демографска криза – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 12 Dec 2019 09:29:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png демографска криза – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Павлопулос: Демографската криза во Грција е национален проблем https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pavlopulos-demografskata-kriza-vo-grcija-e-nacionalen-problem/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pavlopulos-demografskata-kriza-vo-grcija-e-nacionalen-problem/#respond Thu, 12 Dec 2019 09:29:04 +0000 https://kurir.mk/?p=276475

Демографскиот проблем на Грција, потенцирам дека буквално, претставува национален проблем, истакна грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, говорејќи на конференција на „Економист“ на тема „Демографската криза во Грција“, јави дописничката на МИА од Атина. Павлопулос истакна дека Грција, за жал се наоѓа на врвот од демографскиот проблем пред сѐ поради ниската стапка на наталитет, но и поради миграцијата на младите Грци во западните земји, а се осврна и на проценките дека до 2050 населението на земјата може да се намали на 10, па дури и на 8,3 милиони. – Индикативно е дека индексот за фертилитет по 1981 година забележува континуирано опаѓање. А на веќе постоечката ниска стапка на наталитет, во годините по длабоката економска криза, се додаваа и миграцијата на стотици илјади млади Грци, особено во земјите од западниот свет, за пронаоѓање на поповолни услови за живот и за личен развој. Немилосрдните бројки покажуваат дека меѓу 2011 и 2015 година населението на Грција се намалило од 11,2 на 10,8 милиони. Исто така, очевидно лошите прогнози за нашите демографски разврски доведуваат до проценка дека до 2050 година, вкупното население на Грција дополнително ќе се намали и ќе стигне на 10, па дури и на 8,3 милиони, нагласи Павлопулос. Претседателот на Грција истакна дека проблемот треба да се реши во соработка со останатите членки на Европската унија што се соочуваат со истата реалност, но и дека земјата потребно е да создаде своја национална демографска политика.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pavlopulos-demografskata-kriza-vo-grcija-e-nacionalen-problem/feed/ 0