беа зафатени и лозови насади.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pozhar-kaj-demir-kapija-vo-gaseneto-se-vkluchuva-politsiski-helikopter/feed/ 0
Од утре до 20 јули затворена за сообраќај делницата Демир Капија – Давидово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-do-20-juli-zatvorena-za-soobrakaj-delnitsata-demir-kapija-davidovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-do-20-juli-zatvorena-za-soobrakaj-delnitsata-demir-kapija-davidovo/#respond Wed, 05 Jul 2023 06:24:52 +0000 https://kurir.mk/?p=852809

Од утре до 20 јули ќе биде затворена за сообраќај делницата Демир Капија - Давидово, во периодот од 10:00 до 16:00 часот. Како што соопшти АМСМ, делницата ќе биде затворена за сообраќај поради асфалтирање. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-do-20-juli-zatvorena-za-soobrakaj-delnitsata-demir-kapija-davidovo/feed/ 0
Убиство и самоубиство во Македонија: Обвинителството врши увид, ова се познатите детали https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ubistvo-i-samoubistvo-vo-makedonija-obvinitelstvoto-vrshi-uvid-ova-se-poznatite-detali/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ubistvo-i-samoubistvo-vo-makedonija-obvinitelstvoto-vrshi-uvid-ova-se-poznatite-detali/#respond Tue, 16 May 2023 08:56:31 +0000 https://kurir.mk/?p=834684

Убиство и самоубиство се случило утринава во Демир Капија, ваквата вест ја потресе демиркаписката, но и јавноста во Тиквешијата. Видно потресен, градоначалникот на Демир Капија, Лазар Петров потврди за  МИА дека се случил немил настан, но не знаеше да каже детали за случајот. Изрази жалење и очекува истрагата да покаже што точно се случило. ОЈО Кавадарци се уште врши увид на лице место во зграда во која се пронајдени тела на две починати лица. -Се преземаат дејствија за испитување на настанот, информираа од Јавното обвинителство за МИА во врска со убиството и самоубиството. Неофицијално, повозрасен човек над 64 години, пукал во соседот што живеел над него во зграда, на возраст од околу 34 години, па се самоубил. Наводно, причината била претходна расправија. МИА се обрати и до МВР и се очекува официјална информација од нив во текот на денот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ubistvo-i-samoubistvo-vo-makedonija-obvinitelstvoto-vrshi-uvid-ova-se-poznatite-detali/feed/ 0
Утре целосно затворен автопатот А1 кај клучката Демир Капија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-tselosno-zatvoren-avtopatot-a1-kaj-kluchkata-demir-kapija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-tselosno-zatvoren-avtopatot-a1-kaj-kluchkata-demir-kapija/#respond Tue, 25 Apr 2023 17:20:26 +0000 https://kurir.mk/?p=827510

Од утре почнуваат градежни активности на Државен пат А1, од Демир Капија кон Неготино, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај со целосно затворање на автопатот на клучката Демир Капија. Сообраќајот ќе биде пренасочен на Регионалниот пат Р1102, соопшти АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-tselosno-zatvoren-avtopatot-a1-kaj-kluchkata-demir-kapija/feed/ 0
Кај Демир Капија во патничко возило откриени 14 мигранти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/kaj-demir-kapija-vo-patnichko-vozilo-otkrieni-14-migranti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/kaj-demir-kapija-vo-patnichko-vozilo-otkrieni-14-migranti/#respond Thu, 29 Sep 2022 14:47:21 +0000 https://kurir.mk/?p=739107

На 29.09.2022 во 00.30 часот на автопатот А1, кај клучка Демир Капија, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово дале знак за запирање на патничко возило „форд транзит“, со скопски регистарски ознаки, кои биле украдени, но возилото не застанало и продолжило со движење. Набргу, возилото било сопрено, а возачот го напуштил местото. При преглед во возилото биле пронајдени 14 лица мигранти од Сирија, кои биле спроведени во Прифатно-транзитниот центар во Гевгелија за понатамошна постапка. Увид извршила екипа од Полициската станица Неготино, а за настанот бил известен Јавен обвинител. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/kaj-demir-kapija-vo-patnichko-vozilo-otkrieni-14-migranti/feed/ 0
Вкупно 25 пријави за семејно насилство за шест месеци во Кавадарци, Неготино, Росоман и Демир Капија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vkupno-25-prijavi-za-semejno-nasilstvo-za-shest-meseci-vo-kavadarci-negotino-rosoman-i-demir-kapija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vkupno-25-prijavi-za-semejno-nasilstvo-za-shest-meseci-vo-kavadarci-negotino-rosoman-i-demir-kapija/#respond Mon, 08 Aug 2022 12:29:28 +0000 https://kurir.mk/?p=715643

Вкупно 25 пријави за семејно насилство има за шест месеци во општините Кавадарци, Неготино, Росоман и Демир Капија. Ова го соопшти денеска за МИА, Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес. -СВР Велес ве известува дека бројот на пријави од граѓани по основ на семејно насилство во периодот од 01.01.2022 година до 30.06.2022 година, за територијата на Кавадарци и Росоман изнесува вкупно 15, додека за територијата на Неготино и Демир Капија – вкупно 10, одговори Самарџиев на новинарско прашање од МИА. Споредено со периодот од 1 јануари до 30 јуни минатата година, забележан бил тренд на намалување, бројот на пријави од граѓани во посочениот период за територијата на Кавадарци и Росоман изнесувал 18, а за Неготино и Демир Капија – 16. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vkupno-25-prijavi-za-semejno-nasilstvo-za-shest-meseci-vo-kavadarci-negotino-rosoman-i-demir-kapija/feed/ 0
Отворен првиот меѓународен театарски фестивал ,,Без рамка” во Демир Капија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/otvoren-prviot-megjunaroden-teatarski-festival-bez-ramka-vo-demir-kapija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/otvoren-prviot-megjunaroden-teatarski-festival-bez-ramka-vo-demir-kapija/#respond Thu, 28 Jul 2022 07:02:47 +0000 https://kurir.mk/?p=711145

Со претставата ,,Умри машки” на демиркапискиот аматерски театар ,,Мирка Гинова”, синоќа во Демир Капија беше отворен првиот меѓународен театарски фестивал ,,Без рамка”. Како што беше кажано, фестивалот е отворен за професионални и аматерски театри. -Демир Капија веќе шеесет години ја негува театарската уметност и нашите актери го прават тоа најпрофесионално што можат, рече демиркапискиот градоначалник Лазар Петров, нагласувајќи дека Општината ги поддржува ваквите и слични настани кои го подигнуваат животот во Демир Капија на едно повисоко ниво. Тој рече дека шест децении, колку што всушност и постои демиркапискиот театар, се сонувало за една ваква манифестација и конечно сонот се остварува. Претставата ,,Умри машки” во режија на Томе Атанасов, доби награда на два фестивала. Актерката Кристина Николовска беше наградена за најдобра главна женска улога. Фестивалот што ќе трае неколку дена, го сочинуваат осум театарски претстави, ќе се претстават театри од земјава и странство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/otvoren-prviot-megjunaroden-teatarski-festival-bez-ramka-vo-demir-kapija/feed/ 0