Ден на државноста – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 13 Jul 2023 09:19:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.2 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Ден на државноста – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Црна Гора денеска го слави Денот на државноста https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tsrna-gora-deneska-go-slavi-denot-na-drzhavnosta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tsrna-gora-deneska-go-slavi-denot-na-drzhavnosta/#respond Thu, 13 Jul 2023 09:19:26 +0000 https://kurir.mk/?p=856146

Црна Гора денеска го слави Денот на државноста, во спомен на 13 јули 1878 година, кога беше призната како независна држава на Берлинскиот конгрес, како и истиот датум во 1941 година, кога народот на Црна Гора започна востание против фашизмот. По повод Денот на државноста, претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, синоќа приреди прием, на кој порача дека за народот на Црна Гора нема поважен датум од 13 јули, бидејќи тоа е „вредносната вертикала на развојот на земјата, заснован на слобода, антифашизам и еднаквост“. Тој рече дека „вековната борба за опстанок, на карпестиот крстопат на Европа, ја направи Црна Гора симбол на истрајноста, чија секоја педа слобода е скапо платена со животите на најдобрите синови и ќерки“. „Пламенот на непослушноста никогаш не е изгаснат на овој наш карст“, додаде Милатовиќ. Тој рече дека нема 13 јули 1941 година без 13 јули 1878 година. Според него, два идентични датума во месецот, разделени со 63 години, всушност се симбиоза на слободата и пркосот, како најважни карактерни одредници на црногорските аспирации за државност. „Нема поважен датум за нашиот народ од овој, што е причина за собирот, бидејќи тоа е вредносната вертикала на развојот на нашата земја, заснован на слобода, антифашизам и еднаквост“, рече Милатовиќ. На приемот во Сината палата во Цетиње присуствуваа претставници на политичкиот, научниот, културниот, економскиот и спортскиот живот на Црна Гора, народни херои и поранешни државни функционери. Имаше и претставници на дипломатскиот кор и високи претставници на меѓународни организации и институции. По повод Националниот ден на Црна Гора неработни денови се 13 и 14 јули.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tsrna-gora-deneska-go-slavi-denot-na-drzhavnosta/feed/ 0
Србија го одбележува Денот на државноста https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-go-odbelezhuva-denot-na-drzhavnosta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-go-odbelezhuva-denot-na-drzhavnosta/#respond Wed, 15 Feb 2023 08:35:53 +0000 https://kurir.mk/?p=800682

Во Србија денеска се одбележува Денот на државноста во знак на сеќавање на 15 февруари 1804 година, кога во Орашац започна Првото српско востание за ослободување од Турците, а на истиот ден во 1835 година е прогласен првиот Устав кој го означи и почетокот на современата државност. Српскиот Парламент на 10 јули 2001 година одлучи да се прославува Денот на државноста, кој од 2012 година се празнува два дена - на 15 и 16 февруари. Во Старото собрание во Крагуевац денеска ќе се одржи Академија „Кнежев запис“, на која ќе присуствува и претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Во Орашац, претседателот на Собранието на Србија, Владимир Орлиќ и претседателот на Народното собрание на Република Српска Ненад Стевандиќ ќе положат венци на споменикот на водачот на Првото српско востание, Ѓорѓе Петровиќ - Вожд Караѓорѓе (1762-1817). По повод Денот на државноста, претседателот на Србија во зградата на Претседателството во Белград ќе им додели признанија на заслужни поединци и институции. Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ и премиерот на Република Српска, Радован Вишковиќ ќе положат венци во црквата „Св.Ѓорѓе“ во Опленац.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-go-odbelezhuva-denot-na-drzhavnosta/feed/ 0
Блинкен со честитки до хрватскиот народ за Денот на државноста https://arhiva.kurir.mk/svet/region/blinken-so-chestitki-do-hrvatskiot-narod-za-denot-na-drzavnosta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/blinken-so-chestitki-do-hrvatskiot-narod-za-denot-na-drzavnosta/#respond Mon, 30 May 2022 15:25:44 +0000 https://kurir.mk/?p=683767

Од името на Соединетите Американски Држави, исраќам срдечни честитки до народот на Хрватска по повод Денот на државноста на вашата земја, порача денеска државниот секретар Ентони Блинкен. „Како што истакнавме за време на Стратешкиот дијалог оддржан во март, САД се радуваат на натамошното продолабочување на врските меѓу нашите народи“, истакна Блинкен. Шефот на американската дипломатија се радува на зајакнувањето на трговијата и инвестициските врски, подобрување на енергетската сигурност, борбата со климатските промени и заедничката работа со посветеност на регионалните и глобалните предизивици, вклучувајќи ја и неиспровоцираната, неоправдана и претходно смислена војна на Путин против Украина. -Во зорите на нашите дипломатски односи пред 30 години, се гордееме што стоиме до Хрватска. Се гоордееме што денеска стоиме со Хрватска како сојузници во НАТО, трансатлантски партнери и како две индивидуи силно сврзани од споделените вредности и нескршливи врски на пријателство, истакна Блинкен во честитката до хрватскиот народ по повод Денот на државноста на Хрватска. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/blinken-so-chestitki-do-hrvatskiot-narod-za-denot-na-drzavnosta/feed/ 0