демографија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 02 Oct 2023 18:19:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png демографија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ѓорчев: Ни се случува демографска катастрофа, нема човек кој не размислува да се исели https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gorchev-ni-se-sluchuva-demografska-katastrofa-nema-chovek-koj-ne-razmisluva-da-se-iseli/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gorchev-ni-se-sluchuva-demografska-katastrofa-nema-chovek-koj-ne-razmisluva-da-se-iseli/#respond Mon, 02 Oct 2023 18:19:56 +0000 https://kurir.mk/?p=884374

Ни се случува демографска катастрофа каква што Македонија наназад 100 или 200 години немала. Од Македонија секогаш имало иселување, печалбарство, имавме економска миграција, но ова што го имаме од 2017 година наваму откако дојде оваа влада, нам не ни се случува иселување, туку буквално егзодус, изјави Влатко Ѓорчев член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ за Тема на денот во дневникот на МТВ. тој истакна дека сите можни индиктатори како и бројот на ученици ни го кажуваат тоа, никогаш не било полошо. - Причините се јасни, имаме катастрофална и најлоша влада во историјата, нема Македонец што не е потиштен. Нема економска катастрофа која не ни се случила, во здравството секогаш имало проблеми, но како на Онкологија ни се нема случено. Докторите немаат основни материјали, нема терапија за дијабетичари ваква катастрофа никогаш немало, изјави Ѓорчев. Тој посочи дека ако ги гледаме бројките од 2016 кога СДС викаа дека малку се 23000 новородени, до тоа да минатата година имаме 18.000 родени бебиња, односно 5.000 бебиња е паднат бројот. Ако ја погледнете статистиката од 2016 со 2023 прв квартал, бројот на новородени деца е паднат 40%. Нема земја во светот што има таков пад, рече тој. Ѓорчев потенцираше дека катастрофата се гледа по образованието, децата немаат учебници, минатата учебна година некои до крај не добија, од компјутер за секое дете сега се молиме за учебници. - Ние немаме доволно доктори, ученици, работници, немаме доволно луѓе да работат во било кој сектор, стануваме територија без население, ова засега се и треба да биде во главните теми. Истовремено претседателот, премиерот и министрите со прст не мрднуваат. Имплодира државата, власта не мрда за главната тема, нема семејство кое не размислува да се исели. Секогаш во Македонија имало повеќе родени од умрени, а сега е обратно. Тоа значи дека имаме антисемејни политики, дека стануваме неуспешна држава, рече Ѓорчев. Тој нагласи дека ако сакаме Македонија да преживее мораме да ставиме крај на оваа власт која ни ја пустоши државата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gorchev-ni-se-sluchuva-demografska-katastrofa-nema-chovek-koj-ne-razmisluva-da-se-iseli/feed/ 0
Српско министерство: Државата се соочува со исклучително тешка демографска слика https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpsko-ministerstvo-drzavata-se-soochuva-so-iskluchitelno-teshka-demografska-slika/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpsko-ministerstvo-drzavata-se-soochuva-so-iskluchitelno-teshka-demografska-slika/#respond Sun, 10 Jul 2022 11:56:06 +0000 https://kurir.mk/?p=702837

Српското Министерството за семејна грижа и демографија денеска оцени дека Србија се соочува со „исклучително тешка демографска слика“ и факт дека бројот на жители паднал под седум милиони. „Бројот на починати се зголемува во однос на родените, а само минатата година нашата држава загуби над 74.000 жители, што е град со големина на Зрењанин“, соопшти Министерството по повод Светскиот ден на населението, пренесе Бета. Бројките за првите шест месеци од годинава покажуваат дека 2022 година, како што наведуваат од министерството, ќе биде уште потешка кога станува збор за демографската слика на Србија. Тие објаснија дека тие статистики многу се совпаѓаат со оние на најбогатите земји во Европа, од кои ниту една немала стапка на родени од 2,1, што се смета за ниво на едноставна репродукција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpsko-ministerstvo-drzavata-se-soochuva-so-iskluchitelno-teshka-demografska-slika/feed/ 0
Македонија се соочува со неповолни демографски трендови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-se-soochuva-so-nepovolni-demografski-trendovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-se-soochuva-so-nepovolni-demografski-trendovi/#respond Fri, 20 May 2022 10:21:35 +0000 https://kurir.mk/?p=679458

Актуелните демографски трендови во РС Македонија не се поволни. Државата се соочува со негативни демографски движења и тоа се манифестира со пораст на емиграцијата во странство, рече ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза” во Скопје, Изет Зеќири, на Меѓународната конференција за миграцијата насловена „Луѓе во движење, државјанство, идентитет и развој“. Според ректорот Зеќири, демографскиот потенцијал на една држава е главниот предуслов за развој и креирање на какви било политики и проектирање на иден економски, политички, образовен, здравствен и друг развој. Тој посочи и дека населението е еден од најважните фактори на општеството, на економскиот развој на секоја земја. Населението како што истакна ректорот има големо значење за обемот, структурата и развојот не само на производството туку и на целокупната општествена економска активност на една земја. – Денеска во Северна Македонија има краеви во кои возрасната група над 65 години и повеќе учествува со над 20 проценти на вкупното население, а младото население до 20 проценти што е алармантна ситуација. Во областа на економијата стареењето влијае врз економскиот раст, штедењето, инвестициите, производството, работната сила, пензиите, даноците. Во социјална смисла стареењето влијае и врз структурата на семејството и уредување на животот, побарувачката на домаќинствата, миграциските трендови, епидемиологијата и здравствената заштита, рече Зеќири. На конференција се обрати и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, која истакна дека преку подобрување на условите за странски работници и поедноставување на законските процедури, државата придонесува во намалувањето на дефицитот на работна сила – Во контекст на нашата држава според статистика на ОН се проценува дека во периодот меѓу 1990 и 2019 година, повеќе од 200.000 Македонци заминале во странство за подобар живот, со што вкупното иселување достигна неверојатни 32% од вкупното население, посочи министерката. Според Тренчевска, пазарот на труд во државата функционираше сосема добро во минатата деценија. – Иако стапката на учество бавно растеше, стапките на вработеност и невработеност покажаа значајни подобрувања. Стапката на вработеност (15-64) порасна од 44% во 2011 година на 54,7% во 2019 година, додека стапката на невработеност (15-64) опадна од 31,9% на 17,5% во истиот период. Младите, кои се соочуваа со разни пречки на пазарот на труд, сега се соочуваат со поповолни услови, кои сепак се далеку од условите што постојат во ЕУ-27. Стапката на невработеност на младите опадна од 55,5% во 2010 година на 35,8% во 2019 година, рече Тренчевска. Заменик министерот за образование и наука Љулзим Алиу, кажа дека стратешка цел на Владата и на Министерството за образование и наука е преку инвестиции во квалитетно образование да поттикнеме побрз, поинклузивен и поодржлив економски раст. Искуствата од развиените земји кон кои се стремиме, според Алиу покажуваат дека квалитетното образование ги зголемува примањата во текот на животот и е едно од трите клучни сегменти, заедно со здравството и социјалната заштита, кои влијаат на квалитетот на живот, а со тоа и го намалуваат одливот на мозоци. За да се обезбеди квалитетно образование, споредливо со она од земјите со докажани образовни системи, се одвива темелна реформа на деветтолетката која, како што посочи заменик министерот, има за цел учениците во текот на основното образование да стекнат вештини за критичко размислување и решавање проблеми. – Инвестиции во образованието и создавање стручен кадар кој е брзо вработлив, се клучни барања што ги слушаме од младите. Затоа правиме промени и во средното стручно образование кои овозможуваат изучување на струки кои ги бараат компаниите. Преку учење низ практична работа во реални производствени услови, им овозможуваме на младите луѓе да стекнат компетенции, знаења и вештини кои ги прават поконкурентни на пазарот на труд, но исто така овозможуваат проодност кон универзитетите, рече Алиу. Конференцијата е организирана во партнерство со Универзитетот во Сасари-Италија, Универзитетот во Приштина-Косово, Универзитетот „Свети Апостол Павле“ од Охрид и невладината организација „Легис“ од Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-se-soochuva-so-nepovolni-demografski-trendovi/feed/ 0
Грчката Влада презема сет мерки за справување со демографскиот проблем https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-vlada-prezema-set-merki-za-spravuvanje-so-demografskiot-problem/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-vlada-prezema-set-merki-za-spravuvanje-so-demografskiot-problem/#respond Mon, 05 Aug 2019 09:12:47 +0000 https://kurir.mk/?p=226484

Додаток од 2.000 евра за секое новороденче, заштита од отпуштање од работа од 24 месеци по породувањето, воведување анонимно породување за намалување на бројот на напуштања на новороденчиња, се дел од мерките што ќе ги преземе грчката Влада за справување со демографскиот проблем и поддршка и зајакнување на семејството, наведува грчкиот весник „Real news“, jави дописничката на МИА од Атина. Весникот пишува дека грчкото Министерство за труд подготвува 14 мерки, меѓу кои и додаток од 2.000 евра за новите родители од јануари 2020 година. Министерот за труд, Јанис Вруцис и заменик министерката за социјална солидарност Домна Михаилиду ќе обезбедат 180 милиони евра за новиот додаток што ќе се подели на околу 90 илјади мајки, со исклучок на оние кои имаат високи месечни примања. -Ако итно не се преземат мерки за стопирање на ниската стапка на наталитет, до 2050 година, населението во Грција ќе се движи помеѓу 8,3 и 10 милиони, со просечна возраст 47-50 години, додека луѓето над 65 години ќе бидат 30-33 отсто од населението, според научниот извештај вклучен во парламентарната комисија за демографијата. До крајот на следните 20 години, во 2035 година, населението во Грција ќе се движи од 9,5 до 10,4 милиони, пишува „Real news“ и додава дека Грција има најголем број абортуси во Европа и е трета во светот со околу 250 илјади абортуси годишно. Меѓу 14-те мерки што ќе ги преземе грчката Влада, според весникот се и: доделување стипендии за нови мајки кои се студентки, можност за избор кога ќе се искористи породилното отсуство, за родителите кои нема да најдат место за нивното дете во државна градинка, ќе се доделуваат купони од 180 евра за 10 месеци, продолжување на работното време на градинките, воведување статус доверливо, односно анонимно породување за да се елиминираат случаи на опасни породувања и напуштања на новороденчиња, преземање иницијативи за ограничување на несаканите бремености преку сексуално образование и информирање за начините на контрацепција, зголемување, од 18 на 24 месеци, на заштитата од отпуштање по породувањето. -Не само што нема да укинеме ниту еден од постоечките додатоци, туку ќе ги зајакнеме. Заедно со моите соработници во министерството вложуваме максимални напори за да го поддржиме грчкото семејство кое во последните години претрпе огромни оптоварувања, вели за „Real news“ заменик министерката за социјала Домна Михаилиду.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-vlada-prezema-set-merki-za-spravuvanje-so-demografskiot-problem/feed/ 0