демонстранти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 12 Jul 2023 19:18:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png демонстранти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Убиени демонстранти во Кенија, солзавец испукан кон студентите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubieni-demonstranti-vo-kenija-solzavets-ispukan-kon-studentite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubieni-demonstranti-vo-kenija-solzavets-ispukan-kon-studentite/#respond Wed, 12 Jul 2023 19:18:02 +0000 https://kurir.mk/?p=856026

Полицијата во Кенија денеска уби шест демонстранти за време на новите протести поради зголемувањето на цените, изјави полициски претставник, пренесуваат американските медиуми. Според претставници на здравствените служби, солзавец бил испукан врз повеќе од 50 ученици во главниот град Најроби. Полициски службеник кој сакаше да остане анонимен, изјави дека три лица се убиени во градот Млолонго, две во градот Китенгела во близина на Најроби, додека едно лице е убиено во градот Емали, на автопатот кон пристаништето Момбаса. Истиот извор вели дека 10 лица се хоспитализирани. Претседателот Вилијам Руто беше избран минатиот август на основа на платформата за помош на сиромашните работници во Кенија, но неговите критичари велат дека зголемувањето на даноците што го потпиша минатиот месец ќе ја продлабочи кризата за сиромашните во земјата, кои веќе се борат да си дозволат основни производи како пченкарно брашно. Најмалку шест лица беа убиени минатиот петок за време на протестите што ги повика лидерот на опозицијата Раила Одинга. Одинга денеска ја осуди реакцијата на полицијата и го откажа собирот во Најроби планиран за попладнево. -Со цел да го заштитиме нашиот народ и да спречиме повеќе повреди и загуби на животи, донесовме стратешка одлука да не продолжиме, рече Одинга. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubieni-demonstranti-vo-kenija-solzavets-ispukan-kon-studentite/feed/ 0
Уапсени 77 демонстранти во немирите во Франција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapseni-77-demonstranti-vo-nemirite-vo-frantsija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapseni-77-demonstranti-vo-nemirite-vo-frantsija/#respond Thu, 29 Jun 2023 05:50:25 +0000 https://kurir.mk/?p=850649

Во Франција синоќа продолжија насилствата, особено во парискиот регион, каде полицаец уби седумнаесетгодишник, кој одбил да го послуша. Демонстрантите во повеќе градови палеа и се судрија со полицијата, при што се уапсени 77 луѓе. Ситуацијата во Нантер, на 15 километри од Париз, околу 23 часот повторно стана тензична. Запалени се десетина автомобили, контејнери и бариери поставени на патот. Демонстрантите на зградите поставија транспаранети „Правда за Нахел“ и „Полицијата убива“. Полицијата употреби солзавец, а демонстрантите возвратија со камења. Според Ле Монд, во Нантер, полицијата била принудена делумно да се повлече. Во околу дваесет општини во Сена-Сен Дени, департман во североисточниот дел на Париз, пријавени се пожари. Во Есон, јужно од Париз, бил запален автобус, а во кварт во Тулуз најверојатно од запален камион. Тензии беа забележани и во други региони низ земјата, како што е Лион, каде припадниците на полицијата беа гаѓани со пиротехнички средства. Во некои места како Сент Етјен, Лил и Рен, инцидентите се случија за време на собири за поддршка на еколошкото движење кое неодамна беше распуштено од владата. Демонстрантите се судрија со полицијата во Лил. Снимките објавени на интернет покажуваат луѓе во Градското собрание во предградието Монс-ен-Барул како палат документи и столови. Во Рен, околу 300 луѓе се собраа да му оддадат почит на тинејџерот, некои од нив исто така запалија оган, но беа растерани од полицијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapseni-77-demonstranti-vo-nemirite-vo-frantsija/feed/ 0
Демонстранти упаднаа во седиштето на Луј Витон во Париз, се чека клучна одлука за пензиите (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/demonstranti-upadnaa-vo-sedishteto-na-luj-viton-vo-pariz-se-cheka-kluchna-odluka-za-penziite-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/demonstranti-upadnaa-vo-sedishteto-na-luj-viton-vo-pariz-se-cheka-kluchna-odluka-za-penziite-video/#respond Thu, 13 Apr 2023 17:33:52 +0000 https://kurir.mk/?p=823802

Демонстранти денеска упаднаа во седиштето на луксузниот моден бренд Луј Витон во Париз пред очекуваната пресуда за контроверзните пензиски реформи во Франција. Тие бараат француската влада да се откаже од планираните пензиски реформи и наместо тоа повеќе да ги оданочува богатите. Десетици демонстранти мавтајќи со знамиња и факели упаднаа во просториите на Луј Витон на авенијата Монтењ бр. 22 во четвртокот наутро – 12-тиот ден од протестите низ целата земја од почетокот на штрајковите, објави „Скај њуз“. „Барате пари за да ги финансирате пензиите? Земете го од џебовите на милијардерите“, рече активистот на синдикатот Суд Раила, Фабиен Виледје во седиштето на LVMH исполнето со црвен чад. Демонстрантите потоа мирно си заминаа. Десетици илјади демонстранти излегоа на улиците на француската престолнина, а некои се судрија со полицијата. Демонстрации се одржуваат во градовите ширум земјата – вклучувајќи го и Рен, каде што сликите покажуваат запален Мерцедес – во најновата манифестација на гнев поради предложените промени во пензиите. Синдикатите повикаа на демонстрации на улиците на Франција, еден ден пред одлуката на Уставниот суд за законитоста на законот за пензиски реформи, кој предвидува зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години. Доколку Уставниот суд го одобри законот што владата го донесе со декрет за да го избегне парламентот, бидејќи има сигурно мнозинство, тој ќе може да стапи на сила. Демонстрантите, сепак, најавија дека ќе продолжат да се борат дури и ако законот добие зелено светло, додавајќи дека сакаат да организираат референдум за ова прашање или да го вратат законот на одлука во Собранието.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/demonstranti-upadnaa-vo-sedishteto-na-luj-viton-vo-pariz-se-cheka-kluchna-odluka-za-penziite-video/feed/ 0
Дарманен: Во Франција се приведени 457 демонстранти https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/darmanen-vo-frantsija-se-privedeni-457-demonstranti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/darmanen-vo-frantsija-se-privedeni-457-demonstranti/#respond Fri, 24 Mar 2023 09:00:40 +0000 https://kurir.mk/?p=815857

Бројот на приведените за време на протестите против пензиската реформа во Франција се зголеми на 457, изјави денеска францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен. - Досега се повредени 441 полицаец и жандар, додаде тој, заблагодарувајќи им се на органите на редот и на пожарникарите за нивната работа за време на демонстрациите. Демонстрациите беа многубројни и на места прераснаа во судири, особено во Париз, до доцна во ноќта, истакна Дарманен. Тој додаде дека само во Париз биле запалени 903 објекти лоцирани на јавен простор, вклучително и контејнери за ѓубре. Вчера беше деветти ден од протестите против пензиските реформи во француските градови. Во главниот град на Франција, хулигани ја нападнаа полицијата со шишиња, камења и бомби, а тие одговорија со солзавец. Според претставници на органите на редот, меѓу демонстрантите имало 1.500 хулигани, од кои многумина специјално пристигнале тој ден од париските предградија. Како одговор на протестите на контролорите на летање, француската цивилна авијација побара од авиокомпаниите да откажат 33 отсто од своите летови до и од аеродромот Париз-Орли в недела и 20 проценти в понеделник. Ограничувања од 20 отсто се побарани и за аеродромите во Лион и Марсеј. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/darmanen-vo-frantsija-se-privedeni-457-demonstranti/feed/ 0
Неколку илјади демонстранти низ Атина и Солун по смртта на ромскиот тинејџер https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nekolku-iljadi-demonstranti-niz-atina-i-solun-po-smrtta-na-romskiot-tinejdzer/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nekolku-iljadi-demonstranti-niz-atina-i-solun-po-smrtta-na-romskiot-tinejdzer/#respond Tue, 13 Dec 2022 20:31:50 +0000 https://kurir.mk/?p=775190

Илјадници демонстранти од ромската заедница во Грција вечерва маршираа низ Атина и Солун, а водачите на заедницата апелираа на смиреност по смртта на тинејџерот кој минатата недела беше застрелан во главата за време на полициска потера поради наводно неплатена сметка за гас. Околу 2.500 лица демонстрираа во Солун, каде што тинејџерот живееше и умре, а сличен протестен марш беше одржан и во Атина, откако студентските и анархистичките групи повикаа на протести по неговата смрт. Грчките медиуми објавија дека демонстрантите палеле гуми и блокирале улици за време на протестите во неколку делови на земјата, пренесоа медиумите. Властите не го наведоа името на тинејџерот, но роднините го идентификуваа како Костас Франгулис, кој бил оженет и имал мало дете. -Тука сите плачат. Неправедно е дете да си замине вака, изјави секретарот на ромската заедница, Андонис Тасиос, во која живеел тинејџерот. Франгулис беше хоспитализиран на интензивна нега по итната операција по пукањето, а погребот е закажан за четврток. Полицијата во Солун соопшти дека околу 50 луѓе попладнево излегле од универзитетскиот кампус и фрлиле неколку Молотови коктели врз полициската единица за разбивање демонстрации што била стационирана во близина. Нема извештаи за повредени. Тинејџерот беше застрелан во глава од полицаец на мотор, за време на потера откако младиот човек го наполнил камионот на бензинска пумпа и наводно избегал без да ја плати сметката од 20 евра. Обвинетиот полицаец за време на првото појавување пред судот минатата недела изјави дека пукал од оружјето за да го запре камионот затоа што се плашел за животите на своите колеги, но дека нишанел во гумите, а не кон возачот. Полицаецот е суспендиран и од петокот е осомничен за кривично дело убиство во обид со можна умисла и недозволена употреба на оружје. Со смртта на тинејџерот сега е многу поверојатно обвинението за кривично дело да биде сменето во убиство од небрежност, наведуваат американските медиуми.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nekolku-iljadi-demonstranti-niz-atina-i-solun-po-smrtta-na-romskiot-tinejdzer/feed/ 0
Демонстранти во Софија ги исфиркаа рускиот митрополит Антониј и руската амбасадорка Митрофанова https://arhiva.kurir.mk/svet/region/demonstranti-vo-sofija-gi-isfirkaa-ruskiot-mitropolit-antonij-i-ruskata-ambasadorka-mitrofanova/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/demonstranti-vo-sofija-gi-isfirkaa-ruskiot-mitropolit-antonij-i-ruskata-ambasadorka-mitrofanova/#respond Tue, 06 Dec 2022 09:30:23 +0000 https://kurir.mk/?p=771630

Рускиот митрополит Антониј, шеф на Одделот за меѓународни односи во Московската патријаршија, беше пречекан од демонстранти пред руската црква „Свети Никола“ во Софија, јави дописникот на МИА од Софија. Украинци, Русите и бугарските граѓани, кои се против режимот на Владимир Путин, утринава се собраа пред црквата за да го изразат своето неодобрување за посетата на високиот руски свештеник, кој ја претставува Руската православна црква, која ја благословува војната против Украина, ги оправдува убиствата на невини и се моли за победа на Русија над Киев. Набргу по влегувањето на Антониј во црквата, пристигна и руската амбасадорка во Софија, Елеонора Митрофанова, која беше исфиркана од демонстрантите. Гневните граѓани носеа плакати на кои пишуваше „Ова не е Москва“, „Стоп за геноцидот“, „Стоп Путин“, „Умри Путин!“. Рускиот митрополит Антониј со знак со рацете им порача на демонстрантите дека немаат памет и дека не се нормални. Софиското издание „Фактор“ наведува дека посетата на рускиот митрополит на Бугарија е уште една гнасна руска хибридна операција против Украина, слободниот свет, Бугарија и православието. Целта на посетата е Бугарската патријаршија брзо да го признае томосот на Српската црква за Северна Македонија, кој е поддржан само од Руската патријаршија. Покрај тоа, според други извештаи, се очекуваше БПЦ да преземе неофицијална обврска да не ги осудува руските воени злосторства во Украина, како и да го одложи признавањето на новата независна Украинска црква и да го покаже авторитетот на рускиот патријарх Кирил Гундјаев и да покаже дека Вселенската патријаршија и нејзиниот поглавар Вартоломеј немаат таква улога и влијание во православниот свет. Митрополитот Антониј сослужуваше во рускиот храм во Софија заедно со митрополитот Ловчански Гавриил.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/demonstranti-vo-sofija-gi-isfirkaa-ruskiot-mitropolit-antonij-i-ruskata-ambasadorka-mitrofanova/feed/ 0
Насилство на демонстрации во југоисточниот дел на Иран https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nasilstvo-na-demonstracii-vo-jugoistochniot-del-na-iran/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nasilstvo-na-demonstracii-vo-jugoistochniot-del-na-iran/#respond Wed, 09 Nov 2022 18:43:44 +0000 https://kurir.mk/?p=758163

– Иранските безбедносни сили употребија боева муниција и солзавец во судирите со демонстрантите во југоисточниот дел на земјата, пренесе ДПА. Во градот Захедан во провинцијата Систан и Балучестан на протестите денеска излегоа голем број луѓе. Многу продавници во градот наводно биле затворени поради страв од немири. На 30 септември, десетици демонстранти беа убиени во Захедан во судир кој стана познат како „крвавиот петок“. Откако избувна насилството пред околу седум недели, смртта на неколку млади демонстранти доведе до циклус на насилство, при што демонстрантите излегуваат на улиците на крајот на вообичаената 40-дневна жалост, а потоа повторно се судираат со полицијата. Влијателниот сунитски свештеник во покраината, Маулави Абдулхамид, неодамна ги критикуваше постапките на политичкото раководство во мнозинската шиитска Исламска Република. Се вели дека други локални свештеници го следеле неговиот курс. Проповедникот неодамна дури повика на референдум за барањата на демонстрантите. Протестите во Иран беа поттикнати од смртта на 22-годишната Махса Амини која почина во болница откако беше приведена од полицијата за морал поради „несоодветна облека. (MИА)

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nasilstvo-na-demonstracii-vo-jugoistochniot-del-na-iran/feed/ 0
Германија најави затворски казни за демонстрантите кои ги оштетуваат уметничките дела https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-najavi-zatvorski-kazni-za-demonstrantite-koi-gi-oshtetuvaat-umetnichkite-dela/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-najavi-zatvorski-kazni-za-demonstrantite-koi-gi-oshtetuvaat-umetnichkite-dela/#respond Wed, 02 Nov 2022 14:11:01 +0000 https://kurir.mk/?p=754625

Германскиот министер за правда Марко Бушман изјави дека се можни затворски казни за климатски активисти кои блокираат патишта и оштетуваат уметнички дела. – Кој ќе фрли течност или предмети врз уметничките дела може кривично да одговара доколку се оштетат уметничките дела. Блокадите на патиштата може да се окарактеризираат како принуда. А доколку поради ова биде спречена брзата помош да пристигне, можно е и обвинение за нанесување телесни повреди од невнимание, изјави министерот за правда Марко Бушман, кој е од Либерално-демократската партија ФДП). Тој рече дека законот, покрај паричните казни, предвидува и затворски казни за овој вид на кривични дела. „Овие закони мора да се спроведуваат“, рече Бушман. Во последните недели, еколошките активисти од групата „Последна генерација“ предизвикаа поделени реакции во јавноста со спектакуларни акции, како фрлање боја на уметнички дела во музеи или блокирање патишта. При последната блокада на берлински сообраќајница, возилата на итната помош пристигнаа со големо задоцнување на местото на сообраќајната несреќа во која тешко беше повредена вел осипедистка. Претставниците на демонстрантите ја негираа одговорноста за инцидентот, тврдејќи дека возилата за итни случаи биле забавени бидејќи учесниците во сообраќајот не формирале среден премин на патот за полицијата и возилата за итни случаи, како што налагаат сообраќајните правила во случај на сообраќаен метеж на автопат. Ренате Куенаст, политичарка од владејачката партија Зелени, рече дека оваа форма на протест води во ќорсокак. – Мислам дека нема смисла кога повеќе се дискутира за формата на протестот и за прашањето за легитимноста на овој вид протест отколку за самата содржина. Тоа води во ќорсокак, рече Куенаст. Градоначалничката на Берлин, Франциска Гифај ги критикуваше овие форми на протест, оценувајќи дека тие ја загрозуваат јавната безбедност на граѓаните. Германскиот канцелар Олаф Шолц, исто така, неодамна изјави дека не ги одобрува овие форми на протест. Членовите на движењето „Последна генерација“ порачаа дека со своите постапки сакаат да го забрзаат одлучувањето што би довело до забавување на климатските промени. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-najavi-zatvorski-kazni-za-demonstrantite-koi-gi-oshtetuvaat-umetnichkite-dela/feed/ 0
НВО: 122 демонстранти загинаа во задушувањето на протестите во Иран https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nvo-122-demonstranti-zaginaa-vo-zadushuvanjeto-na-protestite-vo-iran/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nvo-122-demonstranti-zaginaa-vo-zadushuvanjeto-na-protestite-vo-iran/#respond Mon, 17 Oct 2022 12:15:42 +0000 https://kurir.mk/?p=746483

Повеќе од 120 демонстранти се убиени во задушувањето на протестите во Иран што започнаа на 16 септември, денот на смртта на младата Иранка, Махса Амини, која беше уапсена бидејќи не ја носела правилно шамијата, соопшти денеска иранскиот огранок на невладината организација Хјуман рајтс со седиште во Осло. Во претходниот биланс беше соопштено за 108 мртви, наведува организацијата, додавајќи дека загинале 122 лица. Протестите во Иран започнаа на 16 септември, денот на смртта на Махса Амини (22) во болница, каде што беше ставена во тешка состојба по нејзиното апсење на 13 септември во Техеран поради „носење несоодветна облека“ и непочитување на строгиот ирански кодекс на облекување за жени. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nvo-122-demonstranti-zaginaa-vo-zadushuvanjeto-na-protestite-vo-iran/feed/ 0
Полицијата со солзавец ги спречи демонстрантите да дојдат пред Иранската амбасада во Париз https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/policijata-so-solzavec-gi-sprechi-demonstrantite-da-dojdat-pred-iranskata-ambasada-vo-pariz/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/policijata-so-solzavec-gi-sprechi-demonstrantite-da-dojdat-pred-iranskata-ambasada-vo-pariz/#respond Mon, 26 Sep 2022 07:29:35 +0000 https://kurir.mk/?p=737418

Француската полиција вчера употреби солзавец за да ги спречи илјадниците луѓе кои протестираа против задушувањето на демонстрациите во Иран да стигнат до Амбасадата на Исламската Република во Париз. Околу четири илјади луѓе, според полициските податоци, се собраа вчера втор ден по ред на протести против убиството на 22-годишната Махса Амини, уапсена на 13 септември во Техеран од специјалната полциција за морал затоа што носела „несоодветна облека“. Француската полиција соопшти дека протестот започнала на плоштадот „Трокадеро”, по што протестната поворка се упатила кон Иранската амбасада, попатно повторувајќи ги слоганите „жена, живот, слобода“ што ги извикуваа учесниците на протестите во Иран. Учесниците на демонстрациите испратија и пораки на критика до францускиот претседател Емануел Макрон заради ракувањето со неговиот ирански колега Ебрахим Раиси за време на нивниот состанок на 20 септември на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, посветен на разговорите околу иранската нуклеарна програма.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/policijata-so-solzavec-gi-sprechi-demonstrantite-da-dojdat-pred-iranskata-ambasada-vo-pariz/feed/ 0