ден на армијата – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 18 Aug 2022 07:34:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ден на армијата – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Собраниска делегација ќе положи цвеќе по повод Денот на Армијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobraniska-delegacija-kje-polozi-cvekje-po-povod-denot-na-armijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobraniska-delegacija-kje-polozi-cvekje-po-povod-denot-na-armijata/#respond Thu, 18 Aug 2022 07:34:41 +0000 https://kurir.mk/?p=720288

По повод одбележувањето на 18 Август, Ден на Армијата на Република Македонија, собраниска делегација денеска ќе положи цвеќе на партизански гробишта, пред вечните почивалишта на претседателите Киро Глигорово и Борис Трајковски, и на генерал Михаило Апостолоски. Во собраниската делегација, која ќе ја предводи потпретседателот на Собранието Горан Мисовски се и пратениците Дарко Каевски и Зоран Коцевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobraniska-delegacija-kje-polozi-cvekje-po-povod-denot-na-armijata/feed/ 0
Мицкоски: Припадниците на АРМ се луѓето на чиј грб почива државноста, бидете горди на тоа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-pripadnicite-na-arm-se-lugjeto-na-chij-grb-pochiva-drzavnosta-bidete-gordi-na-toa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-pripadnicite-na-arm-se-lugjeto-na-chij-grb-pochiva-drzavnosta-bidete-gordi-na-toa/#respond Tue, 18 Aug 2020 09:12:42 +0000 https://kurir.mk/?p=392030

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски испрати честитка со која на сите припадници на вооружените сили, но и на сите граѓани им го честита денот на Армијата на Република Македонија. -На денешен ден пред 77 години на Славеј планина, во славна Дебарца формиран е Баталјонот Мирце Ацев, кој е почетокот на македонското организирано војничко делување во Втората Светска Војна, кога македонските партизани, народ и држава, застанаа на страната на Сојузниците против најголемото зло на 20 тиот век фашизмот. Луѓето кои пред 77 години, во виорот на фашизмот не се исплашија и го кренаа својот глас, се нашите херои и луѓето на кои им ја должиме слободата денес, тие се децата и внуците на Илинденците, и тие пред нив, кои се бореа за Македонија. Тие стотина луѓе тогаш имаа огромна храброст, а од нивната храброст произлезе државноста. Таа храброст е доказ дека фундаментот е пожртвуваноста и посветеноста кон татковината, а таквата посветеност е потребна и денес кога државата се соочува со големи премрежја и предисвици. Да се потсетиме на нивната пожртвуваност, но и да се погрижиме да не биде залудна. Мора да изградиме држава на среќни и задоволни граѓани. Вие, припадниците на АРМ денес сте луѓето на чиј грб почива државноста и бидете горди на тоа. Честит ден АРМ, стои во честитката на Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-pripadnicite-na-arm-se-lugjeto-na-chij-grb-pochiva-drzavnosta-bidete-gordi-na-toa/feed/ 0
АРМ одбележува 28 години постоење https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arm-odbelezuva-28-godini-postoenje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arm-odbelezuva-28-godini-postoenje/#respond Tue, 18 Aug 2020 05:23:58 +0000 https://kurir.mk/?p=391872

Со почесна артилериска стрелба и со свеченост на воениот стадион во Градскиот парк во Скопје денеска ќе биде одбележан Денот на Армијата на Република Македонија. Свеченоста ќе се реализира согласно протоколот на Комисијата за заштита од заразни болести за одбележување државни празници. Од Генералштабот на Армијата информираа дека обраќање ќе имаат претседателот на Република Македонија и Врховен командант, Стево Пендаровски, министерката за одбрана Радмила Шекеринска и началникот на ГШ, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски. Претседателот Пендаровски на свеченоста, со Орден за воени заслуги ќе ги одликува баталјонот за воено-медицинска поддршка, третиот пешадиски баталјон од првата пешадиска бригада и канцеларијата за соработка во одбраната на Соединетите Американски Држави. По повод Денот на Армијата, во 10 часот ќе се изврши и почесна артилериска стрелба со пет плотуни од артилериски орудија на единица на артилерискиот баталјон. За роденден на Армијата е избран 18 август, денот кога во 1943 година на Славеј Планина бил формиран баталјонот „Мирче Ацев”, кој се смета за првата организирана воена формација на НОВ на Македонија. Процесот за формирање на современата македонска армија, пак, започна во 1992 година, кога тогашниот претседател Киро Глигоров, со раководството на ЈНА го потпиша договорот за дислокација на федералната армија од територијата на Република Македонија. Македонската Армија денес заедно со армиите на уште 29 земји е составен дел од најголемиот колективнен безбедносен систем откако Република Северна Македоонија во март годинава стана 30 полноправна членка на НАТО.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arm-odbelezuva-28-godini-postoenje/feed/ 0