ден на европа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 09 May 2022 05:47:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ден на европа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ден на Европа и Ден на победата над фашизмот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/den-na-evropa-i-den-na-pobedata-nad-fashizmot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/den-na-evropa-i-den-na-pobedata-nad-fashizmot/#respond Mon, 09 May 2022 05:47:50 +0000 https://kurir.mk/?p=673747

Европските земји денеска го слават Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот, во сеќавање на почетокот на создавањето на Европската Унија и завршувањето на Втората светска војна во Европа во 1945 година. Годинава се навршуваат 77 години од крајот на Втората светска војна и 72 години од покренувањето на иницијативата за создавање на Европската Унија. Во земјите на ЕУ, особено е важен Денот на Европа, што означи пресвртница во односите на европските земји, но и отворање пат кон создавање заедничка држава на континентот. Во Русија пак, фокусот е на прославата на Денот на победата во Втората светска војна. Во Стразбур денеска ќе се затвори Конференцијата за иднината на Европа. Ќе присуствуваат францускиот претседател Емануел Макрон и претседателките на Европската Комисија и Европскиот Парламент, Урсула фон дер Лајен и Роберта Мецола. Макрон во Германија ќе има средба со канцеларот Олаф Шолц. Земјите на ЕУ, како и други европски земји, Денот напобедата над фашизмот го одбележаа вчера, додека Русија и уште некои земји, ќе го прослават денеска. Денот на победата над фашизмот се слави во знак на сеќавање на денот, кога нацистичката Германија потпиша капитулација во Втората светска војна, 1945 година. Русија секој 9 мај организира традиционална воена парада на Црвениот плоштад во Москва, на која земјата прикажува воени достигнувања. Денот на Европа е востановен во знак на сеќавање на декларацијата на францускиот министер за надворешни работи, Роберт Шуман од 1950 година. Тоа се смета за прв официјален чекор во создавањето на ЕУ. Декларацијата беше предлог за поранешните непријатели, Франција и Германија, да воспостават нов облик на соработка, со цел, војна во Европа да не се случи повторно. Предлогот доведе до создавање на Европска заедница за јаглен и челик во 1951 година, потоа Европска економска заедница, а денешна Европска Унија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/den-na-evropa-i-den-na-pobedata-nad-fashizmot/feed/ 0
9 МАЈ – Денот на Европа во знак на иднината https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/9-maj-denot-na-evropa-vo-znak-na-idninata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/9-maj-denot-na-evropa-vo-znak-na-idninata/#respond Sun, 09 May 2021 07:06:13 +0000 https://kurir.mk/?p=507794

Европската унија ќе го одбележи Денот на Европа – 9 мај, што го слави мирот и единството на европскиот континент. Како и минатата година, пандемичните мерки го сменија традиционалниот начин на одбележување на Денот на Европа во седиштето на ЕУ во Брисел. Поранешната Отворена врата на институциите на ЕУ, кога граѓаните можеа да ги посетат сите места на политичко одлучување, кои обично ги гледаат само на вестите, оваа година ги замени виртуелните тури во Европската комисија, Европскиот парламент и Советот на ЕУ. За време на „Европската недела“, со кулминација на 9 мај, беа организирани работилници преку интернет, разговори со претставници на ЕУ, интерактивни квизови и други активности за граѓаните со цел да се запознаат со политиките и системот на донесување одлуки во рамките на ЕУ, но и со цел подобро да ги запознаеме различните земји и региони што ја сочинуваат Унијата. Специфичноста на годинашното одбележување на Денот на Европа е организирање на првиот настан во рамките на Конференцијата за иднината на Европа. Инаугуративната конференција, што треба да означи почеток на широка дебата за среднорочната и долгорочната иднина на ЕУ и реформите што треба да се преземат во нејзините политики и институции, ќе се одржи на 9 мај во ЕП, на која ќе учествуваат водечки претставници на ЕУ . Намерата на Конференцијата е да ги вклучи граѓаните на ЕУ, особено младите, како и претставниците на институциите на ЕУ во дебатата во следните две години за насоката во која ќе се развива и движи ЕУ. Постојат повици земјите-кандидати за членство во ЕУ да се вклучат во дебатата за визиите за иднината на заедничкиот дом. Европската унија почна да го слави Денот на Европа во 1985 година, во знак на сеќавање на Декларацијата на Шуман од 1950 година, со која се предлага спојување на француската и западногерманската индустрија за јаглен и челик, што доведе до создавање на Европската заедница за јаглен и челик, прва Европска заедница, основана на 18 април 1951 година. Одбележувањето на 9 мај како Ден на Европа се слави низ ЕУ од 2008 година, а од 2019 година, 9 мај стана официјален државен празник во Луксембург.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/9-maj-denot-na-evropa-vo-znak-na-idninata/feed/ 0
Денеска планинарски марш на Водно по повод денот на Европа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-planinarski-marsh-na-vodno-po-povod-denot-na-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-planinarski-marsh-na-vodno-po-povod-denot-na-evropa/#respond Sat, 08 May 2021 07:43:38 +0000 https://kurir.mk/?p=507392

Европското движење во Македонија, кое дејствува во рамките на Меѓународното европско движење со седиште во Брисел, по повод одбележувањето на Денот на европското знаме, 9 Мај, го организира традиционалниот Марш на Водно денес, 8.5.2021 година (сабота), со почеток во 09:00 часот. Стартот на маршот традиционално е закажан пред Европската куќа (Europe House) со краток церемонијален дел кога претставници на Европското движење и на Делегацијата на ЕУ ќе ги разменат македонското и знамето на ЕУ, а на група планинари и други заинтересирани граѓани, како и членови на Европското движење ќе им бидат доделени мали ЕУ и МК знамиња. Важно е да се потенцира дека за време на маршот ќе бидат запазени сите мерки за претпазливост за движење во групи и заштита од пандемијата со КОВИД 19. Знамињата ќе се носат до врвот на Водно. На Средно Водно, пак, на учесниците ќе им се доделат вода и кроасани, но оваа година ќе биде изоставено традиционалното планинарско гравче.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-planinarski-marsh-na-vodno-po-povod-denot-na-evropa/feed/ 0
Доделени наградите по повод 9 мај Денот на Европа- актерот Сашко Коцев европска личност на годината https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dodeleni-nagradite-po-povod-9-maj-denot-na-evropa-akterot-sashko-kocev-evropska-lichnost-na-godinata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dodeleni-nagradite-po-povod-9-maj-denot-na-evropa-akterot-sashko-kocev-evropska-lichnost-na-godinata/#respond Wed, 15 May 2019 09:35:53 +0000 https://kurir.mk/?p=198114

Вчера на завршната церемонија по повод Денот на Европа, 9 мај во Скопје во организација на Фондацијата Конрад Аденауер беа доделени неколку награди по повод Денот на Европа во Македонија. На ораторскиот натпревар кој беше одржан по овој повод, првото место го доби Ана Михаиловска од Универзитетот Гоце Делчев- Штип, второто место му припадна на Бреранд Рустини од Универзитетот на Југоисточна Европа и третото место и припадна на Марија Коцева исто така од Универзитетот Гоце Делчев- Штип. На ликовниот конкурс на темата „моите соседи како мои пријатели“ во организација на општината Аеродром и Европското движење во Република Македонија по повод 9 мај Денот на Европа наградени беа најмалите дечиња и тоа Јосиф Најдовски од трето одделение од основното училиште Гоце Делчев, Ангела Зимбакова од основното училиште Лазо Ангеловски и најмалиот од градинката Срничка, огранот Калинка Владимир Ана Анастасовски. Наградата за европска личност за 2018 година која беше насочена во доменот на културата ја доби актерот Сашко Коцев. -Посебно сум возбуден и со самиот повик кога ми соопштија за наградата, а и вечерва несвојствено вака за мене да останам без текст и се чудам зошто е тоа така, веројатно затоа што за оваа награда не сум се борел. За секоја театарска и филмска награда се борам, но за оваа некој едноставно будно ги следел моите чекори и сум специјално почестен што ми ја доделија оваа плакета за личност на годината и овие вредности мои вредности да ги види како европски вредности, рече Коцев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dodeleni-nagradite-po-povod-9-maj-denot-na-evropa-akterot-sashko-kocev-evropska-lichnost-na-godinata/feed/ 0
Силјановска: Европа значи демократија и владеење на правото, почитување на основните човекови права, достоинство, слободата и еднаквоста https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/siljanovska-evropa-znachi-demokratija-i-vladeenje-na-pravoto-pochituvanje-na-osnovnite-chovekovi-prava-dostoinstvo-slobodata-i-ednakvosta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/siljanovska-evropa-znachi-demokratija-i-vladeenje-na-pravoto-pochituvanje-na-osnovnite-chovekovi-prava-dostoinstvo-slobodata-i-ednakvosta/#respond Thu, 09 May 2019 18:40:16 +0000 https://kurir.mk/?p=196160

Преку својот Фејсбук профил Гордана Силјановска Давкова го честиташе 9-ти мај како Ден на Европа. -Ви го честитам и 9ти Мај како Ден на Европа! Декларацијата на Роберт Шуман, францускиот министер за надворешни работи, е презентирана на 9ти Мај 1950година. Шуман бил голем визионер, а неговата визија мора докрај да се исполни. Целосно обединета и интегрирана Европа е предуслов за мир и просперитет. Европа значи демократија и владеење на правото, почитување на основните човекови права, достоинство, слободата и еднаквоста, односно почитување на европските заеднички вредности ипринципи, зацртани во Договорите на ЕУ. Овие вредности ги обединуваат сите членки на ЕУ и ниту една земја која не ги почитува овие вредности не може да припаѓа на Унијата. Република Македонија, како природен дел од Европа, мора да се движи по овој пат. Политичарите можат да се менуваат, но основните фундаменти на Европа се непроменливи и сите мора да се придржуваат кон нив, стои во нејзиниот пост на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/siljanovska-evropa-znachi-demokratija-i-vladeenje-na-pravoto-pochituvanje-na-osnovnite-chovekovi-prava-dostoinstvo-slobodata-i-ednakvosta/feed/ 0
Завршна свеченост за Денот на Европа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshna-svechenost-za-denot-na-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshna-svechenost-za-denot-na-evropa/#respond Thu, 10 May 2018 06:11:08 +0000 https://kurir.mk/?p=52324

Завршна свеченост по повод 9 Мај - Денот на Европа ќе се одржи денеска во Скопје. Поздравни обраќања ќе имаат Милева Ѓуровска, претседателка на Европското движење во Република Македонија, евроамбасадорот Самуел Жбогар и Давор Пашоски од Фондација Конрад Аденауер во земјава. На настанот ќе бидат доделени плакета за почесен член на Европско движење во Република Македонија, признание за Посебен придонес во промоција на Република Македонија во Европа и плакета за Европски придонес за 2017 година. Ќе бидат доделени и награди за студенти - победници на ораторскиот натпревар - Мојата порака до Европа. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshna-svechenost-za-denot-na-evropa/feed/ 0
Одбележување на Денот на Европа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezuvanje-na-denot-na-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezuvanje-na-denot-na-evropa/#respond Wed, 09 May 2018 06:03:59 +0000 https://kurir.mk/?p=51776

По повод 9 Мај, одбележувањето на Денот на Европа, низ градовите во Македонија ќе се одржат повеќе активности. Секретаријатот за европски прашања ќе го организира традиционалниот „Појадок со ЕУ“, во Клубот на пратеници во Скопје, со почеток во 9 часот, на кој ќе учествуваат амбасадорите на земјите членки на ЕУ, поранешните вицепремиери за европски прашања, на кои ќе им се обратат вицепремиерот Бујар Османи и амбасадорот на ЕУ во Македонија Самуел Жбогар. Делегацијата на ЕУ во Македонија ќе го одбележи Денот на Европа во Куманово, Крива Паланка, Дебар, Кавадарци, Кочани, Гевгелија, Охрид, Гостивар, Тетово, Велес, Струмица и Битола. Инфо точките на ЕУ на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Универзитетот на ЈИЕ во Тетово и Битолскиот универзитет ќе ги вклучат студентите во дискусии за европската иднина на земјата. Жбогар и други амбасадори на земји-членки на ЕУ ќе учествуваат на прославите и ќе ја пренесат пораката за заедничка иднина. Централен настан на програмата за Денот на Европа е ЕУ паркот, што ќе се одржи во Штип на 12 мај, во присуство на премиерот Зоран Заев, градоначалникот на Штип Благој Бочварски и Самуел Жбогар. На настанот ќе се одржат презентации на сите земји-членки на ЕУ од страна на студентите на универзитетот во Штип, спортски активности, како и музички изведби на популарни уметници. За одбележување на Европската година на културно наследство, ќе се одржи изложба на фотографии од локации на културата во земјата и ЕУ. Делегацијата на ЕУ поддржува и други настани за Денот на Европа, како што се Скопскиот маратон, годишната матурска парада, дебати и натпревари за деца и студенти организирани од Европското движење во Скопје, Велес, и Куманово, како и бројни културни настани. Денот на Европа, кој секоја година се одржува на 9 Мај, го слави мирот и единството во Европа На оваа дата се одбележува годишнината од историската Декларација на Шуман. Во говорот одржан во Париз во 1950 година, Роберт Шуман, тогашен француски министер за надворешни работи, ја претставил идејата за нова форма на политичка соработка во Европа, со која војните помеѓу народите во Европа ќе станат незамисливи. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezuvanje-na-denot-na-evropa/feed/ 0