ден на арм – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 18 Aug 2023 09:31:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ден на арм – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Честит ден, 31 година АРМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestit-den-31-godina-arm/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestit-den-31-godina-arm/#respond Fri, 18 Aug 2023 05:33:30 +0000 https://kurir.mk/?p=868189

Четворица активни генерали, голем број офицери и подофицери како и илјадници регрути во 1992 година ја започнаа реализацијата на најголемата патриотска должност за обезбедување мир и стабилност на граѓаните на Република Македонија, кои само неколку месеци претходно на референдум се изјаснија за самостојна и независна држава со одвојување од долгогодипшното заедничко уредување со Југославија и тогашната ЈНА. Клучната улога во обезбедувањето на територијата на државата, по заминувањето на војската на Југославија, ја имала добро организираната Територијална одбрана која прва ги превзема испразнетите касарни, а веднаш потоа и целосно, во рок од 10 дена ги обезбедува границите, односно ги превзема караулите. Со договорот потпишан на 21 февруари 1992 година, помеѓу гeнералот на ЈНА, Благоја Аџиќ, и претседателот, Киро Глигоров, беше определен и крајниот рок 15 април 1992 година за повлекување на ЈНА од државата. На 11 март 1992 година, единиците на Територијалната одбрана на Крива Паланка ја презедоа првата караула „Рамна Нива”. Истиот ден, на свечен начин беа преземени и соседните караули „Деве Баир” и „Коприва” на македонско-бугарската граница во близина на Крива Паланка. Набргу потоа беа преземени сите караули на македонската граница, односно на 21 март е предадена и последната македонска карула „Јован Вукотиќ” во близина на преминот Меџитлија. Претседателот Глигоров и генералот на ЈНА, Никола Узелац, на 27 март 1992 година, во Собранието на Република Македонија го потпишаа завршниот акт од Договорот за повлекувањето на единиците на ЈНА од Македонија. Со тоа целосно било спроведено одбранбеното одвојување од ЈНА и од СФРЈ и осамостојување. Со превземањето на последната караула била воспоставена целокупната организација, чување и обезбедување на границата и територијалниот интегритет и суверенитет со војници и старешини од единиците на територијалната одбрана кои таа должност ја вршеа во првите неколку месеци сè до пристигнувањето на првиот редовен регрутен контингент на АРМ. Согласно тогашниот „Закон за одбрана”, чл. 3, од 14 февруари 1992 година, воената обврска на граѓаните е општа и на воената обврска подлежат сите граѓани на Република Македонија од машки пол на возраст од 17 до 55 години живот. За само 17 дена, со огромен ентузијазам и ангажирање на старешините и на граѓанските лица, касарните во Скопје „Маршал Тито”, во Битола „Стив Наумов”, во Штип „4 јули” и во Охрид „Михајло Апостолски” биле подготвени да ги примат првите македонски регрути. Првиот регрут на Армијата, Панче Јамандиев од Велес, роден 1970 година, пристигнал во гарнизонот во Охрид на 14 април 1992 година. Регрутите главно, биле младинци родени во 1973 година, кои во септември истата година требало да заминат во составот на тогашна ЈНА, а со одлука на Владата биле повикани да служат во редовите на АРМ. Според податоците на АРМ до кои дојде МИА, програмата за обука на македонските регрути опфаќала две и пол месечна обука, а потоа најголем дел од нив биле упатени да ги пополнат граничните единици, додека помал дел од нив се подготвувале за пополнување на единиците на воената полиција и за вршење на останатите служби и должности. По извршените обуките, на 9 мај 1992 година во Скопје во тогашната касарна „Маршал Тито” сега „Илинден“, во Битола „Стив Наумов” на 10 мај, во Штип „4 јули” на 16 мај и во Охрид на 17 мај, првите македонски регрути дадоа свечена обврска и отпочнаа со своите активности. Денеска Армијата одбележува 31 година од формирањето од како со одлука, Владата од 3 јуни 1993 година, денот на формирањето на баталјонот „Мирче Ацев” 18 август 1943 година на Славеј Планина, го прогласи за Ден на АРМ. Истата година Собранието на Република Македонија ја верификува идејата за полноправно членство во НАТО, а на 15 ноември 1995 година станавме членка на иницијативата „Партнерство за мир” по што во март следната година бевме примени во Северноатлантскиот совет за соработка. На 7 јуни 1995 година на Воената академија започна образованието на кадри за одбраната на државата. Армиските специјалци „Скорпии“ во 1996 година првпат учествуваа на воена вежба на НАТО – „Мировен орел” која се одржа во Република Албанија. Истата година се одржа и првата мултинационална воена вежба на просторот од нашата држава „Спасител ’96”, а во мај следната година вежбата „Спасител ’97”. Веќе во 1998 година се одржа и најголемата мултинационална вежба според бројот на земјите учеснички „Најдобар кооперативен зафат ’98”. Следеа бурните настани и ангажираноста на АРМ, особено на граничните состави во „Косовската бегалска криза” од 1999 година. По создадените услови за преструктуирање на одбранбениот систем и реформа на Армијата, заради постигнување интероперативност според стандардите на НАТО, на 3 мај 2000 година, од страна на Алијансата беше прифатен Акциониот план за подготовки за членство во НАТО, со што широко, како што велат од АРМ, се отворија портите за целосна структурна реформа на Армијата. Во започнатиот процес на реформи и преструктуирање, нашата војска во 2001 година се соочи со вистински воен конфликт, иако не беше прогласена воена состојба. Република Северна Македонија прв пат испрати свои мировници во мисијата ИСАФ (Интернатионал Стабилизатион Авган Форцес – ИСАФ) во Авганистан во 2002 година, а даде и поддршка на операцијата предводена од САД, „Слобода за Ирак“ во мисијата во Ирак. Нашите армиски состави продолжија со учество и во мисијата ЕУФОР АЛТЕА во Босна и Херцеговина, „УНИФИЛ“ во Либан и во последната со директно учество- мисијата на НАТО-КФОР во Косово. За бригадата за североисточна Европа СЕЕБРИГ деклариравме и сеуште учествуваме со чета за мировни операции, инженериски патен вод и национален елемент за поддршка за чета, а од пред две години сме домаќини на командата на бригадата која е лоцирана во Куманово. Покажаниот висок професионален ангажман и посветеноста на нашите војници во тие мисии придонесе за јакнење на меѓународниот кредибилитет на Република Северна Македонија и за нејзино дефинирање како држава која генерира стабилност во поширокото опкружување. Армијата секогаш прва се вклучувала во помош на граѓаните и локалните самоуправи како во гасење пожари, санирање на последици од поплави, доставување храна во непристапни терени итн. За време на поплавите во скопскиот регион 2016 година Армијата учествуваше со вкупно 5878 работни ангажирања, во просек 345 припадници дневно, 384 моторни возила, а употребени се вкупно службени кучиња во 21 случај. Вкупно 1116 куќи, 239 приватни и јавни објекти се чистени од наноси. Извршена е дизинфекција на 1014 куќи. Во минатогодишните гасења на пожарите на 13 локации во Кочани, Берово, Делчево, Куманово и секаде каде што беа потребни, од копно и од воздух се вклучија припадниците на Армијата, при што беа ангажирани 2243 припадници и исфрлени 472 тони вода од хеликоптерите. Ангажирањето на Армијата продолжува во асистенција на институциите во спречување на ширењето на вирусот Ковид-19, а воените сили се вклучени и во справување со мигрантската криза и асистенцијата на граничната полиција, почнувајќи од 2015 година. Армиските припадници постојано учествуваат и во хуманитарни и крводарителни акции. Вообичаено тоа се работи на наша иницијатива за организирање на ваква акција, пред се поврзана со некој повод како прослава на ден на единиците и Ден на АРМ. Во просек секоја година се организираат помеѓу 15-20 вакви акции каде се собираат помеѓу 700-900 крвни единици. Политиката на национална безбедност на Република Северна Македонија се темели на „активно и реално вклучување во меѓународните напори за креирање и подобрување на мирот и безбедноста”, е запишано во Националната концепција за безбедност и одбрана. Обуката, покрај модернизацијата и опремувањето, има приоритет како значаен сегмент во одбраната и истата постепено се приспособува на потребите на командите и единиците на Армијата за потребите на одбраната на земјата и за учеството во меѓународни мировни мисии. По воената интеграција во НАТО во 2020 година, се склучи договор за чување на суверенитетот на македонското небо преку концептот на Air Policing. Армијата на Република Северна Македонија во изминатите 30 години од статична, а гломазна Армијата се трансформира во мала, мобилна и ефикасна Армија, способна да се соочи со сите предизвици, оспособена рамноправно да се носи со другите армии на земјите членки на Алијансата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestit-den-31-godina-arm/feed/ 0
Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochesna-artileriska-strelba-po-povod-denot-na-armijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochesna-artileriska-strelba-po-povod-denot-na-armijata/#respond Thu, 17 Aug 2023 06:13:19 +0000 https://kurir.mk/?p=867707

По повод 18 Август – Денот на Армијата, денеска во касарната ,,Илинден“ во Скопје со почеток во 19.00 часот, ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од шест артилериски орудија од состав на артилерискиот баталјон на Армијата. Како што соопштија од канцеларијата на односи со јавноста на Генералштабот на АРМ, претходно, во попладневните часови во период по 15.00 часот ќе биде извршена пробна артилериска стрелба со еден плотун од артилериските орудија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochesna-artileriska-strelba-po-povod-denot-na-armijata/feed/ 0
Централна свеченост по повод Денот на Армијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/centralna-svechenost-po-povod-denot-na-armijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/centralna-svechenost-po-povod-denot-na-armijata/#respond Thu, 18 Aug 2022 05:42:38 +0000 https://kurir.mk/?p=720208

Во касарната „Илинден“ во Скопје денеска ќе се одржи централната свеченост по повод Денот на Армијата на Република Северна Македонија, која оваа година одбележува 30 години од формирањето. По повод Денот на Армијата обраќање ќе имаат претседателот на Република Северна Македонија и Врховен командант на Армијата, Стево Пендаровски, министерката за одбрана Славјанка Петровска и Началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски. На свеченоста претседателот Пендаровски ќе додели одликувања и ќе бидат соопштени Укази за произведување во генералски чин. Министерката Петровска на командантот на националната гарда на Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт ќе му врачи признание за досегашната поддршка и соработка. Јубилејната свеченост ќе се реализира со свечено дефиле на ешалони составени од припадници на сите команди и единици на Армијата, а ќе бидат претставени и штотуку добиените лесни оклопни возила и други современи средства со кои располага Армијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/centralna-svechenost-po-povod-denot-na-armijata/feed/ 0
Попладне почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/popladne-pochesna-artileriska-strelba-po-povod-denot-na-armijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/popladne-pochesna-artileriska-strelba-po-povod-denot-na-armijata/#respond Tue, 17 Aug 2021 09:32:45 +0000 https://kurir.mk/?p=551570

Од Армијата информираат дека денеска по повод 18-ти Август – Денот на Армијата во касарната ,,Илинден“ во Скопје ќе се изврши почесна артилериска стрелба. Со почеток во 19 часот ќе се истрелаат 10 плотуни од шест артилериски орудија од состав на артилерискиот баталјон на Армијата. Претходно во 16.00 часот ќе се изврши пробна артилериска стрелба со еден плотун од артилериските орудија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/popladne-pochesna-artileriska-strelba-po-povod-denot-na-armijata/feed/ 0
Почесна артилериска стрелба по повод Денот на АРМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochesna-artileriska-strelba-po-povod-denot-na-arm/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochesna-artileriska-strelba-po-povod-denot-na-arm/#respond Mon, 17 Aug 2020 06:10:15 +0000 https://kurir.mk/?p=391451

Од Армијата Република Македонија информираат дека денеска со почеток во 10 часот, по повод 18-ти Август – Денот на Армијата на Република Македонија, во касарната ,,Илинден“ во Скопје ќе се изврши пробна артилериска стрелба со четири поединечни истрели од артилериски орудија. -Утре 18-ти август 2020 година (вторник), исто така со почеток во 10.00 часот ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 5 плотуни од артилериски орудија на единица на артилерискиот баталјон на Армијата, информираат од АРМ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochesna-artileriska-strelba-po-povod-denot-na-arm/feed/ 0
Мицкоски со честитка до припадниците на АРМ: Владата да покаже поголема грижа, тие се еден од столбовите на нашата држава https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-so-chestitka-do-pripadnicite-na-arm-vladata-da-pokaze-pogolema-griza-tie-se-eden-od-stolbovite-na-nashata-drzava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-so-chestitka-do-pripadnicite-na-arm-vladata-da-pokaze-pogolema-griza-tie-se-eden-od-stolbovite-na-nashata-drzava/#respond Fri, 17 Aug 2018 12:11:15 +0000 https://kurir.mk/?p=88950

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес преку социјалните мрежи од лично име и од името на ВМРО-ДПМНЕ им го честиташе 18-ти Август, Денот на Армијата на Република Македонија на сите припадници на Армијата. -Сакам да упатам честитка за вашата храброст и пожртвуваност со кои настапувате во сите ваши работни задачи во функција на одбраната на Република Македонија и мисиите во странство, каде нашата Армија рамо до рамо со армиите од демократскиот свет е стожер на мирот и безбедноста во светски рамки. Ние се гордееме со професионалноста на нашите војници, со нивната стручност и мотивираност за извршување на своите задачи кои ги исполнуваат највисоките НАТО стандарди и по ништо не се разликуваат од нивните колеги од земјите членки на Алијансата. 18-ти Август е денот кога во 1943 година на Славеј планина за првпат во историјата на Република Македонија е формирана првата организирана воена формација Баталјонот „Мирче Ацев“ составен од искрени патриоти, наследници на идејата на Илинденците кои преку НОБ ја ослободија Република Македонија од фашистичката окупација, стои во објавата на Мицкоски. Партискиот лидер истакнува дека е чест е да се биде наследник на Илинденците и припадниците на НОБ, вие достојно ги наследивте. -Македонската Армија во текот на целото нејзино постоење е фактор на стабилност и институција со голема доверба кај граѓаните, верувам дека тоа и ќе остане така. Мора да се води поголема сметка и грижа за припадниците на АРМ. Поддршката од државата, и обезбедувањето на основни услови за непречена работа мора да бидат приоритет. Вложувањето во АРМ е инвестиција во нашата сигурност. АРМ е симболот на нашата државност. И тоа мора да се запази и опстои. Затоа е важна и одбраната на тој институционален идентитет како важен елемент на националниот идентитет на нашата држава и народ, загрозен со договорот кој го договори Македонската Влада. АРМ како и сите други институции во државата кој во себе го содржат зборот Македонија мора да продолжат да бидат носители и обележје на нашето постоење. Почитувани припадници на Армијата на Република Македонија дозволете ми уште еднаш да ви го честитам 18-ти Август, да ви изразам почит и благодарност за вашата работа, посветеност и пожртвуваност за Република Македонија, нагласува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во својот статус. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-so-chestitka-do-pripadnicite-na-arm-vladata-da-pokaze-pogolema-griza-tie-se-eden-od-stolbovite-na-nashata-drzava/feed/ 0
Иванов: Военото лидерство треба да биде имуно на партиските и политички притисоци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanov-voenoto-liderstvo-treba-da-bide-imuno-na-partiskite-i-politichki-pritisoci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanov-voenoto-liderstvo-treba-da-bide-imuno-na-partiskite-i-politichki-pritisoci/#respond Fri, 17 Aug 2018 11:43:13 +0000 https://kurir.mk/?p=88929

Военото лидерство треба да биде имуно на партиските и политички притисоци. Секој што сака да биде воен лидер треба да биде свесен дека тргнува на трнлив пат полн со многу предизвици и многу откажувања, порача претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов на одбележувањето на Денот на Армијата на Република Македонија - 18 Август. Иванов во својот говор пред присутните воени старешини и владини претставници, нагласи дека лидерството и авторитетот не се наметнуваат, туку се заслужуваат. -Лидерството и авторитетот се градат преку секојдневно носење одлуки на терен и во реални ситуации, во присуство на потчинетите војници и офицери. Воените лидери мора да се фокусираат на професионалните и животните стандарди на своите војници, да бараат приспособување на одбраната на новите предизвици, рече македонскиот претседател. Според него, Армијата е неутрален чувар на територијалниот интегритет и независноста на земјата. Таа ја штити границата, сувереноста, безбедноста и унитарноста на Република Македонија.> -Армијата им помагаше на своите граѓани во справување со природните непогоди, а учествува и континуирано во мировните мисии ширум светот, рече тој. Иванов потенцираше дека како Претседател на Република Македонија, постојано инсистира за зголемување на средствата за Армијата, со цел да биде подготвена за предизвиците, додавајќи дека во Армијата мора да се вложува, и тоа е задача и за носителите на политички одлуки, но и за воените лидери. Нагласи дека слободата, државноста, независноста, мирниот сон на нашите деца како да се земаат се повеќе здраво за готово, и како дек се губи од пред вид дека постои армија на луѓе кои положиле заклетва дека ќе ги бранат овие тешко стекнати вредности и по цена на своите сопствени животи. Токму тие луѓе и таа институција ја заслужува нашата благодарност повеќе од многу други. Тоа е Армијата на Република Македонија, рече претседателот Иванов, додавајќи дека тоа се и нејзините досегашни и сегашни војници, офицери, генерали и началници. Тој им порача на македонските војници дека се наследници на македонските борци кои биле водени од чисти мотиви и праведни цели, без темна дамка во историјата од која би се срамеле и за која би се извинувале. -Македонските борци се бореле за слобода и човечки правдини и секогаш биле на вистинската страна на историјата. Илинденците се бореа против ропството и тиранијата.Партизаните се бореа против фашизмот и нацизмот. Вие, припадниците на современата Армија на Република Македонија, се борите против заканата од насилниот екстремизам и глобалниот тероризам. Се борите за заштита од последиците од илегалната миграција, рече македонскиот претседател.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanov-voenoto-liderstvo-treba-da-bide-imuno-na-partiskite-i-politichki-pritisoci/feed/ 0
Во штипската касарна одбележан Денот на АРМ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-shtipskata-kasarna-odbelezan-denot-na-arm/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-shtipskata-kasarna-odbelezan-denot-na-arm/#respond Fri, 17 Aug 2018 11:39:03 +0000 https://kurir.mk/?p=88925

Во касарната „Јане Сандански“-Штип денеска свечено беше одбележан Денот на АРМ. На одбележувањето присуствуваа градоначалниците од источниот и југоисточен регион на Македонија, претставници на Сојузот на борците и на државните и локални институции од двата региони. Командантот на касарната „Јане Сандански“, потполковник Горан Петрушевски истакна дека гордост е да се биде дел од Армијата чии корени се протегаат длабоко низ вековната борба за слобода и самостојност на македонските воини, востаници и борци. Посочи дека денешниот датум, кој се празнува како Ден на Армијата на Република Македонија, е ден кога во 1943 година на падините на Славеј планина е создадена првата организирана формација на македонската војска, односно формиран е баталјонот „Мирче Ацев“. Тој забележа дека од осамостојувањето на Република Македонија на 8 септември 1991 година нашата држава формираше армија со сопствени сили и капацитети. - Со пристапување на иницијатиавта „Партнерство за мир“ во ноември 1995 година АРМ активно почна да учествува во сите активности и обврски како партнер на евроатланската алијанса. Почнувајќи од 1996 година, кога за првпат единица на АРМ учествуваше на мултинационалните воени маневри „Мировен орел 96“ надвор од границите на нашата држава се редеа мултинационални вежбовни активности во организација на АРМ на територија на Република Македонија. Но, респектибилен број на припадници на АРМ учествуваа и учествуваат на меѓународни воени вежби надвор од Македонија рамо до рамо со припадниците на армиите на земјите-членки на НАТО, рече Петрушевски. Тој додаде дека во изминатите 26 години припадниците на АРМ секогаш учествуваат во помагање на населението при справување со природните непогоди, а стратегиска определа на АРМ и на секој нејзин припадник е полноправно членство во НАТО. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-shtipskata-kasarna-odbelezan-denot-na-arm/feed/ 0
Одбележување на Денот на АРМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezuvanje-na-denot-na-arm/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezuvanje-na-denot-na-arm/#respond Fri, 17 Aug 2018 05:50:46 +0000 https://kurir.mk/?p=88742

Во присуство на државниот и армискиот врв, претставници на дипломатскиот кор и други видни личности денеска пред Министерството за одбрана ќе се одржи централната свеченост по повод 18 Август - Денот на Армијата на Република Македонија. Свои обраќања ќе имаат претседателот на државата и врховен командат на вооружените сили Ѓорге Иванов и министерката за одбрана Радмила Шекеринска. Претседателот со Орден за воени заслуги ќе ги одликува првиот механизиран пешадиски баталјон од првата механизирана пешадиска бригада и баталјонот за врски, а ќе бидат прочитани и наредби за унапредување на старешини во највисоки офицерски чинови, ќе бидат врачени плакети, значки, благодарници за соработници и организации со кои соработуваат МО и АРМ. На свеченоста од страна на министерката Шекеринска и началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски се поканети претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Зоран Заев, министри во Владата, пратеници во Парламентот, поранешни министри за одбрана и началници на ГШ на АРМ, пензионирани генерали на АРМ, амбасадорите и воените аташеа акредитирани во Република Македонија, високи гости од повеќе институции. На градските гробишта во Бутел во Скопје изутринава повеќе делегации со воени почести ќе положат венци со свежо цвеќе на партизанските гробишта, на гробот на загинатиот претседател Борис Трајковски, поранешниот претседател Киро Глигоров и на гробот на генерал Михаило Апостолски. Почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од артилериски орудија ќе се изврши вечерва во 19 часот во касарната „Илинден“ од страна на единица на артилерискиот баталјон на АРМ, по повод Денот на Армијата. Претходно, во периодот од 15 до 18 часот ќе се изврши пробна артилериска стрелба со еден истрел од шест артилериски орудија. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezuvanje-na-denot-na-arm/feed/ 0
По повод Денот на АРМ, утре во 19 часот ќе се изврши почесна артилериска стрелба https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-povod-denot-na-arm-utre-vo-19-chasot-kje-se-izvrshi-pochesna-artileriska-strelba/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-povod-denot-na-arm-utre-vo-19-chasot-kje-se-izvrshi-pochesna-artileriska-strelba/#respond Thu, 16 Aug 2018 12:22:09 +0000 https://kurir.mk/?p=88596

На 17-ти август 2018 година (пeток), со почеток во 19.00 часот, по повод 18-ти Август – Денот на Армијата на Република Македонија, во касарната ,,Илинден“ во Скопје, од страна на единица на артилерискиот баталјон на АРМ ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од артилериски орудија. Претходно, во периодот од 15 до 18 часот ќе се изврши пробна артилериска стрелба со еден истрел од 6 артилериски орудија.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-povod-denot-na-arm-utre-vo-19-chasot-kje-se-izvrshi-pochesna-artileriska-strelba/feed/ 0