демонстрации – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 01 Nov 2023 17:57:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png демонстрации – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ханија: Продолжете со демонстрации за прекин на огнот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hanija-prodolzhete-so-demonstratsii-za-prekin-na-ognot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hanija-prodolzhete-so-demonstratsii-za-prekin-na-ognot/#respond Wed, 01 Nov 2023 17:57:59 +0000 https://kurir.mk/?p=895488

Лидерот на Хамас, Исмаил Ханија, изјави дека „оние кои го поддржуваат Израел во неговата војна против Хамас ја избираат погрешната страна на историјата“ и го обвини израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за војната. Инаку, војната изби откако терористите на Хамас го нападнаа Израел и во еден ден убија повеќе од 1.400 лица, повеќето цивили, и киднапираа на 200 други, што потоа ги префрлија во Појасот Газа. Ханија во телевизиско обраќање кажа дека Нетанјаху сака „да ги сврти очите на светот од својата вина“ и додаде дека „САД треба да престанат да ја поддржуваат таа фашистичка влада и да престанат да ги попречуваат меѓународните напори за воспоставување хуманитарен прекин на огнот“. -Вие ја избирате погрешната страна на историјата. Регионот нема да биде безбеден или стабилен се додека нашиот народ не ја добие својата слобода и независност и не се врати на својата земја, рече тој. Британските медиуми јавија дека лидерот на Хамас ги повика луѓето да продолжат со протестите, особено на Запад, за да „извршат притисок врз носителите на одлуки“. Тој, исто така, кажа дека израелските заложници во опколениот Појас Газа се „подложени на истата смрт и уништување“ со кои се соочуваат Палестинците. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hanija-prodolzhete-so-demonstratsii-za-prekin-na-ognot/feed/ 0
На демонстрациите против пензиските реформи во Франција учествуваа 757.000 луѓе https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-demonstratsiite-protiv-penziskite-reformi-vo-frantsija-uchestvuvaa-757-000-luge/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-demonstratsiite-protiv-penziskite-reformi-vo-frantsija-uchestvuvaa-757-000-luge/#respond Tue, 07 Feb 2023 20:36:56 +0000 https://kurir.mk/?p=797513

Вкупно 757.000 луѓе демонстрираа денеска во Франција против пензиската реформа, според проценките на полицијата, додека синдикатот ЦГТ проценува дека речиси два милиони луѓе излегле на улиците. Ова се трети демонстрации против пензиските реформи во Франција. На денешните демонстрации во Париз, според француското МВР, имало 57.000, а според синдикатот 400.000 луѓе, исто како и на првиот ден од протестот на 19 јануари. Според властите и организаторите во многу градови во внатрешноста излегле многу помалку луѓе отколку на претходниот протест. Третиот круг демонстрации против пензиските реформи се случи еден ден откако членовите на францускиот Парламент почнаа да расправаат за законот со кој ќе се зголеми старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години. Овој предлог-закон е клучен акт, чие усвојување сака да го постигне францускиот претседател Емануел Макрон за време на неговиот втор мандат. Властите проценија дека минатата недела демонстрираа 1,27 милиони луѓе, што е повеќе од првите протести против пензиските реформи, одржани на 19 јануари низ целата земја. За сабота се најавени нови демонстрации, на кои повикаа осум водечки француски синдикати. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-demonstratsiite-protiv-penziskite-reformi-vo-frantsija-uchestvuvaa-757-000-luge/feed/ 0
Вонредна состојба во Охајо поради демонстрации против полицијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vonredna-sostojba-vo-ohajo-poradi-demonstracii-protiv-policijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vonredna-sostojba-vo-ohajo-poradi-demonstracii-protiv-policijata/#respond Mon, 04 Jul 2022 19:45:11 +0000 https://kurir.mk/?p=699968

Во градот Акрон, Охајо денеска е прогласена вонредна состојба, воведен е полициски час и откажан огномет по повод Денот на независноста, по ескалацијата на протестите поради синоќешното полициско убиство на невооружен Афроамериканец. Протестите избија откако полицијата објави видео на кое се гледа како осум полицајци пукаат во Џејланд Вокер (25), Афроамериканец кој бега од сообраќајна полиција. Подоцна беше откриено дека на телото на убиениот Вокер има околу 60 прострелни рани. Според првичните извештаи, осум полицајци од Акрон биле вклучени во пукањето во кое загина невооружениот Вокер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vonredna-sostojba-vo-ohajo-poradi-demonstracii-protiv-policijata/feed/ 0
Демонстрации во Франција против здравствениот пасош и вакцинацијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/demonstracii-vo-francija-protiv-zdravstveniot-pasosh-i-vakcinacijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/demonstracii-vo-francija-protiv-zdravstveniot-pasosh-i-vakcinacijata/#respond Sat, 24 Jul 2021 16:09:28 +0000 https://kurir.mk/?p=541350

По првата национална мобилизација на 17 јули, денеска во Париз и во многу други француски градовим се одржуваат нови демонстрации против продолжување на здравствениот пасош и задолжителна вакцинација против Ковид-19 за одредени професии, јави дописникот на МИА. Според проценки на властите, низ цела земја се очекуваат речиси 110.000 демонстранти. Овие демонстрации доаѓаат во моментот кога мнозинството Французи (76 отсто) ја одобруваат одлуката на претседателот Макрон да ја направи вакцинацијата задолжителна за негувателите, медицинскиот персонал и другите професии во контакт со луѓе, предвидувајќи казни за оние кои нема да ги почитуваат мерките. Текстот на законот за проширување на употребата на здравствениот пасош денеска се разгледува во Сенатот. Сенаторите ги разгледуваат амандманите, откако вчера го дадоа првото зелено светло на комисија за нацрт-законот против Ковид, кој предвидува обврска за вакцинација за негувателите, медицинскиот персонал и другите професии и контроверзното проширување на здравствениот пасош, што сенаторите го поврзуваат со воспоставување на вонредна здравствена состојба. Шефот на сенаторите од редовите на опозициската Републиканци се заканува дека ќе го попречи парламентарниот рок за усвојување на законот. -Ако пратениците сакаат да ја почнат работата на Сенатот, рече Бруно Реталео, десницата ќе ја саботира средбата меѓу пратениците и сенаторите (што се нарекува мешовит комитет) закажана за в недела за да се финализира конечниот текст. Ова повторно би го почнало парламентарниот шатл, со шетање на нацрт законот меѓу Собранието и Сенатот. Градоначалникот на Ница ја повлече од своја страна одлуката за задолжителниот здравствен пасош во центрите за одмор и рекреација за децата во градот. Откако задолжителното носење на маска се врати во повеќе француски департмани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/demonstracii-vo-francija-protiv-zdravstveniot-pasosh-i-vakcinacijata/feed/ 0
Демонстарции по државниот удар во Мјанмар, полицијата со водени топови ги растера демонстрантите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/demonstarcii-po-drzavniot-udar-vo-mjanmar-policijata-so-vodeni-topovi-gi-rastera-demonstrantite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/demonstarcii-po-drzavniot-udar-vo-mjanmar-policijata-so-vodeni-topovi-gi-rastera-demonstrantite/#respond Mon, 08 Feb 2021 06:49:54 +0000 https://kurir.mk/?p=465626

Полицијата употреби водени топови против демонстрантите во Мјанмар Повеќе лица се повредени откако полицијата употреби водени топови за да ги растера демонстранти во главниот град на Мјанмар, Најпјидо. Во Мјанмар продолжуваат протестите поради преземањето на власата од страна на армијата. Демонстрантите бараат ослободување на лидерката Аунг Сан Су Чи и другите уапсени и враќање на демократијата во земјата. Војската на Мјанмар на 1 февруари воведе вонредна состојба, ја презеде власта во државата и потврди дека уапсила високи владини функционери под обвинување за измама на минатогодишните избори, меѓу кои и Аунг. Власта ја презеде командантот на вооружените сили генерал Мин Аунг Хлаинг, кој смени 24 министри и заменици и менува 11 нови министри.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/demonstarcii-po-drzavniot-udar-vo-mjanmar-policijata-so-vodeni-topovi-gi-rastera-demonstrantite/feed/ 0
Во демонстрациите во Киргистан повредени 16 лица https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-demonstraciite-vo-kirgistan-povredeni-16-lica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-demonstraciite-vo-kirgistan-povredeni-16-lica/#respond Tue, 06 Oct 2020 06:01:24 +0000 https://kurir.mk/?p=412789

Најмалку 16 лица се повредени во главниот град на Киргистан во синоќешните судири меѓу полицијата и демонстрантите, кои го оспоруваат резултатот од парламентарните избори, во кои доминираат сите партии блиски до претседателот. Полицијата употреби солзавец и флеш бомби за да ги растера стотиците демонстранти кои се собраа во центарот на Бишкек. Британските медиуми наведуваат дека некои од нив се обидоа и да ја прескокнат оградата на резиденцијата на претседателот. Во конфликтот меѓу двете страни е повреден и Јанар Акајев, еден од лидерите на опозицијата. Поддржувачите на неколку партии кои не освоија ниту едно место во парламентот, барем според првичните резултати, се собраа на централниот плоштад во главниот град Бишкек, оценувајќи го гласањето за наместено. Двете најсилни партии ќе доминираат во парламентот: партијата Биримдик (Единство), предводена од приврзаници на претседателот Соронбај Зенбеков, која освои 24,45 проценти од гласовите и партијата Мекеним Киргистан (Татковина) со 23,95 проценти од гласовите, во чиј список се поранешни членови на коалицијата и поранешни членови на опозицијата, јавија британските медиуми. Рискелди Момбеков, опозициски кандидат на претседателските избори од партијата Ата Мекан, рече дека претседателот ветил фер избори, но не го одржал зборот. Тој побара изборната комисија во рок од 24 часа да ги поништи изборите. Во Киргистан, земја со население од 6,5 милиони, често пати има политичка нестабилност. Во последните 15 години двајца претседатели се симнати од власта со немири, а третиот е во затвор по разијдувањето со својот наследник.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-demonstraciite-vo-kirgistan-povredeni-16-lica/feed/ 0
Над илјада приведени и 50 повредени во демонстрациите во Белорусија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nad-iljada-privedeni-i-50-povredeni-vo-demonstraciite-vo-belorusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nad-iljada-privedeni-i-50-povredeni-vo-demonstraciite-vo-belorusija/#respond Wed, 12 Aug 2020 11:32:53 +0000 https://kurir.mk/?p=389720

Повеќе од 50 лица се повредени во синоќешните протести во Белорусија, соопшти Министерството за здравство. -Синоќа 51 лице е повредено и е примено во ургентни центри и болници во Белорусија, а на сите им е укажана целосна медицинска помош, се вели во соопштението на Министерството за здравство. Министерството за внатрешни работи на Белорусија соопшти дека повеќе од илјада лица кои учествувале на нелегални демонстрации се приведени во минатата ноќ. -Во текот на ноќта на 11 август и во утринските часови на 12 август, регистрирани се нелегални собири на граѓани на 25 локации. Повеќе од илјада лица кои учествувале во илегални масовни демонстрации беа уапсени и приведени, се вели во соопштението на полицијата. Истражните тела покренаа 17 кривични пријави против лица кои учествувале во нападите врз припадници на полицијата, се додава во соопштението на полицијата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nad-iljada-privedeni-i-50-povredeni-vo-demonstraciite-vo-belorusija/feed/ 0
Трудо ги поддржува демонстрациите против расизмот и дискриминацијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/trudo-gi-poddrzuva-demonstraciite-protiv-rasizmot-i-diskriminacijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/trudo-gi-poddrzuva-demonstraciite-protiv-rasizmot-i-diskriminacijata/#respond Mon, 01 Jun 2020 17:59:13 +0000 https://kurir.mk/?p=352505

Канадскиот премиер Џастин Трудо денеска ги поддржа мировните демонстрации против расизмот и дискриминацијата и ги осуди оние што ги создадоа проблемите. – Расизам против црнците, системска дискриминација, неправда – постои и тука, рече Трудо на почетокот на денешниот брифинг со новинари, по повод неколкудневните протести низ САД и Канада против убиството на Афроамериканецот кој беше убиен од белец полицаец во Минеаполис. – Со собирањата, Канаѓаните испраќаат порака дека нема да толерираат неправда, додаде канадскиот премиер, ветувајќи дека неговата Влада ќе ја продолжи борбата против расизмот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/trudo-gi-poddrzuva-demonstraciite-protiv-rasizmot-i-diskriminacijata/feed/ 0
На денешните демонстрации против пензиските реформи во Франција имало 885.000 демонстранти https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-deneshnite-demonstracii-protiv-penziskite-reformi-vo-francija-imalo-885-000-demonstranti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-deneshnite-demonstracii-protiv-penziskite-reformi-vo-francija-imalo-885-000-demonstranti/#respond Tue, 10 Dec 2019 17:33:25 +0000 https://kurir.mk/?p=275671

На повикот на француските синдикатите на денешните демонстрации против реформата на пензискиот систем предложена од извршната власт, се појавија според нивното пребројување 885.000 демонстранти ширум земјата, јави дописникот на МИА. Во Париз според синдикатите имало 180.000 демонстранти, додека независниот Оккуранс изброја само 27.000. Министерството за внатрешни работи сè уште не дале бројка. Синдикатите самите признаа дека учеството на денешните протести е помало од тоа на 5 декември. На 5 декември, демонстрациите во Париз собраа 250.000 луѓе, според синдикатите, а министерството за внатрешни работи даде бројка од 65.000 луѓе. Утре извршната власт, преку премиерот Едуар Филип треба да даде детали за најавената реформа на пензискиот систем, а синдикатите веќе најавуваат нов ден на демонстрации и штрајкови. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-deneshnite-demonstracii-protiv-penziskite-reformi-vo-francija-imalo-885-000-demonstranti/feed/ 0
Србија ја одбележува годишнината од промените на 5 октомври https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-ja-odbelezuva-godishninata-od-promenite-na-5-oktomvri/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-ja-odbelezuva-godishninata-od-promenite-na-5-oktomvri/#respond Fri, 05 Oct 2018 16:27:39 +0000 https://kurir.mk/?p=111337

Во Србија денеска се одбележува 18-годишнината од големите демонстрации во Белград на 5 октомври 2000 година, со кои беше ставен крај на децениското владеење на Слободан Милошевиќ. Дел од јавноста во Србија продолжува да гледа на 5 октомври како на симбол на демократските промени, но и како на пропуштена доверба, неисполнети ветувања и насилство. Министерот за трговија и туризам Расим Љајиќ, кој беше еден од учесниците во „петоктомвриските настани“, изјави дека овој датум за него претставува позитивен историски настан и пресвртница во демократскиот развој на Србија. - На 5 октомври, и денес гледам како што гледав на 6 октомври. Сменет е недемократскиот режим, кој ја доведе земјата во изолација и конфликт со светот, изјави Љајиќ. За разлика од Љаиќ, српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека не е можно да се даде „еднозначна оценка“ за настаните по 5 октомври 2000 година, бидејќи последиците од овие настани беа и добри и лоши. - Не е се црно или бело, што се однесува до 5 октомври. Тоа се нијанси меѓу црното и белото. Имаше добри работи, бидејќи повеќе не бевме изолирани, како земја се отворивме, изјави Вучиќ, додавајќи дека „сепак имаше и лоши работи, бидејќи најлошите разбојници како плен грабнаа се што вредеше во Србија, а притоа ги напуштија српските државни и национални интереси и ја воведоа земјата во најтешка должничката криза од 2008-2012 година“. Вучиќ оцени дека денес во сите сфери на општествениот живот во Србија состојбата е „десет пати подобра“ и како пример го наведе податокот дека сега има три пати помалку убиства отколку во 2001 или 2003 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-ja-odbelezuva-godishninata-od-promenite-na-5-oktomvri/feed/ 0