демонстрант – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 12 Apr 2023 16:20:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png демонстрант – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Демонстрант во Холандија истрча кон Макрон, обезбедувањето го совлада (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/demonstrant-vo-holandija-istrcha-kon-makron-obezbeduvaneto-go-sovlada-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/demonstrant-vo-holandija-istrcha-kon-makron-obezbeduvaneto-go-sovlada-video/#respond Wed, 12 Apr 2023 16:20:29 +0000 https://kurir.mk/?p=823362

Незадоволството од пензиската реформа, со која старосната граница за пензионирање ќе се помести од 62 на 64 години, го наруши и првиот ден од посетата на Макрон на Холандија. Припадниците на обезбедувањето денеска соборија демонстрант кој притрча кон францускиот претседател Емануел Макрон за време на неговата посета на Холандија. Инцидентот се случил кога Макрон пристигнал на настан на Универзитетот во Амстердам. Соборен на земја, демонстрантот скандирал на француски реплика од песна популарна на протестите против пензиските реформи, која гласи: „Тука сме, тука сме, дури и ако Макрон не сака, ние сме тука“. Француските синдикати утре планираат нови протести на национално ниво против пензиските реформи. Уставниот совет в петок ќе каже дали законот и начинот на кој е донесен е во согласност со уставот или опозицијата може да почне да собира потписи за организирање референдум против неа. Доколку законот добие зелено светло ќе може да стапи во сила, што се очекува до крајот на годинава. Незадоволството од пензиската реформа, со која старосната граница за пензионирање ќе се помести од 62 на 64 години, го наруши и првиот ден од посетата на Макрон на Холандија. На вчерашниот митинг во Хаг, Макрон мораше да надгласа човек кој извикуваше дека е изгубена француската демократија, по што одржа говор за европскиот суверенитет.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/demonstrant-vo-holandija-istrcha-kon-makron-obezbeduvaneto-go-sovlada-video/feed/ 0
На протестите во Мјанмар животот го загуби уште еден демонстрант https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-protestite-vo-mjanmar-zivotot-go-zagubi-ushte-eden-demonstrant/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-protestite-vo-mjanmar-zivotot-go-zagubi-ushte-eden-demonstrant/#respond Sat, 20 Feb 2021 13:37:24 +0000 https://kurir.mk/?p=471467

Еден демонстрант е убиен, а неколкумина се тешко повредени во денешната полициска интервенција во Мјанмар. Судитите меѓу припадниците на безбедносните сили и пристанишните работници траеле неколку часа. Лекар од Јангон изјави за локални медиуми дека неколку лица од протестот се пожалиле на проблеми со дишењето предизвикани од солзавецот и дека едно лице е повредено за време на полициската интервенција. Протестите поради државниот удар во Мјанмар не стивнуваат, демонстрантите излегоа на улиците денеска во многу градови. Меѓи нив се и етнички малцинства, писатели, поети и работници, сите обединети во барањето да се стави крај на владеењето на воената хунта и ослободување на премиерот Аунг Сан Су Чи и други политички затвореници. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-protestite-vo-mjanmar-zivotot-go-zagubi-ushte-eden-demonstrant/feed/ 0
Демонстрант од Хонг Конг кој фрлаше јајца кон полицијата доби 21 месец затвор https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/demonstrant-od-hong-kong-koj-frlashe-jajca-kon-policijata-dobi-21-mesec-zatvor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/demonstrant-od-hong-kong-koj-frlashe-jajca-kon-policijata-dobi-21-mesec-zatvor/#respond Fri, 27 Nov 2020 11:41:42 +0000 https://kurir.mk/?p=435283

Судот во Хонг Конг вчера го осуди 31-годишниот Пун Хо-чи на 21 месец затвор поради фрлање јајца кон полициска станица во 2019 година. – Иако јајцата не се оружје за масовно уништување, фрлањето такви објекти кон полициска станица предизвика незадоволство кај полициските службеници, ја поткопа работата на полициската служба и го загрози општеството, соопшти судот. Оваа пресуда доаѓа во време кога судовите се соочуваат со илјадници случаи на апсења поврзани со минатогодишните политички немири. Големиот број на кривични гонења, како и притисокот за изрекување на строги казни, ги доведоа судиите во непријатна позиција, јави Си-Ен-Ен. Некои судии во Хонг Конг се најдоа на удар на критики затоа што беа премногу остри кон демонстрантите, додека други беа критикувани дека се премногу попустливи кон нив. Адвокатската комора на Хонг Конг оваа недела соопшти дека „жали за ирационалните и неоправдани напади врз судството и неговиот персонал“ и ги повика медиумите да престанат да шпекулираат за политичките убедувања на судиите. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/demonstrant-od-hong-kong-koj-frlashe-jajca-kon-policijata-dobi-21-mesec-zatvor/feed/ 0
Еден демонстрант убиен за време на протестите во Лујсвил https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eden-demonstrant-ubien-za-vreme-na-protestite-vo-lujsvil/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eden-demonstrant-ubien-za-vreme-na-protestite-vo-lujsvil/#respond Mon, 01 Jun 2020 13:35:57 +0000 https://kurir.mk/?p=352427

Најмалку едно лице загина во во Лујсвил, Кентаки за време на протестите поради смртта на афроамериканецот Џорџ Флојд, откако безбедносните сили отворија огран врз демонстрантите. Шефот на полицијата во Лујсвил,, Стив Конрад изјави дека инцидентот се случил кога биле повикани припадниците на градската полиција и националната гарда го растераат насобраниот народ пред еден маркет. – Полицајците и војниците почнаа да го расчистуваат паркингот, а во еден момент беше пукано врз нив. И полицијата и војската возврати и еден маж почина на местото на инцидентот, истакна Конрад. Тој додаде дека полицијата испрашува неколку лица и собира видео-снимки од инцидентот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eden-demonstrant-ubien-za-vreme-na-protestite-vo-lujsvil/feed/ 0