демократски сојуз – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 29 Sep 2023 09:00:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png демократски сојуз – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Демократскиот сојуз: Ковачевски да го повлече закон за амнестија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/demokratskiot-sojuz-kovachevski-da-go-povleche-zakon-za-amnestija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/demokratskiot-sojuz-kovachevski-da-go-povleche-zakon-za-amnestija/#respond Fri, 29 Sep 2023 09:00:46 +0000 https://kurir.mk/?p=883135

Демократскиот сојуз бара од премиерот Димитар Ковачевски да го повлече новиот Предлог-закон за амнестија, бидејќи овој закон е политички пазар помеѓу коалиционите партнери СДСМ, ДУИ и Алијанса на Албанците и продолжение на неодамнешните измени на Кривичниот законик со кои брутално е нападнат правниот поредок. -Господине Ковачевски, немојте да се мачите да пишувате амандмани на закон кој го предлага Владата со која Вие раководите. Амандмани ќе има илјадници и бидете сигурни дека законот нема да помине! Инаку, знаете ли на што личите сега со најавата за амандмани? На јавноста ѝ испраќате порака: „ИМАМ СВОЕ МИСЛЕЊЕ, НО НЕ СЕ СОГЛАСУВАМ СО ИСТОТО“. Демократскиот сојуз нагласува дека Владата го урниса системот на владеење на правото и ги загрози евроинтеграциите на Македонија. Воедно ја повикуваме Европската унија да изгради јасен став во врска со измените на Кривичниот законик со кои се намалуваат казните за функционерите, како и за најновиот предлог закон за амнестија со кој ќе се амнестираат лица сторители на тешки кривични дела. Повеќе од јасно е дека сето ова, како и најавите за дополнителни амнестии се прави наводно за да се изгласаат уставните измени со кои се предлага Бугарите да бидат вградени во Уставот, а суштината е неказнивост на функционерите и да се остане ден повеќе на власт, се вели во соопштението на партијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/demokratskiot-sojuz-kovachevski-da-go-povleche-zakon-za-amnestija/feed/ 0
Трајанов поднесе иницијатива до Уставниот суд за преиспитување на уставноста на измените на Кривичниот законик https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajanov-podnese-initsijativa-do-ustavniot-sud-za-preispituvane-na-ustavnosta-na-izmenite-na-krivichniot-zakonik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajanov-podnese-initsijativa-do-ustavniot-sud-za-preispituvane-na-ustavnosta-na-izmenite-na-krivichniot-zakonik/#respond Tue, 19 Sep 2023 10:45:31 +0000 https://kurir.mk/?p=879495

Претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, денеска до Уставниот суд поднесе иницијатива за преиспитување на уставноста на последните измени на Кривичниот законик, со кои се намалуваат казните за злоупотреба на службената должност и злосторничко здружување и се предвидува декриминализација на кривичното дело поврзано со јавните набавки на штета на државата. Во иницијативата се укажува на обврската уставните одредби за владеење на правото и законите да важат подеднакво за сите, како и на потребата од заштита на државниот имот од злоупотреби на носителите на јавни функции. Воедно, се очекува Уставниот суд по службена должност да донесе времена мерка за одложување на примена на измените во Кривичниот законик до донесување конечна одлука за Иницијативата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajanov-podnese-initsijativa-do-ustavniot-sud-za-preispituvane-na-ustavnosta-na-izmenite-na-krivichniot-zakonik/feed/ 0
Демократски сојуз: Измените на КЗ е брутален напад на владеење на правото и класична амнестија на функционерите на СДСМ и на ДУИ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/demokratski-sojuz-izmenite-na-kz-e-brutalen-napad-na-vladeene-na-pravoto-i-klasichna-amnestija-na-funktsionerite-na-sdsm-i-na-dui/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/demokratski-sojuz-izmenite-na-kz-e-brutalen-napad-na-vladeene-na-pravoto-i-klasichna-amnestija-na-funktsionerite-na-sdsm-i-na-dui/#respond Wed, 06 Sep 2023 18:34:46 +0000 https://kurir.mk/?p=875382

Демократскиот сојуз укажува дека измените на Кривичниот законик, со кој се намалуваат казните за злоупотреба на службената должност и злосторничко здружение, претставува брутален напад на владеење на правото и правдата и класична амнестија на функционерите на СДСМ и ДУИ за криминалот што го правеа изминатите седум години. Демократскиот сојуз ги повикува сите пратеници да не ги гласаат предложените измени, со целосен бојкот на седницата. Ги повикуваме новинарите, невладиниот сектор, експертите и граѓаните гласно да се спротивстават на овој криминален акт кој треба да го верифицираат пратениците на СДСМ и на ДУИ. Во Парламентот се злоупотребува европското знаме и се врши силен притисок над пратениците по секоја цена овие промени да се изгласаат за неполни 24 часа. Вакви крупни промени на Кривичниот законик мораат да поминат низ јавна и експертска расправа. Во Македонија на сцена е политичката мафија, треба да ја спречиме со граѓански отпор. Сите треба да бидеме свесни дека се рушат темелите на државата, затоа имаме обврска да го спречиме тоа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/demokratski-sojuz-izmenite-na-kz-e-brutalen-napad-na-vladeene-na-pravoto-i-klasichna-amnestija-na-funktsionerite-na-sdsm-i-na-dui/feed/ 0
Демократски сојуз: Политичка и кривична одговорност за монструозното злосторство на Онкологија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/demokratski-sojuz-politichka-i-krivichna-odgovornost-za-monstruoznoto-zlostorstvo-na-onkologija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/demokratski-sojuz-politichka-i-krivichna-odgovornost-za-monstruoznoto-zlostorstvo-na-onkologija/#respond Mon, 04 Sep 2023 09:18:18 +0000 https://kurir.mk/?p=874299

Демократскиот сојуз бара политичка и кривична одговорност од „мултиетничката“ Влада поради загрозување на животот на голем број пациенти во Клиниката за онкологија, со кражбата на терапијата и нејзиното продавање на црниот пазар, се вели во соопштението на партијата. Од ДС додаваат дека оваа состојба е резултат на неодговорното владеење на ДУИ и СДСМ, јавашлукот и партиските кадри кои се заштитени од водствата на двете владеачки партии. -Кривична одговорност мора да сносат сите што биле вклучени во овие грозоморни „убиства“ на пациентите, но без политичка одговорност на премиерот и министрите, ваков вид злосторства и натаму ќе се повторуваат. Демократскиот сојуз јавно ги прашува МВР, АНБ, Финансиската полиција и другите надлежни институции - до кога ќе чекате медиумите да го откриваат криминалот од функционери на партиите од власта?! Треба да се охрабрите и криминалот да го сосечете во корен, во спротивно ќе останеме без држава, се наведува во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/demokratski-sojuz-politichka-i-krivichna-odgovornost-za-monstruoznoto-zlostorstvo-na-onkologija/feed/ 0
ДС: Колапс на политиките на СДСМ и ДУИ, само нов парламентарен состав може да ја придвижи Македонија во ЕУ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ds-kolaps-na-politikite-na-sdsm-i-dui-samo-nov-parlamentaren-sostav-mozhe-da-ja-pridvizhi-makedonija-vo-eu/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ds-kolaps-na-politikite-na-sdsm-i-dui-samo-nov-parlamentaren-sostav-mozhe-da-ja-pridvizhi-makedonija-vo-eu/#respond Sat, 26 Aug 2023 10:51:41 +0000 https://kurir.mk/?p=871157

Повеќе од јасно е дека без темелни и суштински реформи во судскиот систем, владеење на правото, развој и јакнење на демократијата и одговорноста, како и силна и неселективна борба против криминалот и високата корупција, тешко ќе се движиме кон Европската унија, сметаат од Демократскиот сојуз. Од партијата велат дека обидите на Ковачевски, Османи и Маричиќ, со манипулативни настапи да обезбедат поддршка за уставните промени не успеаја, затоа што граѓаните препознаваат дека власта не ја говори вистината кога вели дека со внесувањето на Бугарите во Уставот, нашиот пат кон ЕУ нема да наиде на пречки и блокади од Софија за билатералните историски и идентитетски прашања. Од ДС потсетуваат на три клучни елементи: Прво, во ниту еден документ на ЕУ, не е дефинирано дека македонскиот јазик ќе биде официјален после приемот на Македонија во ЕУ. Во заклучоците на Советот на ЕУ стои дека преводот на документите ќе се врши на македонски јазик, при што и Бугарија има изјава дека македонскиот јазик е секундарна кодификација на бугарскиот литературен јазик, дополнително „збогатен“ со локални форми, со што се симулираше „природен“ процес заснован на дијалектни форми. Не поминува манипулацијата за македонскиот јазик со договорот со ФРОНТЕКС, бидејќи тој договор нема никаква поврзаност со Преговарачката рамка. Второ, историските, образовните и идентитетските прашања се составен дел на Преговарачката рамка и другите одлуки на ЕУ и тие во основа произлегуваат од бугарската декларација со која се негира македонскиот народ и јазик, како и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка (заедничка историја, годишни протоколи, Комисија за историски и образовни прашања итн.). Трето, Владата ниту се обиде ниту пак обезбеди РЕЦИПРОЦИТЕТ поврзан со вградувањето на Бугарите во Уставот на Македонија и признавањето на правата на Македонците за формирање нивни асоцијации во Бугарија. Власта нека презентира во јавноста контра аргументи за овие тврдења, тогаш ќе се промени определбата на над 80% од граѓаните кои не поддржуваат уставни промени. -Инаку, токму благодарение на лошите политики на СДСМ и ДУИ, како и постојаното одлагање и блокирање на почетокот на преговорите од страна на земји членки на ЕУ, бројот на граѓаните кои се определени за членство во ЕУ, опадна од 80 на помалку од 70 отсто. Сепак, граѓаните сакаат членство на Македонија во ЕУ, но не под вакви услови, блокади, условувања и уцени на штета на националните интереси на Македонците како основни носители на суверенитетот на Македонија. Уставните измени не поминаа! Затоа Ве повикуваме политиките да ги соочиме со граѓаните на избори. Или ќе добиете поддршка, или народот ќе ви каже „МАРШ ДА ВЕ НЕМА!". Само нов парламентарен систав и нова Влада, можат да ја придвижат Македонија кон ЕУ и да отворат перспективи за младите, се наведува во партиското соопштение.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ds-kolaps-na-politikite-na-sdsm-i-dui-samo-nov-parlamentaren-sostav-mozhe-da-ja-pridvizhi-makedonija-vo-eu/feed/ 0
Трајанов со три барања до Фон дер Лајен, предлага распуштање на Собранието и предвремени избори https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajanov-so-tri-barana-do-fon-der-lajen-predlaga-raspushtane-na-sobranieto-i-predvremeni-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajanov-so-tri-barana-do-fon-der-lajen-predlaga-raspushtane-na-sobranieto-i-predvremeni-izbori/#respond Sun, 20 Aug 2023 12:07:52 +0000 https://kurir.mk/?p=868857

За уставните промени нема граѓански и политички консензус, бидејќи тие се резултат на бугарските непринципиелни барања и надвор од Копенхашките критериуми, изјави денеска на прес-конференција пратеникот Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз. Тој предложи распуштање на Парламентот и предвремени избори затоа што, како што рече, „повеќе од јасно е дека нема доволна поддршка за уставни промени“. Нагласувајќи дека Демократскиот сојуз е цврство определен државава да биде полноправна членка на Европската Унија, Трајанов соопшти дека до ЕУ и до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, упатил барање - Советот на Европската Унија да донесе одлука со која ќе ја обврзе Бугарија да ги спроведе одлуките на Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур, да им дозволи регистрација на здруженијата на Македонците во Бугарија за негување на нивните идентитетски, јазични, културни и други особености, со што ќе се обезбеди реципроцитет. -Второ, Советот на Европската Унија од Преговарачката рамка да ги изостави билателарните прашања или најмалку да донесе одлука со која ќе се дадат гаранции дека билатералните прашања не можат да бидат основа за блокада на Македонија на патот кон ЕУ. И трето, Советот на ЕУ да донесе одлука за тоа дека македонскиот јазик ќе биде официјален јазик по приемот на Македонија во ЕУ. Очекувам зад овие три клучни барања да застанат сите политички партии, претседателот Стево Пендаровски и Владата на Република Македонија, истакна Трајанов. Во однос на уставните измени што се предлагаат од Владата, лидерот на Демократски сојуз посочи дека Владата ја прифатила Преговарачката рамка „без експертска анализа, поширок граѓански и политички консенсуз и рамка во која се вградени билатерални прашања наметнати од Бугарија, прашања со кои се отвораат историски, образовни, јазични, културни и идентитетски дилеми, со кои во суштина се негира историскиот континуитет на македонскиот народ и автентичноста на македонскиот јазик“. -Преку Комисијата за историски и образовни прашања и годишните протоколи, кои се составен дел од Преговарачката рамка, се оспорува македонскиот карактер на историските настани, македонските револуционери, па дури и Охридската архиепископија. Во суштина се „сечат“ корените на македонскиот народ, со што се доведува во прашање и неговата иднина и просперитет, рече Трајанов. Според него, Ковачевски, Османи и Маричиќ, како и ДУИ и СДСМ, „вршат огромна манипулација дека наводно ЕУ го признава македонскиот јазик“. -Но вистината е дека во ниту еден документ не стои дека по приемот на Македонија во ЕУ, македонскиот јазик ќе биде службен, официјален јазик во ЕУ. Во заклучоците на Советот на ЕУ стои само дека преводот на материјали (директиви, одлуки итн.) ќе се врши на макеонски јазик, но и дека Бугарија и Македонија имаат право да дадат свои унилатерални изјави околу јазикот, кои се составен дел на пакетот документи и одлуки на ЕУ поврзани со евроинтеграциските процеси на Македонија, додаде Трајанов на прес-конференцијата. Поради недоволната поддршка за уставни промени, тој предложи распуштање на Парламентот и предвремени избори кои, како што рече, „се наш национален и стратешки интерес“. -Сакам да упатам кристално чиста порака и повик до СДСМ и ДУИ: Ако сте за стабилност, за модерна и европска Македонија, вие кои ги загрозивте националните интереси и евроинтеграциите на Македонија, излезете на избори, порача Трајанов. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajanov-so-tri-barana-do-fon-der-lajen-predlaga-raspushtane-na-sobranieto-i-predvremeni-izbori/feed/ 0
ДС: Нема граѓански и политички консензус за уставни измени, пратениците да донесат одлука за распуштање на Собранието https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ds-nema-graganski-i-politichki-konsenzus-za-ustavni-izmeni-pratenitsite-da-donesat-odluka-za-raspushtane-na-sobranieto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ds-nema-graganski-i-politichki-konsenzus-za-ustavni-izmeni-pratenitsite-da-donesat-odluka-za-raspushtane-na-sobranieto/#respond Thu, 17 Aug 2023 09:16:09 +0000 https://kurir.mk/?p=867793

Демократскиот сојуз предлага на утрешната седница пратениците да донесат одлука за распуштање на Собранието со што ќе се создадат уставни можности во рок од 60 дена да се одржат вонредни парламентарни избори. -Сосема е извесно дека нема граѓански и политички консензус за промена на Уставот со која Бугарите ќе станат конститутивен народ во Македонија.  Без реципроцитет за признавање на правата на Македонците во Бугарија, како и без поддршка на Преговарачката рамка од која ќе бидат отстранети билатералните прашања (историски, образовни, јазични итн.) наметнати oд Бугарија и надвор од Копенхашките критериуми, нема и нема да има промена на Уставот. Доколку пратениците водат сметка за автентичните национални и државни интереси, како и за евроинтеграциите, тогаш ќе ја донесат најиздржаната одлука, ќе го распуштат Парламентот. Инаку, без коренити реформи на судскиот систем, владеење на правото и изградба на независен и ефикасен систем за борба против криминалот и високата корупција, како и измена на изборните правила, Македонија нема да може да се интегрира во ЕУ, велат од партијата. Посочуваат дека треба да се обезбеди сплотеност, единство и државничко однесување. -Мораме да го послушаме народот и цврсто да застанеме зад неговите и државните интереси, децидни се од ДС.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ds-nema-graganski-i-politichki-konsenzus-za-ustavni-izmeni-pratenitsite-da-donesat-odluka-za-raspushtane-na-sobranieto/feed/ 0
Демократски сојуз на Павле Трајанов со нов предлог: Минималната пензија во Македонија да биде 300 евра https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/demokratski-sojuz-na-pavle-trajanov-so-nov-predlog-minimalnata-penzija-vo-makedonija-da-bide-300-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/demokratski-sojuz-na-pavle-trajanov-so-nov-predlog-minimalnata-penzija-vo-makedonija-da-bide-300-evra/#respond Wed, 16 Aug 2023 08:37:24 +0000 https://kurir.mk/?p=867294

Демократскиот сојуз предлага минималната пензија да изнесува 300 евра, но тоа да значи и скалестo усогласување на износите на сите пензии, се вели во партиското соопштение на партијата. -Кога предлагавме минимална плата од триста евра и покрај отпорите сепак се прифати, но без да се усогласат другите плати врз основа на минималната, при што се случија апсурдни состојби. Тие што веќе имаа 18000 денари плата, со повисок степен на образование и извршуваа посложени работни задачи, да примаат минимална плата. Затоа Владата треба да го прифати предлогот за минимална пензија, но да направи усогласување на износите на повисоките пензии земајќи ја како основа минималната пензија. Минимална пензија од 300 евра и линеарно зголемување на пензиите се оправдани и издржани барања на пензионерите, а стабилноста на пензискиот фонд зависи од растот на економијата, ефикасна борба против криминалот и сивата економија, како и реализирање на капиталните инвестиции. Само со средствата од нереализирани проекти што ги плаќа Владата, може да се покријат потребите на пензионерите, истакнуваат од ДС.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/demokratski-sojuz-na-pavle-trajanov-so-nov-predlog-minimalnata-penzija-vo-makedonija-da-bide-300-evra/feed/ 0
ДС: За почеток да се прифати оставката на Османи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ds-za-pochetok-da-se-prifati-ostavkata-na-osmani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ds-za-pochetok-da-se-prifati-ostavkata-na-osmani/#respond Mon, 31 Jul 2023 09:50:26 +0000 https://kurir.mk/?p=861946

„За почеток да се прифати оставката на Бујар Османи“. Оваа порака ја испраќаат од Демократскиот сојуз, по депонираните оставки на фунцкионерите на ДУИ. -Најавата за оставки на министрите од ДУИ е класичен,но и препознатлив блеф. ДУИ како партија најодговорна за криминализација на државата,блокада на реформите на судскиот систем,злоупотребата на Бадентер и балансерот, огромниот број на промашени капитални инвестиции,како и колапсот на државните институции, се доволни причини за повлекување од власта. ДИУ, заедно со Маричиќ и Ковачевски, ја водат надворешната политика,која ги загрози евроинтеграциите со прифаќање на неоснованите барања на Бугарија и нивно вградување во Преговарачката рамка,посебно за промената на Уставот и историските и образовни прашања,без при тоа да се направат пошироки консултации. За почеток,од функцијата треба да се повлече Бујар Османи,кој со своите одлуки директно ги загрози националните интереси на Македонците,но и на другите граѓани,а ги загрози и европските перспективи на Македонија, стои во реакцијата на ДС. Во неа исто така е потенцирано дека Владата немала поддршка ниту од грѓаните, ниту од парламентот и додадоа дека сметаа дека се потребни избори.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ds-za-pochetok-da-se-prifati-ostavkata-na-osmani/feed/ 0
Демократски сојуз: Компромисот е избори https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/demokratski-sojuz-kompromisot-e-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/demokratski-sojuz-kompromisot-e-izbori/#respond Fri, 14 Jul 2023 09:56:24 +0000 https://kurir.mk/?p=856623

Демократскиот сојуз смета дека наш врвен национален, стратешки и државен интерес се одржување предвремени парламентарни избори и договор за стратешките правци на Македонија. Со најбитната цел - Македонија да се придвижи напред! Од партијата сметаат дека компромисот е одржување парламентарни избори во септември. Тој компромис зависи од СДСМ и ДУИ, чија главна цел е да останат на власт уште неколку месеци по цена и на целосен колапс на државата. -Македонија направи тешки и болни отстапки и компромиси, од промена на Уставот, знамето, името, склучување на Преспанскиот договор, па и потпишување на контроверзниот договор за добрососедство со Бугарија. Сите тие компромиси и отстапки беа непринципиелни и надвор од европските и цивилизациските вредности и не обезбедија отворање на вратите на Европската Унија. За последните условувања, промена на Уставот со цел Бугарите да бидат внесени во него, без реципроцитет и гаранции од ЕУ, нема компромис. СДСМ и ДУИ цела година темата за уставни промени ја држат отворена на највисоко ниво, но досега не подготвија ниту доставија предлог за уставни промени до Парламентот. Едноставно кажано, уставните измени ги користат за замајување на јавноста и дискредитација пред меѓународниот фактор на сите што не прифаќаат уставни измени под диктат и блокада на евроинтеграциите од страна на Бугарија. Затоа, Демократскиот сојуз предлага: Прво, договор за стратешките цели и коренити реформи во правосудниот систем, владеење на правото, борба против криминалот и департизација на сите институции. Второ, донесување нов Устав, ослободен од Бадентер, балансер и други решенија кои ја задушуваат демократијата и развојот на државата. Трето, одржување парламентарни избори во септември. По изборите, веднаш формирање коалициона Влада, составена од сите партии застапени во Собранието, со тоа што премиерот да го предложи партијата/партиите кои ќе имаат најголем број пратеници. Само нова Влада со силен политички и развоен концепт може да ја извлече државата од кризата во која сѐ повеќе запаѓаме и да отвори перспективи за сите, посебно за младите. Обединувањето е неопходно за да ги заштитиме нашите витални национални интереси. Македонија треба да ги искористи геостратешките раздвижувања и да бара прием во ЕУ во следните две до три години, се вели во соопштението на партијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/demokratski-sojuz-kompromisot-e-izbori/feed/ 0