ден дончев – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 28 Jul 2021 10:28:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ден дончев – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Арсовски: Дали Ден Дончев и Драги Рашковски не се прв ешалон? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-dali-den-donchev-i-dragi-rashkovski-ne-se-prv-eshalon/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-dali-den-donchev-i-dragi-rashkovski-ne-se-prv-eshalon/#respond Wed, 28 Jul 2021 10:14:37 +0000 https://kurir.mk/?p=542983

Криминалот и корупцијата во Република Македонија почнуваат и завршуваат со Зоран Заев. Криминалот и корупцијата се во првиот ешалон и првиот ешалон на Владата се тие што треба да одговараат за целиот криминал и корупција и да одат во затвор, истакна на денешната прес-конференција Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Посочува дека Стејт Департментот нотира висока корупција во Владата, а пак Зоран Заев негира. -Отсуството на срам и на недоведноста кај премиерот е доволен показател дека имаат забегано како Влада и партија и се препуштени единствено на криминал и корупција. Очигледно за Заев не е прв ешалон Ден Дончев кој го видовме како зема неколку пачки со пари како транша за рекет и тоа на видело, јавно, целата јавност го виде. Зоран Заев негира. Очигледно за Заев не е прв ешалон Драги Рашковски со набавката на софтвери или пак Петре Шилегов со набавката на противпожарната скала која беше платена двојно повеќе од вредноста која што ја плаќале другите општини низ Европа. За Заев не е прв ешалон ниту криминалот на Боро Малборо, кој како градоначалник беше фатен како се пука со полицајци, и како шверца цигари. А, не е ниту криминал ова што се случи со СЈО, со рекетирањето, или пак она што се случува со нарачките од ЈО и пресудите на судот. Одамна е јасно во Република Македонија дека корупцијата го зазема првото место за ширење во Владината програма. Одамна е јасно дека како таргет на власта се единствено луѓе кои се нивни критичари, а не оние кои навистина сториле криминал. Повеќе од јасно е зошто странските инвестиции си одат од Македонија и завршуваат во други држави. Станавме црна дупка во Европа, само затоа што оваа Влада е една од најкриминалните влади во светот, вели Арсовски. Нагласува дека токму третиот ешалон е тој што ќе му пресуди на Зоран Заев. -Доволно е омаловажувања и навреди за обичните граѓани кои Зоран Заев ги нарекува трет ешалон, додека пак тој самиот и останатите народски кажано ослепеа од крадење на државата и граѓаните. Ако на некој не му е јасно кој краде и кој е корумпиран во државава согласно ешалоните, нека размисли дека скапи Мајбаси возат семејството на Заев, а не обичниот граѓанин од третиот ешалон како што го нарекува Зоран Заев. Затоа одговорност за целата корупција и криминал и чистење на корумпираното зло од Владата на овие избори низ општините најпрвин, а потоа и во Владата. Секој кој што се огрешил пред лицето на правдата и кој што крадел од граѓаните треба да одговара и ќе одговара, истакна Арсовски на денешната прес-конференција. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-dali-den-donchev-i-dragi-rashkovski-ne-se-prv-eshalon/feed/ 0
Ден Дончев заработи казна од 150 евра https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/den-donchev-zaraboti-kazna-od-150-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/den-donchev-zaraboti-kazna-od-150-evra/#respond Fri, 09 Apr 2021 15:46:49 +0000 https://kurir.mk/?p=494957

Поранешниот директор на Фондот за здравство, Ден Дончев заработи парична казна во висина од 150 евра од антикорупциска, објави телевизија Сител. И покрај тврдењата на Ден Дончев во март минатата година дека 3-те милиони денари од австралиска фирма му биле префрлени законски, сепак тој заборавил овие пари да ги пријави и да направи промена на имотната состојба. Дончев доби прекршочна санкција за непријавување на промена на имотна состојба и му беше одредена казна од 150 евра. Инаку, лани во медиумите се појави видео на кое се гледа како Ден Дончев од едно лице зема купче со пари и ги става во својта торба. Токму за името на Дончев се поврзуваа повеќе афери, ама истиот не никогаш не оговараше пред лицето на правдта, а не се знае дали се уште се наоѓа во Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/den-donchev-zaraboti-kazna-od-150-evra/feed/ 0
Муцунски: Како да зборуваме за правда кога Ден Дончев и Лидија Димова не одговараа и не знаеме каде се, а во државава имаме политички затвореници? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mucunski-kako-da-zboruvame-za-pravda-koga-den-donchev-i-lidija-dimova-ne-odgovaraa-i-ne-znaeme-kade-se-a-vo-drzavava-imame-politichki-zatvorenici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mucunski-kako-da-zboruvame-za-pravda-koga-den-donchev-i-lidija-dimova-ne-odgovaraa-i-ne-znaeme-kade-se-a-vo-drzavava-imame-politichki-zatvorenici/#respond Thu, 01 Apr 2021 18:59:03 +0000 https://kurir.mk/?p=491021

Една од работите кои се нотирани во извештајот на Стејт департментот е дека продолжува да функционира спрегата помеѓу политичките елити и правосудниот систем. Затоа што реалната ситуација во Македонија е дека е дека одговорност има за сиромашните и за тие кои немаат политички и бизнис конекции. Тие ја чувствуваат неправдата на правосудниот систем во државава, изјави во „Вин вин“ на Телма, Тимчо Муцунски, пратеник и секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ. Тој потенцира дека не може да зборуваме за правда во оваа држава и да веруваме дека постои правосуден систем кога за случаи како тој на Ден Дончев и Лидија Димова ниту има кривична разрешница ниту знаеме каде се. - Ние зборуваме за одговорност. Би потсетил за случајот на Ден Дончев и за случајот со злоупотребите во Фондот за европско образовни програми и Лидија Димова, за кои до овој момент јавноста не слушнала дека има постапување од точка на кривично правен прогон, истрага, обвинение. Не е доволно само да држат прес конференции колку се транспарентни, туку и кога има вакви забелешки мора да има постапување на правосудството, истакна Муцунски. Тој нагласи дека во оваа држава имаме и политички затвореници, а тоа се луѓе кои лежат по 15 години затвор за дело кое што не го направиле, тоа се луѓето осудени за настаните од 27 април. - Тие луѓе не се терористи. Судијата кој ја даде таа пресуда за 27 април, го унапредија за Уставен судија. Како граѓаните да веруваат во транспарентен правосуден систем. А луѓе за кои цела држава слушна и виде дека направиле криминал не знаеме ни каде се сега. Како имаме правда во Македонија и да веруваме дека постои правосуден систем?, вели Муцунски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mucunski-kako-da-zboruvame-za-pravda-koga-den-donchev-i-lidija-dimova-ne-odgovaraa-i-ne-znaeme-kade-se-a-vo-drzavava-imame-politichki-zatvorenici/feed/ 0
Ќе се повтори ли случајот Ден Дончев, ОЈО отвори предмет за Рашковски по неговото заминување во Мексико https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kje-se-povtori-li-sluchajot-den-donchev-ojo-otvori-predmet-za-rashkovski-po-negovoto-zaminuvanje-vo-meksiko/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kje-se-povtori-li-sluchajot-den-donchev-ojo-otvori-predmet-za-rashkovski-po-negovoto-zaminuvanje-vo-meksiko/#respond Fri, 19 Mar 2021 21:40:32 +0000 https://kurir.mk/?p=485009

Советникот на премиерот Зоран Заев, Драги Рашковски по аферата „Леонардо“ повторно во фокусот на јавноста. Овој пат со купување на софтвер за потребите на МВР со народни пари, кој никогаш не се употребил. Симптоматично е тоа што Јавното обвинителство покрена предмет во време кога тој тајно, во сред пандемија заминува на одмор во Мексико. Јавноста со причина се прашува дали советникот на премиерот воопшто ќе се врати во Македонија, бидејќи истото се случи и со директорот на Фондот за здравствено осигурување Ден Дончев. Тогаш, обвинителката Вилма Рускоска покрена истрага за директорот на ФЗО, откако на него му се губи секаква трага. Таа на новинарско прашање каде е Дончев, изјави дека појма немала дали е тој во Македонија, но дека има истрага за него. Дури и екс пратеникот Павле Богоевски изрази загрижување околу случајот Рашковски. Тој вчера на медиум изјави дека очигледно е и по други случаи дека постои сериозен проблем со обезбедување на присуство на осомничените во постапките, особено во случаите со висока корупција. -Не очекувам дека Рашковски ќе го прекине 14-дневниот одмор за да се врати, но се надевам. За очекување не би сакал да преудицирам, но се надевам дека што е можно побргу ќе се врати и да биде расположлив на органите на правдата, рече тој. Не би било толку сомнително, доколку за претходната афера со радарските системи, ОЈО под жесток притисок од јавноста покрена предмет за тој случај и потоа од непознати причини одлучи да не го гони. Јавноста се прашува дали и овој пат истото ќе се случи или дури и полошо- Рашковски воопшто да не се врати од одморот во Мексико.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kje-se-povtori-li-sluchajot-den-donchev-ojo-otvori-predmet-za-rashkovski-po-negovoto-zaminuvanje-vo-meksiko/feed/ 0
Антикорупционерите го повикуваат Ден Дончев да се појави и да објасни од каде примал пари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/antikorupcionerite-go-povikuvaat-den-donchev-da-se-pojavi-i-da-objasni-od-kade-primal-pari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/antikorupcionerite-go-povikuvaat-den-donchev-da-se-pojavi-i-da-objasni-od-kade-primal-pari/#respond Wed, 14 Oct 2020 14:18:27 +0000 https://kurir.mk/?p=416392

Поранешниот директор на Фондот за здравствено и инвалидско осигурување, Ден Дончев, да дојде во Комисијата за спречување на корупција и судир на интереси за да ги даде бараните податоци околу приливите на средства со кои се стекнал додека ја вршел функцијата, јавно повика антикорупционерот Горан Трпеноски, кој го води предметот отворен по пишувањето на Фокус дека Дончев примил пари од австралиска компанија кои притоа не ги пријавил во анкетниот лист, пишува Република.мк -На 14-ти мај 2020 година, ДКСК отвори предмет во врска со наводи дека лицето Данаил Дончев се има стекнато со приливи додека вршел јавна функција. Со цел обезбедување дополнителни информации, Комисијата во два наврати, односно на 8-ми јули и 15-ти август годинава се обрати до Дончев и во двата наврати од страна на „Македонска пошта“ лицето Данаил Дончев е известен, но пратката не е побарана. Бидејќи не е достапен, го повикам јавно да дојде во Комисијата и да ги даде бараните податоци , вели Трпеноски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/antikorupcionerite-go-povikuvaat-den-donchev-da-se-pojavi-i-da-objasni-od-kade-primal-pari/feed/ 0
Власта молчи за скандалот, во јавноста бурни реакции- членови на СДСМ палат книшки и порачуваат: Дончев нека ви трча на избори (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlasta-molchi-za-skandalot-vo-javnosta-burni-reakcii-chlenovi-na-sdsm-palat-knishki-i-porachuvaat-donchev-neka-vi-trcha-na-izbori-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlasta-molchi-za-skandalot-vo-javnosta-burni-reakcii-chlenovi-na-sdsm-palat-knishki-i-porachuvaat-donchev-neka-vi-trcha-na-izbori-video/#respond Sat, 27 Jun 2020 12:23:16 +0000 https://kurir.mk/?p=364007

Власта втор ден молчи за случајот со Ден Дончев поранешниот директор на Фондот за здравство кој преку видео снимки кои осамна на интернет се гледа како зема пари. Додека СДСМ тера кампања и лажно им ветува на граѓаните подобар живот тие јавно гледаат како нивните функционери се се повеќе корумпирани. По случајот Рекет сега следува нов скандал за кој одговорност мора да има. Откако вчера на распит беше викнат Дончев денеска министерот за внатрешни работи вели дека тие постапиле по јавниот повик на ОЈО преку медиумите. – Врз основа на јавен повик од ОЈО, МВР постапи по тој повик, ОЈО го повика МВР и Управата за финансиска полиција да постапи врз основа на објавените видео снимки на кои што се гледа како поранешниот директор на Фонд за здравствено осигурување, зема парични средства. МВР постапи согласно стандардното полициско постапување, односно одделот за сузбивање за сериозен организиран криминал и го повика со цел добивање на дополнителни информации и податоци за објавениот видео материјал. Разговорот траеше отприлика околу 40 минути беше реализиран од инспектори од одделот за организиран криминал во полициска станица во населбата Карпош во Скопје и лицето Ден Дончев дојде во придружба на негов адвокат. По извршениот разгвовор лицето си замина од полициската станица во Карпош, а инспекторите од Одделот за организиран криминал во текот на денешниот ден ќе изготват службен материјал и истиот ќе го достават до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција и потоа чекаме насоки за дејствување од ОЈО бидејќи тоа е надлежна институција за водење кривични истраги, изјави министерот. Во однос на тоа дали е побарана мерка за обезбедување поради опасност од бегство, министерот рече дека е побарано претходно. -Тоа е побарано уште претходно и ОЈО мислам дека треба да постапи по тоа, можеби веќе е постапено, немаме таква информација. Знаете дека во јавноста, ОЈО јавно го повика МВР и Управата за финансиска полиција да постапат. Ние со оглед дека беше јавен повик со писмена покана од страна на  МВР  е извршен разговорот, изјави министерот. Инаку еден од најважните теренски оперативци и еден од најверните поддржувачи на Заев меѓу Албанците во Скопско ја запали членската книшка на СДСМ и порача дека СДСМ како најголемо зло мора да си замине на 15 јули. Во видео емитувано на стриминг сервисот на Фејсбук Нафи Абдиоски ја пали својата партиска членска книшка и искажува незадоволство од СДСМ. Абдиоски кој ккао активистот на СДСМ лани на претседателските избори донесе илјадници гласови за Стево Стево Пендаровски е разочаран од Ден Дончев и вели дека сега Дончев да трча по гласови и дека злото СДСМ мора да замине. Нови две аудио бомби вчера се објавени на платформата на ЈуТјуб со наслов „Како се крадат пари од Македонија – Лекција 1 од Дон Дончев родум Муртино“. На истите може да се слушне гласот на Ден Дончев, како открива дека во последните 3-4 години од Македонија во Швајцарија се изнесени од 10 до 15 милиони евра. Инаку поранешниот директор на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Ден Дончев вчера бил на разговор во полициска станица Карпош. Тој бил поканет на разговор, уредно се пријавил сам, а по извршениот разговор, си заминал, информираат од МВР. Дончев бил викнат на разговоро по објавените снимките, пред некој ден во јавноста. Доколку МВР утврди елементи на кривично дело по кои се постапува по службена должност, ќе достави соодветен поднесок до Обвинителството по кој Обвинителството ќе преземе понатамошни дејствија за расветлување на случајот. Повикот до Дончев да даде исказ не било по налог на Обвинителството. Пред четири дена на Јутјуб беа објавени три нови аудио и уште една видео-снимка на која наводно се слуша гласот на Дончев. На видео-снимка може да се забележи како Дончев зема пари и ги става во торба. Инаку, во мај Дончев си поднесе оставка од директорската функција поради како што беше соопштено „приватни семејни причини“. Името на Дончев се спомнуваше во случајот „Рекет 2“ за фирмата Дијамед, која во 2013 година доби концесија за дијализа на бубрежно болни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlasta-molchi-za-skandalot-vo-javnosta-burni-reakcii-chlenovi-na-sdsm-palat-knishki-i-porachuvaat-donchev-neka-vi-trcha-na-izbori-video/feed/ 0
НОВИ АУДИО БОМБИ ЗА ДЕН ДОНЧЕВ: Како се крадат пари од Македонија! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-audio-bombi-za-den-donchev-kako-se-kradat-pari-od-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-audio-bombi-za-den-donchev-kako-se-kradat-pari-od-makedonija/#respond Fri, 26 Jun 2020 17:18:47 +0000 https://kurir.mk/?p=363682

Нови две аудио бомби попладнево се објавени на платформата на ЈуТјуб со наслов „Како се крадат пари од Македонија – Лекција 1 од Дон Дончев родум Муртино“. На истите може да се слушне гласот на Ден Дончев, како открива дека во последните 3-4 години од Македонија во Швајцарија се изнесени од 10 до 15 милиони евра. Инаку поранешниот директор на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Ден Дончев попладнево бил на разговор во полициска станица Карпош. Тој бил поканет на разговор, уредно се пријавил сам, а по извршениот разговор, си заминал, информираат од МВР. Дончев бил викнат на разговоро по објавените снимките, пред некој ден во јавноста. Доколку МВР утврди елементи на кривично дело по кои се постапува по службена должност, ќе достави соодветен поднесок до Обвинителството по кој Обвинителството ќе преземе понатамошни дејствија за расветлување на случајот. Денешниот повик до Дончев да даде исказ не било по налог на Обвинителството. Пред четири дена на Јутјуб беа објавени три нови аудио и уште една видео-снимка на која наводно се слуша гласот на Дончев. На видео-снимка може да се забележи како Дончев зема пари и ги става во торба. Објавени нови „бомби“ за Ден Дончев Инаку, во мај Дончев си поднесе оставка од директорската функција поради како што беше соопштено „приватни семејни причини“. Името на Дончев се спомнуваше во случајот „Рекет 2“ за фирмата Дијамед, која во 2013 година доби концесија за дијализа на бубрежно болни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-audio-bombi-za-den-donchev-kako-se-kradat-pari-od-makedonija/feed/ 0
Лидер.мк: Приведен Ден Дончев – на распит во полиција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lider-mk-priveden-den-donchev-na-raspit-vo-policija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lider-mk-priveden-den-donchev-na-raspit-vo-policija/#respond Fri, 26 Jun 2020 14:39:41 +0000 https://kurir.mk/?p=363567

Екс директорот на Фондот за здравство, Ден Дончев, бил приведен и во моментов е на распит во полициската станица Карпош – довнава Лидер од извори во МВР. Како што дознаваме, Дончев е приведен по објавата на видео и аудио разговорите од профилот на јутуб со име “Лепливи прсти”. Во видеото се гледаше како тој во торба става снопче паро изрекетирани од една компанија. Во овој момент не е познато каде е пронајден од страна на полицијата и дали се обидел да бега. Како што дознаваме, по распитот во П.С. Карпош се очекува тој да биде изведен пред јавен обвинител и истражен судија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lider-mk-priveden-den-donchev-na-raspit-vo-policija/feed/ 0
Мафијата нервозна: Дончев фатен со мито, Боки 13 под закани за живот откако го спомна Заев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mafijata-nervozna-donchev-faten-so-mito-boki-13-pod-zakani-za-zivot-otkako-go-spomna-zaev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mafijata-nervozna-donchev-faten-so-mito-boki-13-pod-zakani-za-zivot-otkako-go-spomna-zaev/#respond Fri, 26 Jun 2020 07:32:32 +0000 https://kurir.mk/?p=363211

Купче пари во рацете на Ден Дончев. Прв пат македонски политичар фатен со мито. Пред неколку дена на Интернет се појави нова аудио и видео бомба од која се гледа како директорот на ФЗО, Ден Дончев, зема пари како и разговори поврзани со рекетирање за фирмата „Дијамед“, објави НЕТПРЕС. Ден Дончев зема пари и потврдува дека е во целосна координација со тогашниот премиер Зоран Заев. -Од аудиото се слуша како доскорешиот директор на Фондот за здравство, Ден Дончев, се фали дека е во постојана комуникација со директорот на финансиското разузнавање Блажо Трендафилов, кој самиот Дончев тврди дека му бил близок пријател на Зоран Заев и затоа го поставил на таа позиција. Во разговорите може да се слушне како Дончев го координира случајот „Рекет 2“, односно да влезат во компанијата „Дијамед“ која пак обвини за рекетирање од власта. За потсетување Вера Иванова, бизнисменката која го продаде „Дијамед“ на шведска фирма со се 20-годишна лиценца за дијализа, пред неколку месеци поднесе кривична пријава против министерот за здравство Венко Филипче и против директорот на Фондот за здравство Ден Дончев. Адвокатот на Иванова тврди дека ја оневозможувале продажбата на странски инвеститор со што предизвикале штета и на бизнисменката и на државата, пишува НЕТПРЕС. Зоран Заев не се огради од Ден Дончев, директорот кој лично го постави на функција, а е фатен со мито. Името на екс-премиерот често се спомнуваше и за време на најскандалозниот случај во изминатиов период „Рекет“. Беа осудени Бојан Јовановски-Боки 13 и екс-специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. На денот на изрекувањето на пресудата, Боки 13 рече дека парите од рекетот треба да се бараат кај Зоран и Вице Заеви. Вчера Боки 13, на негово барање, даваше исказ во обвинителството. Неговиот адвокат најави дека Јовановски ќе поднесе низа кривични пријави и дека ќе раскаже што знае. Мафијата стана нервозна по овие најави, па и Бојан и адвокатот станаа мета на силни закани. Вистинска драма се одвивала вчера во Основното јавно обвинителство додека Бојан Јовановски го давал својот исказ во врска со кривичните пријави кои тој ги поднесе против десетици актуелни функционери на власта и еден бизнисмен, објавува Инфомакс. Пред почетокот на сослушувањето од страна на обвинителот, како што дознава „Инфомакс“, лице од непознат за адвокатот на Јовановски, телефонски број со мутиран глас му предочил дека треба да внимава што зборува пред обвинителот, а уште повеќе да внимава како се однесува неговиот клиент. Во спротивно, Дуковски и Јовановски ќе требало да внимаваат на своите и животите на нивните семејства. Случката се одвивала пред обвинителот, а за настанот е составена и белешка која е вметната во кривичната пријава. Засега не е познат идентитетот на заканувачот. Непосредно пред да дојде Бојан Јовановски во обвинителството, од непознат број ми се јави машки глас и ми рече: „кажи му на тој денес кога ќе оди во обвинителство да не зборува зошто ќе го убиеме“. Овој случај веднаш го пријавив во полиција, изјави за МКД.мк Сашо Дуковски, адвокат на Бојан Јовановски. Дуковски прашал кој се јавува, но добил одговор: „ти рековме да не прашуваш многу туку само да му пренесеш на педерот дека ако збори ќе го убиеме“. Кој се исплаши од најавите на Боки 13? Чиј криминал допрва ќе биде откриен?]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mafijata-nervozna-donchev-faten-so-mito-boki-13-pod-zakani-za-zivot-otkako-go-spomna-zaev/feed/ 0
Стоилковски: Срамно, цел свет го гледа Ден Дончев како става пари во чанта, ама за Русковска и Јовески нема предмет! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-cel-svet-go-gleda-den-donchev-kako-stava-pari-vo-chanta-ama-za-ruskovska-i-joveski-nema-predmet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-cel-svet-go-gleda-den-donchev-kako-stava-pari-vo-chanta-ama-za-ruskovska-i-joveski-nema-predmet/#respond Thu, 25 Jun 2020 11:10:18 +0000 https://kurir.mk/?p=362698

Зоран Заев преку обвинителството в скут, го амнестираше Ден Дончев! Одлуката на ЈО да не поведе постапка по видеото на кое Ден Дончев, Директорот на најбогатиот ФОНД во Република Македонија, човек вплеткан во процес за „Рекет“, видео во кое Ден Дончев зема снопче пари и го става во чанта - Е СРАМ за сиот правосуден систем во Република Македонија, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. -Ова е срамна одлука, срамна изјава дадена од ЈО, ова е срам за секој обвинител во Република Македонија! Одлуката на Љубомир Јовески и Вилма Русковска е одлука на Заев за да го спаси својот Ден Дончев, веројатно само затоа што Ден Дончев знае многу повеќе и можеби ќе му го загрози сиот рекетарски октопод на Зоран Заев сега при кампања! Оваа амнестија за Ден Дончев следи по амнестијата на Зоран Заев за „Поткуп“, неговото криење за „Рекет“, следи по амнестијата за Рашковски, следи по амнестиите на Венко Филипче.Ова не е Јавно Обвинителство, ова е марионета на Заев, за исполнување нарачки! Јавното прислушувано обвинителство не ја исполнува својата должност, не ја исполнува својата основна функција, да го брани јавниот интерес и да постапува по предмети. Јовески и Русковска, како марионети на Заев го претворија ЈО во ФИОКА за застарување и воопшто не отворање на предмети со јасна поврзаност со Заев и неговата забегана банда! За Заев и неговата банда, не се вештачат телефони, барањето мито е донација, видеото за ставање пари во чанта не е доказ, истакнува Стоилковски. Тој обвинува дека Јовески и Русковска не се ненадлежни, тие се надлежни, но со непостапување до сега повеќе пати направиле злоупотреба на службената положба и овластување! -Ден Дончев е амнестиран, помилуван, за снимка каде става пари во чанта, за него нема потреба да се отвора предмет. Тој е близок на Заев, а Заев се фали дека судството му е во пупка, нели без Заев не може! Цел свет го гледа Ден Дончев како става пари во чанта, ама за Русковска и Јовески нема предмет! Цел свет го виде Заев како бара пари во Струмица, ама Русковска и Јовески го ослободија!     Сега цел свет го гледа Заев како го амнестира Ден Дончев, а Русковска и Јовески исполнуваат! Цел свет го слушна исказот во судот парите рекетирани во оваа Македонија барајте ги кај Зоран и Вице Заеви, ама Јовески и Русковска не смеат да вештачат телефони! Каков срам за сето правосудство во Република Македонија! „Луј Витон“ и „Трас Трас“! Цел свет гледа и слуша како се рекетираат и како за рекет се злоупотребуваат институции полиција, финансиско разузнавање, како муртинската врска е најсилниот рекетарски момент, ама Русковска и Јовески не гледаат случај! Русковска и Јовески се исполнители и марионети на рекетарското СДСМ, тие се марионети во рацете на криминалот и корупцијата. СДСМ и Заев покажаа дека единствено што можат повеќе – е повеќе криминал, повеќе корупција и повеќе порази и девастации во Република Македонија, порача Стоилковски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-cel-svet-go-gleda-den-donchev-kako-stava-pari-vo-chanta-ama-za-ruskovska-i-joveski-nema-predmet/feed/ 0