Демократи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 09 Nov 2022 08:55:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Демократи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Демократите го освоија потенцијално одлучувачкото место во Пенсилванија за контрола на Сенатот на САД https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/demokratite-go-osvoija-potencijalno-odluchuvachkoto-mesto-vo-pensilvanija-za-kontrola-na-senatot-na-sad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/demokratite-go-osvoija-potencijalno-odluchuvachkoto-mesto-vo-pensilvanija-za-kontrola-na-senatot-na-sad/#respond Wed, 09 Nov 2022 08:55:45 +0000 https://kurir.mk/?p=757794

Демократите изутринава го освоија потенцијалното одлучувачко место  во сојузната држава Пенсилванија, за контрола врз Сенатот, каде Џон Фетерман го победи следбеникот на Доналд Трамп, д-р Мехмет Оз, јавија телевизиските канали Фокс њуз и Ен-би-си. Човекот кој доживеа мозочен удар во мај, Фетерман се натпреваруваше за место во Сенатот со суперѕвездата Мехмет Оз, најследената личност од страна на јавноста на овие меѓуизбори. -Се обложивме на жителите на Пенсилванија и не нè изневеривте. Ниту јас нема да ве изневерам вас, се заблагодари Фетерман по победата. Белата куќа објави дека американскиот претседател Џо Бајден му испратил порака каде му честита на Фетерман. -Горд сум што се боревме за заштита на правото на жените на избор, појасни Фетерман, мислејќи на правото на абортус што се најде во центарот на кампањата во источната сојузна држава, една од неколкуте каде граѓаните понекогаш гласаат за демократи, другпат избираат републиканци. Изминатите недели, предноста на Фетерман се стопи, за на крај да биде претесно за да може да се одреди изборен фаворит. Кампањата му беше обележана и од мозочниот удар, што ја доведе во прашање неговата способност да служи како сенатор, особено по интервјуто каде се служеше со уред за да ги слушне поставените прашања поради проблеми со слухот. Тоа сенаторско место долго го држеше републиканец и важи за одлучувачко за контрола на Горниот дом на американскиот Конгрес, па според тоа и за останатите две години од мандатот на Бајден. Роден во Пенсилванија, Фетерман од 2006 до 2019 година беше градоначалник на Брадок. Важи за прогресивен политичар, ја стекна титулата „најкул градоначалник“ и се обиде да го оживее градот, што некогаш беше индустриски и го загуби сјајот по падот на производството на челик, со програми за помош на младите и проширување на зелените површини.  (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/demokratite-go-osvoija-potencijalno-odluchuvachkoto-mesto-vo-pensilvanija-za-kontrola-na-senatot-na-sad/feed/ 0
Трамп: Демократите за три години целосно ќе ги уништат САД https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-demokratite-za-tri-godini-celosno-kje-gi-unishtat-sad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-demokratite-za-tri-godini-celosno-kje-gi-unishtat-sad/#respond Fri, 17 Sep 2021 07:42:23 +0000 https://kurir.mk/?p=564707

За три години САД ќе бидат уништени доколку Демократската партија остане на власт, изјави поранешниот американски претседател Доналд Трамп во интервју за телевизискиот канал „Њузмакс“. Според него, доколку републиканците не успеат да добијат мнозинство во американскиот Конгрес на среднорочните избори во 2022 година и да ја предводат владата во 2024 година, тогаш „за три години на земјата нема да и остане ништо“. Трамп додаде дека во последните осум месеци од претседателствувањето на американскиот претседател Џо Бајден, САД „се лизнаа како никогаш досега“. Републиканецот Трамп редовно ја критикува актуелната американска администрација, како и одлуките на нејзиниот сегашен лидер Џо Бајден. Поранешниот претседател е незадоволен како од внатрешната политика на демократите, вклучувајќи ја и ситуацијата со мигрантите и планот за развој на инфраструктурата, така и одлуките донесесни од актуелните власти во надворешна политика, особено повлекувањето на американската војска од Авганистан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-demokratite-za-tri-godini-celosno-kje-gi-unishtat-sad/feed/ 0
Неизвесна трка за Сенатот – дали демократите ќе ја освојат Џорџија? https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/neizvesna-trka-za-senatot-dali-demokratite-kje-ja-osvojat-dzordzija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/neizvesna-trka-za-senatot-dali-demokratite-kje-ja-osvojat-dzordzija/#respond Sun, 15 Nov 2020 16:06:18 +0000 https://kurir.mk/?p=429875

Единаесет дена по оддржаните избори во САД, се уште не се познати имињата на носителите на 12 конгресни мандати, членови во Претставничкиот дом. Контролата на Долниот дом на Конгресот ја имаат демократите, додека за Сенатот ќе се одлучува во вториот круг гласање во Џорџија закажан во јануари 2021 година. Броењето на гласовите за изборите во Претставничкиот дом се уште не е завршено во 12 конгресни дистрикти. Два во Калифорнија, седум во Њујорк, по еден во Ајова, Њу Џерси, и Јута. Со последните објавени победи во Аризона и Џорџија, веќе е јасно дека на претседателскиот избори со голема разлика во електорски гласови победи Џо Бајден, кандидат на Демократската партија. Извесно е дека демократите ја задржаа контролата во Претставичкиот дом, но со помало мнозинство. Конечниот број на распоредот на силите ќе се знае откако ќе се објават разултатите за овие 12 мандати. Кој ќе го контролира Сенатот ќе се знае по 5 јануари 2021 година, кога во Џорџија се оди на втор круг избори. Оваа сојузна држава дава две сенатски места. По тесната разлика од гласањето на 3 ноември, кога републиканскиот кандидат Дејвид Пердју не го освои потребниот праг од 50 отсто гласови на излезените избирачи, ќе треба повторно да се соочи со демократот Џон Ософ. Другата трка ќе биде меѓу републиканката Кели Лофлер и демократот Рафаел Варнок, пастор на Баптистичката црква во Атланта, кои се борат да го довршат остатокот од мандатот на пензионираниот сенатор Џери Исаксон. Засега распоредот на силите во Сенатот е во полза на републиканците кои имаат обезбедено 50 членови, додека демократите имаат 48. За да го добијат контролен глас во Сенатот по инаугурацијата на Бајден во јануари, демократите ќе треба да ги освојат двете места во Џорџија. Затоа, сентатската трка за оваа сојузна држава е мошне жешка и се очекува да биде уште повалкана, со ангажман на главните перјаници на двете партии. Според изданнието Хил, Лофлер веќе потрошила над еден милион долари во негативна реклама и оцрнување на Варнок, каде тој е опишан како дел од „радикалната левица“, дека е близок со комунизмот, со обвинувања дека ја славел „антиамериканската омраза“. Марко Рубио, републикански сенатор од Флорида, се обиде да ја поврзе посетата на Фидел Кастро на една њујоршка баптистичка црква во 1959 година со Варнок, каде тој работел до пред 25 години. Штабот на Варнок ги демантира сите обвиненија како „лажни“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/neizvesna-trka-za-senatot-dali-demokratite-kje-ja-osvojat-dzordzija/feed/ 0
Демократите обезбедија мнозинство во Претставничкиот дом https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/demokratite-obezbedija-mnozinstvo-vo-pretstavnichkiot-dom/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/demokratite-obezbedija-mnozinstvo-vo-pretstavnichkiot-dom/#respond Wed, 11 Nov 2020 06:58:21 +0000 https://kurir.mk/?p=427705

Демократската партија доцна синоќа обезбеди мнозинство во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес со најмалку 218 мандати освоени на изборите на 3 ноември. Иако демократите би можеле да освојат уште неколку места во Долниот дом на Конгресот, нивното мнозинство ќе биде помало во однос на претходниот состав. Како што пренесуваат американските медиуми, демократите може да изгубат 15 места во тоа тело, кое брои 435 члена, по големиот прилив на републикански гласови. Демократите досега имаа 232 места во Претставничкиот дом. Иако демократот Џо Бајден победи на претседателските избори, големи се шансите републиканците да го задржат мнозинството во Сенатот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/demokratite-obezbedija-mnozinstvo-vo-pretstavnichkiot-dom/feed/ 0
Трамп: Победата на демократите би значело економски колапс https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-pobedata-na-demokratite-bi-znachelo-ekonomski-kolaps/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-pobedata-na-demokratite-bi-znachelo-ekonomski-kolaps/#respond Tue, 18 Aug 2020 18:38:57 +0000 https://kurir.mk/?p=392352

На почетокот на виртуелната конвенција на Демократската партија со главен настан номинација на претседателски кандидат на партијата, претседателот на САД, Доналд Трамп денеска оддржува предизборни митинзи во Минесота и во Висконсин. Трамп зборуваше пред поканети поддржувачи, обвинувајќи го неговиот очекуван изборен противник дека е послушник на „левичарските фашисти“. Американскиот претседател предупреди дека евентуална победа на опозициската партија во ноември, би значело отворени граници и економски колапс. Тој, исто така, додаде дека никој нема да биде безбеден ако Бајден ги води САД, оти тој и неговата изборна партнерка Камала Харис, биле против полицијата и го поддржувале криминалот. Претседателот денеска патува во Аризона, а за два дена се очекува да биде во Пенсилванија, за кога е закажан говорот на Бајден за прифаќање на демократската номинација за претседател.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-pobedata-na-demokratite-bi-znachelo-ekonomski-kolaps/feed/ 0
Демократите официјално објавија обвинувања против Трамп https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/demokratite-oficijalno-objavija-obvinuvanja-protiv-tramp/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/demokratite-oficijalno-objavija-obvinuvanja-protiv-tramp/#respond Tue, 10 Dec 2019 15:50:32 +0000 https://kurir.mk/?p=275634

Демократите во Претставничкиот дом денеска официјално објавија обвиненија против американскиот претседател Доналд Трамп и нагласија дека за него е утврден предлог за отповикување врз две основи – злоупотреба на службената должност и опструкција на Конгресот. Претседателот на Одборот за правда, Џерлод Недлер изјави дека Трамп го загрозил Уставот на САД, го поткопал интегритетот на изборите во 2020 година и ја загрозил националната безбедност. – Никој, дури ни претседателот не е над законот, рече Недлер. Одборот заправда во Претставничкиот дом ќе гласа за предлогот за отповикување на Трамп најдоцна до четврток, јавија американски медиуми повикувајќи се на добро информирани извори. Претставничкиот дом се очекува да гласа за импичментот на Трамп следната недела, а со оглед на тоа што демократите имаат мнозинство, речиси е сигурно дека ќе гласаат за отповикување на американскиот лидер. Тоа би го отворило патот за судење во Сенатот, најверојатно во јануари, каде со двотретинско мнозинство се одлучува дали Трамп треба да биде сменет. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/demokratite-oficijalno-objavija-obvinuvanja-protiv-tramp/feed/ 0