демократија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 13 Dec 2021 12:35:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png демократија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Дополнителни 30 милиони евра од ЕУ за јакнење на демократијата во Белорусија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dopolnitelni-30-milioni-evra-od-eu-za-jaknenje-na-demokratijata-vo-belorusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dopolnitelni-30-milioni-evra-od-eu-za-jaknenje-na-demokratijata-vo-belorusija/#respond Mon, 13 Dec 2021 12:34:58 +0000 https://kurir.mk/?p=607786

Европската комисија најави дека ќе одвои дополнителни 30 милиони евра за натамошно јакнење на ЕУ поддршката за народот и демократијата во Белорусија. Средствата ќе ја надополнат и прошират постоечката поддршка на ЕУ во Белорусија со цел зајакнување на отпорноста и капацитетот на белорускиот народ да промовира демократски промени во земјата. – ЕУ е со народот на Белорусија во нивната борба за слобода и демократија. Ќе ја зајакнеме нашата поддршка со нови 30 милиони евра за младите луѓе, независните медиуми, малите и средни претпријатија во егзил и културните актери – кои режимот на Лукашенко продолжува да ги репресира, изјави претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен. Брисел додава дека економскиот и инвестициски пакет од три милијарди евра е „подготвен за демократска Белорусија“, и дека „стремежот кон слободата на белорускиот народ претставува инспирација за сите“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dopolnitelni-30-milioni-evra-od-eu-za-jaknenje-na-demokratijata-vo-belorusija/feed/ 0
„Економист“: Македонија е хибриден режим според индексот на демократија, земјава рангирана на 78 место https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ekonomist-makedonija-e-hibriden-rezim-spored-indeksot-na-demokratija-zemjava-rangirana-na-78-mesto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ekonomist-makedonija-e-hibriden-rezim-spored-indeksot-na-demokratija-zemjava-rangirana-na-78-mesto/#respond Wed, 03 Feb 2021 07:42:31 +0000 https://kurir.mk/?p=463458

Македонија се најде на 78-мото место и во групата на хибриден режим во најновиот извештај на угледниот „Економист“ за индексот на демократија во светот за 2020 година. Земјава е во група со Боливија, Сенегал, Црна Гора, Танзанија, Молдавија, Уганда, Бутан, Либан, Нигерија... Според податоците од „Економист“ од 2016 година до 2020 Македонија бележи пад во оцената според индексот на демократија во однос на претходните години кога бодувањето било над 6. Ова е втора поразителна ранг листа која земјава за добива за кратко време. Пред само неколку дена „Транспаренси Интернешнл“ ја смести Македонија на 111 место според индексот на корупција. На оваа ранг листа земјава е во друштво на Монголија, Панама и БиХ. Ова е најлошиот резултат за Македонија откако се мери корупцијата во земјава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ekonomist-makedonija-e-hibriden-rezim-spored-indeksot-na-demokratija-zemjava-rangirana-na-78-mesto/feed/ 0
Повеќето Американци сметаат дека демократијата им е загрозена https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povekjeto-amerikanci-smetaat-deka-demokratijata-im-e-zagrozena/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povekjeto-amerikanci-smetaat-deka-demokratijata-im-e-zagrozena/#respond Tue, 12 Jan 2021 10:23:44 +0000 https://kurir.mk/?p=454176

Речиси три четвртини од американските гласачи сметаат дека демократијата им е под закана, по смртоносниот напад на толпата врз американскиот Капитол, покажа најновото истражување на Универзитетот Квинипек. Истражувањето, спроведено врз национален примерок од регистрирани гласачи во САД, а кое вчера беше објавено, покажа дека голем број републикански и демократски гласачи сметаат дека демократијата е под закана, со 77 и 76 проценти, додека независните гласачи се помалку согласни со ваквиот став иако и тој е превисок – 70 проценти, наведува „Гласот на Америка“. Мнозинството гласачи, или 56 проценти, американскиот претседател Доналд Трамп го сметаат за одговорен за нападот врз американскиот Капитол од минатата недела, додека 42 проценти изјавија дека не го сметаат за одговорен. Мнозинството гласачи, 52 наспроти 45 проценти, изјавија дека Трамп треба да биде сменет од функцијата пред да ја напушти Белата куќа, на 20 јануари. Меѓутоа, разложени по партии, огромното мнозинство републиканци, или 87 проценти, сметаат дека Трамп не треба да биде сменет од функцијата, додека огромното мнозинство од демократите, или 89 проценти, сметаат дека треба. Независните гласачи се порамномерно поделени, со 55 проценти од оние кои се залагаат за разрешување и 43 проценти кои се против тоа. Гласачите се поделени партиски и за тоа дали има широко распространета измама на гласачите на претседателските избори во 2020 година, како што тврди Трамп. Републиканците изјавија дека има широко распространета измама кај гласачите – 73 наспроти 21 процент, додека кај демократите 93 проценти сметаа дека нема, а пет проценти изјавија дека има измама. Независните гласачи, 60 проценти наспроти 30 проценти, сметаат дека има широко распространета измама на гласачите. Гласачите, исто така, беа поделени околу тоа дали сметаат дека нападот врз Капитол е обид за пуч, бидејќи 47 отсто од нив сметаат дека станува збор за таков обид, 43 проценти не, а 10 проценти не беа сигурни. Во неколку прашања, гласачите беа речиси едногласни, вклучувајќи го и ставот дека треба да има одговорност за лицата кои упаднаа во Капитол, каде дури 91 процент од испитаниците се согласија. Гласачите, исто така, нашироко се согласија, 81 наспроти 12 проценти, дека екстремизмот е голем проблем во САД. Истражувањето опфати 1.239 регистрирани гласачи низ целата земја, а беше спроведено од 7 до 10 јануари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povekjeto-amerikanci-smetaat-deka-demokratijata-im-e-zagrozena/feed/ 0
ЕК бара начин да го спречи штетното влијание на социјалните мрежи врз демократијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-bara-nachin-da-go-sprechi-shtetnoto-vlijanie-na-socijalnite-mrezi-vrz-demokratijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-bara-nachin-da-go-sprechi-shtetnoto-vlijanie-na-socijalnite-mrezi-vrz-demokratijata/#respond Tue, 27 Oct 2020 13:12:20 +0000 https://kurir.mk/?p=421253

Последниот извештај на Заедничкиот истражувачки центар (ЗИЦ) на Европската Комисија (ЕК) покажува дека демократските столбови на ЕУ се „под притисок“ на влијанието на социјалните мрежи врз политичките ставови и однесувања, јавува дописничката на МИА од Брисел. Поларизацијата на политичките дебати под влијание на алгоритмите на социјалните мрежи ги загрижува европските власти. Според најновото истражување на ЗИЦ, ова го загрозува демократскиот карактер на европските општества, иако социјалните мрежи играат важна улога за поголема видливост на малцинските и ранливите групи. Речиси половина од Европејците ги користат секојдневно социјалните мрежи, кои станаа и клучен извор на информирање. Авторите на извештајот идентификуваат четири „точки на притисок“ или предизвици поврзани за користењето на социјалните мрежи кои не се предмет на доволен демократски надзор. Првиот предизвик е „економијата на внимание“, што значи дека интересот или вниманието на корисникот им се продаваат како производ на приватни компании кои потоа прават сѐ за да го задржат тоа внимание користејќи алгоритми со кои се таргетираат корисниците. Па така, алгоритмот на Јутјуб, кои ги бира видеата кои смета дека ќе го интересираат корисникот, претставуваат седумдесет отсто од времето на гледање поминато на оваа платформа. Според извештајот постојат докази дека алгоритмот на Јутјуб сѐ повеќе нуди „екстремистички“ содржини. Слично е и со Фејсбук, чиј алгоритам може, врз основа на 300 „лајкови“ да ја предвиди личноста на корисникот со „поголема прецизност од самиот животен партнер на корисникот“, се наведува во извештајот. Ова ги загрижува авторите на истражувањето поради тоа што ова микротаргетирање на Фејсбук има потенцијал „значително“ да го поткопа демократскиот дискурс. Другата точка на притисок се техниките на социјалните платформи кои ги охрабруваат корисниците да се посветат и да споделуваат содржини, поради што станува сѐ потешко за корисниците да ги напуштат мрежите. Се истакнува усто така дека онлајн корисниците најчесто не се запознаени со податоци кои ги генерираат, произведуваат и споделуваат, ниту знаат кои лични податоци им се собираат и чуваат. Третата точка која загрижува е што алгоритмите кои ја „бираат“ содржината што ја гледа корисникот се толку комплексни што и самите информатичари имаат тешкотии да ги објаснат, што предизвикува проблем во однос на транспарентноста и отчетноста. Според извештајот, ризикот е што корисникот е „претерано“ изложен на поларизирачка и контроверзна содржина, а недоволно изложен на информативна и „помалку емотивна“ содржина. Конечно, четвртата точка на притисок идентификувана во извештајот се таканаречените „лажни вести“. Според психолошките студии, луѓето имаат природна тенденција да се ориентираат кон негативни вести. Во комбинација со алгоритми кои промовираат висока ангажираност и емотивност, платформите значајно можат да придонесат кон ширење на дезинформации или неточни информации. За Европската Комисија, наодите од овој извештај треба да послужат во креирањето на идните политики во ЕУ. – Овој извештај ги карактеризира предизвиците и приложува конкретни докази за да ни помогне да ги преземеме правилните чекори за заштита на партиципативна, демократска иднина во полза на сите европски граѓани, изјави евркомесарката за наука, Марија Габриел.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-bara-nachin-da-go-sprechi-shtetnoto-vlijanie-na-socijalnite-mrezi-vrz-demokratijata/feed/ 0
Референдумот за името не го почитуваа, ама многу ја почитувале демократијата: Спасовски потписник на писмото „Повик за одбрана на демократијата“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/referendumot-za-imeto-ne-go-pochituvaa-ama-mnogu-ja-pochituvale-demokratijata-spasovski-potpisnik-na-pismoto-povik-za-odbrana-na-demokratijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/referendumot-za-imeto-ne-go-pochituvaa-ama-mnogu-ja-pochituvale-demokratijata-spasovski-potpisnik-na-pismoto-povik-za-odbrana-na-demokratijata/#respond Thu, 25 Jun 2020 14:28:33 +0000 https://kurir.mk/?p=362931

Техничкиот претседател на Владата, Оливер Спасовски, кој како министер за внатрешни работи беше активен учесник во недемократското непочитување на народната волја за Референдумот за  името, дел од гарнитурата која го смени и покрај јасното НЕ на народот, сега многу се заинтересира за демократијата. Имено, тој е горд потписник на отвореното писмо „Повик за одбрана на демократијата“ – отворено писмо иницирано од меѓународни продемократски организации, Меѓународниот институт за демократија и изборна помош (IIDEA/МИДИП) и поддржано од Фондацијата за демократија на Вестминстер зад кое со поддршка застанаа уште 63 организации од светот, а писмото го потпишаа голем број активни и поранешни политички лидери, шефови на држави и влади, како и останати политички и граѓански лидери ширум светот, вклучувајќи 13 нобеловци. Писмото има за цел да ја подигне свеста и да ги мобилизира граѓаните и носителите на политики да ја заштитат демократијата во услови на пандемијата со КОВИД-19, во кое се истакнува дека справувањето со оваа глобална криза не смее да се спроведува на сметка на човековите права на сите граѓани, особено малцинствата и ранливите групи. „Постоечката пандемија претставува сериозен глобален предизвик и за демократијата и таа не смее да биде заобиколена или под закана и луѓето што се грижат за неа мора да смогнат волја, дисциплина и солидарност во нејзина одбрана. Во прашање е слободата, здравјето и достоинството на луѓето насекаде“, се вели во отвореното писмо.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/referendumot-za-imeto-ne-go-pochituvaa-ama-mnogu-ja-pochituvale-demokratijata-spasovski-potpisnik-na-pismoto-povik-za-odbrana-na-demokratijata/feed/ 0
„ЕКОНОМИСТ“ го потврди режимот во Македонија: Во нашата држава не владее демократија туку хибриден режим https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ekonomist-go-potvrdi-rezimot-vo-makedonija-vo-nashata-drzava-ne-vladee-demokratija-tuku-hibriden-rezim/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ekonomist-go-potvrdi-rezimot-vo-makedonija-vo-nashata-drzava-ne-vladee-demokratija-tuku-hibriden-rezim/#respond Wed, 22 Jan 2020 16:47:38 +0000 https://kurir.mk/?p=293316

Македонија е рангирана на 77 место во светот според Индексот на демократија во 2019 година, што денеска го објави „Економист“. Ова претставува подобрување од само едно место во однос на 2018 година. Според рангирањето, Македонија и натаму останува групата држави со „хибриден режим“ и се наоѓа во иста група со Албанија, Украина, Црна Гора, Сенегал, Кенија, Танзанија, Непал, Мали, Сиера Леоне, Босна и Херцеговина, Пакистан… Списанието за демократија е квартално академско списание основано во 1990 година и e официјално објавување на Меѓународниот форум за демократски студии на Националната фондација за демократија. Опфаќа проучување на демократијата, демократските режими и про-демократските движења низ целиот свет. Според најновото истражување на списанието авторите Левицки и Веј ја ажурираа својата класификација на аторитарни режими во светот. Заклучно со 2019-та година Македонија регресирала на ниво на авторитарен режим! Македонија е во друштво на африкански држави како Буркина Фасо, Боцвана, Мозабик, Мали и Сиера Леоне! Со ова најново истражување, странците дефакто го пуштија Заев низ вода и го прогласија за диктатор! Националната фондација за демократија  скратено (НЕД) е американска непрофитна организација која се бави со мека моќ и е основана во 1983 година со наведената цел за промовирање на демократијата во светот. Финансирана е првенствено преку годишна распределба од американскиот Конгрес во форма на грант доделен преку Американската агенција за информации (УСАИА), односно од американската држава, а се шпекулира дека е во тесна соработка со разузнавачката агенција ЦИА. Создадена е според Програмата Демократија како двопартиска, приватна, непрофитна корпорација и, пак, делува како фондација за грантови. Покрај програмата за грантови, НЕД исто така го финансира и едитира Списанието за демократија, Светското движење за демократија, Меѓународниот форум за демократски студии, програмата за стипендии „Реган-Фаскел“, мрежата на институти за истражување на демократијата и Центарот за меѓународни медиуми како и Интернационалниот Републикански Институт ИРИ, Националниот Демократски Инстут НДИ. Според дефиницијата на Списанието за демократија за компетитивни авторитарни режими, станува збор за земји кои започнале со транзиција во 1980-тите и 90-тите, но никогаш не успеале да станат консолидирани демократии, тие во својата дефиниција го користата и зборот хибридни режими, кои според нив комбнираат авторитарни и демократски карактеристики. Според медиумот квазидемократските институции всушност го зајакнуваат авторитаризмот. Од 46 режими помеѓу 1990 и 1995 година, повеќето или се демократизираа или беа заменети со нови автократии, односно дополнително регресирале.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ekonomist-go-potvrdi-rezimot-vo-makedonija-vo-nashata-drzava-ne-vladee-demokratija-tuku-hibriden-rezim/feed/ 0
СДСМ глуми демократија за да го покрие неработењето https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdsm-glumi-demokratija-za-da-go-pokrie-nerabotenjeto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdsm-glumi-demokratija-za-da-go-pokrie-nerabotenjeto/#respond Tue, 29 Jan 2019 08:19:38 +0000 https://kurir.mk/?p=157691

Во период кога јавноста е сведок на хаос во сите сфери, на јавноста и се сервираат апсурдни внатре партиски полемики во рамки на СДСМ или расправи на релација СДСМ и ДУИ. Доколку на Зоран Заев приоритет му се реформите и ефикасното работење на Владата, ваквите недоразбирања се одлучуваат многу брзо и во полза на граѓаните без беспредметно заморување на јавноста со ирационални дискусии. Неодамна градоначалникот на Куманово влезе во жестока расправија со министерката за труд и социјална политика, откако таа блокирала две донации и преземање на интеграции за две детски градински од Куманово. По неодамнешното блокирање на донации и преземање на ингеренциите за две детски градинки од Куманово од страна на Министерството за труд и социјална политика водено од Мила Царовска, Максим Димитриевски излезе со малце поостар речник кон Царовска во емисијата на 1ТВ на прашање на Чомовски дали Царовска му се нафрли затоа што се партиски конкуренти па затоа ги блокира донациите и ги зема ингеренциите за две детски градинки, тој возврати со напад врз Царовска. Димитриевски со доза на цинизам кажа дека некој министри не размислуваат пред да потпишат нешто, алудирајќи на Царовска, тој меѓу другото кажа: „Не, видете секогаш имаме министри кои што не размислиле убаво за нивните одлуки пред да ги потпишат. И верувам дека и ова е ваков случај. Уште ја немам видено одлуката. За жал ние решаваме на голем број на социјални проблеми на локално ниво. И претпоставувам министерката сака да бира директор во име на градоначалникот. И ако ја сака таа обврска или одговорност да ја преземе на себе нека го направи тоа. Јас немам ништо против“. По ова, градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, вчера упати повик министерката за труд и социјална политика Мила Царовска уште еднаш да ги преиспита сите свои одлуки поврзани со одземање на ингеренциите на Општина Куманово за градинката ­­­„Ангел Шајче“, да го укине решението и надлежноста да ја врати на Општина Куманово. Димитриевски побара од министерката Царовска таа јавно да се извини. – Решението за одземање на ингеренциите на Општина Куманово за градинката ­­­„Ангел Шајче“ од министерката за труд и социјална политика Мила Царовска е неиздржано, селективно, пристрасно, тенденциозно и има за цел директно да го инволвира Министерството во изборот на директорот. Ја повикувам министерката Царовска, која има направено голем пропуст, да го преиспита ова решение, да го повлече, бидејќи општина Куманово не заслужува ваков третман – рече Димитриевски.

Случај пензински фондови: Дали СДСМ врши политичка пресметка со ДУИ?!

Министерството за труд и социјална политика вчера соопшти дека до Основното јавно обвинителство доставува кривична пријава против непознат сторител и сите документи од анализата на пензискиот систем со која беа откриени неправилностите во распределувањето придонеси за дел од идните пензионери. Нејасно останува како после толку детални анализи сторителот на ова дело останува непознат, ако се има предвид дека станува збор за државни институции за кои точно се знае кој ги раководел во тој временскиот период, кога настанало делото за кое се поднесува кривична пријава!? Според упатените на овој начин СДСМ врши политичка пресметка со својот коалициски партнер ДУИ, од каде и доаѓаа директорите на Фондот за пензинско и здравствено осигурување во периодот кога се направени неправилностите. – Темелните истражувања на пензискиот систем кои ги направи Министерството за труд и социјална политика со Меѓународните финансиски институции за првпат по 12 години откри дека кај 12.000 осигуреници уплатените придонеси останале само во државниот пензиски столб. За нив воопшто не се распределувале средства во приватниот (втор) столб, иако осигурениците ги исполнувале условите. На овој начин директно им било скратено правото за остварување повисока пензија на овие 12.000 идни пензионери. Така, еден осигуреник со просечна плата има изгубено околу 95 илјади денари во период од 2007 до 2018 година, се наведува во соопштението на МТСП.

Социјалните мрежи вријат откако Филипче призна дека не ја вакцинирал внуката: „Оставка и одговорност, а не лажење“ (ФОТО)

Откако во неделата министерот за здравство, Венко Филипче во интервју за Радио Слободна Европа изјави дека вакцинирањето на неговата внука било со цел да ги увери граѓаните дека вакцините се безбедни, но и дека таа е се уште мала и не може да биде вакцинирана од МРП, граѓаните остро го нападнаа министерот. Социјалните мрежи речиси „вријат“ откако Филипче призна дека неговата внука Илина не била вакцинирана од МРП иако тоа го тврдеше преку фотографија на социјалните мрежи. -Попаметно е да ќутиш и ништо да не кажуваш. -Од кога дедовци носат деца на вакцинација? Мајката му дала полномоштво да и го вакцинира детето? -Абе за ова во нормална држава и да одговараш би требало… -За тебе вакцина за лажење, се само дел од коментарите на социјалните мрежи. Инаку во неделата министерот за здравство, Венко Филипче во интервју за Радио Слободна Европа изјави дека вакцинирањето на неговата внука било со цел да ги увери граѓаните дека вакцините се безбедни, но и дека таа е се уште мала и не може да биде вакцинирана од МРП. „Секогаш е добро да се покаже со личен пример дека нешто е вистина, дека нешто е вистински чекор и дека нешто е вистинска политика. И во таа насока беше вакцинирањето на мојата мала внука, која е се уште мала и не може да биде вакцинирана од МРП, меѓутоа и објавата беше во насока на тоа дека ние како здравствени власти ги уверуваме сите граѓани, родителите на малите деца дека вакцините се безбедни. Процесот на вакцинација е апсолутно безбеден, дека тоа е вистинска инвестиција во здравјето на децата. Мојот чин беше во однос на сите овие аргументи“, изјави Филипче. Пратениците од СДСМ нема да го поддржат зголемување на платите на вицепремиерите. ,,Бенефиции ќе има исклучиво за граѓаните, функционерите имаат доволно права и бенефиции согласно закон, ова вчера го потенцираа од пратеничката група на СДСМ. Инаку со предлог закон за покачување на платите на вицепремиерите тие треба да земат повисоката плата за 8 илјади денари. Со измените на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија, коефициентот за утврдување плата на заменик претседател на Влада ќе се пресметува со коефициент 4 наместо 3,70. Согласно ова, разликата во платата ќе изнесува 8.027 денари во бруто изнoс или за 5 вицепрмеиери, Хазби Лика, Кочо Анѓушев, Бујар Османи, Радмила Шекеринска и Оливер Спасовски, за 12 месеци 481.620 денари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdsm-glumi-demokratija-za-da-go-pokrie-nerabotenjeto/feed/ 0
Меј: Нов референдум за Брегзит би било предавство на демократијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mej-nov-referendum-za-bregzit-bi-bilo-predavstvo-na-demokratijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mej-nov-referendum-za-bregzit-bi-bilo-predavstvo-na-demokratijata/#respond Sun, 02 Sep 2018 13:52:28 +0000 https://kurir.mk/?p=95374

Премерката на Велика Британија, Тереза Меј денеска изјави дека нема да овозможи уште еден референдум за членството на земјата во Европска унија. - Со повторно поставување на такво прашање, тоа би било големо предавство на деократијата, наведува Меј во авторски текст во „Телеграф“. Таа истакнува дека нема да биде натерана да прави компромиси со Брисел, кои не се во национален интерес. - Следните месеци ќе бидат критични за обликување на иднината на нашата земја и нема сомнеж во тоа што треба да го направам, посочи Меј. Британската премиерка се соочува со се посилна кампања за организирање на уште еден референдум за излез на Велика Британија од ЕУ. ЕУ условно го прифати планот на премиерката Меј, кој подразбира заштита на прекуграничната трговија, но пред нив се тешки преговори. Планот подразбира Велика Британија да остане во зона на слободна трговија со ЕУ, но според некои критичари на тој начин некои делови од британската економија и понатаму ќе зависат од правилата на Брисел.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mej-nov-referendum-za-bregzit-bi-bilo-predavstvo-na-demokratijata/feed/ 0