Ден на македонска револуционерна борба – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 23 Oct 2023 11:58:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Ден на македонска револуционерна борба – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мицкоски: Време е како пред 130 години да се обединиме под знамето на Македонија и да тргнеме напред https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-vreme-e-kako-pred-130-godini-da-se-obedinime-pod-znameto-na-makedonija-i-da-trgneme-napred/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-vreme-e-kako-pred-130-godini-da-se-obedinime-pod-znameto-na-makedonija-i-da-trgneme-napred/#respond Mon, 23 Oct 2023 07:45:42 +0000 https://kurir.mk/?p=892086

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски упати честитка до граѓаните по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. -23 Октомври е датум кој во нашата колективна меморија е врежан како датум кога за прв пат македонскиот народ се организирал во организација за борба за слободна и независна држава. Формирањето на МРО, кое подоцна ќе прерасне и во народот ќе остане запаметено како ВМРО е симболот на пркос на Македонецот, воден од желбата за подобро утре, истакнува Мицкоски. И денес, како и тогаш на тој 23 октомври 1893 година, како што вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, ни е потребен тој пркос и желба за подобро утре, зошто политиките на власта удираат по темелите на општеството, ја разјадуваат државата и ги бркаат луѓето од своите домови во странство. -Време е како пред 130 години да се обединиме под знамето на Македонија и да тргнеме напред, да и кажеме не, на власта која не турка надолу, и да го реализираме сонот за просперитетна држава. Ако на основачите на ВМРО им било важно формирање на македонска држава. На нас нивните следбеници важно ни е Македонија да биде просперитетна држава, каде ќе владее правото и секоја индивидуа ќе има еднаква шанса за успех. На ВМРО-ДПМНЕ и на мене лично важно ни е Македонија да напредува и достигнува нови височини, истакнува Мицкоски во честитката по повод  Денот на македонската револуционерна борба. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-vreme-e-kako-pred-130-godini-da-se-obedinime-pod-znameto-na-makedonija-i-da-trgneme-napred/feed/ 0
23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/23-oktomvri-den-na-makedonskata-revolucionerna-borba-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/23-oktomvri-den-na-makedonskata-revolucionerna-borba-video/#respond Sat, 23 Oct 2021 06:59:59 +0000 https://kurir.mk/?p=584050

На 23 октомври во 1893 година во Солун била основана Внатрешната Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО), со цел за извојување автономија на Македонија преку револуционерна борба. Врвна точка на дејноста на ВМОРО е организирањето на Илинденското востание во 1903 година во Македонија и на Преображенското востание во Одринска Тракија. Основите на Организацијата се поставени на 5 ноември 1893 година (23 октомври – според стариот календар) во куќата на книжарот Иван Хаџи Николов во Солун. На основачкиот состанок присуствуваат: Д-р Христо Татарчев – лекар, родум од Ресен, Даме Груев – учител, родум од с. Смилево – Битолско, Петар Поп Арсов – учител, родум од с. Богомила – Велешко, Иван Хаџи Николов – книжар во Солун, родум од Кукуш, Антон Димитров – учител, родум од с. Ајватово – Солунско и Христо Батанџиев – учител, родум од с. Гуменџа, Ениџе Вардарско. Основачите почнуваат да ги шират овие револуционерни идеи меѓу прогресивната младина во Солунската бугарска машка гимназија. Набргу учениците во гимназијата создаваат кружоци, конспиративни групи и др. По завршувањето одат по своите родни места и таму почнуваат да агитираат. Младите студенти и нивните професори стануваат стожерот, односно движечката сила на македонската револуција. Емисарите вршат обиколки по селата во Македонија и Одринска Тракија и формираат месни комитети. Откако на овој начин се формирала структурата на организацијата, се започнало со процесот на создавање вооружени чети и почнале набавки на оружје по илегални канали од Бугарија и Грција. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/23-oktomvri-den-na-makedonskata-revolucionerna-borba-video/feed/ 0
23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/23-oktomvri-den-na-makedonskata-revolucionerna-borba/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/23-oktomvri-den-na-makedonskata-revolucionerna-borba/#respond Fri, 23 Oct 2020 06:55:56 +0000 https://kurir.mk/?p=419604

Во земјава денеска се одбележува 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, кој е прогласен за државен празник и неработен ден за сите граѓани. Годинава, поради пандемијата со Ковид-19, одбележувањето ќе се одржи со запазување на протоколите за спречување и заштита од коронавирусот, односно со носење на заштитни маски и одржување на соодветно растојание. На 23 октомври 1893 година во куќата на Иван Хаџи Николов во Солун, Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Антон Димитров и Христо Ботанџиев беше формиран Македонскиот револуционерен комитет од кој подоцна произлезе Внатрешно македонската револуционерна организација (ВМРО) или Внатрешно македонско-одринска револуционерна организација (ВМОРО). Организацијата се бореше за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош однадвор. Со тоа почна организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинден 1903, Крушевската Република и преку НОВ, резултира со создавање самостојна македонска држава. Според најавите, денеска ќе биде положено цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев во Скопје и во Спомен куќата на Петар Поп Арсов во Богомила. Пред споменикот на Гоце Делчев цвеќе ќе положи владина делегација составена од заменик министерот за финансии Димитар Ковачевски, заменик министерот за култура Седат Сулејмани и националниот координатор за воени и полициски ветерани Стојанче Ангелов и собраниска делегација во состав Марија Георгиевска и Жаклина Пешевска. Во Богомила, во Спомен куќата на Петар Поп Арсов цвеќе ќе положи министерката за култура Ирена Стефоска и националниот координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка, Роберт Алаѓозоски, како и пратениците Ненад Коциќ и Игор Здравковски.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/23-oktomvri-den-na-makedonskata-revolucionerna-borba/feed/ 0