ден на албанска азбука – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 22 Nov 2022 08:55:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ден на албанска азбука – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мицкоски со честитка по повод 22 Ноември – Денот на Албанската азбука https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-so-chestitka-po-povod-22-noemvri-denot-na-albanskata-azbuka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-so-chestitka-po-povod-22-noemvri-denot-na-albanskata-azbuka/#respond Tue, 22 Nov 2022 08:55:31 +0000 https://kurir.mk/?p=764586

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски испрати честитка по повод 22 Ноември - Денот на Албанската азбука која во продолжение ви ја пренесуваме интегрално:
„Во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на припадниците на албанската заедница во Македонија им го честитам 22-ри Ноември - Денот на Албанската азбука. Македонија е земја за пример во која се уважуваат и почитуваат јазичните и културните особености на сите нејзини граѓани. Оттука јазичното и културно богатство на Албанците во Македонија е нераскинлив дел од македонскиот мозаик, кој е пример за заедништво, взаемна почит и разбирање граден низ вековите. Албанците во Македонија знаат дека Македонците и сите останати кои живеат во државата се нивните најблиски со кои можеле и можат да ги споделат сите предизвици и тешкотии. Заедно ја делиме судбината и заедно мораме да ја градиме иднината. Затоа не треба да бидат жртви на политичките игри на власта, кои преку раздорот и недоразбирањата сакаат да градат лични богатства на сметка на грбот на се посиромашните граѓани. Во овие тешки години на економски колапс, неуспеси, трагедии и погазено достоинство на секое семејство во Македонија, без разлика дали тоа се Албанци, Македонци, Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци или останати, мораме да стоиме заедно сплотени и да градиме заеднички патриотизам, како основа на подобро заедничко утре. Заедно да се спротивставиме на поделбите кои носат поголемо иселување, поголема сиромаштија, поголема апатија и бесперспективност. Додека нечии приватни банкарски сметки растат, Македонија ја имаме се помалку. Додека нечии имоти се зголемуваат се намалуваат жителите и на Тетово и на Струмица, и на Чегране и на Зрновци, и на Кичево и на Куманово. Да застанеме заедно против оние кои ни ја крадат иднината и заедно да создадеме патриотизам во кој најдобрите ќе работат за перспективата наша и на нашите идни поколенија.“
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-so-chestitka-po-povod-22-noemvri-denot-na-albanskata-azbuka/feed/ 0
Честитка од Заев по повод Денот на албанската азбука https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestitka-od-zaev-po-povod-denot-na-albanskata-azbuka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestitka-od-zaev-po-povod-denot-na-albanskata-azbuka/#respond Mon, 22 Nov 2021 08:47:28 +0000 https://kurir.mk/?p=598109

Го честитам празникот – Ден на албанската азбука на сите припадници на албанската заедница и на сите граѓани. Да го прославуваме заеднички и да ги славиме постоењето и зближувањето на културните традиции, кои на овие простори опстојувале заедно со векови, наведува премиерот Зоран Заев во честитката по повод Денот на албанската азбука. – Заедништвото и грижата која си ја пружаме едни на други се гаранцијата за нашата сигурна и просперитетна, европска иднина. Да ги празнуваме и чествуваме етничките и јазичните различности на нашето општество како наша предност. Како наше заедничко богатство, посочува Заев. Со прогласувањето на 22 ноември за Ден на Албанската азбука, додава Заев, и празнувањето на овој значаен празник за албанската заедница како составен дел од јазичното и од културното богатство на Северна Македонија, потврдуваме дека јазикот и писмото се мостови за разбирање меѓу традициите, културите и духовните наследства. – На тоа нѐ повикуваат и нашите македонски вредности, кои во исто време се и европски и со кои се движиме на патот на интеграцијата во Европската Унија. Одбележувањето на културните вредности, настани и традиции на сите етнички заедници, вклучувајќи ја и албанската, е во суштината, во основата на нашето мултикултурно општество. Тоа е силен придонес за просперитетна иднина и за благосостојба на сите граѓани, рече Заев. Тој додава дека нашата определба е да градиме и негуваме општество еднакво за сите и да изградиме граѓанско општество, истовремено со почит кон етничките, националните, верските и културните разлики. Тоа е посебноста и суштината на нашето заедништво што се градеше со векови и што претставува обврска за нашата заедничка иднина. Заев потсетува дека на денешен ден во 1908 година, во Битола заврши Битолскиот Конгрес на кој се создаде албанската стандардизирана азбука. Конгресот бил свикан на 14 ноември и на него присуствувале делегати од Македонија, од Албанија, и од албанските заедници во Романија, Египет, Америка, Грција, Турција, Италија и други земји. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestitka-od-zaev-po-povod-denot-na-albanskata-azbuka/feed/ 0
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanov-albanskiot-jazik-e-vazen-del-od-makedonskoto-multietnichko-i-multijazichno-opshtestvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanov-albanskiot-jazik-e-vazen-del-od-makedonskoto-multietnichko-i-multijazichno-opshtestvo/#respond Thu, 22 Nov 2018 11:19:59 +0000 https://kurir.mk/?p=130751

Претседателот на Република Македонија,  Ѓорге Иванов, по повод одбележувањето на 22 Ноември – Денот на албанската азбука, упати честитка до припадниците на албанската етничка заедница во Република Македонија. Неговата честитка ја пренесуваме во продолжение: Создавање на азбуката е клучен чекор во писмениот и културниот развој на еден народ, таа е огледало на цивилизацијата и суштинско обележје на колективната свест и на идентитетот на народите. Денешниот празник, 22 Ноември, е значаен ден за припадниците на албанската заедница во Република Македонија. Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество. Почитувајќи ги идентитетските обележја и меѓусебните разлики ги потврдуваме нашите заложби за градење на подобар живот на сите граѓани и изградба на силна, напредна и европска Република Македонија. Во оваа пригода на припадниците на албанската етничка заедница во Република Македонија сакам да им го честитам Денот на азбуката и да ги повикам сите граѓани заеднички да работиме на негување и зачувување на мирот и македонската традиција на соживот и почитување на различноста.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanov-albanskiot-jazik-e-vazen-del-od-makedonskoto-multietnichko-i-multijazichno-opshtestvo/feed/ 0