Ден на независноста – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 07 Sep 2022 09:39:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Ден на независноста – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Слободен влез во музеи и културни установи по повод 8 Септември, Денот на независноста https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sloboden-vlez-vo-muzei-i-kulturni-ustanovi-po-povod-8-septemvri-denot-na-nezavisnosta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sloboden-vlez-vo-muzei-i-kulturni-ustanovi-po-povod-8-septemvri-denot-na-nezavisnosta/#respond Wed, 07 Sep 2022 09:39:59 +0000 https://kurir.mk/?p=729800

Бесплатен влез во музеите, галериите и културните установи е дел од програмата на Владата за одбележување на Денот на независноста – 8 Септември. Граѓаните од 11 часот ќе можат да ги посетат археолошките наоѓалишта „Стоби“ и „Хераклеја“, Музејот Охрид и Куќата на Робевци, музеите и заводите во Прилеп, Штип и Струмица, музеите на Куманово, на Крушево и на Гевгелија, како и во Тетово: Музејот на Тетовскиот крај и Уметничката галерија. Во Битола, граѓаните ќе имаат можност за бесплатен влез во Музејот на албанската азбука, како и Музејот на Западна Македонија во НОВ во Кичево. Во Скопје, ќе бидат отворени за посета, Археолошкиот, Природонаучниот музеј, Музејот на македонската борба за самостојност, Музејот на Северна Македонија, Музејот на современата уметност, како и Даут пашиниот амам и Чифте амамот. Во рамките на прославата која годинава ќе биде под мотото „Обединети во слободата“ од 11 до 14 часот, во Скопје, во Градскиот парк на „Школка“ ќе се одржи манифестација која вклучува програма за деца, со учество на Театарот за деца и младинци кои ќе ја одиграат куклената претстава „Лакомата Меца“, по што ќе следат и тактичко показни вежби на единиците на Армијата и на Министерството за внатрешни работи. Централната прослава пак, започнува во 19. 30 часот на платото кај паркот Ибни Пајко, каде ќе се обрати премиерот Димитар Ковачевски, а потоа е предвидена музичка програма.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sloboden-vlez-vo-muzei-i-kulturni-ustanovi-po-povod-8-septemvri-denot-na-nezavisnosta/feed/ 0
ВО ЖИВО: Одбележување на јубилејот на независноста под слоганот „30 години се грижиме за Македонија“ од Битола https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vo-zivo-odbelezuvanje-na-jubilejot-na-nezavisnosta-pod-sloganot-30-godini-se-grizime-za-makedonija-od-bitola/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vo-zivo-odbelezuvanje-na-jubilejot-na-nezavisnosta-pod-sloganot-30-godini-se-grizime-za-makedonija-od-bitola/#respond Wed, 08 Sep 2021 15:57:43 +0000 https://kurir.mk/?p=561061

ВМРО-ДПМНЕ под слоганот „30 години се грижиме за Македонија“, денеска во Битола го одбележува јубилејот од независноста на Република Македонија.

„30 години се грижиме за Македонија“ опфаќа повеќе активности од граѓански карактер и се во насока на вистинско народно одбележување на јубилејот од независноста.

Централната прослава „30 години се грижиме за Македонија“ ќе се одржи во 19 часот на плоштадот Магнолија во Битола.

Пригоден говор пред присутните ќе има претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р. Христијан Мицкоски.

КУРИР целиот настан ќе го пренесува во живо почнувајќи од 19 часот. Следете не... ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vo-zivo-odbelezuvanje-na-jubilejot-na-nezavisnosta-pod-sloganot-30-godini-se-grizime-za-makedonija-od-bitola/feed/ 0
Мицкоски со честитка по повод 8-ми Септември, Денот на независноста на Република Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-so-chestitka-po-povod-8-mi-septemvri-denot-na-nezavisnosta-na-republika-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-so-chestitka-po-povod-8-mi-septemvri-denot-na-nezavisnosta-na-republika-makedonija/#respond Wed, 08 Sep 2021 08:27:28 +0000 https://kurir.mk/?p=560874

Претседателот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски упати честитка по повод 8-ми Септември, Денот на независноста на Република Македонија која ви ја пренесуваме во целост: „Дозволете во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани да им го честитам 8-ми Септември – Денот на независноста на Република Македонија. Овој празник е круната на борбата за независна, самостојна и суверена македонска држава, денот кога се исполни идеалот на Илинденците и борците од НОБ, но и илјадниците храбри синови и ќерки на Македонија кои се бореа и ги положија своите животи за своја држава. Токму на 8-ми Септември 1991 година, на референдумот, народот во Македонија го оствари тој сон и започна сам да ја гради својата иднина и иднината на својата татковина, како рамноправна земја со сите останати во Европа и светот. Патот беше и се уште е трнлив и со многу премрежија. Идејата за просперитетна Република Македонија никогаш нема да престане, особено сега, во време на економско тонење, анационални политики на власта и негирања од надвор. Таа идеа живее кај Македонците, но и Албанците, Турците, Ромите, Србите, Бошњаците, Власите и сите останати кои ја сакаат својата Македонија како свој дом, кој го наследиле од своите предци, но кој го должат на сите идни генерации. Новите предизвици бараат сплотеност во ова време- невреме на безнадежност која оваа власт го донесе. Државата не се само границите и институциите, туку и народот и неговите потреби. Среќата на овој народ е заменета со бесперспективност која е резултат на криминалот и корупцијата, беззаконието и неправдата, но и поделеноста и социјалната нерамноправност кои ги создаде владејачката елита. Но борбата за подобро утре никогаш не смее да престане. Таа борба денес се води и народот ќе ја извојува победата. Од ново над Македонија ќе огрее сонцето на слободата и успесите ќе ги заменат неуспесите, правото ќе ја победи неправдата, напредокот ќе ја порази апатијата, подобрата иднина ќе ја смени оваа зачмаеност. Нека е вечен Денот на независноста! Нека е вечна борбата за просперитетна, европска и успешна Македонија! Нека е вечна суверена, независна и самостојна Република Македонија!“ ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-so-chestitka-po-povod-8-mi-septemvri-denot-na-nezavisnosta-na-republika-makedonija/feed/ 0
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со честитка до сите граѓани по повод Денот на независноста на Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenichkata-grupa-na-vmro-dpmne-so-chestitka-do-site-gragjani-po-povod-denot-na-nezavisnosta-na-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenichkata-grupa-na-vmro-dpmne-so-chestitka-do-site-gragjani-po-povod-denot-na-nezavisnosta-na-makedonija/#respond Wed, 08 Sep 2021 08:10:08 +0000 https://kurir.mk/?p=560855

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за „Обнова на Македонија“ на сите граѓани на Република Македонија им го честита 8-ми Септември, Денот на независноста на Република Македонија. „Денот на државноста и независноста, 8-ми Септември е денот кога се одбележува раѓањето и се слави опстојувањето на независна и суверена Република Македонија. На овој голем ден, на 8-ми Септември 1991 година, граѓаните на Репбулика Македонија покажаа храброст и одлучност остварувајќи ја долгогодишната идеја и аманет од нашите предци кои со генерации и генерации живееја со мислата за слободна, независна и суверена Република Македонија. 8-ми Септември е симбол и потсетник на бројни предизвици и премрежја со кои Република Македонија се соочуваше во сите овие години на независност, но и поттик мудро и сплотено да продолжиме понатаму заедно да се бориме со сите идни препреки и проблеми. Само на тој начин, сплотени, обединети и сложни, ќе успееме да ја зачуваме, одржиме и продолжиме вековната идеја за силна, слободна, суверена и независна Македонија. Нека ни е честит 8-ми Септември, Денот на независноста ! Нека ни е вечна нашата татковина Република Македонија !“]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenichkata-grupa-na-vmro-dpmne-so-chestitka-do-site-gragjani-po-povod-denot-na-nezavisnosta-na-makedonija/feed/ 0
Црна Гора одбележува Ден на независноста https://arhiva.kurir.mk/svet/region/crna-gora-odbelezuva-den-na-nezavisnosta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/crna-gora-odbelezuva-den-na-nezavisnosta/#respond Thu, 21 May 2020 08:30:47 +0000 https://kurir.mk/?p=348595

Црна Гора денеска одбележува 14 години од одржувањето референдум за нејзиниот државно-правен статус, односно Ден на независноста од тогашната Државна заедница на Србија и Црна Гора. На референдумското прашање во 2006 година: „Дали сакате Република Црна Гора да биде независна држава со целосен меѓународно-правен субјективитет?“, потврдно одговориле 55,5 отсто од граѓаните, а 44,5 проценти биле против. Црногорското Собрание на 3 јуни истата година официјално ја прогласи независноста. Прогласувањето независност на Црна Гора од Србија најтешко ги погодило Србите, кои во таа држава се околу 30 отсто од популацијата, а на кои до денес не им е признат статусот на малцинство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/crna-gora-odbelezuva-den-na-nezavisnosta/feed/ 0
Не можев да одолеам, а да не се фатам на оро на мојата омилена песна- Жбогар заигра на „Македонско девојче“ (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ne-mozev-da-odoleam-a-da-ne-se-fatam-na-oro-na-mojata-omilena-pesna-zbogar-zaigra-na-makedonsko-devojche-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ne-mozev-da-odoleam-a-da-ne-se-fatam-na-oro-na-mojata-omilena-pesna-zbogar-zaigra-na-makedonsko-devojche-video/#respond Sun, 08 Sep 2019 20:21:29 +0000 https://kurir.mk/?p=238393

Евроамбасадорот Самуел Жбогар беше еден од гостите денеска на прославата на 8 Септември – Денот на независноста, која под мотото „Боите на независноста“ се одржа на Школка во Градскиот парк во Скопје. Тој присустуваше на целата свеченост заедно со министри од Владата, амбасадори, градоначалници, пратеници, граѓани, а во еден момент кога се слушна песната „Македонско девојче“, евроамбасадорот се фати на оро. Тој објави и твит во кој вели дека не можел да оддолее, а да не се фати на орото. -Не можев да одолеам, а да не се фатам на оро на мојата омилена песна „Македонско девојче“, твитна евроамбасадорот Жбогар. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ne-mozev-da-odoleam-a-da-ne-se-fatam-na-oro-na-mojata-omilena-pesna-zbogar-zaigra-na-makedonsko-devojche-video/feed/ 0
Салвини со честитка: Среќен празник Македонци! (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/salvini-so-chestitka-srekjen-praznik-makedonci-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/salvini-so-chestitka-srekjen-praznik-makedonci-video/#respond Sun, 08 Sep 2019 20:02:59 +0000 https://kurir.mk/?p=238406

Најпопуларниот италијански политичар Матео Салвини преку видео порака на сите Македонци им го честита празникот 8 септември. На видеото се гледа дека Салвини е во друштво со нашинци кој се во Италија. Тој ја искористи приликата да испрати добри зборови и да го честита денот на независноста на Република Македонија. Благодарност до Матео Салвини. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/salvini-so-chestitka-srekjen-praznik-makedonci-video/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ со честитка по повод 8 септември- денот на независноста https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vmro-dpmne-so-chestitka-po-povod-8-septemvri-denot-na-nezavisnosta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vmro-dpmne-so-chestitka-po-povod-8-septemvri-denot-na-nezavisnosta/#respond Sun, 08 Sep 2019 07:43:14 +0000 https://kurir.mk/?p=238223

Независна и суверена Република Македонија била визија за која генерации Македонци живееле, твореле, се жртвувале и се бореле. Да се има сопствено парче земја во кое сами ќе ја градиме својата иднина, била идеја за која живееле и гинеле илјадници патриоти на овие простори, стои во честитката на ВМРО-ДПМНЕ по повод денот на независноста. -Сето тоа стана реалност на референдумот 1991 година кога македонскиот народ без двоумење, во огромно мнозинство се определи за своја држава. На овој ден пред 28 години Македонците го остварија својот вековен стремеж за создавање на независна и суверена Македонија која со гордост ќе можат да ја нарекуваат свој дом.  На 8 септември се оствари сонот на Илиденците, борците на НОБ и сите оние кои својот живот го положиле за сонот наречен Република Македонија.  Пред точно 28 години македонските граѓани масовно излегоа на референдумот за независност каде јасно и гласно кажаа дека сакаат да живеат во независна и суверена Република Македонија, додаваат од партијата. Во честитката се наведува и дека овие турбулентни времиња, кога се оспорува македонскиот идентитет, јазик и историјата, докажуваат дека борбата за Македонија никогаш не завршува. Секоја генерација има своја битка и свои победи кои треба да ги извојува. На оваа генерација и беше наметната промена на името на државата и покрај тоа што власта не доби поддршка на референдум. Оваа генерација гледа како се гребат шахти и се преименуваат улици и објекти. Оваа генерација се соочува со обидот да се брише и заборави дел од историјата. Се најавува ревизија на учебниците и промена на обележјата. Наместо да се чува идентитетот, името, јазикот, културата и историјата, власта тргува со се што е свето. Македонија е економски опустошена земја, во која владее криминалот, а не правото. Македонија е земја од која што младите масовно заминуваат, а не основаат семејства. Сега повторно е време кога треба да покажеме и докажеме со дела и работа колкава е љубовта кон нашата татковина. Време е сите да покажеме дека сакаме да живееме во просперитетна и демократска Република Македонија. Нека е честит и вековит овој голем празник, Денот на независноста! Нека ни е честита, вековита и просперитетна Република Македонија, стои во честитката на партијата.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vmro-dpmne-so-chestitka-po-povod-8-septemvri-denot-na-nezavisnosta/feed/ 0
Одбележан Денот на независноста во Атина https://arhiva.kurir.mk/svet/region/odbelezan-denot-na-nezavisnosta-vo-atina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/odbelezan-denot-na-nezavisnosta-vo-atina/#respond Wed, 26 Sep 2018 07:51:48 +0000 https://kurir.mk/?p=106113

Во присуство на претставници од грчкото МНР, советници на грчки политичари, дипломати и голем број новинари, во организација на Канцеларијата за врски на Република Македонија, во Атина се одржа прием по повод 27 - годишнината од независноста и 74 - годишнината од државноста на нашата земја. Приемот воедно беше и проштален за македонскиот амбасадор Дарко Ангелов, кој го завршува четиригодишниот мандат во грчката престолнина. Како што јави дописничката на МИА од Атина, на приемот одржан во хотел во центарот на Атина, присуствуваа генералниот секретар од грчкото МНР како и неколку директори од Министерството,  советникот на претседателот на грчкиот Парламент, Никос Вуцис и еден од советниците за надворешна политика на лидерот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис. На овогодишниот прием организиран од канцеларијата за врски на Република Македонија во Грција имаше и голем број претставници на медиумите, како грчки новинари така и странски дописници. Во поздравното обраќање до присутните, Ангелов говореше за неговото лично искуство во Атина, рече дека двете земји имаат заеднички стратешки цели, кои не се однесуваат само на НАТО и ЕУ, туку и  на безбедноста, стабилноста и просперитетот на регионот каде што треба да преовладува соработката, а не конфронтацијата. - Наздравувам во чест на соработката меѓу нашите земји и пријателството меѓу нашите народи, рече Ангелов на крајот од неговото кусо обраќање. Во разговор со дописничката на МИА од Атина, македонскиот амбасадор во Грција, на два месеца пред завршувањето на мандатот ги резимира впечатоците и искуствата. Неговиот четиригодишен мандат во грчката престолнина го одбележаа мигрантската криза, политички промени и во двете земји, започнување ново поглавје во македонско - грчките односи, преку мерките за градење доверба и интензивирање на разговорите за името, кои кулминираа со потпишување на Договорот од Преспа. Ангелов вели дека периодот на мигрантската криза, „беше периодот во кој ние како две општества учевме и само се потврди колку всушност, прво не се познаваме, а второ колку ни недостига правна и практично поставена рамка за комуникација и соработка“. - Буквално моравме во од да надминуваме правни дупки и непостоење на практични канали на комуникација на ниво на органи на прогон, односно МВР, гранична полиција, безбедносни органи. Нешта кои мораа во од да се решаваат, бидејќи над 20 години тие беа жртва, беа ставени настрана поради прашањето за името, особено што овде во Грција, до пред некое време, пристапот беше прво да се реши прашањето со името па потоа ќе градиме соработка. За среќа тој период со мигрантската криза коинцидираше со процесот на мерките за градење доверба со кои што конечно се воспоставуваа тие канали за комуникација и соработка во сите области, вели Ангелов. Додава дека процесот на градење доверба доби политичка димензија „видена во тоа дека требаше да се гради и политичка доверба на највисоко ниво“. Македонскиот амбасадор во Атина вели дека неговиот впечаток е дека се работи за две општества кои во суштина минимално се познаваат, особено во случајот на Грција во однос на Македонија. - Во овие четири години во кои навистина многу работи се подобрија од практична гледна точка, се разбира и на политички план, останува многу простор да се работи со јавноста и едноставно таа јавност да се ослободи од тој ментален склоп дека не треба да чека на одобрение од политичарите да соработуваат со другата страна што е особено поизразено тука, поради тоа поголемо непознавање за тоа кои сме и што сме. Тоа е некоја инерција, особено останата од времето кога односите беа покомплицирани и понегативни за разлика од последните неколку години кога имаме тренд на подобрување, коментира Ангелов. Сепак, тој додава дека во последниот период забележува послободна и непосредна комуникација меѓу министерствата од двете земји, меѓу градови, меѓу државни компании, а како пример ја споменува изградбата на гасоводната врска, тема за која постои редовна комуникација. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/odbelezan-denot-na-nezavisnosta-vo-atina/feed/ 0