ден на благодарноста – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 26 Nov 2020 07:36:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ден на благодарноста – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Бајден повика на внимателност од коронавирусот за време на Денот на благодарноста https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-povika-na-vnimatelnost-od-koronavirusot-za-vreme-na-denot-na-blagodarnosta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-povika-na-vnimatelnost-od-koronavirusot-za-vreme-na-denot-na-blagodarnosta/#respond Thu, 26 Nov 2020 07:36:36 +0000 https://kurir.mk/?p=434562

Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден ги повика Американците да бидат внимателни и безбедни за време на празниците. Бајден кажа дека граѓаните се уморни од ограничувањата што ги носи епидемијата на коронавирусот, но, сепак, побара да бидат внимателни затоа што бројот на новозаразени се зголемува од ден на ден, јавија британските медиуми. Новиот американски претседател, исто така, ги повика своите сонародници да се откажат од големите семејни собири што традиционално се организираат за Денот на благодарноста и вети дека ќе се справи со пандемијата веднаш штом ќе ја преземе функцијата, на 20 јануари 2021 година. Бајден го обвини Трамп дека и подлегна на паниката и дека се предаде пред кризата со американското јавно здравство. Тој се осврна и на помилувањето од Трамп на поранешниот советник за национална безбедност, генерал Мајкл Флин, кој двапати се изјасни за виновен за давање лажни изјави на ФБИ и затоа беше осуден на затворска казна. Помилувањето на Трамп го опиша како „чин на тешка корупција и дрска злоупотреба на моќта“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-povika-na-vnimatelnost-od-koronavirusot-za-vreme-na-denot-na-blagodarnosta/feed/ 0
Илјадници сиромаши Американци на ред за бесплатни трпезни мисирки, додека Трамп помилува една https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iljadnici-siromashi-amerikanci-na-red-za-besplatni-trpezni-misirki-dodeka-tramp-pomiluva-edna/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iljadnici-siromashi-amerikanci-na-red-za-besplatni-trpezni-misirki-dodeka-tramp-pomiluva-edna/#respond Wed, 25 Nov 2020 16:24:11 +0000 https://kurir.mk/?p=434319

Во пресрет на утрешниот празник во САД, Денот на благодарноста, во повеќе градови и населени места низ Америка се организира бесплатно раздавање мисирки. Во меѓувреме, акуелниот претседател на САД, Доналд Трамп, ја отвори празничната сезона со традиционалното помилување на мисирка. Настанот се случи синоќа во Белата куќа. Печена мисирка е главниот елемент од празничната трпеза на Денот на благодарноста, најзначаен семеен празник во САД. Во повеќе градови и држави, на настани организирани од локални фирми или невладини организации за помош на сиромашните, илјадници социјално загрозени Американци чекаат на ред да добијат бесплатен „танксгивинг мил“ (оброк за Денот на благодарноста), вклучително и мисирка. Така на пример, досега, над 30.000 бесплатни мисирки се раздадени во Тексас, над 5.000 во Њујорк сити. Редови за чекање да се добие мисирка се создаваат и во Вирџинија бич, Вирџинија, Сент Луис, Мисури или Орладно, Флорида, каде деновиве беа раздадени илјадници вакви птици. Очигледно, годинава бројот на бесплатни оброци за Денот на благодарноста е многу поголем, со многу загрозени семејства поради актуелната криза со коронавирусот во земјата. Во меѓувреме, Трамп синоќа на настан во Белата куќа ја отвори празничната сезона со традиционалното помилување на мисирката Корн. –Погледнете во оваа убава убава птица. Корн, се ти се посреќи. Со ова те помилувам, рече претседаелот со подигната рака. Пред да го стори тоа, Трамп оддржа говор во еден „тажен спектакл со малку публика,“ фалејќи ги добрите берзански индекси и благодарејќи на американските војници и безбедносни сили, кои ја „прават Америка безбедна, ја прават голема, и како што велем, ја ставаат Америка на прво место“. Даде зборови на благодарност и за сите доктори и медицински персонал, во првиот борбен ред против пандемијата. Говорот на Трамп не се разликуваше многу од неговите претходни, „и звучеше како безпомошна молба на остарен монарх“, додека демократот Џо Бајден формираше тим сличен на оној од времето на Барак Обама, со експлицитно одрекување од „Америка на прво место“, а спас на планетата и демократијата во светот, коментираа некои набљудувачи. -Хромата утка помилува мисирка, објави синоќа Јаху њус. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iljadnici-siromashi-amerikanci-na-red-za-besplatni-trpezni-misirki-dodeka-tramp-pomiluva-edna/feed/ 0
Американците го слават Денот на благодарноста, Индијанците Денот на жалоста https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikancite-go-slavat-denot-na-blagodarnosta-indijancite-denot-na-zalosta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikancite-go-slavat-denot-na-blagodarnosta-indijancite-denot-na-zalosta/#respond Thu, 28 Nov 2019 07:40:17 +0000 https://kurir.mk/?p=270366

Денеска на 28 ноември, четвртиот четврток во ноември во САД се слави Денот на благодарноста, додека домородните Индијанци го одбележуваат како Ден на жалост. Во Плимут, Масачусетс, каде што во 1620 година пристигна бродот „Мејфлаур“ во кој се наоѓаа нови доселеници кои себеси се нарекуваа аџии, следната година свечено ќе бидат одбележани 400 години од новото населување на британската колонија Нова Англија, во североисточниот дел на САД. На тој ден, тие ќе се заблагодарат, како и сите претходни 400 години, за добрата жетва, но и на припадниците на индијанското племе Вампаноаг и нивниот поглавица Машасоит, што им донеле храна и со тоа ги спасиле од глад во текот на зимата. Во исто време, приврзаниците на Денот на жалоста, потомците на оние домородци кои им помогнаа на своите нови соседи да преживеат, ќе одржат говори за Плимут, во кои ќе потсетат на сите проблеми што им ги донесоа доселениците. Обединетите Индијанци од Нова Англија ќе зборуваат за геноцидот на милиони нивни сонародници, за „кражбата“ на нивната земја и немилосрдниот напад врз нивните културни традиции. Додека траат говорите на Индијанците, низ цела Нова Англија останатите домородци ќе тропаат на тапани за да покажат дека се уште се таму, иако повеќето од домородците починале од заразни болести кои ги донеле доселениците. Еден од претставниците на Индијанците потсети дека доселениците од Европа немало да преживеат доколку нивните соседи Индијанци не ги научиле како да ловат и како да подготват храна од овошје и зеленчук кои растеле во нивната нова татковина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikancite-go-slavat-denot-na-blagodarnosta-indijancite-denot-na-zalosta/feed/ 0