Ден на народното востание – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 11 Oct 2023 09:48:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Ден на народното востание – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Тро-двоински лажговци и 104% плачковци https://arhiva.kurir.mk/kolumni/tro-dvoinski-lazhgovtsi-i-104-plachkovtsi/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/tro-dvoinski-lazhgovtsi-i-104-plachkovtsi/#respond Wed, 11 Oct 2023 09:21:26 +0000 https://kurir.mk/?p=887698

Пискотници се слушаат од Бихаќка до Мала Река (чица). Што мака октомвриска ги збра Таче и Али та гласи тажна ека и навева сал коб и зла? А, ништо страшно, тоа СДССС и ДУИ пак ко попарени запискаа дека не сакаат да одат на предвремени парламентарни избори. Ни под разно. Оти многу биле јаки, абе топ не ги биел. Ако не верувате, прашајте ги оние патолошките од Стратум&лажум. Проверено, 104 насто ќе „тепаат“ на избори. Во 2524 година... Ок. Никој не се изненади од пискотот и тажната ека, оти дотичните се 104% плачковци. Докажано, емпириски. Доказите се по амбасадите и кај хохштаплерите од „анкетната“ партијска агенција која вол не може да убоде и која и претходно „погоди“ силна победа на СДСССС, на локалните избори... И, ај што по тоа не се скрија во некоја зајачка дупка, туку та-даааам, еве ги пак бесрамниците, тресат зелени, лажат-сушат, муљаааат ко навиени. Ве потсетија на афинитетите на идолот им Црпко, оној новокомпонираниот, инфантилен „умоделач“ со фондациите, нели? Крвта не е вода... А, зошто премиерот „никад гласан“ и вечниот командант Алија воопшто и би сакале да има избори во едно? Да заштедат, да превенират уставна криза ли? Па тие се родени за трошење, арамилак и за сооздавање уставни кризи и негова измена, чуму ајваните би се откажале од она што најдобро го знаат, зошто би го криеле талентот непрокопсан? На северните плачковци не им стиска парламентарните да бидат во ист ден со претседателските, затоа што хохштаплерите чија партија ја ничкоса Македонија немаат проблем со трошење на плус ДЕСЕТ МИЛИОНИ ЕВРА народни пари. А, и чуму да имаат, па не се нивни да ги боли, нели? И така, Стокиќ и Алија му помагаат на Ќурка да си купи шанса од „цели“ месец ипол фора за да ги испорача уставните измени заради кои и го поставија мисирот кој ветувал многу, ама на пустиот слабо му оделе исполнувањето и математиката... А, кој ќе биде начинот во натамошниот поход кон уставен дебакл, ново предавство во обид и внос на државоразорни Бугари како државотворен народ во македонската света книга? Епа, онака како што само знаат и умејат ајваните. Ќе тужакаат и кукаат по амбасади, ќе молат, колат, ќе целиваат рачиња и ноџиња, ќе лелекаат за ЕУ, та како тоа ќе ни избегал возот, та како лошите вмровчишта го срушиле перонот, та снемувало јаглен за пустиот „брз“ воз со парна локомотива од 1825-та година... И додека на сите им е преку глава од сервилноста, безрбетништвото, лигавлукот, субмисивноста и патетиката на Тачевци, тие без мака и со голем елан и натаму ќе ја тркалаат и клацкаат насила северната утопија, на мускули, глумејќи дека ступидниот воз се движи, а тој стои во место седма година по ред и одвреме-навреме си вози во рикверц. Од мака... Затоа, кога Битиќи лаже дека имаат дво-третинско мнозинство за Уставните измени, молејќи  без срам и перде за поделба на ВМРО и за антимакедонско обединување со оддродите во конечната девастација на Македонија, притоа патетично лажејќи за некакви измислени „мажи“ и жени кои ќе ја оформеле сонуваната им 80-ка во Парламентот, исто е како да рече дека имаат тро-двоинско мнозинство во Собранието, нема разлика. Лага си е лага, била голема или мала. 3/2 е барем трагикомична лага... Да, живееме во паралелни универзуми. Во имагинарниот, утопијски северен свет на патолошките лажговци од Бихаќка тие имаат тро-двоинско мнозинство гласови за Уставни измени, таму Бугарите веќе не не’ условуваат за ЕУ и се ослободители во 2-та светска војна,  максималниот број е 104% испитаници во анкета, Преспанскиот договор е победа, Референдумот за името е триумф, Ќуран „тепа“ десет : нула на парламентарни, а државата им е со она ступидното на „С“. Во „нивната“ земја, сверџганистанците се срамат да кажат македонски и Македонија. Во реалноста и за сите останати во државата, СДСССС нема ни дво-третинско, туку бедни 70 пратеници за уставни, Бугарија аздисува без исав и мерка до сто и едно и е фашистички окупатор во војната, во нашиот универзум максимумот е 100% испитаници на јавното мислење, Преспанскиот е капитулација, а Референдумот значеше крик за суверенизам и НЕ! за промена на името. Таму, Таче на парламентарни избори (30 пратеници се плафон) губи ко Груби ставен на детектор за лага, а државата ни се вика МАКЕДОНИЈА. Во нашиот свет е чест и гордост да се каже МАКЕДОНСКИ и МАКЕДОНИЈА и е најголема чест, обврска и аманет да се биде МАКЕДОНЕЦ. Честит нека ни е 11-ти ОКТОМВРИ, ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКОТО НАРОДНО ВОСТАНИЕ ПРОТИВ БУГАРСКИОТ ФАШИСТИЧКИ ОКУПАТОР!!! МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!!!  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/tro-dvoinski-lazhgovtsi-i-104-plachkovtsi/feed/ 0
Честит 11 Октомври – Ден на народното востание на македонскиот народ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestit-11-oktomvri-den-na-narodnoto-vostanie-na-makedonskiot-narod/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestit-11-oktomvri-den-na-narodnoto-vostanie-na-makedonskiot-narod/#respond Tue, 11 Oct 2022 07:21:59 +0000 https://kurir.mk/?p=743752

Со традиционалниот импровизиран напад пред Меморијалниот музеј „11 Октомври“ и со огномет синоќа во Прилеп почнува одбележувањето на 11 Октомври – Денот на народното востание и 81-та годишна од почетокот на антифашистичката борба во 1941. Централниот настан за одбележување на празникот, кој годинава е под мотото „Секогаш на вистинската страна“ ќе се одржи денеска пред Спомен – костурницата во Куманово, а дополнително владини делегации ќе положат свежо цвеќе пред спомениците на паднатите борци од Народно ослободителната борба (НОБ) во Скопје и Прилеп, а во Собранието ќе биде доделена државната награда „11 Октомври“ за 2022 година. Наградата за животно дело во областа на науката и образованието ќе му се врачи на невропсихијатарот, проф.д-р Методи Чепреганов, додека во областа на културата и уметноста на поетесата Линдита Ахмети, писателот Томислав Османли и ликовниот уметник Мицко Јанкуловски. Централниот настан во Куманово ќе започне со положување цвеќе на Спомен – костурницата, а на свеченоста ќе присуствува владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски, во чиј состав ќе бидат и првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби и министрите за труд и социјална политика и за информатичко општество и администрација, Јована Тренчевска и Адмирим Алити. Во рамки на одбележувањето на платото пред Спомен – костурницата обраќање ќе има премиерот Ковачевски, по што ќе следува културно-уметничка програма. Свежо цвеќе на споменикот на „Ослободителите на Скопје” на платото кај Владата ќе положи владина делегација предводена од вицепремиерката за политики за добро владеење, Славица Грковска, во чиј состав ќе бидат на замениците-министри за информатичко општество и администрација и за одбрана Александар Бајдевски и Башким Хасани. На чествувањето на празникот 11 Октомври, пак, во ќе присуствува владина делегација предводена од министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, а во чиј состав ќе бидат заменик-министерот за здравство Владимир Рендевски и директорот на Агенцијата за развој на земјоделство, Џемил Ќамили. Владината делегација ќе положи цвеќе пред споменикот на првиот претседател на президиумот на АСНОМ, Методија Андонов – Ченто Прилеп, пред споменикот на идеологот на народно ослободителната борба Кузман Јосифоски Питу и на Могилата на непобедените, каде се моштите на 650 борци од НОБ. На свеченостите цвеќиња ќе положат и делегации Организацијата на борците од НОБ, од локалните власти, на политички партии, здруженија, како и граѓани. Во исто време, во Собранието денеска ќе биде доделена Државната награда „11 Октомври“ како највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес. Овогодишни добитници на 11-Октомвриската награда во областа на науката и образованието е невропсихијатарот проф. д-р Методи Чепреганов, а во областа на културата и уметноста поетесата Линдита Ахмети, писателот Томислав Османли и ликовниот уметник Мицко Јанкуловски. Во пресрет на чествувањето на Денот на народното востание, вчера попладне на свечена церемонија во Скопје претседателот Стево Пендаровски со Медал за заслуги за Република Северна Македонија ги одликува уметниците Анка Гиева и Виолета Томовска и постхумно Пеце Атанасовски, Никола Бадев, Мирвет Беловска, Ајри Демировски, Васка Илиева, Вања Лазарова, Кирил Манчевски, Тале Огненовски, Кочо Петровски, Александар Сариевски и Јонче Христовски. Медал за заслуги им е доделен за нивниот најголем придонес во негувањето, популаризацијата и во зачувувањето на македонската народна и изворна песна, како и за промоција и за афирмација на македонското музичко творештво и на културата во интернационални рамки. Одбележувањето на празникот започна со традиционалниот импровизиран напад на некогашниот полициски Участак, денес Меморијален музеј „11 Октомври“, кој е потсетување на настаните пред 81 година кога со акцијата на групите на партизанскиот одред „Гоце Делчев“ е означен почетокот на антифашистичката борба во земјава во Втората светска војна. Истиот ден, борци на Првиот прилепски партизански одред ја нападна и телефонско-телеграфската мрежа во Прилеп, а следниот ден, на 12 октомври, се огласија и партизаните од Кумановскиот одред. Празникот 11 Октомври е продолжување на слободарските традиции на македонскиот народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Со одлуката да пристапи кон антифашистичката коалиција државава застана на страната на прогресивното човештво, а против фашизмот како најтемна идеологија од современата историја и најсилна негација на општоцивилизациските и демократски вредности. Македонскиот народ заедно со припадниците на останатите заедници самостојно се избори за својата слобода. Од првите партизански одреди кои ја почнаа борбата, Народноослободителната војска на Македонија на крајот од четиригодишната војна прерасна во доброорганизирана 110-илјадна армија со воени формации од највисок ранг како корпуси и дивизии. За време на окупацијата од Македонија беа интернирани 58.000 лица, а покрај злосторствата што окупаторите ги вршеа врз недолжното цивилно население, земјата претрпе и огромни економски штети. Круна на борбата се одлуките на Првото заседание на АСНОМ во 1944 година, со кои се оживотворени повеќевековните идеали за основање македонска држава. Минувајќи го патот на својот повеќедецениски развој и растеж како дел од СФРЈ, а потоа и како самостојна држава, пребродувајќи го конфликтот во 2001 година, Северна Македонија, денес е полноправна членка на Обединетите нации и на НАТО и ги започна преговорите за членство со Европската Унија. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestit-11-oktomvri-den-na-narodnoto-vostanie-na-makedonskiot-narod/feed/ 0
Осумдесет години од Денот на народното востание – 11 Октомври https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osumdeset-godini-od-denot-na-narodnoto-vostanie-11-oktomvri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osumdeset-godini-od-denot-na-narodnoto-vostanie-11-oktomvri/#respond Mon, 11 Oct 2021 05:17:06 +0000 https://kurir.mk/?p=576767

Осумдесет години од денот кога беше означен почетокот на Народно-ослободителната војна и заокружувањето на раѓањето на македонската држава се одбележува денеска во земјава. Република Македонија денеска го чествува државниот празник 11 Октомври – Ден на народното востание. Делегации на државниот врв, општествено-политичките организации, Армијата, борците, дипломатскиот кор и на гостите од странство денеска во 9 часот во Прилеп ќе положат цвеќе пред спомениците на Методија Андонов Ченто, Кузман Јосифовски Питу и на спомен обележјата во Алејата на народните херои, пред споменикот „Жена борец“ и на Могилата на непобедените. Празникот ќе биде одбележан и во Скопје и во Куманово. Во Скопје, чествувањето ќе започне во меморијалниот комплекс „Партизански гробишта“ во Бутел во 9:30 часот. На свеченостите во Скопје ќе се обратат потпретседателката на Главниот одбор на Сојузот на борците од НОАВМ 1941-1945, Елена Ј. Грујовска, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, првиот заменик-претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби и потпретседателот на Собранието Горан Мисовски. Во Куманово, пред Спомен костурницата во градот, цвеќе ќе положат министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и заменик-министерот за политички систем и односи меѓу заедниците Илхан Рахман. На 11 октомври 1941 година Првиот прилепски партизански одред го нападна полицискиот участок и телефонско-телеграфската мрежа во Прилеп, а следниот ден, на 12 октомври, се огласија и партизаните од Кумановскиот одред. 11 Октомври е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Со одлуката да пристапи кон антифашистичката коалиција државава застана на страната на прогресивното човештво, а против фашизмот како најтемна идеологија од современата историја и најсилна негација на општоцивилизациските и демократски вредности. Македонскиот народ самостојно се избори за својата слобода. Од првите партизански одреди кои ја почнаа борбата, Народноослободителната војска на Македонија на крајот од четиригодишната војна прерасна во доброорганизирана 110-илјадна армија со воени формации од највиок ранг како корпуси и дивизии. За време на окупацијата од Македонија беа интернирани 58.000 лица, а покрај злосторствата што окупаторите ги вршеа врз недолжното цивилно население, земјата претрпе и огромни економски штети. Круна на борбата се одлуките на Првото заседание на АСНОМ во 1944 година, со кои се оживотворени повеќевековните идеали за основање македонска држава. Минувајќи го патот на својот повеќедецениски развој и растеж како дел од СФРЈ, а потоа и како самостојна држава, пребродувајќи го конфликтот во 2001 година, Северна Македонија, денес е полноправна членка на Обединетите нации, членка на НАТО и очекува одржување на првата меѓувалдина конференција која означува старт на преговорите за членство со Европската Унија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osumdeset-godini-od-denot-na-narodnoto-vostanie-11-oktomvri/feed/ 0