Ден на независност – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 08 Sep 2023 13:12:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Ден на независност – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВИДЕО: „За кого? За Македонија“ – Одбојкарите со честитка за Денот на независноста https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/video-za-kogo-za-makedonija-odbojkarite-so-chestitka-za-denot-na-nezavisnosta/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/video-za-kogo-za-makedonija-odbojkarite-so-chestitka-za-denot-na-nezavisnosta/#respond Fri, 08 Sep 2023 13:12:56 +0000 https://kurir.mk/?p=876036

Македонските одбојкари вчера пристигнаа во Бари, каде в сабота против Италија ќе го одиграат натпреварот од историското осминафинале на европските првенства. Одбојкарите се одлично расположени, а малку слободното време кое го имаат го искористија и на сите граѓани да им го честитаат големиот празник, Денот на независноста. Порачуваат дека немаат кренато бело знаме за натпреварот против Италија и ќе играат за Македонија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/video-za-kogo-za-makedonija-odbojkarite-so-chestitka-za-denot-na-nezavisnosta/feed/ 0
Мицкоски: Заедно со народот да направиме ресет и да ја издигнеме Македонија од оваа апатија и овие црнила https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-zaedno-so-narodot-da-napravime-reset-i-da-ja-izdigneme-makedonija-od-ovaa-apatija-i-ovie-tsrnila/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-zaedno-so-narodot-da-napravime-reset-i-da-ja-izdigneme-makedonija-od-ovaa-apatija-i-ovie-tsrnila/#respond Fri, 08 Sep 2023 07:47:12 +0000 https://kurir.mk/?p=875933

Честит 8-ми Септември, Денот на независноста на Република Македонија. Овој ден е круната на македонската борба за слобода, државност и независност. Овој ден е остварувањето на соништата на илјадници синови и ќерки од Илинденската борба, од Народноослободителната борба и од сите епопеи во македонската историја, кои своите животи ги положија за Македонија. Нивниот аманет денес го живееме и имаме обврска да го оставиме на идните генерации по нас, затоа што Македонија е наш дом, се вели во честитката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по повод Денот на независноста. -Во 1991 година се исполни волјата на огромно мнозинство на народот да живее во независна Македонија. Тие генерации сонуваа за напредок и горда земја која ќе биде достоинствен и рамноправен член за европското семејство. Но тој сон со годините полека бледнееше, за посебно денес истата таа генерација ги живее најмрачните години од самостојноста, години на безочен криминал, на сеприсутна корупција, на власт на која поважен и е личниот бизнис отколку животот на обичниот човек. Трагедиите во последните години ни станаа секојдневие, недостигаат лекови, недостигаат учебници, недостига правда, но најмногу од сé недостигаат граѓаните кои си заминуваат од својата татковина поради неуспесите, поразите, погазеното достоинство и распадот на системот. Но овој празник е во исто време и празник на надеж и празник на борба за Македонија. Таа борба никогаш нема да престане. Овој народ е пиреј и ќе се избори со сите предизвици. Македонија ја заслужува таа борба и ќе победи против корумпираната елита на власт и нивните пиони. Сонцето на слободата и просперитетот ќе огрее пак над Македонија. Нашата обврска како ВМРО-ДПМНЕ е заедно со народот да го направиме тој ресет и да ја издигнеме Македонија од оваа апатија и овие црнила. Тоа ќе го успееме, затоа што силно веруваме во тоа, вели Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-zaedno-so-narodot-da-napravime-reset-i-da-ja-izdigneme-makedonija-od-ovaa-apatija-i-ovie-tsrnila/feed/ 0
Пендаровски по повод 8 Септември: Да ни е вечна македонската република https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-po-povod-8-septemvri-da-ni-e-vechna-makedonskata-republika/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-po-povod-8-septemvri-da-ni-e-vechna-makedonskata-republika/#respond Fri, 08 Sep 2023 07:40:35 +0000 https://kurir.mk/?p=875927

Смислата на постоењето на републиката е да го оствариме заедно она што не можеме да го постигнеме засебно ‒ слобода, правда, економска благосостојба и соживот. Како што секој успех на македонската држава до сега е плод на заеднички напори, така и речиси секој системски неуспех е последица на отстапувањето од тој принцип. Нека ни е честит Денот на независноста, Да ни е вечна македонската република, порачува Претседателот Стево Пендаровски во видео - честитка до граѓаните по повод 8 Септември, Денот на независноста на Република Северна Македонија. Пред точно 32 години, ги паметиме зборовите на првиот претседател Киро Глигоров: „да ви ја честитам на сите слободна, суверена и самостојна Македонија”. - Низ годините бележевме и успеси и неуспеси, некои од нив се случија токму на денот на независноста. Успесите не радуваа, но, за жал, примерите на злоупотреби и системски потфрлања ја рушеа довербата во институциите и ја обезвреднува самата држава. А цената ја плаќаат оние кои најмалку придонеле за таквите состојби ‒ учениците во образованието, болните во здравството, сиромашните и младите. Сè почесто солидарноста и емпатијата започнаа да им отстапуваат место на себичноста и апатијата, а, тоа е амбиент во кој луѓето не сакаат да живеат, порачува Пендаровски. Знам, продолжува Пендаровски, дека ова не се вообичаени празнични пораки, но, се неопходни, затоа што, граѓаните на 8 септември 1991-та гласаа за уредена и просперитетна Македонија која се уште ја немаме. - Денес нам ни е потребен нов колективен напор, но, притоа, карактерот на тој потфат треба да биде соодветен со времето во кое живееме. Од нас денес не се бара илинденскиот или партизанскиот хероизам наспроти тиранијата. Од нас денес се бара да имаме фунционални институции, законите да важат подеднакво за сите, и општествени реформи од кои благодет ќе видат граѓаните, а, не само оние кои се привилегирани, порачува Пендаровски. Крајно време е, нагласува Пендаровски, да потврдиме дека сме способни и во практика, а не само со зборови да се справиме со сериозните проблеми со кои се соочуваме во долгиот тунел на транзицијата која никако да ја завршиме. - Државата има многу умни и доблесни луѓе со образ, луѓе домаќини кои можат да го обноват духот на македонската република врз основа на темелните уставни и општоцивилизациски вредности. Само така ќе го зачуваме зрното надеж дека по повеќе од 3 децении конечно ќе имаме европска и демократска Македонија во која младите ќе сакаат да живеат и просперираат. Убеден сум дека имаме и сили и волја за такво нешто! Нека ни е честит Денот на независноста! Да ни е вечна македонската република, се вели во видео - честитка до граѓаните од Пендаровски по повод 8 Септември, Денот на независноста на Република Северна Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-po-povod-8-septemvri-da-ni-e-vechna-makedonskata-republika/feed/ 0
Ден на независноста – 32 години самостојна и суверена држава https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/den-na-nezavisnosta-32-godini-samostojna-i-suverena-drzhava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/den-na-nezavisnosta-32-godini-samostojna-i-suverena-drzhava/#respond Fri, 08 Sep 2023 07:15:48 +0000 https://kurir.mk/?p=875923

Пред 32 години на денешен ден, над 95 проценти од граѓаните на референдум се изјаснија за самостојна и суверена држава. Претходно, на 25 јануари 1991 година, беше усвоена Декларацијата за независност од првото повеќепартиско македонско Собрание, а два дена подоцна пратениците го избраа Киро Глигоров за прв претседател на самостојна и суверена Република Македонија. Важни чекори за утврдување на државноста беа усвојувањето на новиот Устав на 17 ноември 1991 година, монетарното осамостојување и воведувањето на денарот на 26 април 1992, формирањето на сопствени вооружение сили. Меѓународно-правниот субјективитет на државата дефинитивно беше потврден на 8 април 1993 година, кога со акламација во Генералното собрание на Обединетите нации, беше примена како 181. полноправна членка на Светската организација. Поради противењето и притисоците од страна на Грција, која не го прифаќаше уставното име на Република Македонија, зачленувањето во ОН беше под привремената референца: Поранешна Југословенска Република Македонија. Низ 32-годишното самостојно опстојување, државата помина низ низа проблеми и тешкотии. Троцифрената инфлација на почетокот на 90-те години, грчкото ембарго, косовската бегалска криза и конфликтот во 2001 година беа вистински предизвици и закани за младата македонска држава што го забавија нејзиниот пат. Спорот со Грција поради името, по долгогодишни разговори под покровителство на Обединетите нации, конечно беше решен на 17 јуни 2018 година во Преспа со попишување договор меѓу двете држави. Со тоа се отвори патот на земјава кон НАТО и ЕУ. На 27 март 2020 година Северна Македонија стана 30 членка на НАТО. Како земја кандидат за членство во ЕУ веќе 18 години, со добиена прва препорака за почеток на преговори во 2009 година, државава сега се соочува со блокада од Бугарија. Почна процесот за промена на Уставот, што е услов Бугарија да го тргне ветото за продолжување на преговарачкиот процес со Унијата. За да почне земјава да отвора кластери во преговорите со ЕУ Софија бара Бугарите да бидат вклучени во Уставот. Во Собранието минатиот месец почна пленарната седница за усвојувањето на амандманите за уставни измени, но поради потребното двотретинско мнозинство за кое власта нема поддршка од опозицијата, продолжението ќе се одржи, како што е најавено, тогаш кога ќе се создадат соодветни услови. Триесет и вториот роденден државата го одбележува со стапка на невработеност од 13,1 процент, раст на БДП од 2,5 отсто, 36 527 денари просечна нето плата и инфлација од 8,3 отсто. Денот на независноста денеска ќе се одбележи под мотото „Гласник на слободата“ со повеќе активности. Најавена е бесплатна посета на музејски и галериски поставки во ликовните салони и археолошки локалитети низ целата држава, тактичко показни вежби и изложба на единиците на Армијата и на Министерството за внатрешни работи, спортски активности во соработка со Агенцијата за млади и спорт, културно-уметнички програми, ... Активностите стартуваа синоќа во Скопје со свечена академија на тема „32 години независност“ на која се обрати премиерот Димитар Ковачевски. Во рамки на чествувањето 32 години од прогласувањето на независноста на државата, изутрина во 10:00 часот, владина делегација предводена од премиерот Ковачевски, ќе оддаде почит и ќе положи цвеќе на вечните почивалишта на поранешните претседатели на државата, Киро Глигоров и Борис Трајковски, во Алејата на великаните на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје. Во делегацијата ќе бидат првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби и министрите за одбрана Славјанка Петровска, за внатрешни работи Оливер Спасовски и за здравство Фатмир Меџити. Активностите продолжуваат во ГОБ „8-ми Септември“ каде во присуство на премиерот Ковачевски и министерот Меџити ќе бидат презентирани нова опрема и апарати. Традиционално, во Собранието ќе бидат доделени државните награди „8 Септември“ за 2023 година за остварување во областа на спортот, во организација на Агенцијата за млади и спорт и Одборот за доделување на Државната награда „8 Септември“. Во Градскиот парк во Скопје, на просторот во близина на локацијата „Школка“, пак, ќе се одржи тактичко-показни вежби на единиците на Армијата и на Министерството за внатрешни работи. На локацијата „Школка“ е предвидена и културно-уметничка програма, во рамки на која ќе учествува воениот оркестар на Армијата, културно-уметнички друштва, членовите на „Златно славејче, како и програма за деца, со учество на Театарот за деца и младинци кои ќе ја одиграат претстава „Гига Мега бајка“, во режија на Хана Миленковска, дело на Горјан Милошевски (по мотиви од Ш. Перо). Во текот на денот, на истата локација, сите заинтересирани ќе имаат можност да бидат дел од серија спортски активности организирани во соработка со Агенцијата за млади и спорт. На манифестацијата во Градскиот парк, ќе присуствуваат премиерот и членови на Владата. Дополнително, како дел од одбележувањето на Денот на Независноста, во организација на Владата, покрај многубројните пригодни манифестации, за граѓаните, од 11:00 часот во целата држава, ќе почне културната манифестација „Отворен ден за граѓаните“, во чии рамки ќе се обезбеди бесплатен влез за граѓаните во културните установи, музеи и галерии во целата Република. Сите заинтересирани граѓани ширум државата, ќе имаат можност да ги посетат археолошките наоѓалишта „Стоби“, „Хераклеја“, „Баргала“, мегалитската опсерваторија „Кокино“, Музејот Охрид, музеите и заводите во Прилеп, Битола, Штип и Струмица, музеите на Куманово, на Крушево и на Гевгелија, како и во Тетово: Музејот на Тетовскиот крај и Уметничката галерија. Бесплатен влез за граѓаните ќе биде и во Спомен-куќата на Тодор Проески во Крушево. Во Битола, граѓаните ќе имаат можност за бесплатен влез во Музејот на албанската азбука како и во Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј, во Кичево пак, во Музејот на Западна Македонија во НОВ, додека во Струга ќе биде бесплатен влезот во Музејот д-р Никола Незлобински. Во Скопје ќе бидат отворени за посета Археолошкиот, Природонаучниот музеј, Музејот на македонската борба за самостојност, Музејот на Северна Македонија, Музејот на современата уметност, Националната Галерија на Северна Македонија, Спомен-куќата на Мајка Тереза како и Конзерваторскиот центар (црквата Св. Спас). Во Музејот на македонската борба за самостојност на 8 септември во 12:00 часот, гудачкиот квартет „Луј“ од ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ од Скопје ќе одржи концерт на кој ќе бидат изведени дела од Равел, Дворжак, Пјацола и други. Посетителите ќе имаат можност да ја разгледаат и привремената изложба „Темелник на државноста“, посветена на клучните настани во формирањето на државата – Илинден 1903, Илинден 1944 и прогласувањето на независноста во 1991 година. Националната опера и балет се приклучува во прославата со концерт на познати оперски арии, кој на 8 септември во 20:00 часот ќе се одржи пред платото на институцијата. По повод Денот на независноста, во Кинотеката во 18:00 часот ќе се прикаже еден од најтрофејните македонски документарни филмови, „Медена земја“, во режија на Тамара Kотевска и Љубомир Стефанов. Во 20:00 часот ќе се прикаже филмот „Исцелител“, кој е прв дебитантски долгометражен филм на режисерот и сценарист Ѓорче Ставрески.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/den-na-nezavisnosta-32-godini-samostojna-i-suverena-drzhava/feed/ 0
САД најавија пакет воена помош од три милијарди долари на Денот на независноста на Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-najavija-paket-voena-pomosh-od-tri-milijardi-dolari-na-denot-na-nezavisnosta-na-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-najavija-paket-voena-pomosh-od-tri-milijardi-dolari-na-denot-na-nezavisnosta-na-ukraina/#respond Wed, 24 Aug 2022 12:44:20 +0000 https://kurir.mk/?p=723216

Американскиот претседател Џо Бајден денеска најави нешто помалку од три милијарди долари нова помош за поддршка на воените напори на Украина. Нарекувајќи ја „најголема транша безбедносна помош досега“, Белата куќа соопшти дека ќе обезбеди оружје и опрема во вредност од 2,98 милијарди долари. – Ова ќе и овозможи на Украина да се здобие со системи за противвоздушна одбрана, артилериски системи и муниција, противбеспилотни воздушни системи и радари за да се осигура дека може да продолжи да се брани долгорочно, се вели во соопштението. Објавата е темпирана да се совпадне со Денот на независноста на Украина, додаде Белата куќа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-najavija-paket-voena-pomosh-od-tri-milijardi-dolari-na-denot-na-nezavisnosta-na-ukraina/feed/ 0
Шест месеци од руската инвазија – Украина денеска го одбележува Денот на независноста https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shest-meseci-od-ruskata-invazija-ukraina-deneska-go-odbelezuva-denot-na-nezavisnosta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shest-meseci-od-ruskata-invazija-ukraina-deneska-go-odbelezuva-denot-na-nezavisnosta/#respond Wed, 24 Aug 2022 05:49:59 +0000 https://kurir.mk/?p=722972

Украина денеска ќе го прослави својот национален празник и шест месеци од почетокот на руската инвазија, јави ДПА. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ова е важен ден за Украинците и за нивниот непријател. Шефот на украинската држава ја предупреди јавноста да ги почитува безбедносните мерки и да не го нарушува полицискиот час со оглед на можноста од руски удари. Тој додаде дека има намера на денешниот Ден на независноста, кога Украина ја одбележува 31-годишнината од нејзиното одвојување од Советскиот Сојуз, да им оддаде почит на Украинците кои придонеле за силата на својата татковина. „Планиравме многу настани – нешто за да го истакнеме патот што го поминавме. По кој патувавме заедно – Украинците во Украина, на сите наши територии – и слободни и привремено окупирани, бидејќи нашиот народ се бори насекаде“, рече синоќа Зеленски. САД, исто така, предупредија пред празникот дека Русија може да ја искористи годишнината за да изврши жестоки напади врз украинската цивилна инфраструктура и владините објекти. Вашингтон ги повика своите граѓани кои се уште се во Украина да ja напуштат таа држава. Заменик-постојаниот претставник на САД во ОН Ричард Милс вчера упати конкретно предупредување до Русија во Советот за безбедност на ОН дека „се приближува денот на независноста на Украина, а светот гледа“. „Ние дури и не треба да го кажуваме ова: ве молиме не бомбардирајте училишта, болници, сиропиталишта и станбени домови“, рече тој. „Ќе продолжиме да бараме одговорност за секое прекршување на меѓународното право“. Русија ја почна инвазијата врз Украина на 24 февруари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shest-meseci-od-ruskata-invazija-ukraina-deneska-go-odbelezuva-denot-na-nezavisnosta/feed/ 0
Напаѓачот од Чикаго обвинет по седум точки за убиство од прв степен https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/napagjachot-od-chikago-obvinet-po-sedum-tochki-za-ubistvo-od-prv-stepen/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/napagjachot-od-chikago-obvinet-po-sedum-tochki-za-ubistvo-od-prv-stepen/#respond Wed, 06 Jul 2022 06:40:06 +0000 https://kurir.mk/?p=700711

Американецот Роберт Кримо, уапсен поради сомнение дека од кров пукал во граѓани, собрани на парада по повод одбележување на Денот на независноста на САД во предградие на Чикаго, обвинет е по седум точки за убиство од прв степен. Според јавниот обвинител на Илиноис, Ерик Рајнхард, доколку 21-годишниот Роберт Е. Кримо биде прогласен за виновен, ќе се соочи со максимална казна доживотен затвор, без можност за условно пуштање. Тој ќе бара Кримо да остане во притвор без можност за кауција. Кримо легално го купил оружјето, испукал над 70 куршуми и се облекол во женски алишта, со цел подоцна да може да се скрие меѓу насобраните граѓани, соопштија локални официјални лица. Полицијата информираше за седум жртви, од кои една им подлегна на повредите во болница. Повеќе од 30 лица беа повредени во пукањето за време на парадата за Денот на независноста во Хајленд парк во понеделникот. Полицијата соопшти дека Кримо неколку недели го планирал нападот, мотивот не е познат, но, нема докази за расни или антисемитски причини. Кримо имал препознатливи тетоважи на лицето и носел женски алишта за да го скрие својот идентитет. – Се вклопи со сите додека бегаа, како и тој да е невин набљудувач, појасни Крис Ковели, портпарол на канцеларијата на шерифот на округот Лејк. Осомничениот побегнал во домот на својата мајка, а подоцна го позајмил нејзиниот автомобил. За нападот, тој употребил пушка од висок калибар, слична на полуавтоматска АР-15, што ја оставил пред да побегне. Слична пушка имал и во автомобилот на неговата мајка, што го возел кога го фатила полиција. Тој имал и друго оружје, сето купено на легален начин, наведоа официјални лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/napagjachot-od-chikago-obvinet-po-sedum-tochki-za-ubistvo-od-prv-stepen/feed/ 0
Властите во САД соопштија за пукање на парадата на 4 јули во предградие на Чикаго https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vlastite-vo-sad-soopshtija-za-pukanje-na-paradata-na-4-juli-vo-predgradie-na-chikago/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vlastite-vo-sad-soopshtija-za-pukanje-na-paradata-na-4-juli-vo-predgradie-na-chikago/#respond Mon, 04 Jul 2022 17:55:17 +0000 https://kurir.mk/?p=699907

– Вооружен напад се случи денеска во северно предградие на Чикаго на парада на прославата на Денот на американската независност, јавија локалните медиуми. Парадата беше прекината по десет минути, кога се слушнаа истрели и настана паника. Според Чикаго Сан Тајмс, неколку луѓе се повредени. Репортерот на весникот тврди дека видел „три крвави тела покриени со ќебиња“ и најмалку пет ранети. Еден од очевидците изјавил дека слушнал околу 20 последователни истрели и поради тоа оценил дека „не можело да биде пиштол или пушка“. Истиот изјавил дека ги видел ранетите, меѓу кои и жена за која тврди дека не преживеала. На парадата имаше силно полициско обезбедување и неколку противпожарни возила. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vlastite-vo-sad-soopshtija-za-pukanje-na-paradata-na-4-juli-vo-predgradie-na-chikago/feed/ 0
Црна Гора го слави Денот на независноста https://arhiva.kurir.mk/svet/region/crna-gora-go-slavi-denot-na-nezavisnosta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/crna-gora-go-slavi-denot-na-nezavisnosta/#respond Sat, 21 May 2022 08:10:49 +0000 https://kurir.mk/?p=679778

Црна Гора денеска го одбележува Денот на независноста, 16 години откако ја напушти државната заедница со Србија, по референдумот и откако ја врати независноста. Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ по повод празникот изјави дека земјата денеска цврсто стои на европскиот пат и е почитувана членка на НАТО. Во својата честитка, Ѓукановиќ кажа дека се повеќе граѓани во Црна Гора ја гледаат важноста од победата на референдумот во 2006 година. - Развојот на ситуацијата во Црна Гора, како и регионалниот и меѓународниот контекст потврдуваат колку визионерска била одлуката за обнова на државата. И колку е важно, особено во вакви турбулентни времиња, да го имаме кормилото на управувањето со државата во наши раце, истакна Ѓукановиќ. Црна Гора, додаде тој, веќе е почитувана членка на НАТО и цврсто стои на европскиот пат. Црногорскиот премиер, Дритан Абазовиќ, на приемот што го организираше по повод Денот на независноста рече дека по 16 години треба да се запрашаат дали е направено доволно за да се зајакне Црна Гора и да биде прифатлива за сите. - Нашата намера е овој ден да го слават сите граѓани на нашата држава, без разлика како гласале пред шеснаесет години, како се изјаснуваат и кому му се молат на Бога….Тврдам дека без сите вас нема ја помири и развие Црна Гора, истакна Абазовиќ. Затоа, додаде црногорскиот премиер, не смееме да дозволиме непочитувањето на различните мислења да произведува поларизација во општеството, аверзија кон државата и нејзините симболи. - Мораме да ставиме крај на ова, бидејќи нема поголем противник на просперитетот и богатството на Црна Гора од вештачките поделби на општества, рече Абазовиќ. Според официјалните резултати, на референдумот во 2006 година гласале 419.240 Црногорци, или 86,5 отсто од вкупниот број избирачи. Независноста на државата ја поддржаа 230.661 или 55,5 отсто од граѓаните на Црна Гора, а 185.002 или 44,5 отсто гласале за останување во заедничката држава со Србија. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/crna-gora-go-slavi-denot-na-nezavisnosta/feed/ 0
Косово го слави Денот на независноста https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovo-go-slavi-denot-na-nezavisnosta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovo-go-slavi-denot-na-nezavisnosta/#respond Thu, 17 Feb 2022 07:35:18 +0000 https://kurir.mk/?p=632467

Република Косово, со низа активности и свечености, денеска ја одбележува 14-тата годишнина од прогласувањето на својата независност, јави дописникот на МИА од Приштина. Според државната агенда, активностите за одбележување на овој државен празник ќе започнат утрово во 8 часот со кревање на косовското знаме во дворот на Владата, а на церемонијата ќе присуствуваат претседателката на држаавата, Вјоса Османи, претседателот на републичкото Собрание, Глаук Коњуфца и премиерот Албин Курти. Челниците на државните институции, традиционално, ќе оддадат почести и ќе положат цвеќиња во Меморијалниот центар на основачот на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Адем Јашари и кај гробовите на првиот претседател на независно Косово, Ибрахим Ругова и на истакнатиот борец за независно Косово, Адем Демачи. Предвидени се чествувања и кај спомениците на други водачи и борци на ОВК и разни други свечености во речиси сите градови во државата. По двегодишна пауза, предизвикана од пандемијата на ковид-19, денеска на пладне во центарот на косовската престолнина ќе се одржи традиционалната парада на припадниците на Безбедносните сили на Косово (ФСК) и на косовската полиција. Денот на независноста, меѓу другото, ќе биде одбележан и со промоција на монографијата „78 дена бомбардирања на НАТО“, со свечен концерт на Филхармонијата на Косово и со заеднички концерт на државните фолклорни ансамбли на Косово и Албанија. На 17 февруари 2008 година косовското Собрание ја прогласи независноста на Република Косово, која оттогаш е признаена од над сто држави во светот. Тогашната македонска Влада ја призна независноста на Косово во октомври истата година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovo-go-slavi-denot-na-nezavisnosta/feed/ 0