Демостат – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 22 Oct 2023 15:05:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Демостат – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Демостат: Застојот на патот кон ЕУ ги прави земјите од Западен Балкан ранливи на кинеското влијание https://arhiva.kurir.mk/svet/region/demostat-zastojot-na-patot-kon-eu-gi-pravi-zemjite-od-zapaden-balkan-ranlivi-na-kineskoto-vlijanie/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/demostat-zastojot-na-patot-kon-eu-gi-pravi-zemjite-od-zapaden-balkan-ranlivi-na-kineskoto-vlijanie/#respond Sun, 22 Oct 2023 15:05:35 +0000 https://kurir.mk/?p=891955

Неколку студии на тема „Какво е влијанието на Кина во земјите од Западен Балкан“ покажуваат дека тоа претставува сериозен економски и политички проблем, особено кога станува збор за усогласување на политиките на земјите аспиранти, како на пример Македонија со тие од ЕУ. Белградски Демостат направи на оваа тема анализа на промовираната публикација „Влијанието на Кина врз процесот на пристапување на Западен Балкан во ЕУ: синергии и пречки“, јави дописникот на МИА од Белград. Ана Крстиновска, една од авторите на оваа публикација, пишува Демостат, смета дека кинеското влијание во земјите од Западен Балкан е најизразено во трговските односи, а во последната деценија најмногу порасна благодарение на воспоставената соработка меѓу Кина и Централна и Источна Европа, но стагнацијата на некои земји од Западен Балкан кон ЕУ и отвори дополнителни можности на Кина да го зголеми своето влијание, без разлика дали се работи за бизнис или некој друг вид влијание. -Главно гледаме зголемување на влијанието врз економијата преку зголемена трговска размена, но во превод тоа значи голем пораст на увозот од Кина, а кога станува збор за извозот, извозот е во благ пораст, но не е во согласност со нашите очекувања за тоа колку можеме да увезуваме со оглед на големината на пазарот во Кина, вели Крстиновска. Кинеското влијание во Македонија изразено е преку инвестиции иако Македонија е најмалку атрактивна земја за Кина, забележани се кинески компании кои купиле странски компании кои имаат фабрики или производствени капацитети кај нас, па индиректно тие производствени капацитети во нашите технолошки развиени зони се во сопственост на Кина. Кинеското присуство го гледаме и преку инфраструктурни проекти како што е автопатот Кичево-Охрид. Крстиновска вели дека кинеското влијание не треба да се оценува како лошо, но има и примери на негативно влијание, како што е склучувањето договор за автопатот Кичево-Охрид. -Се смета само автопатот Кичево-Охрид бидејќи самата постапка за доделување на договорот беше нетранспарентна и иако СДСМ имаше опција да ја прекине, продолжи со дополнителни анекси во износ од 200 милиони евра и гледаме дека проектот не е дури ни блиску до завршување. Затоа, тоа е пример кој реално ги отсликува негативните аспекти поврзани со кинеското присуство во нашата земја, освен тоа, немаме големи инфраструктурни проекти или инвестиции со негативно влијание, за разлика од Србија, рече Крстиновска. Дали тоа влијание ќе се одрази на нашиот процес кон ЕУ, таа рече дека тоа зависи само од нас и спроведувањето на реформите кои меѓу другото вклучуваат и ограничување на просторот за надворешно влијание. -Она што е важно на патот кон ЕУ е како ќе се позиционираме и колку сакаме да ги спроведеме реформите. Кинеското присуство во земјава може да биде позитивно ако го користиме како позитивно, а може да биде негативно ако дозволиме склучување договори за јавни набавки кои не се во согласност со нашето законодавство или со европските регулативи. Спроведуваме реформи за членство и некои од овие реформи ќе придонесат за ограничување на просторот за бизнис на кинеските компании или за склучување некои зделки зад затворени врати, како што беше често случај во изминатите години, но самата Кина или кинеското присуство не можат да бидат главната пречка, рече Крстиновска. Економските односи со другите земји не се лоши, но фокусот треба да биде на европските цели. Директорот на канцеларијата на Фондацијата Конрад Аденауер во Скопје, Даниел Браун, истакна дека иако трговските и економските односи со другите земји никогаш не се лоши, тој рече дека е многу е важно да се фокусираме на целите на ЕУ, кои се разликуваат од оние на Кина. -Кина и ЕУ имаат различни цели, тоа не значи дека не смееме да користиме кинеска технологија, но ако имаме безбедносни несигурности, тогаш можеби треба да се запрашаме дали ќе го користиме тоа. Не треба да ги прекинуваме сите односи со Кина, туку треба да разбереме дека зборуваме за две страни со различни цели, никој не вели дека не треба да учиме кинески, туку дека треба да бидеме свесни што може да произлезе од нашите постапки. Верувам дека луѓето во регионот добиваат позитивни поени од Русија и Кина како резултат на разочарувањето во ЕУ, поради процесот на пристапување во ЕУ. Затоа, дури и да не сме сигурни дали наскоро ќе се приклучат земјите од регионот, треба да работиме на зајакнување на врските, давајќи им повеќе придобивки што ги имаат земјите од ЕУ за земјите од Западен Балкан, смета Браун.. Кога станува збор за кинеските инвестиции, Србија е дефинитивно најатрактивна земја, а голема улога игра блискоста на двајцата лидери од овие земји. Тоа го докажа потпишувањето на договорот за слободна трговија со кој двете земји ќе можат да извезуваат и увезуваат суровини без царински трошоци или со значително пониски царини. Покрај овој договор, двете земји потпишаа и меморандум за размена и соработка во областа на политиката за економски развој, меморандум за заедничко унапредување на индустриската и инвестициската соработка и среднорочен акциски план за иницијативата „Појас и пат“. Србија е земја која преговара за членство во ЕУ, но во исто време ги зајакнува односите со Кина со која соработува на полето на инфраструктурата и одбраната. Претставниците на двете земји со години ги опишуваат нивните меѓусебни односи како „искрено пријателство“. Заклучоците од промоцијата на публикацијата „Влијанието на Кина врз процесот на пристапување во ЕУ на Западен Балкан: синергии и пречки“ имаа за цел да поттикнат дискусија за сферите во кои е застапено кинеското влијание и какви би можеле да бидат последиците во иднина. -За нас е важно да придонесеме за отворањето на форумот, на дебата за влијанието на Кина, нејзиното присуство во регионот и да го утврдиме нејзиното позитивно и негативно влијание во регионот, како и во колку сфери работи и како многу влијае на поткопувањето на авторитетот на ЕУ во регионот и на тоа како влијанието на Кина може да биде штетно за евроатлантскиот процес на кој се посветени сите земји во регионот, и како ние и земјите од ЕУ можеме да дејствуваме за да го потиснеме или адекватно одговориме на неговото влијание, објаснува Катерина Јакимовска од Центарот за европски студии Вилфрид Мартенс од Брисел. Општите заклучоци на панелот се дека, што се однесува до руските и другите неевропски актери, доколку продолжи стагнацијата во евроинтеграциите, логично е да се очекува зголемено присуство на други неевропски актери во земјите на Западен Балкан, пишува Демостат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/demostat-zastojot-na-patot-kon-eu-gi-pravi-zemjite-od-zapaden-balkan-ranlivi-na-kineskoto-vlijanie/feed/ 0
Демостат: Дел од српските граѓани сè уште веруваат дека руската агресија во Украина е оправдана https://arhiva.kurir.mk/svet/region/demostat-del-od-srpskite-gragani-se-ushte-veruvaat-deka-ruskata-agresija-vo-ukraina-e-opravdana/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/demostat-del-od-srpskite-gragani-se-ushte-veruvaat-deka-ruskata-agresija-vo-ukraina-e-opravdana/#respond Wed, 22 Mar 2023 12:14:56 +0000 https://kurir.mk/?p=814934

Една година по почетокот на војната во Украина, во Србија сè уште има многу силна „пропутинистичка“ и „антизападна“ пропаганда, поради што некои граѓани сè уште сметаат дека руската агресија во соседната земја е оправдана и легитимна, пишува истражувачкиот и издавачкиот центар Демостат. Како што јави дописникот на МИА од Белград, Демостат наведува дека во Србија има забележлив раст на „антиукраински“ наратив, како и ширење на разни стереотипи, а тоа е особено забележливо по анексијата на Крим во 2014 година. Според нив, лажните наративи за Украина се ширеле во српските медиуми и на социјалните мрежи уште пред Русија да ја нападне Украина на 24 февруари минатата година. -Од тоа дека Украина извршила геноцид, до тврдењето дека нацизмот е широко распространет во украинската политика и општество поддржан од властите во Киев, се со цел да се глорифицира Русија и да се дискредитира Украина, пишува Демостат. Истражувачкиот центар, во текстот наведува неколку факти за односот меѓу Србите и Украинците, кои, како што тврдат, се прикриваат бидејќи не одат во прилог на пропагандата насочена кон обликување на перцепцијата на граѓаните. Тие наведуваат дека Украина е една од ретките европски земји кои не ја признаа независноста на Косово, што беше кажано веднаш по прогласувањето независност од тогашниот претседател Виктор Јанушченко, нагласувајќи дека оваа позиција се заснова на националните интереси на таа земја и меѓународните закон. По барањето на одредени украински пратеници за признавање на независноста на Косово, украинскиот парламент се огради од тоа, а Амбасадата на Украина во Србија соопшти дека принципиелниот став на таа земја е добар познат во однос на територијалниот интегритет и суверенитет на Србија. Демостат наведува и дека Украина била меѓу првите, на 25 март 1999 година, која го осудила НАТО бомбардирањето на СР Југославија, кое започна еден ден претходно. Бомбашкиот напад го осудија и тогашниот претседател на Украина Леонид Кучма, премиерот Валериј Пустовјотенко, како и претседателот на Парламентот. Демостат пишува и дека Србија и Украина се „сојузници по губење на територија“, наведувајќи дека во февруари 2014 година Украина останала без Крим, за чие припојување кон Русија гласале 97 отсто од излезените жители на таа област во референдум. Во текстот се додава и дека во операциите за ослободување на Белград и Србија од нацистичка Германија во 1944 година, учествувале силите на Третиот и Вториот украински фронт, во рамите на Црвената армија. За време на офанзивата во Белград, според Демостат, единиците на Третиот и Вториот украински фронт, од кои 65 до 70 отсто биле Украинци, изгубиле повеќе од 18.000 луѓе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/demostat-del-od-srpskite-gragani-se-ushte-veruvaat-deka-ruskata-agresija-vo-ukraina-e-opravdana/feed/ 0
Демостат: Србија ќе биде членка на ЕУ до 2030 година доколку го прифати европскиот план за косовското прашање https://arhiva.kurir.mk/svet/region/demostat-srbija-ke-bide-chlenka-na-eu-do-2030-godina-dokolku-go-prifati-evropskiot-plan-za-kosovskoto-prashane/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/demostat-srbija-ke-bide-chlenka-na-eu-do-2030-godina-dokolku-go-prifati-evropskiot-plan-za-kosovskoto-prashane/#respond Mon, 30 Jan 2023 08:08:55 +0000 https://kurir.mk/?p=793545

Јасна перспектива за членството на Србија во Европската Унија, инвестиции во енергетскиот сектор и ослободување од зависноста од Русија во таа област, доаѓање на американски и европски компании се дел од она што Србија би можела да го очекува ако се согласи со предлогот на Западот за решавање на косовското прашање, пишува денеска истражувачко-издавачкиот центар Демостат. Повикувајќи се на свои дипломатски извори, Демостат додава дека се точни изјавите за можни последици за Србија доколку не го прифати договорот, кои вклучуваат прекин на европската интеграција, запирање и повлекување на инвестициите, враќање на визите, додека аранжманот со Меѓународниот монетарен фонд би бил под знак прашалник, пренесува Бета. Според Демостат, претставниците на ЕУ, САД, Франција, Германија и Италија на средбата во Белград му рекле на српскиот претседател Александар Вучиќ дека, доколку Србија го прифати европскиот план, може да влезе во ЕУ до 2030 година. Во меѓувреме, според изворите на овој центар, Србија чекор по чекор би била вклучена во другите европски структури, како што е заедничкиот европски пазар, што подразбира слободен проток на стоки, луѓе, капитал и услуги. Доколку Белград го отфрли западниот план за Косово и покаже дека не е конструктивен во дијалогот со Приштина, ќе дојде до суспензија и повлекување на европските и американските инвестиции. „Имено, веќе има компании кои до понатамошно известување ги прекинаа плановите за инвестиции во Србија, пред се поради неусогласеноста на надворешната и безбедносната политика, што повлекува зголемен ризик за водење бизнис во нашата земја. Одбивање на преговори за план за решавање косовското прашање за бизнис заедницата која планира да работи или веќе работи во Србија би било дополнителен црвен аларм“, пишува Демостат. Не е автентичен француско-германскиот план кој минатата недела се појави во медиумите, ниту конечниот договор што ќе се најде на преговарачка маса, пишува Демостат. Во договорот ќе има клаузула дека ниту една страна нема да ги блокира или охрабрува другите да го блокираат напредокот на другата страна на нејзиниот пат кон ЕУ и дека во договорот нема да се споменува признавање на Косово или членство во ОН. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/demostat-srbija-ke-bide-chlenka-na-eu-do-2030-godina-dokolku-go-prifati-evropskiot-plan-za-kosovskoto-prashane/feed/ 0