демократска партија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 17 Nov 2022 07:00:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png демократска партија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Демократската партија на Косово се подготвува да ја урне владата на Албин Курти https://arhiva.kurir.mk/svet/region/demokratskata-partija-na-kosovo-se-podgotvuva-da-ja-urne-vladata-na-albin-kurti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/demokratskata-partija-na-kosovo-se-podgotvuva-da-ja-urne-vladata-na-albin-kurti/#respond Thu, 17 Nov 2022 07:00:22 +0000 https://kurir.mk/?p=762112

Портпаролот на опозициската Демократска партија на Косово (ПДК), Фатон Абдулаху вели дека неговата партија се подготвува да ја урне владата предводена од лидерот на Движењето самоопределување, Албин Курти, поради неговата конфронтација со САД и другите западни сојузници, јави дописникот на МИА од Приштина. Во синоќешното интервју за телевизијата ТВ1, Абдулаху изјави дека ПДК и нејзиниот лидер, Мемли Красниќи, се „единствената алтернатива“ за државата во кризата предизвикана од напуштањето на институциите од страна на косовските Срби поради одлуката на Курти да ги казнува тие што нема да ги сменат регистарските таблички издадени од Србија со таблички со ознаката РКС – Република Косово. – ПДК е во процес на реформирање, а реформите понекогаш се болни. Ние сме подготвени да ја урнеме оваа влада, да понудиме алтернатива за спас на Косово од она кон што го води оваа влада. Убедени сме дека ПДК со господинот Мемли Красниќи како претседател е единствената алтернатива на оваа земја, рече Абдулаху. ПДК, која е најголема опозициска партија во Собранието на Косово, како и другите опозициски партии на косовските Албанци, бараат од владата на Курти да ги прифати барањата на САД и на другите западни сојузници на Косово за одлагање на спроведувањето санкции за косовските Срби кои нема да ги сменат табличките. Тие очекуваат решение за проблемот да се најде во преговорите меѓу Приштина и Белград со посредство на Европската унија. Од почетокот на месецов косовската полиција им изрекува укори на лицата кои не ги промениле табличките, а од идниот понеделник, 21 ноември, според владината одлука, ќе почнат да се изрекуваат парични казни. Оваа мерка е предвидено да трае до 21 април, кога ќе започне целосната примена на законот, односно ќе биде забрането движењето на возила со незаконски таблички издадени од Србија. Најголемата партија на косовските Срби, Српска листа, која е отворено поддржана од претседателот на Србија, Александар Вучиќ и од владата во Белград, најави дека во моментот кога ќе почнат да се изрекуваат казни, ќе започне „жесток отпор“ против властите во Приштина. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/demokratskata-partija-na-kosovo-se-podgotvuva-da-ja-urne-vladata-na-albin-kurti/feed/ 0
Бериша: Битката не запира додека не се урне монистичкиот систем https://arhiva.kurir.mk/svet/region/berisha-bitkata-ne-zapira-dodeka-ne-se-urne-monistichkiot-sistem/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/berisha-bitkata-ne-zapira-dodeka-ne-se-urne-monistichkiot-sistem/#respond Mon, 14 Nov 2022 19:08:48 +0000 https://kurir.mk/?p=760565

Лидерот на побројното крило на албанската опозициска Демократска партија, ПД,  Сали Бериша, изјави дека масовниот антивладин протест ги „разнишал темелите на монизмот заснован на кражба на гласови“. Тој на прес-конференција им се заблагодари на учесниците на протестот, кои, според него, го потпишале чинот на големата пресвртница, го инаугурирале почетокот на битката, која нема да запре до уривање на монистичкиот систем. -Протестот на 12 ноември ги разниша темелите на монизмот, кој се заснова на кражба на гласови, јавни фондови и јавни богатства од страна на Еди Рама. Тоа беше најодличната порака што благородните граѓани на Тирана и на цела Албанија им ја испратија на Албанците каде и да се, рече Бериша. Тој додаде дека е време да се повторува од наутро до навечер: смрт на монизмот. -Овој монизам треба да се архивира минута побрзо. Овој монизам ја обезличува нацијата како првиот монизам. Ја направи страшна нација, нација на гумени чамци, обвини тој. Според него, Рама сака уништување на плурализмот и сака да го зграпчи и знамето на ПД. На 12 ноември демократите и Партијата на слободата, на Илир Мета,  одржаа масовен антивладин протест од кој на Рама му порачаа дека „многу набрзо ќе се најде пред лицето на правдата и ќе заврши во затвор“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/berisha-bitkata-ne-zapira-dodeka-ne-se-urne-monistichkiot-sistem/feed/ 0
Демократите во САД ќе избираат кандидат за претседател на државата во јули 2020 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/demokratite-vo-sad-kje-izbiraat-kandidat-za-pretsedatel-na-drzavata-vo-juli-2020-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/demokratite-vo-sad-kje-izbiraat-kandidat-za-pretsedatel-na-drzavata-vo-juli-2020-godina/#respond Sat, 16 Jun 2018 07:20:16 +0000 https://kurir.mk/?p=66300

Демократската партија на САД го закажа за средината на јули 2020 година партиски конгрерс на кој ќе се номинира кандидат за претседателските избори во таа година. Претседателот на Демократскиот национален комитет Том Перес објави дека конгресот ќе се одржи од 13 до 16 јули 2020 година. Се очекуваат околу  20 кандиати за партиската номинација. Перес додаде дека се ангажира процедурата за номирање партиски кандидат да биде најтранспарентна досега. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/demokratite-vo-sad-kje-izbiraat-kandidat-za-pretsedatel-na-drzavata-vo-juli-2020-godina/feed/ 0
Демократската партија ги тужи Русија, Трамп и „Викиликс“ за заговор https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/demokratskata-partija-gi-tuzi-rusija-tramp-i-vikiliks-za-zagovor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/demokratskata-partija-gi-tuzi-rusija-tramp-i-vikiliks-za-zagovor/#respond Fri, 20 Apr 2018 17:27:59 +0000 https://kurir.mk/?p=43907

Американската Демократска партија поднесе тужба против Русија, изборната кампања на претседателот Доналд Трамп и „Викиликс“ за заговор со намера попречување на претседателските избори во САД во 2016 година. Демократите, во тужбата поднесена до Федералниот суд во Менхетн, наведуваат дека високи официјални лица од кампањата на Трамп направиле заговор со Владата на Русија и нејзината воена разузнавачка агенција, со цел да и наштетат на демократската кандидатка Хилари Клинтон и го нарушиле изборниот процес со хакирање на компјутерскиот систем на Демократската партија. Тие бараат отштета, чиј износ не е наведен, како и издавање налог, со кој би се спречило ново хакирање на компјутерот на демократите. Тужбата е поднесена против синот и зетот на Трамп, Доналд Трамп Јуниор у Џаред Кушнер и против неговиот соработник Роџер Стоун. Преку овој правен процес Демократската партија има намера да ги принуди тужените да достават документи за расветлување на заговорот и соработката. Трамп во повеќе наврати негираше дека неговиот изборен тим бил „во дослух со претставници на руската Влада“. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/demokratskata-partija-gi-tuzi-rusija-tramp-i-vikiliks-za-zagovor/feed/ 0